данок на профит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-profit/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 14:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок на профит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-profit/ 32 32 Мицкоски: Една од првите мерки од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-edna-od-prvite-merki-od-novata-vlada-ke-bide-namaluvaneto-na-danotsite-na-profit/ Wed, 19 Jun 2024 13:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=789076

Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата Киел.Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра, туку и навистина смела одлука да се инвестира во државата, истана лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

И во таа смисла јас како човек кој за скоро очекувам да ја добијам парламентарната поддршка за водење на идната влада имам изразена намера да придонесам и активно поддржам секаков процес кој ќе значи нови работни места, повеќе пари во македонската економиjа, успешни бизнис приказни кои ќе ја потврдат мојата искрена намера преку инвестиции, преку развој и технолошки прогрес да ја враќаме државата на народот, контролата во негови раце и да создаваме среќна иднина за сите.

Целосно сум свесен за предизвиците кои престојат и реформите кои мора да се преземат.

Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања.

Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ја одземе иднината и работите кои ја создаваат иднината.

Новата влада ќе биде партнер на стопанствениците.

Заедно да создаваме и да придонесуваме за подобар живот.

Јас сум за што повеќе инвестиции кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани.

Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите кои во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза.

Да имаме натпревар на идеи, наместо натпревар во шовинизам и радикализам.

Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати.

Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheme-da-barame-od-graganite-da-gi-pochituvaat-zakonite-a-nie-samite-da-gi-krshime-pochituvane-na-pravniot-poredok-prioritet-za-vladata-na-mitskoski/

Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите кои го попречуваат бизнисот.

На крајот дозволете ми да им честитам на инвеститорите за храбрата одлука, во мене гледате човек кој сака да ви помогне и заедно да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. За сите вас.

The post Мицкоски: Една од првите мерки од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит appeared first on Република.

]]>

Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата Киел.Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра, туку и навистина смела одлука да се инвестира во државата, истана лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
И во таа смисла јас како човек кој за скоро очекувам да ја добијам парламентарната поддршка за водење на идната влада имам изразена намера да придонесам и активно поддржам секаков процес кој ќе значи нови работни места, повеќе пари во македонската економиjа, успешни бизнис приказни кои ќе ја потврдат мојата искрена намера преку инвестиции, преку развој и технолошки прогрес да ја враќаме државата на народот, контролата во негови раце и да создаваме среќна иднина за сите.
Целосно сум свесен за предизвиците кои престојат и реформите кои мора да се преземат. Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања. Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ја одземе иднината и работите кои ја создаваат иднината. Новата влада ќе биде партнер на стопанствениците. Заедно да создаваме и да придонесуваме за подобар живот. Јас сум за што повеќе инвестиции кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани. Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите кои во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза.
Да имаме натпревар на идеи, наместо натпревар во шовинизам и радикализам.
Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати. Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheme-da-barame-od-graganite-da-gi-pochituvaat-zakonite-a-nie-samite-da-gi-krshime-pochituvane-na-pravniot-poredok-prioritet-za-vladata-na-mitskoski/ Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите кои го попречуваат бизнисот. На крајот дозволете ми да им честитам на инвеститорите за храбрата одлука, во мене гледате човек кој сака да ви помогне и заедно да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. За сите вас.

The post Мицкоски: Една од првите мерки од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит appeared first on Република.

]]>