данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 17:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok/ 32 32 УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од даноци во месец јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-sobrala-rekordni-217-milioni-evra-od-danotsi-vo-mesets-juli/ Sun, 11 Aug 2024 16:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=805527

Управата за јавни приходи постави рекорд со наплата на 217 милиони евра од даноци во месец јули.

Директорката Елена Петрова вели дека наплатата на годишно ниво е зголемена за 42 отсто, затоа што била поефикасна наметнатата дисциплина на плаќање во однос на претходниот период кога „се замижувало“ пред должниците.

– УЈП треба постојано да ги потсетува и опоменува должниците и тоа го правевме претходниот месец. Испраќавме пораки преку медиумите и имавме состаноци на национално и локално ниво со сметководители и стопански комори. Но испраќавме и персонализирани пораки до таргетирани групи на даночни обврзници при што пораките содржеа конкретна содржина за самиот даночен обврзник, вели Петрова во изјава во вестите на „Сител“.

Директорката на УЈП најави анализи кои ќе овозможат во следниот период да се прошири даночната база со дејности кои досега прикривале приходи.

И Царинската управа направи рекорд со 195 милиони евра наплатени во јули, а директорот Бобан Николовски вели дека се обратиле до „сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царината“.

– Втора работа е тоа што се обративме до сите комитенти да си ги платат долговите што ги имаат за закуп на објектите во сопственост на Царинската управа, рече Николовски.

The post УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од даноци во месец јули appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи постави рекорд со наплата на 217 милиони евра од даноци во месец јули. Директорката Елена Петрова вели дека наплатата на годишно ниво е зголемена за 42 отсто, затоа што била поефикасна наметнатата дисциплина на плаќање во однос на претходниот период кога „се замижувало“ пред должниците.
– УЈП треба постојано да ги потсетува и опоменува должниците и тоа го правевме претходниот месец. Испраќавме пораки преку медиумите и имавме состаноци на национално и локално ниво со сметководители и стопански комори. Но испраќавме и персонализирани пораки до таргетирани групи на даночни обврзници при што пораките содржеа конкретна содржина за самиот даночен обврзник, вели Петрова во изјава во вестите на „Сител“.
Директорката на УЈП најави анализи кои ќе овозможат во следниот период да се прошири даночната база со дејности кои досега прикривале приходи. И Царинската управа направи рекорд со 195 милиони евра наплатени во јули, а директорот Бобан Николовски вели дека се обратиле до „сите субјекти кои од најразлични причини имале долгувања кон Царината“.
– Втора работа е тоа што се обративме до сите комитенти да си ги платат долговите што ги имаат за закуп на објектите во сопственост на Царинската управа, рече Николовски.

The post УЈП собрала рекордни 217 милиони евра од даноци во месец јули appeared first on Република.

]]>
Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-nikolovski-petrova-zhestoka-borba-so-sivata-ekonomija-na-radar-firmite-shto-izbegnuvaat-danok/ Tue, 06 Aug 2024 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=803939

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија.

„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.

]]>

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија. „Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.

]]>
Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stranitsite-za-prodazhba-preku-fejsbuk-i-instaram-ke-mora-da-plakaat-danok/ Wed, 31 Jul 2024 06:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=801837

Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова.

Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата.

https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=677s

Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.

]]>

Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова. Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата. https://www.youtube.com/watch?v=2Fovm_2mExY&t=677s
Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска.Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП-открива Петрова за „Република“.

The post Страниците за продажба преку Фејсбук и Инстаграм ќе мора да плаќаат данок appeared first on Република.

]]>
Oдземeна лиценцата за приредување на игри на среќа на „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица поради неподмирени даночни обврски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odzemena-litsentsata-za-prireduvane-na-igri-na-sreka-na-arena-gaming-dooel-strumitsa-poradi-nepodmireni-danochni-obvrski/ Wed, 24 Jul 2024 15:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=799918

Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица.

Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки  за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот.

Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

The post Oдземeна лиценцата за приредување на игри на среќа на „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица поради неподмирени даночни обврски appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки  за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

The post Oдземeна лиценцата за приредување на игри на среќа на „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица поради неподмирени даночни обврски appeared first on Република.

]]>
Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potsetnik-od-ujp-danok-treba-da-platat-i-litsa-shto-ostvaruvaat-prihod-od-prodazhba-na-bizhuterija-rachni-izrabotki-krofni-torti/ Wed, 24 Jul 2024 12:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=799861

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, вработени во УЈП денеска беа на средба со претставници на членки на регионална Стопанска комора со седиште во Кавадарци.

Целта беше да им се објасни за правата и обврските на даночните обврзници во делот на издавање под закуп на недвижен имот, апартмани, соби, викендички, како на пример, на Тиквешко езеро и друг имот од рекреативен карактер. Истото важи и за физичките лица што ивршуваат стопанска дејност од времен карактер како продавачи на производи на подвижни штандови. Се мисли на продажба на бижутерија, рачна изработка, крофни, пуканки, изработка на торти и слично. Тие што на ваков начин стекнуваат приход, да се запознаат со правата и обврските, појасни Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци.

Тој нагласи дека целта е да се подигне свеста за доброволно усогласување на обврските.

Сами да пријават и платат соодветно што треба, согласно на законските одредби. Ова се таканаречени меки мерки на УЈП. Тука сме да потсетиме, да имаме партнерски мерки со даночните обврзници. Дел од нив добиваат решенија за работа од општината и ги задолжуваме. Тие вторите сакаме да ги опфатиме, тие што не фигурираат никаде а остваруваат приход, да не бидат нелојална конкуренција на пазарот - подвлече Авдиќ.

Засега, додаде тој, се оди само на потсетување за правата и обврските. Доколку ваквите потсетувања не вродат со плод, па ваквите приходи и понатаму останат неоданочени, во иднина ќе следат контроли на терен. Со единствена цел, законите да важат за сите.

The post Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти appeared first on Република.

]]>

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, вработени во УЈП денеска беа на средба со претставници на членки на регионална Стопанска комора со седиште во Кавадарци. Целта беше да им се објасни за правата и обврските на даночните обврзници во делот на издавање под закуп на недвижен имот, апартмани, соби, викендички, како на пример, на Тиквешко езеро и друг имот од рекреативен карактер. Истото важи и за физичките лица што ивршуваат стопанска дејност од времен карактер како продавачи на производи на подвижни штандови. Се мисли на продажба на бижутерија, рачна изработка, крофни, пуканки, изработка на торти и слично. Тие што на ваков начин стекнуваат приход, да се запознаат со правата и обврските, појасни Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци. Тој нагласи дека целта е да се подигне свеста за доброволно усогласување на обврските.
Сами да пријават и платат соодветно што треба, согласно на законските одредби. Ова се таканаречени меки мерки на УЈП. Тука сме да потсетиме, да имаме партнерски мерки со даночните обврзници. Дел од нив добиваат решенија за работа од општината и ги задолжуваме. Тие вторите сакаме да ги опфатиме, тие што не фигурираат никаде а остваруваат приход, да не бидат нелојална конкуренција на пазарот - подвлече Авдиќ.
Засега, додаде тој, се оди само на потсетување за правата и обврските. Доколку ваквите потсетувања не вродат со плод, па ваквите приходи и понатаму останат неоданочени, во иднина ќе следат контроли на терен. Со единствена цел, законите да важат за сите.  

The post Потсетник од УЈП: Данок треба да платат и лица што остваруваат приход од продажба на бижутерија, рачни изработки, крофни, торти appeared first on Република.

]]>
Грција воведува „кризен“ данок за производителите на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/grtsija-voveduva-krizen-danok-za-proizvoditelite-na-elektrichna-energija/ Thu, 18 Jul 2024 09:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=797976

Грција ќе им наплати на производителите на електрична енергија „кризен“ данок во текот на летото и ќе ги користи приходите за субвенционирање на сметките за домаќинствата за да им помогне со високите трошоци за живот, рече премиерот Киријакос Мицотакис.

Цените на струјата на големо се зголемија во последните недели поради пореметувања на европскиот пазар на електрична енергија и Грција мора да направи нешто додека Европската унија не најде решение за проблемот, изјави премиерот во интервју за ТВ СКАИ, цитиран од Ројтерс.

„Владата затоа одлучи да воведе еднократен данок за производителите на електрична енергија кои користат гас и ги користат приходите за намалување на сметките за струја во август“, најави грчкиот премиер во интервју за ТВ Скаи.

Компаниите ќе го плаќаат кризниот данок два месеци, а владата првично ќе ги субвенционира сметките само за август, додаде Мицотакис.

Министерството за енергетика ќе соопшти детали во текот на денот.

Во јуни, Атина воведе вонреден данок од 33 отсто за рафинериите на „многу висока заработка“ во 2023 година, што произлегува од значајните промени на меѓународниот пазар на нафта, изјави тогаш грчкиот премиер за радиото Реал ФМ, додавајќи дека приходот ќе биде користи за буџетска поддршка и за помош на пензионерите со ниски примања.

The post Грција воведува „кризен“ данок за производителите на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Грција ќе им наплати на производителите на електрична енергија „кризен“ данок во текот на летото и ќе ги користи приходите за субвенционирање на сметките за домаќинствата за да им помогне со високите трошоци за живот, рече премиерот Киријакос Мицотакис. Цените на струјата на големо се зголемија во последните недели поради пореметувања на европскиот пазар на електрична енергија и Грција мора да направи нешто додека Европската унија не најде решение за проблемот, изјави премиерот во интервју за ТВ СКАИ, цитиран од Ројтерс. „Владата затоа одлучи да воведе еднократен данок за производителите на електрична енергија кои користат гас и ги користат приходите за намалување на сметките за струја во август“, најави грчкиот премиер во интервју за ТВ Скаи. Компаниите ќе го плаќаат кризниот данок два месеци, а владата првично ќе ги субвенционира сметките само за август, додаде Мицотакис. Министерството за енергетика ќе соопшти детали во текот на денот. Во јуни, Атина воведе вонреден данок од 33 отсто за рафинериите на „многу висока заработка“ во 2023 година, што произлегува од значајните промени на меѓународниот пазар на нафта, изјави тогаш грчкиот премиер за радиото Реал ФМ, додавајќи дека приходот ќе биде користи за буџетска поддршка и за помош на пензионерите со ниски примања.

The post Грција воведува „кризен“ данок за производителите на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-se-prodolzhuva-rokot-za-podnesuvane-na-ddv-04-prijavite-do-26-april-2024-godina/ Tue, 23 Apr 2024 10:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=769691

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ - 04, ќе се смета 26 април 2024 година.

Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

The post УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ - 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

The post УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година appeared first on Република.

]]>
Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/slovachka-razmisluva-da-vovede-danok-na-zasladenite-bezalkoholni-pijalatsi/ Mon, 08 Apr 2024 13:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=763855

Владата на Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалоци и може да го зголеми данокот на тутунските производи како дел од пакетот за консолидација на буџетот од 1,4 милијарди евра за 2025 година, изјави денеска премиерот Роберт Фицо.

Буџетскиот дефицит на Словачка оваа година би требало да надмине шест отсто од БДП и да биде најголем во еврозоната поради значително повисоките државни трошоци.

Владата им помага на граѓаните со високи сметки за енергија и ги зголеми пензиите.

Целта е да се заштити економијата и животниот стандард на 5,4 милиони граѓани, според ветувањето на новата Влада која стапи на функција на крајот на минатата година.

Буџетските планови за следната година сигнализираат забрзано темпо на намалување на дефицитот во буџетот. рп/

The post Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалаци appeared first on Република.

]]>

Владата на Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалоци и може да го зголеми данокот на тутунските производи како дел од пакетот за консолидација на буџетот од 1,4 милијарди евра за 2025 година, изјави денеска премиерот Роберт Фицо. Буџетскиот дефицит на Словачка оваа година би требало да надмине шест отсто од БДП и да биде најголем во еврозоната поради значително повисоките државни трошоци. Владата им помага на граѓаните со високи сметки за енергија и ги зголеми пензиите. Целта е да се заштити економијата и животниот стандард на 5,4 милиони граѓани, според ветувањето на новата Влада која стапи на функција на крајот на минатата година. Буџетските планови за следната година сигнализираат забрзано темпо на намалување на дефицитот во буџетот. рп/  

The post Словачка размислува да воведе данок на засладените безалкохолни пијалаци appeared first on Република.

]]>
Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-zatajuvachi-na-danok-vo-grtsija-preku-objaveni-fotografii-od-luksuzna-svadba-na-sotsijalnite-mrezhi/ Wed, 24 Jan 2024 13:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=736347

Со помош на специјален софтвер за скенирање на социјалните мрежи и со употреба на алгоритам за идентификација, Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ), открила низа случаи на затајување данок за време на луксузна свадба, јави дописничката на МИА од Атина.

Детали од свадбата поврзани со организацијата, венчаницата, изгледот на невестата, пејачот и сл, биле објавени на социјалните мрежи, по што од ААДЕ откриле дека никој од нив или не издал соодветни сметки или не платил соодветен данок.

Како што објавија грчките медиуми, било откриено дека гостите ги забавувал познат грчки пејач, кој на задолжителната платформа не го пријавил конкретниот настап, организаторот на свадбата воопшто немал фирма за конкретната активност, продавницата за венчаници не издала сметка за фустаните што ги изработила, фризерскиот салон немал фискална каса, за шминката на невестата не била издадена фискална сметка итн.

Голем дел од споменатите услуги, освен за конкретната свадба, на социјалните мрежи се рекламирале и за други свадбени прослави во минатото.

The post Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Со помош на специјален софтвер за скенирање на социјалните мрежи и со употреба на алгоритам за идентификација, Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ), открила низа случаи на затајување данок за време на луксузна свадба, јави дописничката на МИА од Атина. Детали од свадбата поврзани со организацијата, венчаницата, изгледот на невестата, пејачот и сл, биле објавени на социјалните мрежи, по што од ААДЕ откриле дека никој од нив или не издал соодветни сметки или не платил соодветен данок. Како што објавија грчките медиуми, било откриено дека гостите ги забавувал познат грчки пејач, кој на задолжителната платформа не го пријавил конкретниот настап, организаторот на свадбата воопшто немал фирма за конкретната активност, продавницата за венчаници не издала сметка за фустаните што ги изработила, фризерскиот салон немал фискална каса, за шминката на невестата не била издадена фискална сметка итн. Голем дел од споменатите услуги, освен за конкретната свадба, на социјалните мрежи се рекламирале и за други свадбени прослави во минатото.

The post Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stoilkovski-zoshto-lukarevska-ne-podnese-krivichna-prijava-tuku-firmite-gi-stava-na-lista-na-dolzhnitsi/ Tue, 23 Jan 2024 11:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=735889

Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници?

По кој основ фирмите Актико, потоа Окитна и Хантонос, потоа Хант Осој се на листа на должници?

И тука има две огромни неодговорени прашања:

1.Доколку немало поврат на ДДВ, туку парите се за “аконтација” за “во иднина”; зошто УЈП после година и пол ги става на листа на должници Актико/Окитна и потоа Хантонос/Хант Осој? Како УЈП им пресметала даночен долг, ако нема пристап до деловните книги? За што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра? Дали УЈП признава фиктивна трговија на овие две фирми, на “празна ливада”, а нема увид во книгите и тоа јасно го покажуваат извештаите од надворешната контрола на УЈП направена после цела година од продажбата на фирмите и година и пол по трговијата на овие фирми?

2.Зошто за Актико/Окитна и за Хантонос/Хант Осој нема предмет до ОЈО, тука има јасен организиран криминал?

Дури и во извештаите стои дека има сомнеж за други казниви дела. Законот е јасен, ова е криминал што опфаќа повеќе делови од Кривичниот закон како Член 60-а за даночна пријава со лажни податоци заради имотна корист, до член 378 за фалсификувани исправи. И ова било должност и пракса на УЈП.

Почитувани

Зошто Лукаревска не поднесе кривична, туку фирмите ги става на листа на должници?

Верувам дека во УЈП точно знаат за што зборам, и добро е некој да и одржи обука на Сања Лукаревска.

Почитувани криминал од 22 милиони евра се случува пред нос на Лукаревска. И тоа од исти ликови поврзани со криминален поврат на ДДВ во 2020 година.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, порача Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=vZ6-2PIyWYc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници? appeared first on Република.

]]>

Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници? По кој основ фирмите Актико, потоа Окитна и Хантонос, потоа Хант Осој се на листа на должници? И тука има две огромни неодговорени прашања: 1.Доколку немало поврат на ДДВ, туку парите се за “аконтација” за “во иднина”; зошто УЈП после година и пол ги става на листа на должници Актико/Окитна и потоа Хантонос/Хант Осој? Како УЈП им пресметала даночен долг, ако нема пристап до деловните книги? За што треба да се наплати данок од 11 односно 12.2 милиони евра? Дали УЈП признава фиктивна трговија на овие две фирми, на “празна ливада”, а нема увид во книгите и тоа јасно го покажуваат извештаите од надворешната контрола на УЈП направена после цела година од продажбата на фирмите и година и пол по трговијата на овие фирми? 2.Зошто за Актико/Окитна и за Хантонос/Хант Осој нема предмет до ОЈО, тука има јасен организиран криминал? Дури и во извештаите стои дека има сомнеж за други казниви дела. Законот е јасен, ова е криминал што опфаќа повеќе делови од Кривичниот закон како Член 60-а за даночна пријава со лажни податоци заради имотна корист, до член 378 за фалсификувани исправи. И ова било должност и пракса на УЈП. Почитувани Зошто Лукаревска не поднесе кривична, туку фирмите ги става на листа на должници? Верувам дека во УЈП точно знаат за што зборам, и добро е некој да и одржи обука на Сања Лукаревска. Почитувани криминал од 22 милиони евра се случува пред нос на Лукаревска. И тоа од исти ликови поврзани со криминален поврат на ДДВ во 2020 година. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, порача Стоилковски.
https://www.youtube.com/watch?v=vZ6-2PIyWYc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници? appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zgolemeniot-danok-za-luksuzni-proizvodi-se-pretvori-vo-povisok-danok-za-osnovnite-proizvodi/ Sat, 07 Oct 2023 11:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=688910

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Велес во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ запрашан како го коментира последното зголемување на ДДВ-то за многу производи потенцираше дека власта ова го прави затоа што на власта и недостасуваат пари во буџетот, бидејќи како што рече ги трошат на сомнителни тендери и криминал.

-Ако се сеќавате пред неколку месеци тоа го комуницираа со јавноста дека станува збор за зголемен данок на луксузни производи па како синоним споменуваа перки од ајкула, но видовте дека не е така, туку станува збор за основни прехранбени производи. Јасно е тоа што го зборувавме и тогаш и сега, излегува дека е точно а тоа е дека им недостасуваат пари во буџетот, а им недостасуваат пари во буџетот затоа што го трошат немилосрдно буџетот за проекти за кои што шајка не е закована. Знаете за еден таков проект потрошија повеќе од 200 милиони евра но за жал немаме ниту шајка заковано и затоа сега им требаат уште пари за тендери во четири очи, за провизии за кои што се враќаат. Јавна тајна е дека човек фирма со ташничка шетаат низ Македонија и нудат работа за тој проект, а за сметка на тоа бараат огромни провизии. Овие информации стигаат до нас, јас ги повикувам надлежните органи тоа да го проверат и истражат, доколку тие тоа не го направат, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно има намера да се занимава со овие девијантни однесувања, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски дополни дека кога власта нема пари во буџетот, тогаш единствен извор за повеќе пари се поголемите даноци кои треба да ги плаќаат граѓаните.

-Така што да сумирам им недостасуваат пари, што прават тогаш, тогаш единствен извор за повеќе пари им се поголеми даноци и на сметка на граѓаните, на грбот на граѓаните, затоа граѓаните треба да се свесни дека секој еден денар што го плаќаат повеќе за производите кои што до вчера ги плаќале поевтино се директно пари за тендери во четири очи на владата на ДУИ и СДСМ и се директно пари кои што ги плаќаат на овие луѓе кои што се дел од коалицијата ДУИ и СДСМ, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета во Велес во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ запрашан како го коментира последното зголемување на ДДВ-то за многу производи потенцираше дека власта ова го прави затоа што на власта и недостасуваат пари во буџетот, бидејќи како што рече ги трошат на сомнителни тендери и криминал. -Ако се сеќавате пред неколку месеци тоа го комуницираа со јавноста дека станува збор за зголемен данок на луксузни производи па како синоним споменуваа перки од ајкула, но видовте дека не е така, туку станува збор за основни прехранбени производи. Јасно е тоа што го зборувавме и тогаш и сега, излегува дека е точно а тоа е дека им недостасуваат пари во буџетот, а им недостасуваат пари во буџетот затоа што го трошат немилосрдно буџетот за проекти за кои што шајка не е закована. Знаете за еден таков проект потрошија повеќе од 200 милиони евра но за жал немаме ниту шајка заковано и затоа сега им требаат уште пари за тендери во четири очи, за провизии за кои што се враќаат. Јавна тајна е дека човек фирма со ташничка шетаат низ Македонија и нудат работа за тој проект, а за сметка на тоа бараат огромни провизии. Овие информации стигаат до нас, јас ги повикувам надлежните органи тоа да го проверат и истражат, доколку тие тоа не го направат, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно има намера да се занимава со овие девијантни однесувања, потенцираше Мицкоски. Мицкоски дополни дека кога власта нема пари во буџетот, тогаш единствен извор за повеќе пари се поголемите даноци кои треба да ги плаќаат граѓаните. -Така што да сумирам им недостасуваат пари, што прават тогаш, тогаш единствен извор за повеќе пари им се поголеми даноци и на сметка на граѓаните, на грбот на граѓаните, затоа граѓаните треба да се свесни дека секој еден денар што го плаќаат повеќе за производите кои што до вчера ги плаќале поевтино се директно пари за тендери во четири очи на владата на ДУИ и СДСМ и се директно пари кои што ги плаќаат на овие луѓе кои што се дел од коалицијата ДУИ и СДСМ, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Зголемениот данок за луксузни производи се претвори во повисок данок за основните производи appeared first on Република.

]]>
Наместо борба со сивата економија, Владата удира по оние кои редовно си ги исполнуваат обврските https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-borba-so-sivata-ekonomija-vladata-udira-po-onie-koi-redovno-si-gi-ispolnuvaat-obvrskite/ Sat, 26 Aug 2023 13:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=676072

Очигледно дека буџетот не се полни онака како што тие предвидуваат, а посебно во делот на данокот на додадена вредност затоа што состојбата во економијата е катастрофална. Имајќи го сето тоа предвид тие удираат на оние кои и до сега редовно и дисциплинирано си ги исполнуваа обврските, а тоа се компаниите кои што работат и мака мачат да заработат за да можат да исплатат личен доход до вработените, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гевгелија одговори на новинарско прашање за коментар во врска со солидарниот данок за успешните компании од кој Владата не сака да се откаже.

Мицкоски исто така додаде дека наместо полнењето на буџетот да се подобри преку борба со сивата економија Владата удира по оние кои дисциплинирано си ги исполнуваат обврските.

„Ете тоа го прави оваа влада. Да собере од успешните денар повеќе за да може потоа преку тендери во четири очи делумно да го украде. Затоа ние бевме против. Затоа што наместо борба со сивата економија и на тој начин да овозможиме подобро полнење на буџетот, тие удираат на оние коишто редовно си ги исполнуваат обврските“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Имаме работа со влада која што не мисли за народот и не мисли за интересот на граѓаните, туку гледа за личен интерес и како повеќе да профитира. Тоа е мотивот зошто тие не се откажуваат од овој данок“.

The post Наместо борба со сивата економија, Владата удира по оние кои редовно си ги исполнуваат обврските appeared first on Република.

]]>

Очигледно дека буџетот не се полни онака како што тие предвидуваат, а посебно во делот на данокот на додадена вредност затоа што состојбата во економијата е катастрофална. Имајќи го сето тоа предвид тие удираат на оние кои и до сега редовно и дисциплинирано си ги исполнуваа обврските, а тоа се компаниите кои што работат и мака мачат да заработат за да можат да исплатат личен доход до вработените, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Гевгелија одговори на новинарско прашање за коментар во врска со солидарниот данок за успешните компании од кој Владата не сака да се откаже.
Мицкоски исто така додаде дека наместо полнењето на буџетот да се подобри преку борба со сивата економија Владата удира по оние кои дисциплинирано си ги исполнуваат обврските.
„Ете тоа го прави оваа влада. Да собере од успешните денар повеќе за да може потоа преку тендери во четири очи делумно да го украде. Затоа ние бевме против. Затоа што наместо борба со сивата економија и на тој начин да овозможиме подобро полнење на буџетот, тие удираат на оние коишто редовно си ги исполнуваат обврските“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Имаме работа со влада која што не мисли за народот и не мисли за интересот на граѓаните, туку гледа за личен интерес и како повеќе да профитира. Тоа е мотивот зошто тие не се откажуваат од овој данок“.

The post Наместо борба со сивата економија, Владата удира по оние кои редовно си ги исполнуваат обврските appeared first on Република.

]]>
Салвини : Дополнителното оданочување на банките во Италија е „општествена правда“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/salvini-dopolnitelnoto-odanochuvane-na-bankite-vo-italija-e-opshtestvena-pravda/ Fri, 11 Aug 2023 17:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=671221

Италијанската влада пред неколку дена одобри оданочување на 40 отсто од заработката на банките од разликите во каматите на заштедите (екстра добивка), но по острите критики и незадоволството на засегнатите страни, мораше дополнително да го допрецизира овој закон.

Банките кои веќе ги зголемија каматните стапки на депозитите на клиентите „нема да почувствуваат значително влијание како резултат на правилото објавено вчера“, се вели во соопштението на италијанското Министерство за финансии објавено во вторник.

Данокот од 40 отсто ќе се подели на повисокиот од двете мерки: разликата помеѓу нето-приходите од камати во 2022 и 2021 година што надминува пет отсто раст, или разликата помеѓу нето каматниот период помеѓу 2023 и 2021 година што надминува 10 отсто раст, рече тој во соопштението.

Заменикот на италијанскиот премиер Мелони, Матео Салвини, на прес-конференција го оправда овој данок со образложение дека тоа е мерка за „општествена правда“ која ќе компензира низа зголемувања на каматните стапки од страна на Европската централна банка.

Најголемите италијански банки, Интеза Санпаоло и Уникредит, забележаа силен пораст на нето приходите од камати оваа година, па проценките на аналитичарите за целата 2023 година покажуваат дека новиот данок најверојатно ќе ја надмине границата од 0,1 отсто од активата.

Потегот на италијанската влада не е единствениот, туку е само уште еден во низата обиди да се спречи дополнителен профит од банките низ Европа. Додека владите се соочуваат со притисок да ги поддржат граѓаните кои се борат со зголемените животни трошоци, заемодавачите кои уживаат огромни профити од зголемувањето на каматните стапки на централната банка се сметаат за лесни цели за даноците.

Италијанскиот данок од 40 отсто на нето каматниот приход следи по слични потези на владите на ЕУ во Шпанија, Унгарија, Чешка и Литванија во изминатата година.

Кога шпанската влада предводена од социјалистите минатото лето објави данок на добивката на банките, акциите на некои од најголемите кредитори паднаа за дури 10 отсто. Шпанската давачка, воведена претходно оваа година, имаше за цел да собере три милијарди евра за да го ублажи растот на цените на енергијата со наметнување данок од 4,8 отсто на приходите од камати и провизии на банките во текот на две години.

Минатата година Унгарија воведе двегодишна давачка со цел да собере околу 4,6 милијарди евра во различни сектори, а нешто повеќе од една четвртина доаѓа од банките. Данокот ги таргетира долните приходи, а не профитот, со давачка од десет проценти на нето приходите во Унгарија во 2022 година и осум проценти во 2023 година.

Чешката Република и Литванија, исто така, ги таргетираа банките со даноци, иако тие беа дизајнирани, како италијанскиот модел, да одат на вишок профит.

Чешките банки ќе бидат погодени со данок од 60 отсто во текот на следните две години за добивката што надминува 120 отсто од нивната просечна годишна добивка помеѓу 2018 и 2021 година, а во Литванија, данокот на нето каматниот приход, потпишан во мај, има за цел да ги собере повеќе од 400 милиони евра за одбрана, армија и транспорт.

The post Салвини : Дополнителното оданочување на банките во Италија е „општествена правда“ appeared first on Република.

]]>

Италијанската влада пред неколку дена одобри оданочување на 40 отсто од заработката на банките од разликите во каматите на заштедите (екстра добивка), но по острите критики и незадоволството на засегнатите страни, мораше дополнително да го допрецизира овој закон. Банките кои веќе ги зголемија каматните стапки на депозитите на клиентите „нема да почувствуваат значително влијание како резултат на правилото објавено вчера“, се вели во соопштението на италијанското Министерство за финансии објавено во вторник. Данокот од 40 отсто ќе се подели на повисокиот од двете мерки: разликата помеѓу нето-приходите од камати во 2022 и 2021 година што надминува пет отсто раст, или разликата помеѓу нето каматниот период помеѓу 2023 и 2021 година што надминува 10 отсто раст, рече тој во соопштението. Заменикот на италијанскиот премиер Мелони, Матео Салвини, на прес-конференција го оправда овој данок со образложение дека тоа е мерка за „општествена правда“ која ќе компензира низа зголемувања на каматните стапки од страна на Европската централна банка. Најголемите италијански банки, Интеза Санпаоло и Уникредит, забележаа силен пораст на нето приходите од камати оваа година, па проценките на аналитичарите за целата 2023 година покажуваат дека новиот данок најверојатно ќе ја надмине границата од 0,1 отсто од активата. Потегот на италијанската влада не е единствениот, туку е само уште еден во низата обиди да се спречи дополнителен профит од банките низ Европа. Додека владите се соочуваат со притисок да ги поддржат граѓаните кои се борат со зголемените животни трошоци, заемодавачите кои уживаат огромни профити од зголемувањето на каматните стапки на централната банка се сметаат за лесни цели за даноците. Италијанскиот данок од 40 отсто на нето каматниот приход следи по слични потези на владите на ЕУ во Шпанија, Унгарија, Чешка и Литванија во изминатата година. Кога шпанската влада предводена од социјалистите минатото лето објави данок на добивката на банките, акциите на некои од најголемите кредитори паднаа за дури 10 отсто. Шпанската давачка, воведена претходно оваа година, имаше за цел да собере три милијарди евра за да го ублажи растот на цените на енергијата со наметнување данок од 4,8 отсто на приходите од камати и провизии на банките во текот на две години. Минатата година Унгарија воведе двегодишна давачка со цел да собере околу 4,6 милијарди евра во различни сектори, а нешто повеќе од една четвртина доаѓа од банките. Данокот ги таргетира долните приходи, а не профитот, со давачка од десет проценти на нето приходите во Унгарија во 2022 година и осум проценти во 2023 година. Чешката Република и Литванија, исто така, ги таргетираа банките со даноци, иако тие беа дизајнирани, како италијанскиот модел, да одат на вишок профит. Чешките банки ќе бидат погодени со данок од 60 отсто во текот на следните две години за добивката што надминува 120 отсто од нивната просечна годишна добивка помеѓу 2018 и 2021 година, а во Литванија, данокот на нето каматниот приход, потпишан во мај, има за цел да ги собере повеќе од 400 милиони евра за одбрана, армија и транспорт.

The post Салвини : Дополнителното оданочување на банките во Италија е „општествена правда“ appeared first on Република.

]]>
Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-vovede-ogromen-danok-za-bankite-za-neochekuvan-profit/ Tue, 08 Aug 2023 10:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=669922

Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот.

Остриот пораст на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст да го пренесат на кредитокорисниците, а во исто време не ги зголемија значително каматните стапки на депозитите. Земјите како Шпанија и Унгарија веќе воведоа данок на прекумерната добивка на банкарскиот сектор.

Италијанската влада годинава ќе ја оданочува со еднократен данок од 40 отсто нето каматната маржа на банките, што ја претставува разликата меѓу каматите на заемите и депозитите и е извор на заработката на банките. Се проценува дека со овој данок државата ќе инкасира нешто помалку од три милијарди евра, дознава Ројтерс од добро упатени извори.

Десничарската влада на Италија постојано ги критикуваше банките дека не ги пренесуваат повисоките трошоци за пари на штедачите, но презеде мерки само по најновиот сет рекордни приходи пријавени од банките кон крајот на јули и почетокот на август.

Сите италијански банки работеа многу подобро од очекуваното и ги зголемија проценките за профитот благодарение на зголемените каматни стапки. Водечката италијанска банка Intesa Sanpaolo на крајот на минатиот месец објави дека очекува добивка од над 13,5 милијарди евра од нето каматната маржа оваа година.

UniCredit, исто така, го подобри своето финансиско водство за оваа година и сега очекува да постигне нето приход од повеќе од 21,5 милијарди евра и нето добивка од повеќе од 7,25 милијарди евра оваа година.

Треба само да ги погледнете профитите на банките во првата половина од годината за да разберете дека не зборуваме за неколку милиони, туку за милијарди - рече вицепремиерот Матео Салвини на прес-конференција во Рим доцна вчера.

Ако (е точно дека) товарот на повисоките каматни стапки е двојно зголемен за домаќинствата и бизнисите, она што го добиваат имателите на тековните сметки сигурно не е двојно зголемено, изјави Салвини, додавајќи дека постои голем јаз меѓу применетите стапки на заемите и депозитите.

The post Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит appeared first on Република.

]]>

Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот. Остриот пораст на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст да го пренесат на кредитокорисниците, а во исто време не ги зголемија значително каматните стапки на депозитите. Земјите како Шпанија и Унгарија веќе воведоа данок на прекумерната добивка на банкарскиот сектор. Италијанската влада годинава ќе ја оданочува со еднократен данок од 40 отсто нето каматната маржа на банките, што ја претставува разликата меѓу каматите на заемите и депозитите и е извор на заработката на банките. Се проценува дека со овој данок државата ќе инкасира нешто помалку од три милијарди евра, дознава Ројтерс од добро упатени извори. Десничарската влада на Италија постојано ги критикуваше банките дека не ги пренесуваат повисоките трошоци за пари на штедачите, но презеде мерки само по најновиот сет рекордни приходи пријавени од банките кон крајот на јули и почетокот на август. Сите италијански банки работеа многу подобро од очекуваното и ги зголемија проценките за профитот благодарение на зголемените каматни стапки. Водечката италијанска банка Intesa Sanpaolo на крајот на минатиот месец објави дека очекува добивка од над 13,5 милијарди евра од нето каматната маржа оваа година. UniCredit, исто така, го подобри своето финансиско водство за оваа година и сега очекува да постигне нето приход од повеќе од 21,5 милијарди евра и нето добивка од повеќе од 7,25 милијарди евра оваа година.
Треба само да ги погледнете профитите на банките во првата половина од годината за да разберете дека не зборуваме за неколку милиони, туку за милијарди - рече вицепремиерот Матео Салвини на прес-конференција во Рим доцна вчера.
Ако (е точно дека) товарот на повисоките каматни стапки е двојно зголемен за домаќинствата и бизнисите, она што го добиваат имателите на тековните сметки сигурно не е двојно зголемено, изјави Салвини, додавајќи дека постои голем јаз меѓу применетите стапки на заемите и депозитите.

The post Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит appeared first on Република.

]]>
Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-evropski-prashana-go-odbi-baraneto-na-vmro-dpmne-za-javna-rasprava-po-predlog-na-zakonot-za-danokot-na-solidarnost/ Mon, 24 Jul 2023 12:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=664736

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка - Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.

Јавната расправа да се одржи на 28 јули во петок. Ова е разумен рок и сосема доволно од четири дена стручните служби на Собранието да организираат, да се поканат сите заинтересирани физички и правни лица и да се дискутира и да се изнесат сите недостатоци за законот. Ова го барам поради бројните и бурни реакции на јавноста на овој предлог-закон, а и поради потребата за вклучување на стручната фела во образложување на истиот овој закон. Потребно е да се спроведе јавна расправа по истиот по кој што ќе се донесат заклучоци кои ќе придонесат кон подобрување на законската регулатива и кон едноставно можноста да се види што значи ова законско решение - рече тој.

Кога министерот за финансии, Фатмир Бесими излезе на говорницата да го образложи законското решение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваше од место барајќи од потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели да го стави на гласање нивното барање за јавна расправа. Мицевски побара од Биљали-Зендели нивната иницијатива да го стави на гласање и да се произнесат пратениците. Потенцира дека додека не се утврди дневен ред, министер или било кој не смее да земе збор и да објаснува.

Мицевски истакна дека жали што пратениците од владејачкото мнозинство немаат храброст за едно вакво суштествено и чувствително прашање за кое што реагира Клубот 100 од Стопанската комора на Македонија да не се најде можност да им се даде еден ден да се дискутира за ова законско прашање.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и точката Предлог на закон за данокот на солидарност да се тргне комплетно од дневниот ред на денешната Комисија за европски прашања, која исто така беше одбиена од членовите на Комисијата.

Попретседателката Биљали-Зендели соопшти дека за Предлог на законот за данокот на солидарност се доставени амандмани и даде пауза додека се архивираат до собраниските служби.

Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

The post Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за европски прашања денеска почна седницата на која на дневен ред се трите закони за даночните реформи, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце: Предлог законот за данокот на солидарност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка. На почетокот на седницата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дневниот ред да се дополни со уште една точка - Предлог одлука за одржување јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност, која би се одржала на 28 јули. Оваа барање на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена од членовите на Комисијата за европски прашања.
Јавната расправа да се одржи на 28 јули во петок. Ова е разумен рок и сосема доволно од четири дена стручните служби на Собранието да организираат, да се поканат сите заинтересирани физички и правни лица и да се дискутира и да се изнесат сите недостатоци за законот. Ова го барам поради бројните и бурни реакции на јавноста на овој предлог-закон, а и поради потребата за вклучување на стручната фела во образложување на истиот овој закон. Потребно е да се спроведе јавна расправа по истиот по кој што ќе се донесат заклучоци кои ќе придонесат кон подобрување на законската регулатива и кон едноставно можноста да се види што значи ова законско решение - рече тој.
Кога министерот за финансии, Фатмир Бесими излезе на говорницата да го образложи законското решение, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваше од место барајќи од потпретседателката на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели да го стави на гласање нивното барање за јавна расправа. Мицевски побара од Биљали-Зендели нивната иницијатива да го стави на гласање и да се произнесат пратениците. Потенцира дека додека не се утврди дневен ред, министер или било кој не смее да земе збор и да објаснува. Мицевски истакна дека жали што пратениците од владејачкото мнозинство немаат храброст за едно вакво суштествено и чувствително прашање за кое што реагира Клубот 100 од Стопанската комора на Македонија да не се најде можност да им се даде еден ден да се дискутира за ова законско прашање. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и точката Предлог на закон за данокот на солидарност да се тргне комплетно од дневниот ред на денешната Комисија за европски прашања, која исто така беше одбиена од членовите на Комисијата. Попретседателката Биљали-Зендели соопшти дека за Предлог на законот за данокот на солидарност се доставени амандмани и даде пауза додека се архивираат до собраниските служби. Предлогот на Закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Целта на Предлог законот за данокот на солидарност како што е информирано од Министерството, е секој да учествува во намирувањето на јавните расходи, во согласност со своите економски можности и на солидарен начин да придонесе за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза, при што е земена предвид европска регулатива. Европската Унија, како што е посочено, заради ублажување на последиците од енергетската криза, усвои Регулатива на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6 октомври 2022 година, за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата, а со којашто се утврдува и обврската за наплата на придонес за солидарност. Според Регулативата, придонесот за солидарност треба да дејствува како редистрибутивна мерка за да се осигура дека предметните компании коишто оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар, информираше владината прес-служба.

The post Комисијата за европски прашања го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за јавна расправа по Предлог на законот за данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>
Власта шверцерски подготвува закони за зголемување на даноците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-shvertserski-podgotvuva-zakoni-za-zgolemuvane-na-danotsite/ Sat, 15 Jul 2023 08:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=661564

„Даночните реформи ад хок не ги прават заради некаква социјана политика, туку едноставно бараат начини да го полнат буџетот кој после безмилисно го трошат за луксузи, лични богатења и криминал. Впрочем тие и онака трошат рекордни буџети, односно за 7 години потрошиле околу 30 милијарди евра, а граѓаните од тоа не видоа апсолутно никаква корист. Со трите законски измени се предвидува дуплирање на ДДВ за околу 4000 прехрамбени производи, измени на данокот на добивка и воведување на нов тн солидарен данок“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека товарењето на стопанството без да се обезбеди фер бизнис клима и услови е погубно за економијата.

„Власта наместо да се бори со сивата економија и да се обидува да го зголемува на тој начин приходот, тие удираат по граѓаните и оној дел од стопанството кој е успешен и дисциплиниран во плаќањето. Според логиката на власта оној кој не плаќа даноци ќе продолжи да не плаќа, а нив ќе ги покриваат со прибирање повеќе даноци од оние компании кои се успешни и редовно плаќаат. Ваква арамиска даночна реформа може да спроведе само арамиска власт како оваа на ДУИ и СДС кои во ова гледаат начин како да соберат повеќе пари во буџетот и истите после да ги украдат и испумпаат во својот џеб. Заради немањето предвидливост, алаш вериш политиките на власта и ваквите даночни реформи странските инвестиции ја избегнуваат Македонија во широк лак, а постоечките бизниси бегаат“, пишуваат во соопштението.

The post Власта шверцерски подготвува закони за зголемување на даноците appeared first on Република.

Пенов: Данокот на имот е многу важна локална надлежност, има општини кои што покажуваат одлични резултати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-danokot-na-imot-e-mnogu-vazhna-lokalna-nadlezhnost-ima-opshtini-koi-shto-pokazhuvaat-odlichni-rezultati/ Thu, 18 May 2023 12:02:32 +0000 https://republika.mk/?p=642292

Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено за 100%. Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип,  исто така имаат добри резултати во однос на ажурирањето на податоците, што резултира и со зголемена ефикасност на наплата на даноците, а во општина Арачиново се зајакнуваат капацитетите на организационата единица за администрирање со даноци, со што се исполнети условите за извршување на надлежноста, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на чинот на презентирање на резултатите од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите „Партнерство за поефикасни општини“.

Тој потенцираше дека сите општини вклучени во првата фаза на проектот ја имаат зголемено стапката на наплата на данокот на имот во просек за 34.5%, што придонесува за зголемување на стапката на наплата на сопствените приходи за околу 25%.  

-По алармирањето на некои општини и на градот Скопје дека немаат целосни бази на податоци на даночни обврзници на данок на имот, Министерството за локална самоуправа во соработка со Проектот на УСАИД иницираше конкретни активности за целосна поддршка на општините за подобрување на нивните капацитети за наплата на данокот на имот. Крајно време е да се надминат детските болести. Данокот на имот, наплатата и користењето на средствата во целост е локална надлежност и одговорност. Тоа се пари од граѓаните за граѓаните. Не ја амнестирам централната власт, но, не може одговорностите да се земаат или оставаат според сопствени желби и проценки, рече Пенов.

За таа цел, е формирана посебна работна група со претставници од Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа, Министерството за транспорт и врски, Агенција за катастар на недвижности, Државен завод за ревизија, Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, ЗЕЛС, град Скопје и општините Илинден и Тетово, која во наредниот период ќе предложи конкретни законски и подзаконски решенија како и начини за размена на податоци меѓу надлежните институции и општините.

- Имаме децентрализиран систем на управување и надлежностите меѓу централното и локалното ниво се споделени. Функционалноста на општините и на градот Скопје има директно влијание на спроведувањето на политиките и на квалитетот на живеење на граѓаните, рече тој.

Пенов посочи дека Владата, со конкретни мерки го подобри системот на финансирање на локалната самоуправа, зголемени се приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, а со новиот начин на распределба на средствата преку инструментите за перформанси и за еквилизација, се обезбедува поправедна дистрибуција на средствата.   

-Очекувам дека крајот на 2023 година ќе ги покаже ефектите од овие мерки.

Според податоците од 2022 година за приходите на општините, приходите во општинските буџети во најголем дел се од трансферите од централната власт и донации, или 63,9%. Даночните приходи се на ниво од 27,17%. Капиталните приходи се нешто над 4%.Од вкупните приходи, 50% се реализирани во урбаните општини без градот Скопје, 33,26% во Градот Скопје и скопските општини, а само 14,62% во руралните општини., појасни Пенов.

Најмногу даночни приходи, или 51% се остваруваат во градот Скопје со општините, а најмалку во руралните општини, само 8% од вкупните даночни приходи. Споредено со градот Скопје и скопските општини за 6 пати помалку, или во однос на другите урбани општини за 5 пати помалку.

- Разликите произлегуваат од реалните фискални ресурси со кои што располагаат општините, но и од нивниот фискален напор и капацитети за максимално ефектуирање на приходите од данокот на имот.

Активностите кои што ги реализираат Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, во рамките на проектот на УСАИД, веќе покажуваат резултати, рече Пенов.

The post Пенов: Данокот на имот е многу важна локална надлежност, има општини кои што покажуваат одлични резултати appeared first on Република.

Паркинзи и кафулиња во Грција не плаќале данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/parkinzi-i-kafulina-vo-grtsija-ne-plakale-danok/ Mon, 27 Feb 2023 16:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=613866

Управата за јавни приходи на Грција открила 11 бизниси во различни сектори во земјата кои не издавале даночни податоци, не поднесувале даночни пријави, поднесувале неточни пријави или не ја пријавиле својата деловна активност, со што затаиле данок во висина од над 15 милиони евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Затајувањето било откриено во фирми во цела Грција што се занимаваат меѓу другото со медицински услуги, телекомуникации, паркинг услуги, фитнес центи, кафулиња итн.

Станува збор за вкупно 11 бизниси во Атина, Солун, Лариса, Патра, Крит, а затајувањето данок се однесува на период и од неколку година, кај некои компании од 2016 до 2020 година

The post Паркинзи и кафулиња во Грција не плаќале данок appeared first on Република.

Законот за данок за солидарност на собраниска седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-danok-za-solidarnost-na-sobraniska-sednitsa/ Tue, 21 Feb 2023 07:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=611345

Собранието денеска ќе ја продолжи 103-та седница на која меѓу точките на дневниот ред е и Предлогот на закон за данок за солидарност, по скратена постапка, со кој се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.

Во образложението од Предлог законот поднесен од Владата, односно од Министерството за финансии се наведува дека се носи по урнекот на Регулативата на ЕУ 2022/1854 од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата заради ублажување на последиците од енергетската криза. Преку плаќањето на овој вид тн данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата.

-За постигнување на истата цел, сметаме дека и нашата држава треба да преземе активности за воведување на данок кој што ќе има солидарна функција и преку кој ќе се обезбедат финансиски средства кои во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата. Ваквиот данок е од општ интерес за сите граѓани, и неговото воведување ќе се заснова на принципите на правичност,
еднаквост и пропорционалност, според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности, стои во образложението за Предлог законот.

Обврзник за плаќање на овој вид на данок, како што се наведува во предлог текстот на законот, е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Данокот ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај, годинава, а се очекува да предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот на државата во износ од околу 4,7 милијарди денари.

Меѓу преостантите точки се и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог на закон за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, Предлог на закон за изменување на Законот за царинска тарифа, како и Предлогот на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, сите по скратена постапка.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва, како и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка.

На веб страницата на Собранието нема најава кога ќе продолжи 104-та седница на која се расправа за Предлогот за реконструкција на Владата.

The post Законот за данок за солидарност на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја продолжи 103-та седница на која меѓу точките на дневниот ред е и Предлогот на закон за данок за солидарност, по скратена постапка, со кој се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка. Во образложението од Предлог законот поднесен од Владата, односно од Министерството за финансии се наведува дека се носи по урнекот на Регулативата на ЕУ 2022/1854 од 6 октомври 2022 година за итна интервенција за решавање на проблемот со високите цени на енергијата заради ублажување на последиците од енергетската криза. Преку плаќањето на овој вид тн данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата. -За постигнување на истата цел, сметаме дека и нашата држава треба да преземе активности за воведување на данок кој што ќе има солидарна функција и преку кој ќе се обезбедат финансиски средства кои во целост ќе се користат за финансирање на Програма за мерки за справување со кризата. Ваквиот данок е од општ интерес за сите граѓани, и неговото воведување ќе се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кои секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности, стои во образложението за Предлог законот. Обврзник за плаќање на овој вид на данок, како што се наведува во предлог текстот на законот, е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Данокот ќе треба да се плати најдоцна до 31 мај, годинава, а се очекува да предизвика позитивни фискални импликации врз Буџетот на државата во износ од околу 4,7 милијарди денари. Меѓу преостантите точки се и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог на закон за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, Предлог на закон за изменување на Законот за царинска тарифа, како и Предлогот на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, сите по скратена постапка. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва, како и Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента I: Ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка. На веб страницата на Собранието нема најава кога ќе продолжи 104-та седница на која се расправа за Предлогот за реконструкција на Владата.

The post Законот за данок за солидарност на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Во 2023 влегуваме сo размисли за воведување времен данок на екстра профит https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-2023-vleguvame-so-razmisli-za-voveduvane-vremen-danok-na-ekstra-profit/ Sun, 01 Jan 2023 08:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=592420

Од 1 јануари 2023 година не важи одредбата од Законот за личен доход со која се предвидуваше прогресивно оданочување, а нема да се оданочуваат ниту каматите на орочените депозити. Владата ги укина овие одредби од Законот за личен доход кој помина во Собрание.

Оданочувањето на каматите на орочените депозити се одлага до влезот на земјата во Европската Унија, а образложението од Владата е дека во време на високи стапки на инфлација, важно е да се поттикнат граѓаните да штедат.

Според Владата, прогресивната даночна стапка, која требаше да стапи во сила од 1 јануари, отвара повеќе дилеми поради што оваа одредба се укина. Најавите се дека ќе се прават анализи и ќе се разгледаат други модалитети за поголема правичност во оданочувањето на личниот доход.

Од аспект на принципот на праведност, ова решение отвора повеќе дилеми, на пример, ако едно лице во повеќечлено семејство има повисока плата, а останатите немаат никаков приход, со претходно поставеното решение тоа лице ќе требаше да плати повисок данок од лица во домаќинство каде сите заработуваат, поединечно помалку, но домаќинството има многу повисоки приливи, напиша неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата колумна „Праведен даночен систем за одржлив, иклузивен и забрзан економски раст“.

Со даночната реформа што Владата ја презентираше на почетокот на декември, не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постоечките. Данокот на личен доход и данокот на добивка остануваат 10 проценти.

И данокот на додадена вредност останува 18 проценти, но поради актуелната економска криза, даночната стапка на основните прехранбени производи останува повластена и ќе изнесува пет проценти, додека полуксузните прехранбени производи, кои досега се оданочуваа исто така со пет проценти, ќе се даночат со стапка од 10 проценти за што во тек е изработка на листа на производи кои ќе се даночат со оваа стапка. Од 18 на 5 проценти се намалува и даночната стапка на производите за менструална хигиена.

Поради специфичните глобални економски услови, Владата го измени и првиот концепт за оданочување на данокот на добивка, па наместо првичниот предлог да се ослободат од плаќање на данок на добивка само инвестициите во дигитализацијата и во обновливите извори на енергија, сега реинвестираната добивка нема да се даночи за сите видови инвестиции. Од Владата најавуваат дека со законски измени ќе се утврдат механизми со кои ќе се оневозможи злоупотреба на ова ослободување, односно во случај обврзникот неправилно да ги применува одредбите за реинвестирана добивка, да биде задолжен со петкратен износ од данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето.

Но, за да стапат во сила ваквите решенија потребно е во Собранието да поминат измените на Законот за данок на добивка и на Законот за додадена вредност, коишто сеуште стојат на дневен ред на 95. собраниска седница.

Оданочувањето на хонораците, кое беше едно од најкоментираните мерки што беа најавени како дел од даночната реформа, ќе почне да се применува од 2024 година за што ќе треба да се изготви и донесе соодветен закон. Хонораците, според најавите, ќе имаат можност на доброволна основа да плаќаат придонеси, и тоа на различна висина од плата, минимална, просечна или до два милиони денари.

Одделно од даночната реформа, Министерството за финансии води разговори со стопанските комори за воведување на вонреден данок на екстра профит по примерот на европските држави како што се Велика Британија, Хрватска, Италија, Унгарија… Иницијативата за воведување на ваков данок, според министерот за финансии, произлегла од јавната дебата што се водела за концептот на даночна реформа.

Она за што во моментот се разговара е оние компании кои во последните четири години имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите.

Проценките се дека со овој данок би биле опфатени околу 180 компании, а во буџетот би се слеале 90 милиони евра плус, средства кои би се насочиле кон антикризните мерки.

The post Во 2023 влегуваме сo размисли за воведување времен данок на екстра профит appeared first on Република.

]]>

Од 1 јануари 2023 година не важи одредбата од Законот за личен доход со која се предвидуваше прогресивно оданочување, а нема да се оданочуваат ниту каматите на орочените депозити. Владата ги укина овие одредби од Законот за личен доход кој помина во Собрание. Оданочувањето на каматите на орочените депозити се одлага до влезот на земјата во Европската Унија, а образложението од Владата е дека во време на високи стапки на инфлација, важно е да се поттикнат граѓаните да штедат. Според Владата, прогресивната даночна стапка, која требаше да стапи во сила од 1 јануари, отвара повеќе дилеми поради што оваа одредба се укина. Најавите се дека ќе се прават анализи и ќе се разгледаат други модалитети за поголема правичност во оданочувањето на личниот доход.
Од аспект на принципот на праведност, ова решение отвора повеќе дилеми, на пример, ако едно лице во повеќечлено семејство има повисока плата, а останатите немаат никаков приход, со претходно поставеното решение тоа лице ќе требаше да плати повисок данок од лица во домаќинство каде сите заработуваат, поединечно помалку, но домаќинството има многу повисоки приливи, напиша неодамна министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата колумна „Праведен даночен систем за одржлив, иклузивен и забрзан економски раст“.
Со даночната реформа што Владата ја презентираше на почетокот на декември, не се предвидуваат нови даноци, ниту зголемување на постоечките. Данокот на личен доход и данокот на добивка остануваат 10 проценти. И данокот на додадена вредност останува 18 проценти, но поради актуелната економска криза, даночната стапка на основните прехранбени производи останува повластена и ќе изнесува пет проценти, додека полуксузните прехранбени производи, кои досега се оданочуваа исто така со пет проценти, ќе се даночат со стапка од 10 проценти за што во тек е изработка на листа на производи кои ќе се даночат со оваа стапка. Од 18 на 5 проценти се намалува и даночната стапка на производите за менструална хигиена. Поради специфичните глобални економски услови, Владата го измени и првиот концепт за оданочување на данокот на добивка, па наместо првичниот предлог да се ослободат од плаќање на данок на добивка само инвестициите во дигитализацијата и во обновливите извори на енергија, сега реинвестираната добивка нема да се даночи за сите видови инвестиции. Од Владата најавуваат дека со законски измени ќе се утврдат механизми со кои ќе се оневозможи злоупотреба на ова ослободување, односно во случај обврзникот неправилно да ги применува одредбите за реинвестирана добивка, да биде задолжен со петкратен износ од данокот кој би го платил кога не би го користел ослободувањето. Но, за да стапат во сила ваквите решенија потребно е во Собранието да поминат измените на Законот за данок на добивка и на Законот за додадена вредност, коишто сеуште стојат на дневен ред на 95. собраниска седница. Оданочувањето на хонораците, кое беше едно од најкоментираните мерки што беа најавени како дел од даночната реформа, ќе почне да се применува од 2024 година за што ќе треба да се изготви и донесе соодветен закон. Хонораците, според најавите, ќе имаат можност на доброволна основа да плаќаат придонеси, и тоа на различна висина од плата, минимална, просечна или до два милиони денари.
Одделно од даночната реформа, Министерството за финансии води разговори со стопанските комори за воведување на вонреден данок на екстра профит по примерот на европските држави како што се Велика Британија, Хрватска, Италија, Унгарија… Иницијативата за воведување на ваков данок, според министерот за финансии, произлегла од јавната дебата што се водела за концептот на даночна реформа. Она за што во моментот се разговара е оние компании кои во последните четири години имаат над 10 милиони евра приходи на годишно ниво, при што тоа е 20 отсто повеќе од четиригодишниот просек, дополнително да им се оданочат екстра приходите. Проценките се дека со овој данок би биле опфатени околу 180 компании, а во буџетот би се слеале 90 милиони евра плус, средства кои би се насочиле кон антикризните мерки.

The post Во 2023 влегуваме сo размисли за воведување времен данок на екстра профит appeared first on Република.

]]>