данок на имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-imot/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 16:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок на имот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danok-na-imot/ 32 32 Во Штип наплатени 54 милиони денари од данок на имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-shtip-naplateni-54-milioni-denari-od-danok-na-imot/ Wed, 27 Nov 2024 17:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=842447

Од планираните 54 милиони денари наплата за данок на имот во Штип до денеска платени се 52.500.000 денари или 97 проценти. Крајниот рок за наплата заврши пред две недели односно на 15 ноември.

Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели праксата од претходните години покажува дека граѓаните најчесто својата обврска за плаќање на данок на имот ја завршуваат кон крајот на годината, иако имаат можност да плаќаат и на рати. Во вкупната наплата до сега спаѓаат и наплатите од претходните години, а само за 2024 година наплатени се 54 отсто.

Во споредба со претходните неколку години наплатата се движи на исто ниво односно има еден до два проценти зголемување. Во претходниот период пуштени се до граѓаните и опомените и решенијата за присилна наплата и сите оние кои не ги платиле решенијата за 2023, 2022 година ќе се пристапи кон присилна наплата, изјави Каров.

Тој истакна дека за граѓаните и правните лица, кои не го платиле данокот на имот за оваа година до 15 ноември, течат камати. Каров посочува дека се работи и опомените и решенијата за оние кои не го платиле данокот на имот од претходните години. Додава граѓаните навремено да го плаќаат својот данок на имот, за да не се соочуваат со опомени или во краен случај со присилна наплата.

The post Во Штип наплатени 54 милиони денари од данок на имот appeared first on Република.

]]>

Од планираните 54 милиони денари наплата за данок на имот во Штип до денеска платени се 52.500.000 денари или 97 проценти. Крајниот рок за наплата заврши пред две недели односно на 15 ноември. Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели праксата од претходните години покажува дека граѓаните најчесто својата обврска за плаќање на данок на имот ја завршуваат кон крајот на годината, иако имаат можност да плаќаат и на рати. Во вкупната наплата до сега спаѓаат и наплатите од претходните години, а само за 2024 година наплатени се 54 отсто.
Во споредба со претходните неколку години наплатата се движи на исто ниво односно има еден до два проценти зголемување. Во претходниот период пуштени се до граѓаните и опомените и решенијата за присилна наплата и сите оние кои не ги платиле решенијата за 2023, 2022 година ќе се пристапи кон присилна наплата, изјави Каров.
Тој истакна дека за граѓаните и правните лица, кои не го платиле данокот на имот за оваа година до 15 ноември, течат камати. Каров посочува дека се работи и опомените и решенијата за оние кои не го платиле данокот на имот од претходните години. Додава граѓаните навремено да го плаќаат својот данок на имот, за да не се соочуваат со опомени или во краен случај со присилна наплата.

The post Во Штип наплатени 54 милиони денари од данок на имот appeared first on Република.

]]>
Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penov-danokot-na-imot-e-eden-od-najvaznite-izvori-na-prihod-za-finansiranje-na-opshtinite/ Fri, 02 Dec 2022 19:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=581118

Приоритет е да се зајакнат капацитетите на општините за подобро управување со јавните финансии, за наплата на локалните даноци и такси, како и за транспарентно и отчетно работење. Овие прашања се нотирани од Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.

Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.

Тој објасни дека градоначалниците имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, за што беше побарана помош и од централната власт.

Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да вложат поголем напор. Но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции, додаде Пенов.

Како што рече Пенов, финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги.

Исто така со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се формира и посебен фонд за перформанси, преку кој ќе бидат наградени општините кои што ќе покажат подобри резултати.

Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство од 2.97 на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.

УСАИД дава постојана поддршката на Министерството за локална самоуправа, за подобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.

The post Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините appeared first on Република.

]]>

Приоритет е да се зајакнат капацитетите на општините за подобро управување со јавните финансии, за наплата на локалните даноци и такси, како и за транспарентно и отчетно работење. Овие прашања се нотирани од Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.
Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.
Тој објасни дека градоначалниците имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, за што беше побарана помош и од централната власт.
Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да вложат поголем напор. Но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции, додаде Пенов.
Како што рече Пенов, финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги. Исто така со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се формира и посебен фонд за перформанси, преку кој ќе бидат наградени општините кои што ќе покажат подобри резултати.
Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство од 2.97 на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.
УСАИД дава постојана поддршката на Министерството за локална самоуправа, за подобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.

The post Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините appeared first on Република.

]]>
Градот ќе блокира сметки: Скопјани имаат 10 дена да платат данок на имот за 2019 и 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-kje-blokira-smetki-skopjani-imaat-10-dena-da-platat-danok-na-imot-za-2019-i-2020-godina/ Tue, 01 Nov 2022 17:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=568419

Град Скопје, преку соопштение ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година.

Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, информираат од Градот.

Оттаму велат дека се известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).

За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви

02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434,

како и на следните е-маил адреси:

Anita.Nakov@skopje.gov.mk,

NuredinNuredini@skopje.gov.mk,

Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk,

Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk и

Ivan.Milovanovikj@skopje.gov.mk.

The post Градот ќе блокира сметки: Скопјани имаат 10 дена да платат данок на имот за 2019 и 2020 година appeared first on Република.

]]>

Град Скопје, преку соопштение ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година.
Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, информираат од Градот.
Оттаму велат дека се известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk). За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви 02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434, како и на следните е-маил адреси: Anita.Nakov@skopje.gov.mk, NuredinNuredini@skopje.gov.mk, Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk, Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk и Ivan.Milovanovikj@skopje.gov.mk.

The post Градот ќе блокира сметки: Скопјани имаат 10 дена да платат данок на имот за 2019 и 2020 година appeared first on Република.

]]>
ЗЕЛС повика да се плати данокот на имот за да се избегнат трошоци за присилна наплата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zels-povika-da-se-plati-danokot-na-imot-za-da-se-izbegnat-troshoci-za-prisilna-naplata/ Tue, 05 Apr 2022 12:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=483598

Во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, соопшти ЗЕЛС.

Во втората половина на месец април, посочуваат, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци.

Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка, се вели во соопштението од ЗЕЛС.

Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, додаваат, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

The post ЗЕЛС повика да се плати данокот на имот за да се избегнат трошоци за присилна наплата appeared first on Република.

]]>

Во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, соопшти ЗЕЛС. Во втората половина на месец април, посочуваат, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци. Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка, се вели во соопштението од ЗЕЛС. Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, додаваат, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

The post ЗЕЛС повика да се плати данокот на имот за да се избегнат трошоци за присилна наплата appeared first on Република.

]]>
ЗЕЛС: Граѓаните да го подмират данокот на имот и да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zels-gragjanite-da-go-podmirat-danokot-na-imot-i-da-izbegnat-dopolnitelni-troshoci-za-prisilna-naplata/ Tue, 05 Apr 2022 11:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=483562

ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.

„Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци.

Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка“ – велат од ЗЕЛС.

Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

The post ЗЕЛС: Граѓаните да го подмират данокот на имот и да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата appeared first on Република.

]]>

ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.
„Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци. Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка“ – велат од ЗЕЛС.
Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

The post ЗЕЛС: Граѓаните да го подмират данокот на имот и да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата appeared first on Република.

]]>
Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/inspekciite-na-grad-skopje-utvrdija-stotici-neprijaveni-imoti/ Wed, 30 Mar 2022 19:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=481107

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли, соопштуваат од Град Скопје.

Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, се вели во соопштението.

Додаваат дека Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

The post Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти appeared first on Република.

]]>

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли, соопштуваат од Град Скопје.
Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, се вели во соопштението.
Додаваат дека Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво. Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

The post Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти appeared first on Република.

]]>
Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-arachinovo-20-godini-ne-se-naplakja-danok-na-imot-opshtinata-nemala-softver/ Thu, 17 Feb 2022 07:46:54 +0000 https://republika.mk/?p=459585

Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок.

Некои од градоначалниците со кои контактирале од „Алсат“, велат дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“.

Градоначалници на Арачиново 

- Мурат Ајдини, ПДП еден мандат

- Решат Ферати, ДПА еден мандат

- Музафер Бислими, ДУИ еден мандат

- Басри Бајрами, НД еден мандат

- Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат

- Миликије Халими, СДСМ еден мандат

- Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН

Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети - вели претходната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.

 

Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа - вели поранешниот градоначалник Брахим Ајвази.

 

Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам“.

 

Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?

 

Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам -  истакнува поранешниот градоначалник Басри Бајрами.

Актуелниот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.

На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволувале раководителите во минатото - вели Ибраими.

Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2.442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите.

Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

The post Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер appeared first on Република.

]]>

Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок. Некои од градоначалниците со кои контактирале од „Алсат“, велат дека кога го добиле мандатот не нашле инсталиран софтвер, додавајќи дека „како што нашле, така и оставиле“. Градоначалници на Арачиново  - Мурат Ајдини, ПДП еден мандат - Решат Ферати, ДПА еден мандат - Музафер Бислими, ДУИ еден мандат - Басри Бајрами, НД еден мандат - Брахим Ајвази, ДУИ еден мандат - Миликије Халими, СДСМ еден мандат - Ридван Ибраими, ДУИ АКТУЕЛЕН
Не најдов софтвер кога го добив мандатот. Уште кога ја презедов општината ја знаев нејзината финансиска моќ, но успеав да направам одлична работа. Нашите проекти се видливи. Актуелниот градоначалник треба да се занимава со работа, а не со празни муабети - вели претходната градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.
 
Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа - вели поранешниот градоначалник Брахим Ајвази.
 
Колку што знам, немавме софтвер. Едноставно е пресметано преку секторот за урбанизам“.   Дали сте се обиделе да го инсталирате софтверот?   Немавме софтвер, но се обидовме да направиме пресметки преку секторот за урбанизам -  истакнува поранешниот градоначалник Басри Бајрами.
Актуелниот градоначалник на Арачиново, Ридван Ибраими вели дека веќе инсталирале софтвер и е обучен тим за регистрација на имотите на терен. Сепак, колку сериозно ќе се реши ова прашање ќе се види во иднина.
На некој начин обвинети се сите жители на Општина Арачиново. Мислам дека неправедно се обвинети, односно во општината не е инсталирана даночна програма. Ако ја откријам оваа информација за нашата општина, мислам дека е и срамно тоа што го дозволувале раководителите во минатото - вели Ибраими.
Според податоците на Заводот за статистика, добиени од пописот на населението во 2002 година, во Арачиново се регистрирани 2.442 куќи. Арачиново е една од најзадолжените општини, а Владата неколкупати интервенираше од буџетот за враќање на долговите. Од Владата не посочуваат дали побарале одговорност од општините кои трупаат долгови.

The post Во Арачиново 20 години не се наплаќа данок на имот, општината немала софтвер appeared first on Република.

]]>