Данска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danska/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 08:42:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Данска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danska/ 32 32 Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна, вели режисерот Ситниковски по премиерата на „Мала шега“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/trognat-sum-deka-publikata-vo-danska-se-sozhivea-so-makedonskata-prikazna-veli-rezhiserot-sitnikovski-po-premierata-na-mala-shega/ Tue, 03 Sep 2024 08:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=812561

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажа на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) во Данска заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА. Билетите за првата проекција на „Мала шега“ беа целосно распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет,информира од екипата на „Мала шега“ продуцентот и монтажер Гоце Кралевски.

Краткометражниот филм „Мала шега“ кој раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура е во режија на Трифун Ситниковски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер на филмот е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски.

Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката:

Прекрасна адаптација на познатата приказна на Чехов, режисерот завршил маестрална работа“, „Филмот не трогна и ни го доближи начинот на кој функционира македонското општество, се чувствуваме како да сме таму“, беа дел од коментарите на публиката, појасни Кралевски.

Воедно додаде дека по проекцијата, во дискусијата со публиката се вклучи и Mакедонка која пред 20-тина години се преселила во Данска:

Филмот точно и реалистично го претстави она што се случува во Македонија, ми доаѓа да се расплачам бидејќи и јас го поминав истото. Посебно ми е драго што ваков филм доби прилика да се емитува во Данска, кажала Македонката во Данска.

Режисерот Ситниковски вели дека најголемиот страв бил дали публиката од Данска ќе успее да се поврзе со приказната и да ја разбере:

Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна и предизвиците на главните ликови, вели Ситниковски.

Ситниковски е млад режисер кој работи во филмската индустрија повеќе од десет години и има снимено повеќе од десетина кратки играни филмови и документарни филмови, а моментално работи како режисер на истражувачкиот документарен серијал „Редакција“ во копродукција на Истражувачка репортерска лабораторија и Македонскиот јавен сервис.

Инаку овој филм е воедно и прва продукциска работа на ИРЛ на играна фиктивна содржина како дел од напорите на формирање на продукцијата Стори Лаб која ќе работи на филмови од јавниот интерес.

 

The post Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна, вели режисерот Ситниковски по премиерата на „Мала шега“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, премиерно се прикажа на Меѓународниот филмски фестивал Оденсе (ОФФ Фестивал) во Данска заедно со 147 филмови од 39 различни земји. „Мала шега“ е во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот аудиовизуелен центар. Кратките филмови кои се прикажуваат на ОФФ фестивалот се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА) и БАФТА. Билетите за првата проекција на „Мала шега“ беа целосно распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет,информира од екипата на „Мала шега“ продуцентот и монтажер Гоце Кралевски. Краткометражниот филм „Мала шега“ кој раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура е во режија на Трифун Ситниковски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка Цветковска и Адријана Пруговечки. Кинематографер на филмот е Сергеј Сарчевски, дизајнер на продукцијата е Александра Петкова. Композитор е Мартина Силјановска, а за костимографијата одговорна беше Марта Дојчиновска. Главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Приказната за тинејџерската љубов и стравот од иднината, која е инспирана од истоимениот расказ „Мала шега“ од Антон Павлович Чехов наиде на огромен интерес од публиката:
Прекрасна адаптација на познатата приказна на Чехов, режисерот завршил маестрална работа“, „Филмот не трогна и ни го доближи начинот на кој функционира македонското општество, се чувствуваме како да сме таму“, беа дел од коментарите на публиката, појасни Кралевски.
Воедно додаде дека по проекцијата, во дискусијата со публиката се вклучи и Mакедонка која пред 20-тина години се преселила во Данска:
Филмот точно и реалистично го претстави она што се случува во Македонија, ми доаѓа да се расплачам бидејќи и јас го поминав истото. Посебно ми е драго што ваков филм доби прилика да се емитува во Данска, кажала Македонката во Данска.
Режисерот Ситниковски вели дека најголемиот страв бил дали публиката од Данска ќе успее да се поврзе со приказната и да ја разбере:
Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна и предизвиците на главните ликови, вели Ситниковски.
Ситниковски е млад режисер кој работи во филмската индустрија повеќе од десет години и има снимено повеќе од десетина кратки играни филмови и документарни филмови, а моментално работи како режисер на истражувачкиот документарен серијал „Редакција“ во копродукција на Истражувачка репортерска лабораторија и Македонскиот јавен сервис. Инаку овој филм е воедно и прва продукциска работа на ИРЛ на играна фиктивна содржина како дел од напорите на формирање на продукцијата Стори Лаб која ќе работи на филмови од јавниот интерес.  

The post Трогнат сум дека публиката во Данска се соживеа со македонската приказна, вели режисерот Ситниковски по премиерата на „Мала шега“ appeared first on Република.

]]>
Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kadeti-ja-sovladaa-danska-na-ep-vo-kosharka/ Thu, 15 Aug 2024 19:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=807002

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Данска со 70-67 (29-27) и со победа го почна разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Македонските кошаркари влегов во четвртата четвртина со предност од највисоки плус 16, но Данска постепено ја намалуваше негатива и го донесе натпреварот во неизвесна завршница.

Сепак, избраниците на селекторот Александар Јованчев успеаја да ја сочуваат предноста и ја запишаа четвртата победа во петтиот натпревар на ЕП.

Најефикасни во македонските редови беа Цветковски со 15 и Сребров со 14 поени, додека Терзиевски и Данев постигнаа по 12 кошеви.

Следен противник на македонската репрезентација ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд.

The post Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка appeared first on Република.

]]>

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Данска со 70-67 (29-27) и со победа го почна разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје. Македонските кошаркари влегов во четвртата четвртина со предност од највисоки плус 16, но Данска постепено ја намалуваше негатива и го донесе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак, избраниците на селекторот Александар Јованчев успеаја да ја сочуваат предноста и ја запишаа четвртата победа во петтиот натпревар на ЕП. Најефикасни во македонските редови беа Цветковски со 15 и Сребров со 14 поени, додека Терзиевски и Данев постигнаа по 12 кошеви. Следен противник на македонската репрезентација ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд.

The post Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка appeared first on Република.

]]>
„Мала книга за лике“ открива зошто Данска важи за најсреќна земја на светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mala-kniga-za-like-otkriva-zoshto-danska-vazhi-za-najsrekna-zemja-na-svetot/ Thu, 04 Jul 2024 10:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=793353

Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, од печат излезе „Мала книга за лике: данската потрага по најсреќните луѓе на светот“. Книгата на македонски јазик, како и претходните две дела на Викинг, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Викинг, кој е истражувач на среќата и најпродаван автор на „Њујорк тајмс“, во оваа книга открива зошто Данска често ја нарекуваат најсреќна земја на светот.

Покрај тоа што на своите жители им нуди совршена рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот, бесплатно високо образование и беспрекорен распоред на возови, таа го надминува остатокот од светот и во однос на бројот на запалени свеќи по домаќинство.

Сепак, иако е можно да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера.

Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат lykke – од Мајк Викинг, директор на единствениот светски Институт за истражување на среќата во Копенхаген и бестселер-автор на повеќе книги.

Неговата работа е да патува низ светот, да ги бара најсреќните луѓе и да открие што прават поинаку. Во „Малата книга на лике“ тој открива што пронашол. Ова волшебно читање содржи студии на случај од Бутан до Австралија, Јужна Кореја до Канада, Франција до Данска. Напишана со истиот топол тон како феноменалниот бестселер „Малата книга за хиге“, ​​оваа лесно разбирлива книга ќе го промени начинот на кој размислувате за тоа како се однесувате со вашите соседи, ритуалите околу готвењето и јадењето вечера и кога да го резервирате следниот празник – и гарантирано ќе предизвика насмевка на вашето лице.

„Мала книга за лике“ ќе им послужи на читателите како водич во потрагата по малку повеќе lykke во животот!

The post „Мала книга за лике“ открива зошто Данска важи за најсреќна земја на светот appeared first on Република.

]]>

Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, од печат излезе „Мала книга за лике: данската потрага по најсреќните луѓе на светот“. Книгата на македонски јазик, како и претходните две дела на Викинг, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Викинг, кој е истражувач на среќата и најпродаван автор на „Њујорк тајмс“, во оваа книга открива зошто Данска често ја нарекуваат најсреќна земја на светот. Покрај тоа што на своите жители им нуди совршена рамнотежа помеѓу деловниот и приватниот живот, бесплатно високо образование и беспрекорен распоред на возови, таа го надминува остатокот од светот и во однос на бројот на запалени свеќи по домаќинство. Сепак, иако е можно да се научи многу од Данците во поглед на уживањето во животот, клучните тајни на среќниот живот треба да се откријат насекаде низ светот. Во оваа фасцинантна книга, авторот нè води на лов на богатство за да ја отклучиме вратата за квалитетниот живот. Собирајќи податоци, искуства и совети од најсреќните краишта на светот, тој ни кажува како да го трошиме скапоценото време, како да се однесуваме со соседите или како да приготвиме вечера. Никој не знае повеќе за среќата – која Данците ја нарекуваат lykke – од Мајк Викинг, директор на единствениот светски Институт за истражување на среќата во Копенхаген и бестселер-автор на повеќе книги. Неговата работа е да патува низ светот, да ги бара најсреќните луѓе и да открие што прават поинаку. Во „Малата книга на лике“ тој открива што пронашол. Ова волшебно читање содржи студии на случај од Бутан до Австралија, Јужна Кореја до Канада, Франција до Данска. Напишана со истиот топол тон како феноменалниот бестселер „Малата книга за хиге“, ​​оваа лесно разбирлива книга ќе го промени начинот на кој размислувате за тоа како се однесувате со вашите соседи, ритуалите околу готвењето и јадењето вечера и кога да го резервирате следниот празник – и гарантирано ќе предизвика насмевка на вашето лице. „Мала книга за лике“ ќе им послужи на читателите како водич во потрагата по малку повеќе lykke во животот!

The post „Мала книга за лике“ открива зошто Данска важи за најсреќна земја на светот appeared first on Република.

]]>
Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bile-premnogu-luti-juzhnokorejski-zachineti-testenini-povlecheni-od-pazarot-vo-danska/ Wed, 12 Jun 2024 21:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=787044

Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Данските власти ја донеле одлуката затоа што тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“.

„Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната.

Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со квалитетот, туку затоа што (тестенините) биле премногу зачинети... Нашите производи се извезуваат ширум целиот свет. Но, ова е првпат да бидат повлечени поради горенаведената причина“, се вели во соопштението на компанијата.

Тестенините претходно не биле претходно повлечени во ниедна друга земја, ниту пак, се издадени некакви безбедносни предупредувања.

Капсаицин,е хемиско соединение во лутите пиперки коешто го предизвикува лутиот вкус. Кога луѓето јадат пиперка, капсаицинот се ослободува во плунката и се врзува за рецепторите во устата...

„Самијанг“ е познат и угледен производител на храна од Јужна Кореја, што уште во 1960-тите, се наведува, била првата компанија во земјата што правела инстант-тестенини.

https://www.youtube.com/watch?v=M65DU-Albc4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска appeared first on Република.

]]>

Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Данските власти ја донеле одлуката затоа што тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“. „Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната.
Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со квалитетот, туку затоа што (тестенините) биле премногу зачинети... Нашите производи се извезуваат ширум целиот свет. Но, ова е првпат да бидат повлечени поради горенаведената причина“, се вели во соопштението на компанијата.
Тестенините претходно не биле претходно повлечени во ниедна друга земја, ниту пак, се издадени некакви безбедносни предупредувања. Капсаицин,е хемиско соединение во лутите пиперки коешто го предизвикува лутиот вкус. Кога луѓето јадат пиперка, капсаицинот се ослободува во плунката и се врзува за рецепторите во устата... „Самијанг“ е познат и угледен производител на храна од Јужна Кореја, што уште во 1960-тите, се наведува, била првата компанија во земјата што правела инстант-тестенини. https://www.youtube.com/watch?v=M65DU-Albc4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Биле премногу лути: Јужнокорејски зачинети тестенини повлечени од пазарот во Данска appeared first on Република.

]]>
Репрезентација на Југославија 1992 година: Европските шампиони на кои политиката не им дозволи да ја покорат Европа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/reprezentatsija-na-jugoslavija-1992-godina-evropskite-shampioni-na-koi-politikata-ne-im-dozvoli-da-ja-pokorat-evropa/ Wed, 12 Jun 2024 10:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=786781

Јуни, топло лето 1992 година, војните во Хрватска и Босна се разгоруваат. Една репрезентација, како никогаш сплотена чека абер од Нион, но и од Њујорк дали ќе и дозволат да игра на Европското првенство во Шведска.

Она што го заработи на квалификациите како една од најуспешните не и се дозволува да го покаже на терените.Причина-ембаргото кон тогашна Југославија. И на неколку дена пред стартот на првенството стигна аберот да се пакуваат за назад и оти политиката е поважна од фудбалот.Навистина тажно.

Таа репрезентација во која главни играчи беа нашите Дарко Панчев, Илија Најдоски и Вујадин Станојковиќ беше главен фаворит за европската титула. Kаков тим беше тоа со Дејан Савичевиќ, Синиша  Михајловиќ, Југовиќ, , Пикси, Мијатовиќ….

Треба да се напомене дека неколку дена пред стартот на ЕП Панчев се повлече, а оставка даде и селекторот Осим.

Но, сега УЕФА е на друга мака, кој да дојде на местото на Југославија.Изборот падна на Данска која беше во истата квалификациска група со „сините“. Данските играчи ги собирале буквално од одмор биидејќи не им било ни на крај на памет дека ќе играат на ЕП.

Данска воа тоа време имаше добра репрезентација предводена од браќата Лаудруп и голманот Шмајхел. И како во најлудите соништа, меч по меч дојдоа до финалето во кое ја совладаа Германја.

И чуда се случуваат зарем не?

The post Репрезентација на Југославија 1992 година: Европските шампиони на кои политиката не им дозволи да ја покорат Европа appeared first on Република.

]]>

Јуни, топло лето 1992 година, војните во Хрватска и Босна се разгоруваат. Една репрезентација, како никогаш сплотена чека абер од Нион, но и од Њујорк дали ќе и дозволат да игра на Европското првенство во Шведска. Она што го заработи на квалификациите како една од најуспешните не и се дозволува да го покаже на терените.Причина-ембаргото кон тогашна Југославија. И на неколку дена пред стартот на првенството стигна аберот да се пакуваат за назад и оти политиката е поважна од фудбалот.Навистина тажно. Таа репрезентација во која главни играчи беа нашите Дарко Панчев, Илија Најдоски и Вујадин Станојковиќ беше главен фаворит за европската титула. Kаков тим беше тоа со Дејан Савичевиќ, Синиша  Михајловиќ, Југовиќ, , Пикси, Мијатовиќ…. Треба да се напомене дека неколку дена пред стартот на ЕП Панчев се повлече, а оставка даде и селекторот Осим. Но, сега УЕФА е на друга мака, кој да дојде на местото на Југославија.Изборот падна на Данска која беше во истата квалификациска група со „сините“. Данските играчи ги собирале буквално од одмор биидејќи не им било ни на крај на памет дека ќе играат на ЕП. Данска воа тоа време имаше добра репрезентација предводена од браќата Лаудруп и голманот Шмајхел. И како во најлудите соништа, меч по меч дојдоа до финалето во кое ја совладаа Германја. И чуда се случуваат зарем не?

The post Репрезентација на Југославија 1992 година: Европските шампиони на кои политиката не им дозволи да ја покорат Европа appeared first on Република.

]]>
Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zatvorski-turizam-danska-ke-mu-plati-200-milioni-evra-na-kosovo-za-da-primi-danski-zatvorenitsi/ Thu, 30 May 2024 10:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=783110

Данска размислува да му плати на Косово 200 милиони евра за нивни затвореници да ги префрли да ја служат казната на косовска територија.Со парите косовските власти треба да ги модернизираат келиите и затворските капацитети.

Данските затвореници ќе бидат сместени во Гњилање во следните 10 години

 

The post Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници appeared first on Република.

]]>

Данска размислува да му плати на Косово 200 милиони евра за нивни затвореници да ги префрли да ја служат казната на косовска територија.Со парите косовските власти треба да ги модернизираат келиите и затворските капацитети. Данските затвореници ќе бидат сместени во Гњилање во следните 10 години  

The post Затворски туризам: Данска ќе му плати 200 милиони евра на Косово за да прими дански затвореници appeared first on Република.

]]>
Данска подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-podgotvi-nov-paket-voena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-750-milioni-evra/ Thu, 16 May 2024 17:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=778943

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на платформата „Икс“ соопшти дека Данска ќе испрати нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи првенствено оружје за противвоздушна одбрана и артилерија, во вредност од околу 5,6 милијарди дански круни (750 милиони евра).

Сите сојузници треба да обезбедат поголема воена поддршка за Украина“, рече данскиот министер за одбрана на Самитот за демократија во Копенхаген, кога се разговараше за воените потреби на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека Украина има најголем дефицит на оружје за противвоздушната одбрана и побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого се сретна во Киев, два ракетни системи „Патриот“ за одбрана на Харков.

The post Данска подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, на платформата „Икс“ соопшти дека Данска ќе испрати нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи првенствено оружје за противвоздушна одбрана и артилерија, во вредност од околу 5,6 милијарди дански круни (750 милиони евра).
Сите сојузници треба да обезбедат поголема воена поддршка за Украина“, рече данскиот министер за одбрана на Самитот за демократија во Копенхаген, кога се разговараше за воените потреби на Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека Украина има најголем дефицит на оружје за противвоздушната одбрана и побара од американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со кого се сретна во Киев, два ракетни системи „Патриот“ за одбрана на Харков.

The post Данска подготви нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Македонскиот краток филм „Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-kratok-film-mala-shega-vo-ofitsijalna-selektsija-na-prestizhen-filmski-festival-vo-danska/ Wed, 15 May 2024 09:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=778214

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.

ОФФ фестивалот (Меѓународен филмски фестивал Оденсе) се одржува секоја година од 1975-та во срцето на Данска, а кратките филмови кои се прикажуваат на овој фестивал се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА). Оваа година фестивалот ќе се одржува од 26-ти август до 1-ви септември во Оденсе.

 

The post Македонскиот краток филм „Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска appeared first on Република.

]]>

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и Изван Фокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар. ОФФ фестивалот (Меѓународен филмски фестивал Оденсе) се одржува секоја година од 1975-та во срцето на Данска, а кратките филмови кои се прикажуваат на овој фестивал се квалификуваат за Оскари и за Европските филмски награди (ЕФА). Оваа година фестивалот ќе се одржува од 26-ти август до 1-ви септември во Оденсе.  

The post Македонскиот краток филм „Мала шега“ во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска appeared first on Република.

]]>
Аеродром во Данска евакуиран поради дојава за поставена бомба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aerodrom-vo-danska-evakuiran-poradi-dojava-za-postavena-bomba/ Sat, 20 Apr 2024 13:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=768487

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. рп/

 

The post Аеродром во Данска евакуиран поради дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција. Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона. Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината. Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. рп/  

The post Аеродром во Данска евакуиран поради дојава за поставена бомба appeared first on Република.

]]>
Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ovatsii-i-bis-na-premierata-na-muzichkiot-dokumentaren-film-efterklang-makedonium-bend-vo-kopenhagen/ Wed, 27 Mar 2024 08:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=759132

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.

Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.

Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина.

Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.

Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.

Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт.

За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл.

Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура.

Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>

На 23 март 2024 во рамките на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, Данска се одржа светската премиера на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во режија на Андреас Јонсен, а прикажан во специјалната програма „Sound & Vision”.
Премиерата беше во концертната сала 2 на градиозниот објект DB Koncerthuset во срцето на Данска. Присустуваа повеќе од илјада гледачи на двете распродадени проекции, каде по истите следеа и двата настапи на музичкиот состав чиј наслов го носи и самиот филм. „Eфтеркланг: Македониум бенд” е прв филм во продукција на МКЦ Скопје, задно со Rumraket и Rosfort од Данска, како македонско - данска ко-продукција, соооштија од МКЦ.
Ефтеркланг: Македониум бенд е всушност мета музички бенд, составен од данскиот ансамбл Ефтеркланг, кои во нивната непрекината 20 годишна кариера, експерименталната музичка инспирација ја црпат од сите страни на светот. Од македонска страна, во составот се вбројуваат музичарите Дина Јашари, Ива Дамјановски, Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Мартина Баракоска, Јане Трајковски и Женскиот младински хор при МКЦ, секој како посебен, уникатен дел во прекрасниот музички калеидоскоп од 22 изведувачи на бина. Оваа плејада на неверојатни уметници, на двата последователни концерти, изнудија овации од присутната публика која по вториот концерт и побараниот бис, се крена на нозе и развиори македонско оро кое продолжи и вон концертната просторија.
Оваа неверојатна ноќ, исполнета со невидени емоции која сите не донесе до солзи, делумно од тага, но и од неверојатна среќа и радост не потсети дека сите, на уметничко ниво, не врзуваат исти емоции. Убавата музика создадена од вистински поврзани уметнички души не ежи сите на ист начин секаде во светот, не тера да веруваме во поубаво утре и да создаваме подобар свет. Самите песни кои беа изведени се универзални пораки за неверојатната моќ на љубовта, на заедништвото, на храброста да се биде жив како и на потребата за убавина. Никогаш нема да го заборавиме, она што ни се случи таа вечер во Копенхаген. Триумф на универзалната љубов. Особено ми е драго што овој филм, е прв вистински документарен филм во продукција на МКЦ Скопје, што не прави сите особено горди“ - вели Владица Младеновски, музичкиот уредник во МКЦ и воедно еден од главните ликови во филмот.
Музичките настапи на 22 члениот музички состав на „Eфтеркланг: Македониум бенд” беа доказ дека Македонија е земја на вечна музичка инспирација, која се преведува на најубавиот можен јазик на светот, јазикот на срца кои бијат во ист такт. За сега, филмот “Eфтеркланг: Македониум бенд” има закажни 18 проекции низ територијата на Данска, како и своја премиера на фестивалот “Milenium Docs Gravity” во Варшава, додека во Македонија, својата домашна премиера ќе ја има на отворањето на 23.издание на фестивалот на европски филм СИНЕДЕЈС во Скопје, на 11 јули 2024 година во МКЦ, со концерт на целокупниот ансамбл. Филмот беше снимен во април 2023 година, каде дел од активностите врзани со неговата реализација беа финансирани од страна на Министерството за култура. Фото: Младински културен центар

The post Овации и бис на премиерата на музичкиот документарен филм „Eфтеркланг: Македониум бенд” во Копенхаген appeared first on Република.

]]>
Разузнавачка служба на Данска: Заканата од тероризам во земјата расте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/razuznavachka-sluzhba-na-danska-zakanata-od-terorizam-vo-zemjata-raste/ Thu, 21 Mar 2024 10:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=756967

Заканата од тероризам во Данска и против нејзините интереси во странство е зголемена, соопшти денеска данската безбедносна разузнавачка служба (ПЕТ).

Како што се наведува во извештајот, конфликтот во Газа меѓу Израел и милитантите на Хамас, како и серијата инциденти минатата година во кои беа запалени копии од Куранот, исламската света книга, придонеле за влошување на безбедносната ситуација.

Агенцијата вели дека ПЕТ ја задржала вкупната проценка на нивото на закана од четири, што е второ на скалата од еден до пет, но рече дека ризиците во рамките на тоа ниво се зголемени.

The post Разузнавачка служба на Данска: Заканата од тероризам во земјата расте appeared first on Република.

]]>

Заканата од тероризам во Данска и против нејзините интереси во странство е зголемена, соопшти денеска данската безбедносна разузнавачка служба (ПЕТ). Како што се наведува во извештајот, конфликтот во Газа меѓу Израел и милитантите на Хамас, како и серијата инциденти минатата година во кои беа запалени копии од Куранот, исламската света книга, придонеле за влошување на безбедносната ситуација. Агенцијата вели дека ПЕТ ја задржала вкупната проценка на нивото на закана од четири, што е второ на скалата од еден до пет, но рече дека ризиците во рамките на тоа ниво се зголемени.

The post Разузнавачка служба на Данска: Заканата од тероризам во земјата расте appeared first on Република.

]]>
Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-regrutira-zheni-vo-armijata-za-da-gi-nadopolni-vooruzhenite-sili/ Tue, 19 Mar 2024 15:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=755276

Данска објави дека се прават планови за првпат да спроведува систематско регрутирање на жени во армијата и да го зголеми стандардниот воен стаж, објави „Би-Би-Си“.

Со одлуката се предвидуваат и планови да се зголеми буџетот за одбрана за речиси 6 милијарди долари во следните пет години, со цел земјата да ги исполни целите на НАТО.

Не се вооружуваме затоа што сакаме војна. Се вооружуваме затоа што сакаме да го избегнеме тоа“, вели премиерот, Метер Фредериксен.

Најавувајќи ги планираните реформи, Фредериксен порача дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“.

Во меѓувреме, министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен изјави дека „зголеменото регрутирање, вклучително и целосна родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на вооружените сили“.

Жените во оваа скандинавска земја веќе можат доброволно да се пријават за воена служба.

The post Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили appeared first on Република.

]]>

Данска објави дека се прават планови за првпат да спроведува систематско регрутирање на жени во армијата и да го зголеми стандардниот воен стаж, објави „Би-Би-Си“. Со одлуката се предвидуваат и планови да се зголеми буџетот за одбрана за речиси 6 милијарди долари во следните пет години, со цел земјата да ги исполни целите на НАТО.
Не се вооружуваме затоа што сакаме војна. Се вооружуваме затоа што сакаме да го избегнеме тоа“, вели премиерот, Метер Фредериксен.
Најавувајќи ги планираните реформи, Фредериксен порача дека владата се стреми да постигне „целосна родова еднаквост“. Во меѓувреме, министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен изјави дека „зголеменото регрутирање, вклучително и целосна родова еднаквост, мора да придонесе за решавање на одбранбените предизвици, националната мобилизација и надополнување на вооружените сили“. Жените во оваа скандинавска земја веќе можат доброволно да се пријават за воена служба.

The post Данска ќе регрутира жени во армијата за да ги надополни вооружените сили appeared first on Република.

]]>
Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mechka-griznala-i-izgrebala-po-nozete-turist-od-danska-koj-skijal-na-shar-planina/ Tue, 05 Mar 2024 11:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=751444

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.

 

The post Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање во близина на Попова Шапка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопштија од ЦУК.
 

The post Мечка гризнала и изгребала по нозете турист од Данска кој скијал на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-i-ja-dade-na-ukraina-seta-svoja-artilerija-munitsija-i-protivvozdushna-odbrana/ Sun, 18 Feb 2024 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=745327

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов.

Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.

Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>

Данскиот премиер Мате Фредериксен порача дека неговата земја е подготвена да ја пренесе целата своја муниција и системи за противвоздушна одбрана во Украина, бидејќи и се потребни во моментов. Фредериксен ја повика Европа да го следи овој пример.
Ние, Данска, одлучивме да ја пренесеме целата наша артилерија во Украина. Па, извинете пријатели, има воена опрема во Европа, ова не е само прашање на производство. Имаме оружје, муниција, системи за противвоздушна одбрана кои сè уште не ги користиме. Тие треба да бидат префрлени во Украина“, изјави Фредериксен.

The post Данска ќе и ја даде на Украина сета своја артилерија, муниција и противвоздушна одбрана appeared first on Република.

]]>
Данска и Шведска на чекор до полуфиналето на ракометното Европско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/danska-i-shvedska-na-chekor-do-polufinaleto-na-rakometnoto-evropsko-prvenstvo/ Thu, 18 Jan 2024 07:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=734216

Репрезентацијата на Данска и на Шведска направија голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Германија. Двете селекции забележаа победи во првото коло од Главната рунда и се зацврстија на првите две позиции во Групата - 2.

Резултати на натпреварите од 1. коло во Главната рунда во втората група:

Норвешка - Португалија 32:37
Данска - Холандија 39:27
Словенија - Шведска 22:28.

Табела: Данска 4 бода, Шведска 4, Португалија 2, Словенија 2, Норвешка 0, Холандија 0.

Денес на ЕП ќе почне Главната рунда во Група - 1. Двојките се:

Унгарија - Австрија
Франција - Хрватска
Германија - Исланд.

The post Данска и Шведска на чекор до полуфиналето на ракометното Европско првенство appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Данска и на Шведска направија голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Германија. Двете селекции забележаа победи во првото коло од Главната рунда и се зацврстија на првите две позиции во Групата - 2. Резултати на натпреварите од 1. коло во Главната рунда во втората група: Норвешка - Португалија 32:37 Данска - Холандија 39:27 Словенија - Шведска 22:28. Табела: Данска 4 бода, Шведска 4, Португалија 2, Словенија 2, Норвешка 0, Холандија 0. Денес на ЕП ќе почне Главната рунда во Група - 1. Двојките се: Унгарија - Австрија Франција - Хрватска Германија - Исланд.

The post Данска и Шведска на чекор до полуфиналето на ракометното Европско првенство appeared first on Република.

]]>
Данска има нов крал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ima-nov-kral/ Sun, 14 Jan 2024 14:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=732938

Фредерик X денеска стана новиот дански крал, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење, јави данскиот јавен сервис ДР.

Фредерик X стапна на тронот на состанокот на владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација.

Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.

Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген.

Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис.

Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент.

Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.

 

The post Данска има нов крал appeared first on Република.

]]>

Фредерик X денеска стана новиот дански крал, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење, јави данскиот јавен сервис ДР. Фредерик X стапна на тронот на состанокот на владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација. Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан. Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген. Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис. Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент. Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.  

The post Данска има нов крал appeared first on Република.

]]>
Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-vo-2025-godina-voveduva-ekodanok-na-aviobiletite/ Sun, 07 Jan 2024 21:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=730018

Данската Влада одобри во 2025 година да се воведе еколошки данок на авиобилетите, кој до 2030 година ќе стигне до 13,5 евра. Министерот за сообраќај на оваа земја, Томас Даниелсен, објасни дека сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата.

Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин – рече Даниелсен.

Еколошкиот данок ќе се однесува на кратките летови од Данска и ќе изнесува 30 круни или 4 евра кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува до 50 круни во 2030 година. За средните и за долгите релации, данокот ќе биде поголем и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година.

Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.

 

The post Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите appeared first on Република.

]]>

Данската Влада одобри во 2025 година да се воведе еколошки данок на авиобилетите, кој до 2030 година ќе стигне до 13,5 евра. Министерот за сообраќај на оваа земја, Томас Даниелсен, објасни дека сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата.
Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин – рече Даниелсен.
Еколошкиот данок ќе се однесува на кратките летови од Данска и ќе изнесува 30 круни или 4 евра кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува до 50 круни во 2030 година. За средните и за долгите релации, данокот ќе биде поголем и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година. Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.  

The post Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите appeared first on Република.

]]>
Украина извиси за авионите Ф-16 од Данска: Со рокот од Нова година не бидна ништо, сега ќе ги чека на пролет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-izvisi-za-avionite-f-16-od-danska-so-rokot-od-nova-godina-ne-bidna-nishto-sega-ke-gi-cheka-na-prolet/ Sat, 06 Jan 2024 18:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=730422

Испораката на првите Ф-16 авиони од Данска во Украина е одложена за најмалку шест месеци. причина за одложувањето е тоа што украинските пилоти се уште не се подготвени да им биде дозволено управувањето со борбените авиони.

Првично, испораката беше планирана за околу Нова година, но сега е одложена за вториот квартал од годинава.

Меѓу другото, зборуваме за завршување на обуката на украинскиот персонал кој ќе управува со авионите по нивното префрлање. Распоредот за подготовка зависи истовремено од голем број фактори, како што се техничките и временските услови“, весникот „Берлингске“ ја цитира пораката од министерството за одбрана на Данска.

Шест украински пилоти во моментов се на обука за летање со Ф-16 во Данска.

На крајот на август, Холандија објави подготвеност да пренесе 42 американски ловци Ф-16 во Украина, а Данска му вети на Киев 19 такви авиони. Американските власти го одобрија овој чекор.

Украинските власти изразија надеж дека Украина ќе добие борбени авиони во првата половина на 2024 година. На тоа, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, изјави дека тоа ќе се случи не порано од пролетта.

The post Украина извиси за авионите Ф-16 од Данска: Со рокот од Нова година не бидна ништо, сега ќе ги чека на пролет appeared first on Република.

]]>

Испораката на првите Ф-16 авиони од Данска во Украина е одложена за најмалку шест месеци. причина за одложувањето е тоа што украинските пилоти се уште не се подготвени да им биде дозволено управувањето со борбените авиони. Првично, испораката беше планирана за околу Нова година, но сега е одложена за вториот квартал од годинава.
Меѓу другото, зборуваме за завршување на обуката на украинскиот персонал кој ќе управува со авионите по нивното префрлање. Распоредот за подготовка зависи истовремено од голем број фактори, како што се техничките и временските услови“, весникот „Берлингске“ ја цитира пораката од министерството за одбрана на Данска.
Шест украински пилоти во моментов се на обука за летање со Ф-16 во Данска. На крајот на август, Холандија објави подготвеност да пренесе 42 американски ловци Ф-16 во Украина, а Данска му вети на Киев 19 такви авиони. Американските власти го одобрија овој чекор. Украинските власти изразија надеж дека Украина ќе добие борбени авиони во првата половина на 2024 година. На тоа, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, изјави дека тоа ќе се случи не порано од пролетта.

The post Украина извиси за авионите Ф-16 од Данска: Со рокот од Нова година не бидна ништо, сега ќе ги чека на пролет appeared first on Република.

]]>
Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-brodska-kompanija-objavi-deka-go-suspendira-minuvaneto-na-brodovite-niz-tsrvenoto-more/ Tue, 02 Jan 2024 19:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=729103

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови.
„Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек.

Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат.

„Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови. „Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек. Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат. „Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-isprati-fregata-vo-tsrvenoto-more-za-da-go-poddrzhi-voeniot-sojuz-na-sad/ Fri, 29 Dec 2023 20:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=728059

Данското министерство за одбрана соопшти дека Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од САД за заштита на бродовите во Црвеното Море и за таа цел ќе испрати своја фрегата во регионот.

Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилни бродови, изјави министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Данската влада има намера во јануари да го достави предлогот до Парламентот на гласање.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродови во Црвеното Море постојано се цел на напади напаѓани од јеменските Хути, како знак на револт за израелското бомбардирање на Газа.

Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, САД формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.

The post Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД appeared first on Република.

]]>

Данското министерство за одбрана соопшти дека Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од САД за заштита на бродовите во Црвеното Море и за таа цел ќе испрати своја фрегата во регионот.
Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилни бродови, изјави министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.
Данската влада има намера во јануари да го достави предлогот до Парламентот на гласање. Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродови во Црвеното Море постојано се цел на напади напаѓани од јеменските Хути, како знак на револт за израелското бомбардирање на Газа. Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, САД формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.

The post Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД appeared first on Република.

]]>