даночни реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochni-reformi/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 20:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даночни реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochni-reformi/ 32 32 Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-sega-e-vreme-na-prezivuvanje-ne-za-danochni-reformi/ Thu, 20 Oct 2022 20:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=563797

Потпретседателот на ССМ Зоран Јовановски во гостување во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека сега е време на преживување, а не за даночни реформи.

Мислам дека постои општ консензус во ваква ситуација на максимална неизвесност и на масата е веќе темата за ликвидност и отежната ликвидност, пролонгиран рок на извршување на обврските. Ова не е момент кога би требало веројатно да зборуваме за даночни реформи. Тоа сме го кажале ние и со министерот за финансии отворено, значи сите теми заслужуваат да се разговараат меѓутоа треба да има нормален амбиент кога тоа би го разговарале, рече Јовановски.

Извршниот директор на Комората на северозападна Македонија, Дриљон Исени додаде дека голем број од комапниите биле во дилема дали да работат со загуба или да отпуштаат вработени лица.

Ако прашате кои се трите најголеми проблеми во бизнисот сега, без сомнение сите ќе ви речат енергетската криза, човечкиот капитал и ликвидните средства. Сега компаниите се соочуваат со овие три проблеми истовремено. Ликвидните средства што ги имаат како заштеди или во банки веќе ги исцрпиле сите поради ковид пандемијата и сега се во дилема дали да работат со загуба да ги отпуштат своите вработени, рече Исени.

Исени рече дека компаниите биле и во дилема доколку отпуштат вработени лица, дали повторно ќе може да најдат кога ќе се стабилизира ситуацијата.

Одлуката на Владата за помош на домаќинствата за цената на електричната енергија за Јовановски е добра, но нагласи дека мора да има помош и за компаниите.

Ако трошокот го субвенционирате 80% за домаќинствата, значи ако треба да биде 100 денари сметката за струја, граѓаните плаќаат 20, а 80 им плаќа државата. Тоа ли е решението, ако фирмата се затвори, тој што требало тие 20 да ги плати не може затоа што нема плата, вели Јовановски.

Потпретседателот на ССК Горан Георгиевски додаде дека Владата морала да се насочи кон целосно домашно производство на струја за да биде поевтина за стопанството.

Според него, Владата исто така требало да се спрегне и сите капацитети кои ги поседува земјата да бидат во функција.

Еден од РЕК-овите практично не работи, не знам точно кој е. Понатака, ТЕЦ Неготино има два котели по 80 мегавати, едниот чинам дека работи, другиот не сум сигурен дека работи. Практично сето ова требаше да функционира и да работи длабоко во минатиот период, таму на почеток некаде во првиот квартал на годината затоа што тоа ќе овозможеше да имаме пониски цени на електричната енергија, односно да има бизнисот пониски цени на електричната енергија, вели Георгиевски.

The post Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ССМ Зоран Јовановски во гостување во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека сега е време на преживување, а не за даночни реформи.
Мислам дека постои општ консензус во ваква ситуација на максимална неизвесност и на масата е веќе темата за ликвидност и отежната ликвидност, пролонгиран рок на извршување на обврските. Ова не е момент кога би требало веројатно да зборуваме за даночни реформи. Тоа сме го кажале ние и со министерот за финансии отворено, значи сите теми заслужуваат да се разговараат меѓутоа треба да има нормален амбиент кога тоа би го разговарале, рече Јовановски.
Извршниот директор на Комората на северозападна Македонија, Дриљон Исени додаде дека голем број од комапниите биле во дилема дали да работат со загуба или да отпуштаат вработени лица.
Ако прашате кои се трите најголеми проблеми во бизнисот сега, без сомнение сите ќе ви речат енергетската криза, човечкиот капитал и ликвидните средства. Сега компаниите се соочуваат со овие три проблеми истовремено. Ликвидните средства што ги имаат како заштеди или во банки веќе ги исцрпиле сите поради ковид пандемијата и сега се во дилема дали да работат со загуба да ги отпуштат своите вработени, рече Исени.
Исени рече дека компаниите биле и во дилема доколку отпуштат вработени лица, дали повторно ќе може да најдат кога ќе се стабилизира ситуацијата. Одлуката на Владата за помош на домаќинствата за цената на електричната енергија за Јовановски е добра, но нагласи дека мора да има помош и за компаниите.
Ако трошокот го субвенционирате 80% за домаќинствата, значи ако треба да биде 100 денари сметката за струја, граѓаните плаќаат 20, а 80 им плаќа државата. Тоа ли е решението, ако фирмата се затвори, тој што требало тие 20 да ги плати не може затоа што нема плата, вели Јовановски.
Потпретседателот на ССК Горан Георгиевски додаде дека Владата морала да се насочи кон целосно домашно производство на струја за да биде поевтина за стопанството. Според него, Владата исто така требало да се спрегне и сите капацитети кои ги поседува земјата да бидат во функција.
Еден од РЕК-овите практично не работи, не знам точно кој е. Понатака, ТЕЦ Неготино има два котели по 80 мегавати, едниот чинам дека работи, другиот не сум сигурен дека работи. Практично сето ова требаше да функционира и да работи длабоко во минатиот период, таму на почеток некаде во првиот квартал на годината затоа што тоа ќе овозможеше да имаме пониски цени на електричната енергија, односно да има бизнисот пониски цени на електричната енергија, вели Георгиевски.

The post Јовановски: Сега е време на преживување, не за даночни реформи appeared first on Република.

]]>
Даночната „реформа“ e нов товар за граѓаните за да се покрие криминалот на СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/danochnata-reforma-e-nov-tovar-za-gragjanite-za-da-se-pokrie-kriminalot-na-sds-i-dui/ Sun, 04 Sep 2022 07:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=547253

Концептот кој власта го предлага како даночна реформа не е ништо друго освен нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот, корупцијата и недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ, алармираат од  ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека всушност не се работи за даночна реформа, затоа што нема стратегиски пристап и не го оценува севкупниот економски ефект. Според експертите од партијата, истиот ќе дестимулира одредени сектори, ќе се намалат приливите и инвестициите и ќе се намали расположливиот доход на граѓаните. Што значи тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

Ова што сака власта да го направи е во корист на криминалот, сивата економија и неплаќачите на данок, а на штета на легалните бизниси и граѓаните. Оваа т.н. реформа негативно ќе влијае врз ликвидноста на компаниите и нивните планови за идни инвестиции, додека уште поголем товар се става на малите и микро компании кои ќе бидат приморани да се префрлат во неформалниот сектор. Истата ќе доведе до нов одлив на работници кои лебот ќе го бараат во странство. Воедно со истата власта планира да ги зголеми повластените даночни стапки за на ДДВ за некои основни производи и со тоа ќе доведе до натамошен раст на цените што ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија и ќе направи граѓаните да не може да си ги дозволат основните работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прогресивниот данок кој власта го планира, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе еднаш доживеа крах и неуспех во Македонија, додавајќи дека рамниот данок којшто беше воведен од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се покажа како ефикасен во намалување на неформалното вработување, намалување на невработеноста и како ефикасен и во борбата со сивата економија.

Власта не само што има целосно погрешен концепт туку погрешно им е и времето, а краткиот рок на имплементација ќе ги доведе во финансиска неизвесност македонските граѓани и стопанството.

Владата на СДС и ДУИ наместо дополнително да ги осиромашува граѓаните и затвора бизнисите може да скрати на+ крадење и да не се расфрла со трошење на народните пари за скапи прослави, тендери во 4 очи и частење на општини кои не плаќаат данок.

Додека цел свет се спрема за најтешката зима, владата на СДС и ДУИ се спрема да ги доосиромаши граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за оваа криминогена власт да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Даночната „реформа“ e нов товар за граѓаните за да се покрие криминалот на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Концептот кој власта го предлага како даночна реформа не е ништо друго освен нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот, корупцијата и недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ, алармираат од  ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека всушност не се работи за даночна реформа, затоа што нема стратегиски пристап и не го оценува севкупниот економски ефект. Според експертите од партијата, истиот ќе дестимулира одредени сектори, ќе се намалат приливите и инвестициите и ќе се намали расположливиот доход на граѓаните. Што значи тоа ќе има негативно влијание врз економијата.
Ова што сака власта да го направи е во корист на криминалот, сивата економија и неплаќачите на данок, а на штета на легалните бизниси и граѓаните. Оваа т.н. реформа негативно ќе влијае врз ликвидноста на компаниите и нивните планови за идни инвестиции, додека уште поголем товар се става на малите и микро компании кои ќе бидат приморани да се префрлат во неформалниот сектор. Истата ќе доведе до нов одлив на работници кои лебот ќе го бараат во странство. Воедно со истата власта планира да ги зголеми повластените даночни стапки за на ДДВ за некои основни производи и со тоа ќе доведе до натамошен раст на цените што ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија и ќе направи граѓаните да не може да си ги дозволат основните работи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прогресивниот данок кој власта го планира, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, веќе еднаш доживеа крах и неуспех во Македонија, додавајќи дека рамниот данок којшто беше воведен од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се покажа како ефикасен во намалување на неформалното вработување, намалување на невработеноста и како ефикасен и во борбата со сивата економија.
Власта не само што има целосно погрешен концепт туку погрешно им е и времето, а краткиот рок на имплементација ќе ги доведе во финансиска неизвесност македонските граѓани и стопанството. Владата на СДС и ДУИ наместо дополнително да ги осиромашува граѓаните и затвора бизнисите може да скрати на+ крадење и да не се расфрла со трошење на народните пари за скапи прослави, тендери во 4 очи и частење на општини кои не плаќаат данок. Додека цел свет се спрема за најтешката зима, владата на СДС и ДУИ се спрема да ги доосиромаши граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за оваа криминогена власт да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Даночната „реформа“ e нов товар за граѓаните за да се покрие криминалот на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Цвитакс: Најавените даночни измени не се резултат на желба на власта за реформи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/civitaks-najavenite-danochni-izmeni-ne-se-rezultat-na-zelba-na-vlasta-za-reformi/ Fri, 12 Aug 2022 09:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=539491

Најавените „даночни реформи" се поблиску до дефиницата ад-хок мерки најверојатно поттикнати од нужност, не и од желба за реформи, а чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите, велат членките на Групата ЦИВИТАКС. Најавата за оданочување на повремената работа за Цивитакс е неприфатлива и наликува на мерките од времето на груевизмот.

Групата Цивитакс, неформалната група од 14 основачки и 29 придружни влијателни граѓански организации и физички лица денеска го соопшти својот генерален став за даночните реформи што ги подготвува Владата, а чија примена се најавува за 1 јануари и потсетува дека многупати укажае дека не се исцрпени внатрешните јавни извори за поголема ефикасност и ефективност со управувањето на јавните ресурси на државата, односно во рационализацијата на расходната страна на буџетот на државата.

Впрочем, тоа е потврдено и со загубени 23 милиони евра буџетски средства од страна на извршната власт, како и дополнителни 108 милиони евра за дополнителни трошоци и непредвидени работи поради неефикасно и неефективно работење и од последните извештаи на Државниот завод за ревизија само во последниот месец, велат од Цивитакс и нагласуваат:

Ревизијата на успешност на мерките за поддршка од кризата предизвикана од ковид-19, меѓу другото, укажува дека поради недостиг од контрола врз државните институции како и неефикасност во реализирање на целите, во буџетските приходи се „загубени" 23 милиони евра.

Ревизијата на успешност пак на задолжувањето на субјектите од јавниот сектор јасно покажува дека во управувањето со јавните инвестиции: '... отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции, и неефикасноста и неефективноста се потврдува со немање целосна слика и системски пристап, значајни отстапувања, застој, како и недостиг од аналитички пристап. Од ваквите проекти, ревизијата утврдила дополнителни трошоци за провизии и камати од 58 милиони евра, како други 40 милиони евра за непредвидени и дополнителни работи“.

Според оваа група, најавените „даночни реформи“ се поблиску до дефиницата ад-хок мерки најверојатно поттикнати од нужност, а не и од желба за реформи

Граѓаните очекуваат најпрво да добијат подобрени и поквалитетни јавни услуги, транспарентен и отчетен систем, со јасни, издржани и предвидливи долгорочни политики пред да се соочат со даночни измени кои се базираат повторно на ад-хок и не-системски чекори, велат од Цивитакс.

Истражувањата за даночна одговорност на Центарот за економски анализи – ЦЕА, членка на Цивитакс, покажаа дека даночните обврзници не сакаат да ја гледаат својата врска со државата како жртва и принуда од страна на предаторот/држава, туку како процес на размена од заеднички интерес.

Граѓаните сакаат да се чувствуваат повеќе како корисници на услуги отколку како гласачи. Чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите. Даночните обврзници во најголем дел немаат доверба во државните институции и сметаат дека доколку би плаќале повисоки даноци истите само може да бидат злоупотребени, а не и дека ќе бидат инвестирани во подобрен квалитет на јавните услуги, велат од оваа невладина група.

Според Цивитакс, најавените „даночни реформи", се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни.

Овие т.н. даночни реформи се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели. Даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн.
Оттука, Цивитакс укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи, пишува во заедничкиот извештај на членките на групата.

Се забележува дека недостасува консултација со целосни и истовремено достапни информации за сите.

Даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот. Граѓанскиот сектор, како важен чинител во процесите на реформи на јавните финансии и особено во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на носителите на политиките, остро протестира што Министерството за финансии инклузивноста ја сведува на целно, дозирано и постепено лиферување информации, со потенцијално разногласие помеѓу она што е напишано во споделената презентација и впечатокот кој може да се стекне од интервјуата на министерот, велат од Цивитакс и својата анализа ја потпира на неколку сектори:

1. Според проценките на домашната експертска јавност и меѓународните финансиски институции, сивата економија во  Македонија изнесува од 25% до 40% од БДП. Истражувањата за сивата економија од Фајнанс тинк – Институт за економски истражувања и политики, членка на Групата Цивитакс, даваат проценка за поконзервативен но сеѐ уште висок удел на сивата економија од 23.2% во 2020 година. Дури и да се земе тој процент, сивата економија изнесува околу 2.5 милијарди евра, на која ако се земат предвид сегашните даночни оптоварувања, се доаѓа до износ од околу 650 милиони евра годишно кои треба да се слеат во државниот буџет, но не се слеваат затоа што државата не успева во борбата со сивата економија.Притоа, Стратегијата за формализација на сивата економија 2018-2022 има стагнантен или никаков прогрес, дури и за повеќето од мерките не постои податок дека тие се отпочнати да се спроведуваат и, сѐ вкупно, нема владин документ-извештај кој демонстрира кој е напредокот во борбата со сивата економија. Тоа неѐ враќа во периодот од пред 5 години, кога јавната дебата укажуваше дека за да може државата да премине кои поголеми и пошироки даночни зафаќања, неопходно е да се покажат резултати од борбата со сивата економија. Оттука, Групата Цивитакс бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени.

2. Поврзано со борбата со сивата економија, даночните измени предлагаат консолидација на даночните ослободувања во законите за данок на личен доход, за ДДВ и за добивка, промена која Групата ЦИВИТАКС генерално ја поддржува.

3. Групата Цивитакс остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини.

a. Прво, Владата на Груевски во 2015 година воведе придонеси на вакви договори, кои беа иницијална каписла на протестите и периодот којшто следеше, по што Владата ја поништи промената по шестмесечна примена. Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше.

б. Второ, во 2019 година, Групата Цивитакс работеше со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за создавање Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност, според кој надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа се сметаат за промет од давање услуги и влегуваат во пресметката на прагот за ДДВ. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместокот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото.

в. Трето, без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација.

Оттука, Групата Цивитакс не прифаќа воведување придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото во  Македонија.

4. Групата Цивитакс го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што беше наше барање од ноември 2018 година.

5. Групата Цивитакс ја поздравува дебатата за прогресивниот данок на личен доход. Ставот на Групата Цивитакс е дека во перспектива Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.

Цивитакс нагласува дека ставот изнесен во ноември 2018 година, во врска со трошењето народни пари останува непроменет и е потврда дека не настанале промени кои ќе овозможат пошироко прифаќање на било какви даночни измени. Групата нагласува дека за тоа постои општествен консензус и порачува:

1. Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Групата ЦИВИТАКС очекуваше демонстрирање резултати во оваа насока.

2. Владата мора да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори. Разните субвенции може да бидат од краткорочен карактер и не смеат да бидат трајна определба бидејќи на тој начин се нарушува ефикасноста на пазарната економија, се преферираат неефикасни пазарни оператори, се дискриминираат оператори кои можат да се соочат со пазарните сили, поради што, на крајот и ефикасните и неефикасните оператори завршуваат неуспешно. Групата Цивитакс ја повикува Владата недвосмислено да го искаже својот став во однос на субвенционирањата, и особено оние кои зафаќаат големи буџетски средства, пред да премине кон дополнителни даночни зафаќања.

3. Владата мора да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Владата мора да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

The post Цвитакс: Најавените даночни измени не се резултат на желба на власта за реформи appeared first on Република.

]]>

Најавените „даночни реформи" се поблиску до дефиницата ад-хок мерки најверојатно поттикнати од нужност, не и од желба за реформи, а чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите, велат членките на Групата ЦИВИТАКС. Најавата за оданочување на повремената работа за Цивитакс е неприфатлива и наликува на мерките од времето на груевизмот. Групата Цивитакс, неформалната група од 14 основачки и 29 придружни влијателни граѓански организации и физички лица денеска го соопшти својот генерален став за даночните реформи што ги подготвува Владата, а чија примена се најавува за 1 јануари и потсетува дека многупати укажае дека не се исцрпени внатрешните јавни извори за поголема ефикасност и ефективност со управувањето на јавните ресурси на државата, односно во рационализацијата на расходната страна на буџетот на државата. Впрочем, тоа е потврдено и со загубени 23 милиони евра буџетски средства од страна на извршната власт, како и дополнителни 108 милиони евра за дополнителни трошоци и непредвидени работи поради неефикасно и неефективно работење и од последните извештаи на Државниот завод за ревизија само во последниот месец, велат од Цивитакс и нагласуваат: Ревизијата на успешност на мерките за поддршка од кризата предизвикана од ковид-19, меѓу другото, укажува дека поради недостиг од контрола врз државните институции како и неефикасност во реализирање на целите, во буџетските приходи се „загубени" 23 милиони евра. Ревизијата на успешност пак на задолжувањето на субјектите од јавниот сектор јасно покажува дека во управувањето со јавните инвестиции: '... отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции, и неефикасноста и неефективноста се потврдува со немање целосна слика и системски пристап, значајни отстапувања, застој, како и недостиг од аналитички пристап. Од ваквите проекти, ревизијата утврдила дополнителни трошоци за провизии и камати од 58 милиони евра, како други 40 милиони евра за непредвидени и дополнителни работи“. Според оваа група, најавените „даночни реформи“ се поблиску до дефиницата ад-хок мерки најверојатно поттикнати од нужност, а не и од желба за реформи Граѓаните очекуваат најпрво да добијат подобрени и поквалитетни јавни услуги, транспарентен и отчетен систем, со јасни, издржани и предвидливи долгорочни политики пред да се соочат со даночни измени кои се базираат повторно на ад-хок и не-системски чекори, велат од Цивитакс. Истражувањата за даночна одговорност на Центарот за економски анализи – ЦЕА, членка на Цивитакс, покажаа дека даночните обврзници не сакаат да ја гледаат својата врска со државата како жртва и принуда од страна на предаторот/држава, туку како процес на размена од заеднички интерес. Граѓаните сакаат да се чувствуваат повеќе како корисници на услуги отколку како гласачи. Чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите. Даночните обврзници во најголем дел немаат доверба во државните институции и сметаат дека доколку би плаќале повисоки даноци истите само може да бидат злоупотребени, а не и дека ќе бидат инвестирани во подобрен квалитет на јавните услуги, велат од оваа невладина група. Според Цивитакс, најавените „даночни реформи", се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни. Овие т.н. даночни реформи се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели. Даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн. Оттука, Цивитакс укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи, пишува во заедничкиот извештај на членките на групата. Се забележува дека недостасува консултација со целосни и истовремено достапни информации за сите. Даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот. Граѓанскиот сектор, како важен чинител во процесите на реформи на јавните финансии и особено во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на носителите на политиките, остро протестира што Министерството за финансии инклузивноста ја сведува на целно, дозирано и постепено лиферување информации, со потенцијално разногласие помеѓу она што е напишано во споделената презентација и впечатокот кој може да се стекне од интервјуата на министерот, велат од Цивитакс и својата анализа ја потпира на неколку сектори: 1. Според проценките на домашната експертска јавност и меѓународните финансиски институции, сивата економија во  Македонија изнесува од 25% до 40% од БДП. Истражувањата за сивата економија од Фајнанс тинк – Институт за економски истражувања и политики, членка на Групата Цивитакс, даваат проценка за поконзервативен но сеѐ уште висок удел на сивата економија од 23.2% во 2020 година. Дури и да се земе тој процент, сивата економија изнесува околу 2.5 милијарди евра, на која ако се земат предвид сегашните даночни оптоварувања, се доаѓа до износ од околу 650 милиони евра годишно кои треба да се слеат во државниот буџет, но не се слеваат затоа што државата не успева во борбата со сивата економија.Притоа, Стратегијата за формализација на сивата економија 2018-2022 има стагнантен или никаков прогрес, дури и за повеќето од мерките не постои податок дека тие се отпочнати да се спроведуваат и, сѐ вкупно, нема владин документ-извештај кој демонстрира кој е напредокот во борбата со сивата економија. Тоа неѐ враќа во периодот од пред 5 години, кога јавната дебата укажуваше дека за да може државата да премине кои поголеми и пошироки даночни зафаќања, неопходно е да се покажат резултати од борбата со сивата економија. Оттука, Групата Цивитакс бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени. 2. Поврзано со борбата со сивата економија, даночните измени предлагаат консолидација на даночните ослободувања во законите за данок на личен доход, за ДДВ и за добивка, промена која Групата ЦИВИТАКС генерално ја поддржува. 3. Групата Цивитакс остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини. a. Прво, Владата на Груевски во 2015 година воведе придонеси на вакви договори, кои беа иницијална каписла на протестите и периодот којшто следеше, по што Владата ја поништи промената по шестмесечна примена. Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше. б. Второ, во 2019 година, Групата Цивитакс работеше со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за создавање Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност, според кој надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа се сметаат за промет од давање услуги и влегуваат во пресметката на прагот за ДДВ. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместокот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото. в. Трето, без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација. Оттука, Групата Цивитакс не прифаќа воведување придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото во  Македонија. 4. Групата Цивитакс го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што беше наше барање од ноември 2018 година. 5. Групата Цивитакс ја поздравува дебатата за прогресивниот данок на личен доход. Ставот на Групата Цивитакс е дека во перспектива Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките. Цивитакс нагласува дека ставот изнесен во ноември 2018 година, во врска со трошењето народни пари останува непроменет и е потврда дека не настанале промени кои ќе овозможат пошироко прифаќање на било какви даночни измени. Групата нагласува дека за тоа постои општествен консензус и порачува: 1. Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Групата ЦИВИТАКС очекуваше демонстрирање резултати во оваа насока. 2. Владата мора да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори. Разните субвенции може да бидат од краткорочен карактер и не смеат да бидат трајна определба бидејќи на тој начин се нарушува ефикасноста на пазарната економија, се преферираат неефикасни пазарни оператори, се дискриминираат оператори кои можат да се соочат со пазарните сили, поради што, на крајот и ефикасните и неефикасните оператори завршуваат неуспешно. Групата Цивитакс ја повикува Владата недвосмислено да го искаже својот став во однос на субвенционирањата, и особено оние кои зафаќаат големи буџетски средства, пред да премине кон дополнителни даночни зафаќања. 3. Владата мора да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Владата мора да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

The post Цвитакс: Најавените даночни измени не се резултат на желба на власта за реформи appeared first on Република.

]]>