Дардан Дехари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardan-dehari/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 23:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дардан Дехари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dardan-dehari/ 32 32 Дехари до Скијачката федерација на Македонија: Не удирајте по спортистите и тренерите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dehari-do-skijachkata-federacija-na-makedonija-ne-udirajte-po-sportistite-i-trenerite/ Thu, 10 Feb 2022 13:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=456783

Знаменосецот на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг, Дардан Дехари, е револтиран на односот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) кон него и неговиот тренер Антонио Ристевски.

Ристевски со објава на својот профил на Фејсбук објави дека додека е со Дехари во Пекинг, СФМ бара од него да каже каде е.

Денеска се огласи и Дехари кој е разочаран од односот на СФМ, која ги игнорирала неговите обиди за контакт за да се разговара за неговите репрезентативни активности. Најдобриот македонски скијач исто така е револтиран и од податокот дека Федерацијата не го пријавила за спортскиот ваучер кој би му овозможил да има финансиски средства за подготовки и настапи годинава.

Длабоко жалам што доживеав повреда која ме спречи да се борам на ски патеките на ЗОИ во Пекинг. Иако мојот тренер за да ме заштити, ми забрани да го пишувам ова, јас чувствувам морална и човечка обврска да напишам неколку збора во интерес на вистината. Морам да кажам дека и една од причините за целиот тој напад и омаловажување према тренерот Антонио сум и јас. Антонио беше тој кој цврсто застана зад спортските резултати и го носеше целиот товар изминатава сезона и покрај сите сопки од врвот на Скијачката Федерација.

Замислете, јас како најдобар македонски скијач во моментов, по резултати од мината сезона , не бев ниту повикан, ниту било како исконтактиран од страна на СФМ до денешен ден за било какви активности во врска со репрезентацијата, иако ги имам исполнето сите критериуми да ги бранам боите на Македонија.

На неколку наврати се обидов да стапам во контакт со некој од СФМ, а најмногу со претседателот Циговски за да дознаам што е работата, за што ѝ им испратив уредно допис за моите резултати и програма. Ги потсетив кои обврски како СФМ се должни да ги направат за тековната олимписка сезона (бидејки очигледно не ги знаат моите резултати), но од нив немаше ниту трага ниту глас.

Па така на сопствен трошок и со помош од МОК, заедно со тренерот Антонио им покажавме и докажавме како се работи и дека со пари резултати не се купуваат! Наместо ние да се бориме со нашите противници на терен за што е можно подобар резултат, ние очигледно мораме да се бориме со „нашите” домашни противници .

Замислете , јас сум на ЗОИ да преставувам држава и федерација, а не сум ниту спомнат во листата за ваучери испратена од страна на СФМ до Агенција за млади и спорт. Благодарност до сите кои ми помогнаа сите овие години, а особено последнава сезона , кои несебично и искрено застанаа зад мене за да го остварам мојот животен спортски сон, кој за жал како што сите знаете поради повредата која ја заработив на тренинг тука во Пекинг, нема да можам го остварам во сонот во целост. Но што е тука е , јас одам со главата горе затоа што знам кој сум и што се сум направил во мојата кариера за мојата држава , федерација и националното спортско скијање.

Мојата порака е: Не удирајте по спортистите и тренерите, немојте да ни ја убивате надежта дека спортските успеси се остваруваат на терен, а не на зелена маса и со административни одлуки, пишува Дехари.

Дехари заради тешка повреда на коленото во Пекинг не настапи на планираните трки. Тој се повреди на тренинг. Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментот поради што врз Дехари во Пекинг е извршен оперативен зафат.

The post Дехари до Скијачката федерација на Македонија: Не удирајте по спортистите и тренерите appeared first on Република.

]]>

Знаменосецот на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пекинг, Дардан Дехари, е револтиран на односот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) кон него и неговиот тренер Антонио Ристевски. Ристевски со објава на својот профил на Фејсбук објави дека додека е со Дехари во Пекинг, СФМ бара од него да каже каде е. Денеска се огласи и Дехари кој е разочаран од односот на СФМ, која ги игнорирала неговите обиди за контакт за да се разговара за неговите репрезентативни активности. Најдобриот македонски скијач исто така е револтиран и од податокот дека Федерацијата не го пријавила за спортскиот ваучер кој би му овозможил да има финансиски средства за подготовки и настапи годинава.
Длабоко жалам што доживеав повреда која ме спречи да се борам на ски патеките на ЗОИ во Пекинг. Иако мојот тренер за да ме заштити, ми забрани да го пишувам ова, јас чувствувам морална и човечка обврска да напишам неколку збора во интерес на вистината. Морам да кажам дека и една од причините за целиот тој напад и омаловажување према тренерот Антонио сум и јас. Антонио беше тој кој цврсто застана зад спортските резултати и го носеше целиот товар изминатава сезона и покрај сите сопки од врвот на Скијачката Федерација. Замислете, јас како најдобар македонски скијач во моментов, по резултати од мината сезона , не бев ниту повикан, ниту било како исконтактиран од страна на СФМ до денешен ден за било какви активности во врска со репрезентацијата, иако ги имам исполнето сите критериуми да ги бранам боите на Македонија. На неколку наврати се обидов да стапам во контакт со некој од СФМ, а најмногу со претседателот Циговски за да дознаам што е работата, за што ѝ им испратив уредно допис за моите резултати и програма. Ги потсетив кои обврски како СФМ се должни да ги направат за тековната олимписка сезона (бидејки очигледно не ги знаат моите резултати), но од нив немаше ниту трага ниту глас. Па така на сопствен трошок и со помош од МОК, заедно со тренерот Антонио им покажавме и докажавме како се работи и дека со пари резултати не се купуваат! Наместо ние да се бориме со нашите противници на терен за што е можно подобар резултат, ние очигледно мораме да се бориме со „нашите” домашни противници . Замислете , јас сум на ЗОИ да преставувам држава и федерација, а не сум ниту спомнат во листата за ваучери испратена од страна на СФМ до Агенција за млади и спорт. Благодарност до сите кои ми помогнаа сите овие години, а особено последнава сезона , кои несебично и искрено застанаа зад мене за да го остварам мојот животен спортски сон, кој за жал како што сите знаете поради повредата која ја заработив на тренинг тука во Пекинг, нема да можам го остварам во сонот во целост. Но што е тука е , јас одам со главата горе затоа што знам кој сум и што се сум направил во мојата кариера за мојата држава , федерација и националното спортско скијање. Мојата порака е: Не удирајте по спортистите и тренерите, немојте да ни ја убивате надежта дека спортските успеси се остваруваат на терен, а не на зелена маса и со административни одлуки, пишува Дехари.
Дехари заради тешка повреда на коленото во Пекинг не настапи на планираните трки. Тој се повреди на тренинг. Деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментот поради што врз Дехари во Пекинг е извршен оперативен зафат.

The post Дехари до Скијачката федерација на Македонија: Не удирајте по спортистите и тренерите appeared first on Република.

]]>
Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-olimpiec-dehari-gi-skina-ligamentite-na-kolenoto-i-nema-da-nastapi-vo-peking/ Tue, 08 Feb 2022 17:34:43 +0000 https://republika.mk/?p=455848

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција.

На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран.

Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени”, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

The post Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг appeared first on Република.

]]>

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција.
На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено. По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран. Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари. Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени”, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

The post Македонскиот олимпиец Дехари ги скина лигаментите на коленото и нема да настапи во Пекинг appeared first on Република.

]]>