даночен систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochen-sistem/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Aug 2022 11:27:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даночен систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danochen-sistem/ 32 32 Бесими потврди дека ќе се прави реформа во даночниот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-potvrdi-deka-kje-se-pravi-reforma-vo-danochniot-sistem/ Sun, 07 Aug 2022 11:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=537654

Неделава отворивме јавна дебата за реформа во даночниот систем. Имавме дискусија со претставници на бизнис заедницата, група со најширок опфат и спектар на интереси. Дебатата ќе продолжи со сите општествени чинители. Преку неа ќе се прецизираат конкретните решенија, затоа е и рано да се говори за нив. Оваа колумна ја посветувам на Концептот на даночната реформа. Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани, oбјаснува министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна за МИА.

 

Пред се, ќе истакнам дека продолжуваме со голема фискална реформа, или СМАРТ систем на јавни финансии. Овој систем ќе игра значајна улога во заздравувањето на нашата економија од кризата со која се соочуваме изминатите две години. Понатаму, тој ќе продуцира повисоки и одржливи стапки на економски раст, преку стратегиско, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На расходната страна воведуваме механизми за стратегиско планирање, буџетирање врз основа на претходно остварени резултати, засилена контрола и транспарентност.

На приходната страна во СМАРТ финансиите потребна е подобрена наплата, поголем опфат на даночното зафаќање, за да има фискален простор за политики за поттикнување на повисок економски раст на среден рок. Обезбедувањето на приходи од сигурни извори значи стабилност и избегнување на процикличната фискална политика и на зголемувањето на јавниот долг. Оттаму, подобрувањето на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на целокупниот систем на приходи во земјата ќе обезбеди одржливо и добро управување со јавните финансии.

 

Даночен систем за економски раст

Стапката на економски раст на една земја зависи од повеќе фактори, како иновативноста, инвестициската активност, пристапот до финансирање, претприемништвото, вештините и мобилноста на работната сила, флексибилноста на пазарот на труд, цената на трудот, квалификуваниот кадар, административните процедури, инфраструктурата, владеењето на правото итн. Даночниот систем игра значајна улога преку неговото влијание врз сите овие фактори. Даночниот микс, даночните стапки, квалитетот на даночната администрација, комплексноста на даночните правила, предвидливоста, мрежата на меѓународни договори за одбегнување на двојно оданочување, даночните олеснувања, даночната основа – сето ова влијае на економскиот раст на земјата.

Концептот на СМАРТ финансиите е сите да го плаќаме, како би кажале Американците, својот „фер дел„ („праведен дел„). Зборувам и за оние кои се дел од формалната економија, но пред се за формализација на неформалниот сектор, преку внесување во системот на даночни обврзници. Ова е реално најисправниот начин за да обезбедиме средства за забрзување на економскиот раст, но и за тековни потреби, како на пример антикризните пакети, без притоа да го зголемуваме јавниот долг.

 

Суштина на даночната реформа – праведно оданочување, проширување на даночната база и „зелено„ оданочување

Суштината на даночната реформа која ја планираме се базира на зголемување на даночната основа, без притоа да се зголемат даночните стапки. Забрзано ќе се спроведува и Акцискиот план за сузбивање на неформалната економија, во насока на воведување на неформалниот сектор во формалниот и со тоа дополнително зголемување на базата која подложи на даноци.

Даночната основа е сѐ што се даночи: вкупните доходи или приходи, вредноста на поседуваните недвижности, потрошувачката, трансакциите или другите економски активности. Она што со години се провлекува како забелешка и препорака од страна на меѓународните финансиски институции се даночните трошоци, односно ослободувањата и повластениот третман за одредени категории на приходи кај индивидуалните даноци. Ако некоја целна група, производ, услуга имаат привилегиран третман, треба да има силен економски или општествен аргумент зошто. Повластениот третман треба да носи поголема придобивка во однос на даночниот трошок.

Даночниот систем има и корективна улога во економските и општествени процеси. Според Грегори Менкју, светски познат професор на Универзитетот Харвард, оптималниот даночен систем е оној кој ќе ја максимизира социјалната благосостојба преку сет на ограничувања (слично стојалиште имаат и други економски како Ремзи и Марелес). Тој е поддржувач и на „даноците на Пигу“ (наречени според британскиот економист од почетокот на минатиот век, Артур Пигу), односно даноци на активност, која предизвикува негативни ефекти или дополнителни трошоци за трети лица. Типичен пример за тоа се даноците за загадувачите на животната средина. Овие даноци се популарни меѓу економистите бидејќи тие често се најмалку инвазивниот начин за да се „поправат работите“, а истовремено и за да се зголемат приходите, кои владата може да ги искористи за да ги намали другите даноци. Тука доаѓаме до вториот дел од концептот на даночната реформа, односно „зеленото оданочување“.

Пред, конкретно да го образложам нашиот Концепт, врз основа на кој ќе се спроведува даночната реформа, а во интерес на транспарентност и информираност на читателот, најпрво ќе дадам споредбени бројки за даночните зафаќања, кај нас, регионот и ЕУ.

 

Најмало остварување на даночни приходи во споредба со ЕУ и Западен Балкан

Во изминатите петнаесетина година, постојано бевме на понисно ниво во однос на прибраните давачки како удел во БДП, и во однос на ЕУ, и во однос на регионот.

Имено, во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ-27 и во Македонија. Во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Македонија (27,7%). Дополнително, овој јаз со текот на годините и се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8 процентни поени. Исто така, во однос на земјите од Западен Балкан, убедливо имаме најмало остварување. Учеството само на даночните приходи во БДП кај нас е уште помало, во 2020 година изнесувало 16,1%.

Зошто овој податок е важен? – Според експертите на Светската банка, уделот на даночните приходи во БДП е важен за економскиот раст и намалување на сиромаштијата, бидејќи осигурува дека државите располгаат со потребните средства за да инвестираат во иднината и за да постигнат одржлив економски раст. Развиените земји, вообичаено имаат повисок удел. Просекот кај земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) беше 33,8% во 2019 година, или двојно во однос на нашиот резултат.

Ова не е сигнал, туку светлечки знак дека треба да се преземат мерки, ако сакаме, прво да се консолидираме, а по долгата и истоштувачка криза и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани.

The post Бесими потврди дека ќе се прави реформа во даночниот систем appeared first on Република.

]]>

Неделава отворивме јавна дебата за реформа во даночниот систем. Имавме дискусија со претставници на бизнис заедницата, група со најширок опфат и спектар на интереси. Дебатата ќе продолжи со сите општествени чинители. Преку неа ќе се прецизираат конкретните решенија, затоа е и рано да се говори за нив. Оваа колумна ја посветувам на Концептот на даночната реформа. Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани, oбјаснува министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна за МИА.
  Пред се, ќе истакнам дека продолжуваме со голема фискална реформа, или СМАРТ систем на јавни финансии. Овој систем ќе игра значајна улога во заздравувањето на нашата економија од кризата со која се соочуваме изминатите две години. Понатаму, тој ќе продуцира повисоки и одржливи стапки на економски раст, преку стратегиско, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На расходната страна воведуваме механизми за стратегиско планирање, буџетирање врз основа на претходно остварени резултати, засилена контрола и транспарентност.
На приходната страна во СМАРТ финансиите потребна е подобрена наплата, поголем опфат на даночното зафаќање, за да има фискален простор за политики за поттикнување на повисок економски раст на среден рок. Обезбедувањето на приходи од сигурни извори значи стабилност и избегнување на процикличната фискална политика и на зголемувањето на јавниот долг. Оттаму, подобрувањето на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на целокупниот систем на приходи во земјата ќе обезбеди одржливо и добро управување со јавните финансии.   Даночен систем за економски раст Стапката на економски раст на една земја зависи од повеќе фактори, како иновативноста, инвестициската активност, пристапот до финансирање, претприемништвото, вештините и мобилноста на работната сила, флексибилноста на пазарот на труд, цената на трудот, квалификуваниот кадар, административните процедури, инфраструктурата, владеењето на правото итн. Даночниот систем игра значајна улога преку неговото влијание врз сите овие фактори. Даночниот микс, даночните стапки, квалитетот на даночната администрација, комплексноста на даночните правила, предвидливоста, мрежата на меѓународни договори за одбегнување на двојно оданочување, даночните олеснувања, даночната основа – сето ова влијае на економскиот раст на земјата. Концептот на СМАРТ финансиите е сите да го плаќаме, како би кажале Американците, својот „фер дел„ („праведен дел„). Зборувам и за оние кои се дел од формалната економија, но пред се за формализација на неформалниот сектор, преку внесување во системот на даночни обврзници. Ова е реално најисправниот начин за да обезбедиме средства за забрзување на економскиот раст, но и за тековни потреби, како на пример антикризните пакети, без притоа да го зголемуваме јавниот долг.   Суштина на даночната реформа – праведно оданочување, проширување на даночната база и „зелено„ оданочување Суштината на даночната реформа која ја планираме се базира на зголемување на даночната основа, без притоа да се зголемат даночните стапки. Забрзано ќе се спроведува и Акцискиот план за сузбивање на неформалната економија, во насока на воведување на неформалниот сектор во формалниот и со тоа дополнително зголемување на базата која подложи на даноци. Даночната основа е сѐ што се даночи: вкупните доходи или приходи, вредноста на поседуваните недвижности, потрошувачката, трансакциите или другите економски активности. Она што со години се провлекува како забелешка и препорака од страна на меѓународните финансиски институции се даночните трошоци, односно ослободувањата и повластениот третман за одредени категории на приходи кај индивидуалните даноци. Ако некоја целна група, производ, услуга имаат привилегиран третман, треба да има силен економски или општествен аргумент зошто. Повластениот третман треба да носи поголема придобивка во однос на даночниот трошок. Даночниот систем има и корективна улога во економските и општествени процеси. Според Грегори Менкју, светски познат професор на Универзитетот Харвард, оптималниот даночен систем е оној кој ќе ја максимизира социјалната благосостојба преку сет на ограничувања (слично стојалиште имаат и други економски како Ремзи и Марелес). Тој е поддржувач и на „даноците на Пигу“ (наречени според британскиот економист од почетокот на минатиот век, Артур Пигу), односно даноци на активност, која предизвикува негативни ефекти или дополнителни трошоци за трети лица. Типичен пример за тоа се даноците за загадувачите на животната средина. Овие даноци се популарни меѓу економистите бидејќи тие често се најмалку инвазивниот начин за да се „поправат работите“, а истовремено и за да се зголемат приходите, кои владата може да ги искористи за да ги намали другите даноци. Тука доаѓаме до вториот дел од концептот на даночната реформа, односно „зеленото оданочување“. Пред, конкретно да го образложам нашиот Концепт, врз основа на кој ќе се спроведува даночната реформа, а во интерес на транспарентност и информираност на читателот, најпрво ќе дадам споредбени бројки за даночните зафаќања, кај нас, регионот и ЕУ.   Најмало остварување на даночни приходи во споредба со ЕУ и Западен Балкан Во изминатите петнаесетина година, постојано бевме на понисно ниво во однос на прибраните давачки како удел во БДП, и во однос на ЕУ, и во однос на регионот. Имено, во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ-27 и во Македонија. Во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Македонија (27,7%). Дополнително, овој јаз со текот на годините и се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8 процентни поени. Исто така, во однос на земјите од Западен Балкан, убедливо имаме најмало остварување. Учеството само на даночните приходи во БДП кај нас е уште помало, во 2020 година изнесувало 16,1%. Зошто овој податок е важен? – Според експертите на Светската банка, уделот на даночните приходи во БДП е важен за економскиот раст и намалување на сиромаштијата, бидејќи осигурува дека државите располгаат со потребните средства за да инвестираат во иднината и за да постигнат одржлив економски раст. Развиените земји, вообичаено имаат повисок удел. Просекот кај земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) беше 33,8% во 2019 година, или двојно во однос на нашиот резултат. Ова не е сигнал, туку светлечки знак дека треба да се преземат мерки, ако сакаме, прво да се консолидираме, а по долгата и истоштувачка криза и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани.

The post Бесими потврди дека ќе се прави реформа во даночниот систем appeared first on Република.

]]>