Данска влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danska-vlada/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 09:02:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Данска влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danska-vlada/ 32 32 Драматични избори во Данска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dramatichni-izbori-vo-danska/ Wed, 02 Nov 2022 09:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=568604

По драматичната изборна ноќ, Данска е соочена со потрага по нова влада. И покрај мнозинството обезбедено во последен момент за левичарскиот табор околу нејзините владејачки социјалдемократи, премиерката Мете Фредериксен во изборната ноќ најави дека денеска нејзината малцинска влада ќе поднесе оставка. Со тоа, таа сака да го отвори патот за можно формирање на широка владина коалиција со партиите од двата политички блока. Таков облик на владеење е редок во Данска - но според Фредериксен, со оглед на актуелните кризи, токму тоа е исправно, пишува Дојче веле.

Социјалдемократите повторно освоија најмногу гласови на изборите - 27,5 отсто. Тоа е најдобар изборен резултат во последните 20 години, изјави Фредериксен пред партиските поддржувачи во Копенхаген во изборната ноќ. Но, „исто така е јасно дека повеќе нема мнозинство зад владата во нејзината сегашна форма“. Затоа, таа, како што рече, сака денеска да оди кај кралицата Маргрета Втора и да го поднесе барањето за оставка на нејзината влада. Доколку мнозинство од партиите ја изберат за мандатарка за составување на новата влада, Фредериксен ќе испита дали може да се формира широка владина коалиција. Таква констелација би било добро за Данска, истакна премиерката.

извор: Дојче веле

The post Драматични избори во Данска appeared first on Република.

]]>

По драматичната изборна ноќ, Данска е соочена со потрага по нова влада. И покрај мнозинството обезбедено во последен момент за левичарскиот табор околу нејзините владејачки социјалдемократи, премиерката Мете Фредериксен во изборната ноќ најави дека денеска нејзината малцинска влада ќе поднесе оставка. Со тоа, таа сака да го отвори патот за можно формирање на широка владина коалиција со партиите од двата политички блока. Таков облик на владеење е редок во Данска - но според Фредериксен, со оглед на актуелните кризи, токму тоа е исправно, пишува Дојче веле. Социјалдемократите повторно освоија најмногу гласови на изборите - 27,5 отсто. Тоа е најдобар изборен резултат во последните 20 години, изјави Фредериксен пред партиските поддржувачи во Копенхаген во изборната ноќ. Но, „исто така е јасно дека повеќе нема мнозинство зад владата во нејзината сегашна форма“. Затоа, таа, како што рече, сака денеска да оди кај кралицата Маргрета Втора и да го поднесе барањето за оставка на нејзината влада. Доколку мнозинство од партиите ја изберат за мандатарка за составување на новата влада, Фредериксен ќе испита дали може да се формира широка владина коалиција. Таква констелација би било добро за Данска, истакна премиерката. извор: Дојче веле

The post Драматични избори во Данска appeared first on Република.

]]>