даночна стапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochna-stapka/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 14:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даночна стапка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochna-stapka/ 32 32 За Битиќи одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-bitiki-odredeni-produkti-ne-treba-da-imaat-povlastena-danochna-stapka/ Mon, 09 Oct 2023 14:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=689590

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска рече дека предвиденото зголемување на ДДВ кај одредени производи е дел од среднорочниот план за даночна реформа.

Како што оцени Битиќи, одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка, а средствата што се собираат од зголемениот данок ќе одат за сервисирање на социјалните потреби на граѓаните.

Тоа е дел од среднорочен план за даночна реформа. Ниту една даночна реформа не може денеска да ја дефинирате и да кажете кој е ефектот, затоа на среден план и на долг рок тоа е нужно да се направи. Одредени продукти мора да се знае дека не треба да имаат повластена даночна стапка. Тоа се средства кои на крај завршуваат кај нашите граѓани за да се сервисираат социјалните потреби на граѓаните, тоа не се средства што се прибираат за да завршат во друг систем, во „бела палата“ или на друго место, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање колку државата ќе заработи од покачувањето на ДДВ.

Не би можел да кажам, додаде, колку средства се тоа.

Зависи колкава ќе биде потрошувачката на тие одредени производи. Но, листата на производи со повластена даночна стапка е една од најголемите во регионот. Не можам јас да кажам и да ја земам улогата да дефинирам што треба да биде привилегирана стапка од 10 или пет отсто, тоа се коморите и граѓаните преку здруженија на потрошувачи кои соодветно треба да реагираат. Ако бебешката храна останала, може да се направи исправка, но евентуални технички грешки не треба да го загрозат целиот напор за даночни реформи, истакна Битиќи

The post За Битиќи одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска рече дека предвиденото зголемување на ДДВ кај одредени производи е дел од среднорочниот план за даночна реформа. Како што оцени Битиќи, одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка, а средствата што се собираат од зголемениот данок ќе одат за сервисирање на социјалните потреби на граѓаните. Тоа е дел од среднорочен план за даночна реформа. Ниту една даночна реформа не може денеска да ја дефинирате и да кажете кој е ефектот, затоа на среден план и на долг рок тоа е нужно да се направи. Одредени продукти мора да се знае дека не треба да имаат повластена даночна стапка. Тоа се средства кои на крај завршуваат кај нашите граѓани за да се сервисираат социјалните потреби на граѓаните, тоа не се средства што се прибираат за да завршат во друг систем, во „бела палата“ или на друго место, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање колку државата ќе заработи од покачувањето на ДДВ. Не би можел да кажам, додаде, колку средства се тоа. Зависи колкава ќе биде потрошувачката на тие одредени производи. Но, листата на производи со повластена даночна стапка е една од најголемите во регионот. Не можам јас да кажам и да ја земам улогата да дефинирам што треба да биде привилегирана стапка од 10 или пет отсто, тоа се коморите и граѓаните преку здруженија на потрошувачи кои соодветно треба да реагираат. Ако бебешката храна останала, може да се направи исправка, но евентуални технички грешки не треба да го загрозат целиот напор за даночни реформи, истакна Битиќи

The post За Битиќи одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка appeared first on Република.

]]>
МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-najniska-povlastena-stapka-na-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Thu, 28 Sep 2023 12:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=686032

Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ).

Согласно донесената Одлука од страна на Владата, граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување, велат од МФ.

Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана с

Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната.

На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните, прецизираат од МФ.

Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, а останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка, посочуваат е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании.

-Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност. Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично, истакнуваат од МФ.

The post МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање, информираат од Министерството за финансии (МФ). Согласно донесената Одлука од страна на Владата, граѓаните и натаму ќе ги купуваат производите со пониска даночна стапка како што се лебот, белиот шеќер, брашното, маслото од сончоглед, млекото и павлаката, месо, јајца, сирење, урда, кашкавал, овошје и зеленчук, тестенини, супи, ајвар, природен мед, сол, кечап и слично. Листата е долга и содржи голем број производи кои граѓаните ги користат и се на трпезата во секојдневната исхрана. Станува збор за над 1.600 производи кои имаат најниска повластена стапка на оданочување, велат од МФ. Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана с Владата, денеска, согласно донесените измени на Законот за данок на ДДВ, усвои и Одлука за примена на повластена стапка на ДДВ од 10 отсто, за производи кои имаат помала потрошувачка и имаат третман на луксузен производи и не претставуваат основни производи во исхраната. На оваа листа се производи како месо од ирваси, лосос, сирење со сина мувла, сирење од типот toffy, јагула, семе од лен, масло од палма и кокосов орев, кавијар, школки, тропско овошје како папаја, манго и авокадо и слично. Вклучувањето на дел од производите коишто ќе се оданочуваат со оваа стапка е со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Имено, овие две листи ги содржат скоро сите прехранбени производи кои се користат од страна на граѓаните, прецизираат од МФ. Целта на донeсените одлуки, а со тоа и оданочување на основните производи за човечка исхрана со пониска повластена стапка, а останатите производи за човечка исхрана со повисока повластена стапка, посочуваат е пред се заштита на стандардот на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Дополнително целта е заштита на домашното производство на прехранбени добра и поддршка на домашните компании. -Одлуките произлегуваат од донесените измени на Законот за данок на додадена вредност, кој беше дел од даночната реформа, која е со цел воспоставување современ даночен систем, кој ќе почива на принципите на праведност и правичност. Дополнително во насока на заштита на стандардот на граѓаните Владата донесе и одлуки за намалување на увозните давачки за свежиот зеленчук и ориз, како и свежиот домат, краставици и пиперки и укинување на увозните давачки за агруми, односно портокал, лимон, грејфрут и мандарина. Со одлуките пониски увозни давачки ќе има кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, модриот патлиџан, тиквичките и слично, истакнуваат од МФ.

The post МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>