данок на солидарност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-solidarnost/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 13:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок на солидарност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-solidarnost/ 32 32 Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-sudot-presudi-deka-treba-da-se-vratat-parite-nie-ne-mozheme-da-izbegame-od-toa-veli-dimitrieska-kochoska-za-solidarniot-danok/ Fri, 22 Nov 2024 13:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840860

Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот.

Мојот став во однос на солидарниот данок, нагласи Димитриеска Кочоска, во моментот кога се воведуваше го знаете и дека бевме против од многу причини, но сега, да ја почекаме одлуката на судот.

- Наша должност, како Министерство за финансии е да ги почитуваме и спроведуваме законите. Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, ние имаме обврска да ги вратиме. Јас морам да го почитувам законот, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think.

Прашана што би значело тоа за буџетот, со оглед дека 50 милиони не се малку, Димитриеска Кочоска, рече дека ова е „резултатот од нестандардните политики“ и “нестабилност, која што ја правеше претходната влада“.

- Ова се резултатот од нестандардните политики и не знаење што се прави. Во изминатите години за ова зборувавме. Ова е таа нестабилност, која што ја правеше претходната влада играјќи со персоналниот данок, со данокот за солидарност и само имаме проблеми. Затоа и нема инвестиции, изјави Димитриеска Кочоска.

Затоа, нагласи Димитриеска Кочоска, сега и правиме напори да ги охрабриме инвеститорите. - Да им ветиме дека даночната политика е веќе стабилна и предвидлива, рече Димитриеска Кочоска.

Уставниот суд во средата донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност. Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразиле сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имал предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото.

Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно оданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен.

Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидливи и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон.

На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење.

По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста.

-На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој.

На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел.

На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок appeared first on Република.

]]>

Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на солидарниот данок, нагласи Димитриеска Кочоска, во моментот кога се воведуваше го знаете и дека бевме против од многу причини, но сега, да ја почекаме одлуката на судот. - Наша должност, како Министерство за финансии е да ги почитуваме и спроведуваме законите. Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, ние имаме обврска да ги вратиме. Јас морам да го почитувам законот, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think. Прашана што би значело тоа за буџетот, со оглед дека 50 милиони не се малку, Димитриеска Кочоска, рече дека ова е „резултатот од нестандардните политики“ и “нестабилност, која што ја правеше претходната влада“. - Ова се резултатот од нестандардните политики и не знаење што се прави. Во изминатите години за ова зборувавме. Ова е таа нестабилност, која што ја правеше претходната влада играјќи со персоналниот данок, со данокот за солидарност и само имаме проблеми. Затоа и нема инвестиции, изјави Димитриеска Кочоска. Затоа, нагласи Димитриеска Кочоска, сега и правиме напори да ги охрабриме инвеститорите. - Да им ветиме дека даночната политика е веќе стабилна и предвидлива, рече Димитриеска Кочоска. Уставниот суд во средата донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност. Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото. Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразиле сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имал предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото. Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно оданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен. Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидливи и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење. По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста. -На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој. На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-odluka-da-povede-postapka-za-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Wed, 20 Nov 2024 16:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=840039

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година.

Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото.

Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен.

Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон.

На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење.

По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста.

-На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој.

На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел.

На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото. Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото. Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен. Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење. По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста. -На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој. На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година.

The post Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ustavniot-sud-ke-odluchuva-za-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Mon, 16 Oct 2023 15:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=690569

Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина.

Како што велат од Судот, тоа значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи.

Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Македонија преку адвокат Игор Спировски.

На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот, истакнуваат од Судот.

Анета Трајковска од Стопанската комора истакна дека иницијативата е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка токму поради кратките рокови предвидени во законот со цел да се спречи евентуално настанување на некои последици кои потоа потешко може да се санираат.

Во функција на заштита на нашите компании членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука, рече Трајковска во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Стопанската комора и додаде дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.

The post Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот за данок за солидарност во целина. Како што велат од Судот, тоа значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапката и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи. Иницијативите се поднесени од Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска и од Стопанска комора на Македонија преку адвокат Игор Спировски.
На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот, истакнуваат од Судот.
Анета Трајковска од Стопанската комора истакна дека иницијативата е поднесена на 12 октомври и во неа е побарана времена мерка токму поради кратките рокови предвидени во законот со цел да се спречи евентуално настанување на некои последици кои потоа потешко може да се санираат.
Во функција на заштита на нашите компании членки е поднесено барањето за времената мерка, останува Судот да си ја донесе својата одлука, рече Трајковска во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Стопанската комора и додаде дека Комората секогаш протежира законита и легитимна постапка.

The post Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>
Бесими: Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-sredstvata-od-zakonot-za-danok-na-solidarnost-ke-odat-samo-za-programa-p1-vo-budhetot-za-antikrizni-merki/ Mon, 25 Sep 2023 20:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=685085

Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница.

Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими.

Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа.

Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра.

Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.

The post Бесими: Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими. Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница. Има соодветно известување и тоа треба да се спроведе. Законската обврска е јасна. Пролонгиран е рокот за доставување на обрасците за седум дена. Законот се однесува на посебен данок и е надвор од даночниот систем, еднократен е и различен од другите давачки кај нас, односно се одредува дека средствата што ќе се соберат од оваа јавна давачка ќе одат само за програма П1 што е во Буџетот за антикризни мерки. Се утврдува точно методологијата на пресметка и не се основа со даночната пријава, туку е посебен документ, појасни Бесими. Повтори дека ќе има антикризни мерки и оти еден дел се 100 милиони евра од ЕИБ, а за 50 милиони евра во ноември ќе одлучува Банката за развој на Советот на Европа. Министерот најави дека задутре ќе се објави прв проспект за прва зелена еврообврзница во вредност од 10 милиони евра. Ќе има зелена обврзница која е во фондот за енергетска ефикасност, во среда ќе се објави проспектот. Наредната недела ќе има аукција за дополнителни 10 милиони евра за енергетска ефикасност за мали и средни претпријатија. Дополнителни 600 милиони денари даваме за домашни компании за договори што се потпишани во Владата за инвестиции, како и дополнителни 200 милиони денари за странски фирми што инвестираат кај нас и 300 милиони денари во ТИРЗ, најави министерот за финансии.

The post Бесими: Средствата од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Собранието го усвои Предлог-законот за Данокот на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-go-usvoi-predlog-zakonot-za-danokot-na-solidarnost/ Tue, 19 Sep 2023 12:01:23 +0000 https://republika.mk/?p=683159

Даночната реформа како дел од поширок процес на реформи во јавните финансии доби поддршка во Собранието. Денеска беа усовоени измени на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, кои се во насока на креирање пооптимален даночен систем кој ќе обезбени повисоко ниво на праведност, ќе го поддржи економскиот раст и ќе овозможи понатамошно усогласување со ЕУ директивите. Исто така поддршка доби и Законот за данокот за солидарност, кој е насочен кон справување со последиците од енергетската и ценовната криза и средствата од него ќе бидат искористени за антикризни мерки.

Даночната реформа е дел од сеопфатната реформа во јавните финансии кон која пристапивме уште пред повеќе од две години, а во текот на минатата година имавме интензивен инклузивен процес со сите засегнати страни, за да ги дефинираме предлозите, кои ќе придонесат за поголема праведност и правичност во оданочувањето. Таа се темели на Стратегијата за даночна реформа 2021-2025 година, која Владата ја усвои на крајот од 2020 година, како дел од Програмата на Владата. Целта беше да се обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето и ќе биде во функција на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст - рече министерот за финансии Фатмир Бесими, додавајќи дека поддршка за реформата има од ЕУ и меѓународните финансиски институции.

Даночната реформа е во насока на обезбедување поголема праведност во оданочувањето, со проширување на даночната основа преку ревидирање на даночните ослободувања и повластените стапки и борба против сивата економија. Поконкрентно со Предлог-законот за Данокот на додадена вредност се врши усогласување со Диреткивата на ЕУ по однос на местото на промет на услуги, воведување на концептот на даночен застапник и уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери. Воедно, се предлага продолжена примена на повластената стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели во рок од 5 години од изградбата, ревидирање на примената на повластената стапка на ДДВ, односно се намалува стапката од 18% на 5% за прометот на менструални производи и ќе стартува примена на повластена стапка од 10% кај дел од прехранбените производи кои не претставуваа основен дел од исхраната. Се воведуваат и одредени новини кои ќе придонесат за поедноставување на постапката за наплата на ДДВ.

Вториот закон, кој е дел од даночната реформа е Законот за данокот на добивка, со кој се обезбедува усогласување со препораките од ЕК и меѓународните финансиски институции, во насока на обезбедување подолгорочна стабилност на јавните финансии преку проширување на даночната база, а ќе придонесе и кон намалување на административниот товар на компаниите преку симплифицирање на одредени процедури од системот на данокот на добивка.

Во Собранието покрај овие две законски решенија, беше усвоен и Предлог-законот за Данокот на солидарност, кој не е дел од даночната реформа, туку станува збор за еднократно решение кое се воведува во вонредни услови, во услови на криза. Главната карактеристика на овој данок е што со него се обезбедуваат средства за справување со кризата. Односно, средствата кои по овој основ ќе се слеат во Буџетот ќе бидат планирани во посебната програмата за справување со кризата и наменети за антиркизни мерки за поддршка на компаниите и граѓаните. Опфаќа компании кои оствариле промет над 615 милиони денари во минатата година, а ќе го опфати делот кој претставува зголемување на добивката за 20% во однос на просекот од претходен 3-годишен период. Основната карактеристика на овој закон, кој претставува и препорака на ЕК, е солидарноста на дело, а ќе има и позитивно влијание врз одржување на нивото на јавниот долг.

The post Собранието го усвои Предлог-законот за Данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>

Даночната реформа како дел од поширок процес на реформи во јавните финансии доби поддршка во Собранието. Денеска беа усовоени измени на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, кои се во насока на креирање пооптимален даночен систем кој ќе обезбени повисоко ниво на праведност, ќе го поддржи економскиот раст и ќе овозможи понатамошно усогласување со ЕУ директивите. Исто така поддршка доби и Законот за данокот за солидарност, кој е насочен кон справување со последиците од енергетската и ценовната криза и средствата од него ќе бидат искористени за антикризни мерки.
Даночната реформа е дел од сеопфатната реформа во јавните финансии кон која пристапивме уште пред повеќе од две години, а во текот на минатата година имавме интензивен инклузивен процес со сите засегнати страни, за да ги дефинираме предлозите, кои ќе придонесат за поголема праведност и правичност во оданочувањето. Таа се темели на Стратегијата за даночна реформа 2021-2025 година, која Владата ја усвои на крајот од 2020 година, како дел од Програмата на Владата. Целта беше да се обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето и ќе биде во функција на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст - рече министерот за финансии Фатмир Бесими, додавајќи дека поддршка за реформата има од ЕУ и меѓународните финансиски институции.
Даночната реформа е во насока на обезбедување поголема праведност во оданочувањето, со проширување на даночната основа преку ревидирање на даночните ослободувања и повластените стапки и борба против сивата економија. Поконкрентно со Предлог-законот за Данокот на додадена вредност се врши усогласување со Диреткивата на ЕУ по однос на местото на промет на услуги, воведување на концептот на даночен застапник и уредување на даночниот третман на прометот преку вредносни ваучери. Воедно, се предлага продолжена примена на повластената стапка од 5% за првиот промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели во рок од 5 години од изградбата, ревидирање на примената на повластената стапка на ДДВ, односно се намалува стапката од 18% на 5% за прометот на менструални производи и ќе стартува примена на повластена стапка од 10% кај дел од прехранбените производи кои не претставуваа основен дел од исхраната. Се воведуваат и одредени новини кои ќе придонесат за поедноставување на постапката за наплата на ДДВ. Вториот закон, кој е дел од даночната реформа е Законот за данокот на добивка, со кој се обезбедува усогласување со препораките од ЕК и меѓународните финансиски институции, во насока на обезбедување подолгорочна стабилност на јавните финансии преку проширување на даночната база, а ќе придонесе и кон намалување на административниот товар на компаниите преку симплифицирање на одредени процедури од системот на данокот на добивка. Во Собранието покрај овие две законски решенија, беше усвоен и Предлог-законот за Данокот на солидарност, кој не е дел од даночната реформа, туку станува збор за еднократно решение кое се воведува во вонредни услови, во услови на криза. Главната карактеристика на овој данок е што со него се обезбедуваат средства за справување со кризата. Односно, средствата кои по овој основ ќе се слеат во Буџетот ќе бидат планирани во посебната програмата за справување со кризата и наменети за антиркизни мерки за поддршка на компаниите и граѓаните. Опфаќа компании кои оствариле промет над 615 милиони денари во минатата година, а ќе го опфати делот кој претставува зголемување на добивката за 20% во однос на просекот од претходен 3-годишен период. Основната карактеристика на овој закон, кој претставува и препорака на ЕК, е солидарноста на дело, а ќе има и позитивно влијание врз одржување на нивото на јавниот долг.

The post Собранието го усвои Предлог-законот за Данокот на солидарност appeared first on Република.

]]>
Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/okolu-200-firmi-opfateni-so-solidarniot-danok-ke-treba-da-dadat-okolu-77-milioni-evra/ Wed, 26 Jul 2023 12:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=665542

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.

Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.

Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.

Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.

Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка.

Предлог-законот за данокот на солидарност, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

The post Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Околу 200 компании би требало да бидат опфатени со данокот на солидарност, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, а проценките се врз основа на евиденциските анализи што ги има направено УЈП согласно даночните биланси што ги имаат доставено компаниите во Управата.
Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.
Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.
Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.
Собраниската Комисија за европски прашања вчера ја почна дебатата по амандманите за Предлог-законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка. Предлог-законот за данокот на солидарност, предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.

The post Околу 200 фирми опфатени со солидарниот данок ќе треба да дадат околу 77 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Средствата собрани од Законот за солидарност ќе бидат затскриени во ставка Ковид помош иако ковидот одамна го нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-sredstvata-sobrani-od-zakonot-za-solidarnost-ke-bidat-zatskrieni-vo-stavka-kovid-pomosh-iako-kovidot-odamna-go-nema/ Mon, 24 Jul 2023 12:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=664740

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со Стопанската комора на северозападна Македонија каде што, меѓу другото, се разговараше и за најновиот даночен закон кој што денес веќе влезе во собраниска процедура, наречен Закон за солидарност.

Запрашан од медиумите што мисли со тоа што се наговестува дека власта има скриени намери со носењето на овој закон, Мицкоски истакна дека јавноста мора да знае и да има увид како ќе се трошат парите кои ќе се соберат преку овој закон, додавајќи дека истите се затскриени во ставка Ковид помош, а ковидот одамна го нема.

Ако го видите предлогот ќе видите дека средствата кои што евентуално би биле собрани од овој закон ќе бидат ставени на ставка во буџетот кaде што немаме транспарентно увид во тоа како ќе бидат тие трошени, односно ќе бидат затскриени како Ковид помош, иако ковидот одамна помина. Ние денеска се обидовме да отвориме една јавна дебата за ова да може јавноста да го слушне, еве сега ние преку оваа прес конференција имаме можност тоа да го кажеме, но ние сакавме на јавна дебата каде што ќе може и бизнисот и јавноста да дадат свое мислење поврзано со ова - рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека власта очигледно не сака јавноста да има увид во трошењето и содржината на законот и затоа тој е ставен во скратена собраниска процедура со европско знаменце.

Ние во рамките на процедурата понатаму, знаете таа е со злоупотреба на европското знаменце, ограничена е во три дена, ќе предложиме и амандман со кој што ќе побараме средствата да бидат јавно, во посебна ставка ставени и тие кои што ќе се соберат да може јавноста да има увид каде овие пари ќе се трошат - посочи Мицкоски.

The post Мицкоски: Средствата собрани од Законот за солидарност ќе бидат затскриени во ставка Ковид помош иако ковидот одамна го нема appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со Стопанската комора на северозападна Македонија каде што, меѓу другото, се разговараше и за најновиот даночен закон кој што денес веќе влезе во собраниска процедура, наречен Закон за солидарност. Запрашан од медиумите што мисли со тоа што се наговестува дека власта има скриени намери со носењето на овој закон, Мицкоски истакна дека јавноста мора да знае и да има увид како ќе се трошат парите кои ќе се соберат преку овој закон, додавајќи дека истите се затскриени во ставка Ковид помош, а ковидот одамна го нема.
Ако го видите предлогот ќе видите дека средствата кои што евентуално би биле собрани од овој закон ќе бидат ставени на ставка во буџетот кaде што немаме транспарентно увид во тоа како ќе бидат тие трошени, односно ќе бидат затскриени како Ковид помош, иако ковидот одамна помина. Ние денеска се обидовме да отвориме една јавна дебата за ова да може јавноста да го слушне, еве сега ние преку оваа прес конференција имаме можност тоа да го кажеме, но ние сакавме на јавна дебата каде што ќе може и бизнисот и јавноста да дадат свое мислење поврзано со ова - рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека власта очигледно не сака јавноста да има увид во трошењето и содржината на законот и затоа тој е ставен во скратена собраниска процедура со европско знаменце.
Ние во рамките на процедурата понатаму, знаете таа е со злоупотреба на европското знаменце, ограничена е во три дена, ќе предложиме и амандман со кој што ќе побараме средствата да бидат јавно, во посебна ставка ставени и тие кои што ќе се соберат да може јавноста да има увид каде овие пари ќе се трошат - посочи Мицкоски.

The post Мицкоски: Средствата собрани од Законот за солидарност ќе бидат затскриени во ставка Ковид помош иако ковидот одамна го нема appeared first on Република.

]]>
Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-so-evropsko-znamentse-ke-nosat-zakonite-za-poskapa-morska-hrana-i-tropsko-ovoshje/ Fri, 07 Jul 2023 15:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=659015

Со европско знаменце и по брза постапка ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисоко ДДВ за луксузните прехранбени производи.

Образложението зошто се брза е бидејќи се работело за  закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии.

Со Солидарниот данок ќе бидат опфатени компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек.

Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваат  на луксузните производи,како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошје.

 

The post Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје appeared first on Република.

]]>

Со европско знаменце и по брза постапка ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисоко ДДВ за луксузните прехранбени производи. Образложението зошто се брза е бидејќи се работело за  закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии. Со Солидарниот данок ќе бидат опфатени компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек. Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваат  на луксузните производи,како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошје.  

The post Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје appeared first on Република.

]]>
Речиси 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rechisi-200-kompanii-ke-plakaat-danok-na-solidarnost/ Sat, 04 Feb 2023 15:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=604702

Речиси 200 компании, кои оствариле над 10 милиони евра профит, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, законско решение какво што имаат и земјите членки во ЕУ, но и во регионот.

Владата предвидува дека на овој начин во Буџетот ќе се слеат 80 милиони евра.

Законското решение е веќе во собраниска процедура, а премиерот Димитар Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар.

Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите години и оној дел што е повисок за 20 проценти се даночи со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании одделно по индустрии зашто законот е многу јасен“, рече Ковачевски.

Тој не кажа кои фирми ќе треба да плаќаат данок на солидарност.

The post Речиси 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Речиси 200 компании, кои оствариле над 10 милиони евра профит, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, законско решение какво што имаат и земјите членки во ЕУ, но и во регионот. Владата предвидува дека на овој начин во Буџетот ќе се слеат 80 милиони евра. Законското решение е веќе во собраниска процедура, а премиерот Димитар Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар.
Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите години и оној дел што е повисок за 20 проценти се даночи со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании одделно по индустрии зашто законот е многу јасен“, рече Ковачевски.
Тој не кажа кои фирми ќе треба да плаќаат данок на солидарност.

The post Речиси 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност appeared first on Република.

]]>