данок на луксуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-luksuz/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 09:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок на луксуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-luksuz/ 32 32 Сончогледот и мајонезот да не се луксуз, ја повикуваме владата итно да ја корегира листата на производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonchogledot-i-majonezot-da-ne-se-luksuz-ja-povikuvame-vladata-itno-da-ja-koregira-listata-na-proizvodi/ Fri, 06 Oct 2023 09:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=688515

Власта на ДУИ и СДСМ е штетна за граѓаните, штетна за стопанството, штетна за државата. Секој ден со овие две партии е трагикомедија, вели пратеникот Бојан Стојаноски, додавајќи дека најновата претстава од „Илинденска“ број 2 е поврзана со цените на прехранбените производи.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/podobro-ne-vleguvajte-vo-market-od-deneska-povisoki-tseni-na-brashnoto-kashkavalot-hrana-za-detsa-vkupno-1-000-proizvodi/

Имено, во текот на минатата недела, поточно во четвртокот Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година. Значи министрите во неколку дена за едни исти производи ги замрзнаа цените бидејќи се основни прехранбени производи, а во исто време ги ставија и на листа на луксузни производи. Има ли капетан на бродот или сидрото силно влече напред, ама кон дното?, прашува пратеникот.

Вели дека се обиделе да ги разубедат колегите пратеници од СДСМ и ДУИ да не ги поддржат измените на законот за ДДВ предложени од Владата, но за жал „нивната волја е киднапирана од извршната власт“. Потенцира дека со измените на Законот се предвидува да ви се земат десетици милиони евра поради покачено ДДВ на храна.

Пред мене имам листа на прехранбени производи кои Власта смета дека се луксуз и за кои ќе плаќате двојно повисок данок. Тука нема перка од ајкули, месо од делфин, кит ама замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Поскапи ќе бидат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо. Поскапува и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова се производи од секојдневието на секој од нас, кои Власта одлучи да ги поскапи. Живее во време на двоцифрена инфлација изминативе две години која е особено висока кај храната и надминува 30%, а кај некои прехранбени производи и над 50%. Ја повикуваме Владата уште денес да свика седница и да си ја корегира листата и сите производи кои се дел од секојдневието на граѓаните да ги врати со стапка на ДДВ од 5%. За крај би сакал да истакнам дека е неопходно час поскоро оваа власт да биде заменета, затоа што нивната неспособност ја плаќаме секојдневно, рече Стојаноски на прес-конференција.

https://youtu.be/Sa1llfky8dE?si=iIenVVUjTrzVFOpy

The post Сончогледот и мајонезот да не се луксуз, ја повикуваме владата итно да ја корегира листата на производи appeared first on Република.

]]>

Власта на ДУИ и СДСМ е штетна за граѓаните, штетна за стопанството, штетна за државата. Секој ден со овие две партии е трагикомедија, вели пратеникот Бојан Стојаноски, додавајќи дека најновата претстава од „Илинденска“ број 2 е поврзана со цените на прехранбените производи. https://republika.mk/vesti/ekonomija/podobro-ne-vleguvajte-vo-market-od-deneska-povisoki-tseni-na-brashnoto-kashkavalot-hrana-za-detsa-vkupno-1-000-proizvodi/
Имено, во текот на минатата недела, поточно во четвртокот Владата ја донесе листата на производи кои треба да се оданочуваат со 10% ДДВ наместо 5%. Тоа е трагичниот дел, затоа што во услови на највисока инфлација во изминатите децении, Власта го покачува данокот за 100%. Сега ќе ви го кажам и комичниот дел. Во листата на производи што од денес ќе биде со 10% наместо 5% ДДВ се наоѓаат и прехранбени производи кои се со замрзнати цени до 30 ноември оваа година. Значи министрите во неколку дена за едни исти производи ги замрзнаа цените бидејќи се основни прехранбени производи, а во исто време ги ставија и на листа на луксузни производи. Има ли капетан на бродот или сидрото силно влече напред, ама кон дното?, прашува пратеникот.
Вели дека се обиделе да ги разубедат колегите пратеници од СДСМ и ДУИ да не ги поддржат измените на законот за ДДВ предложени од Владата, но за жал „нивната волја е киднапирана од извршната власт“. Потенцира дека со измените на Законот се предвидува да ви се земат десетици милиони евра поради покачено ДДВ на храна. Пред мене имам листа на прехранбени производи кои Власта смета дека се луксуз и за кои ќе плаќате двојно повисок данок. Тука нема перка од ајкули, месо од делфин, кит ама замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Поскапи ќе бидат и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо. Поскапува и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Ова се производи од секојдневието на секој од нас, кои Власта одлучи да ги поскапи. Живее во време на двоцифрена инфлација изминативе две години која е особено висока кај храната и надминува 30%, а кај некои прехранбени производи и над 50%. Ја повикуваме Владата уште денес да свика седница и да си ја корегира листата и сите производи кои се дел од секојдневието на граѓаните да ги врати со стапка на ДДВ од 5%. За крај би сакал да истакнам дека е неопходно час поскоро оваа власт да биде заменета, затоа што нивната неспособност ја плаќаме секојдневно, рече Стојаноски на прес-конференција. https://youtu.be/Sa1llfky8dE?si=iIenVVUjTrzVFOpy

The post Сончогледот и мајонезот да не се луксуз, ја повикуваме владата итно да ја корегира листата на производи appeared first on Република.

]]>
Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-so-evropsko-znamentse-ke-nosat-zakonite-za-poskapa-morska-hrana-i-tropsko-ovoshje/ Fri, 07 Jul 2023 15:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=659015

Со европско знаменце и по брза постапка ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисоко ДДВ за луксузните прехранбени производи.

Образложението зошто се брза е бидејќи се работело за  закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии.

Со Солидарниот данок ќе бидат опфатени компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек.

Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваат  на луксузните производи,како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошје.

 

The post Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје appeared first on Република.

]]>

Со европско знаменце и по брза постапка ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисоко ДДВ за луксузните прехранбени производи. Образложението зошто се брза е бидејќи се работело за  закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии. Со Солидарниот данок ќе бидат опфатени компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек. Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваат  на луксузните производи,како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошје.  

The post Власта со европско знаменце ќе ги носи законите за поскапа морска храна и тропско овошје appeared first on Република.

]]>