даниел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 08:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даниел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel/ 32 32 Наредена евакуација во поплавените подрачја во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/naredena-evakuatsija-vo-poplavenite-podrachja-vo-grtsija/ Fri, 08 Sep 2023 08:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=679880

Поради делумно излевање на реката Пиниос во близина на градот Лариса, од доцна синоќа во тек е евакуација на неколку села во околината, а паралелно продолжува спасувањето на луѓето заглавени во поплавите во централна Грција, предизвикани од невремето „Даниел“ во кое досега шест лица го загубија животот, над 1.800 се спасени, а непознат е точниот број на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.

Тесалиската низина е буквално под вода, села во близина на градот Кардица се целосно уништени, Волос е во кал и без вода за пиење веќе неколку дена, а од синоќа вниманието е насочено кон Лариса каде што нивото на реката Пиниос е драстично зголемено, вон нормалните граници и во одредени делови се излева.

Преку бројот 112 за итни случаи синоќа беа испратени пет пораки до жителите на селата во околината на Лариса, како за предупредување од можни поплави, така и за евакуација на пет населени места поради можно излевање на реката.

Од противпожарната служба на Грција утрово соопштија дека од почетокот на невремето „Даниел“ во вторникот примиле 6.406 повици за испумпување вода и сечење дрвја, а 1.881 лице е спасено или пренесено на безбедни локации.

Спасувачките акции започнаа вчера попладне по копно, вода и од воздух, а ги водат противпожарната и крајбрежната служба и припадници на армијата.

Спасувачки тимови од крајбрежната служба со гумени чамци „пловеа“ по улиците кои се претворени во реки во селото Астрица и од куќа до куќа евакуираа жители, заглавени во нивните домови.

Припадници на армијата, спасуваат со хеликоптери и булдожери, додека пак од плажите во крајбрежниот дел на областа Магнисиа со помош на чамци на крајбрежната служба, вчера, на безбедни локации биле пренесени над 200 лица.

Во невремето „Даниел“ животот го загубија шест лица, неофицијално, исчезнати се најмалку шестмина, од кои четворица се странски државјани, од Австрија и Германија, а штетите се катастрофални.

Поради поплавите, кои се најголеми во Грција во последните години, се одложуваат и политичките настани закажани за викендот.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го одложи планираното учество на отворањето на Меѓународниот саем, односно говорот и прес конференцијата и наместо во Солун, ќе биде во подрачјата погодени од невремето.

Утрово заминува за Лариса, ќе ги посети поплавените делови, а потоа и Координативниот центар за операции во периферијата Тесалија.

Од опозициската СИРИЗА донесоа одлука партиските избори за претседател, наместо в недела да се одложат за една седмица и да се одржат следната недела на 17 септември.

The post Наредена евакуација во поплавените подрачја во Грција appeared first on Република.

]]>

Поради делумно излевање на реката Пиниос во близина на градот Лариса, од доцна синоќа во тек е евакуација на неколку села во околината, а паралелно продолжува спасувањето на луѓето заглавени во поплавите во централна Грција, предизвикани од невремето „Даниел“ во кое досега шест лица го загубија животот, над 1.800 се спасени, а непознат е точниот број на исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина. Тесалиската низина е буквално под вода, села во близина на градот Кардица се целосно уништени, Волос е во кал и без вода за пиење веќе неколку дена, а од синоќа вниманието е насочено кон Лариса каде што нивото на реката Пиниос е драстично зголемено, вон нормалните граници и во одредени делови се излева. Преку бројот 112 за итни случаи синоќа беа испратени пет пораки до жителите на селата во околината на Лариса, како за предупредување од можни поплави, така и за евакуација на пет населени места поради можно излевање на реката. Од противпожарната служба на Грција утрово соопштија дека од почетокот на невремето „Даниел“ во вторникот примиле 6.406 повици за испумпување вода и сечење дрвја, а 1.881 лице е спасено или пренесено на безбедни локации. Спасувачките акции започнаа вчера попладне по копно, вода и од воздух, а ги водат противпожарната и крајбрежната служба и припадници на армијата. Спасувачки тимови од крајбрежната служба со гумени чамци „пловеа“ по улиците кои се претворени во реки во селото Астрица и од куќа до куќа евакуираа жители, заглавени во нивните домови. Припадници на армијата, спасуваат со хеликоптери и булдожери, додека пак од плажите во крајбрежниот дел на областа Магнисиа со помош на чамци на крајбрежната служба, вчера, на безбедни локации биле пренесени над 200 лица. Во невремето „Даниел“ животот го загубија шест лица, неофицијално, исчезнати се најмалку шестмина, од кои четворица се странски државјани, од Австрија и Германија, а штетите се катастрофални. Поради поплавите, кои се најголеми во Грција во последните години, се одложуваат и политичките настани закажани за викендот. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го одложи планираното учество на отворањето на Меѓународниот саем, односно говорот и прес конференцијата и наместо во Солун, ќе биде во подрачјата погодени од невремето. Утрово заминува за Лариса, ќе ги посети поплавените делови, а потоа и Координативниот центар за операции во периферијата Тесалија. Од опозициската СИРИЗА донесоа одлука партиските избори за претседател, наместо в недела да се одложат за една седмица и да се одржат следната недела на 17 септември.

The post Наредена евакуација во поплавените подрачја во Грција appeared first on Република.

]]>
Надојдената вода во Грција носеше жена, едвај ја спаси случаен минувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nadojdenata-voda-vo-grtsija-noseshe-zhena-edvaj-ja-spasi-sluchaen-minuvach/ Fri, 08 Sep 2023 06:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=679844

Откако бурата „Даниел“ ја опустоши Грција, практично цела недела на социјалните мрежи кружат снимки од последиците од катастрофалните поплави во земјата. Има лизгање на земјиштето, уништени електрични столбови, а силните порои однесоа десетици автомобили.

На една од снимките од поплавите во Атина се гледа надојдената вода носи жена. Таа очајнички се обидува да се задржи за сообраќаен знак, а за нејзина среќа, на помош и пришол случаен минувач кој успеал да ја спаси.

Метеоролошката служба на Грција објави дека земјата е погодена од најекстремните временски појави во однос на врнежите откако се води евиденција.

https://republika.mk/vesti/balkan/sleduva-golemo-nevreme-vo-grtsija-turistite-masovno-gi-otkauvaat-aranzhmanite/

Грчката полиција го затвори сообраќајот во централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион и туристичкиот остров Скијатос, бидејќи рекордните дождови предизвикаа најмалку еден смртен случај, а автомобилите беа однесени од поплави.

https://twitter.com/TodayOnGlobe/status/1699278299564826820?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1699278299564826820%7Ctwgr%5Ed284006ec169eb5229de61ac10e29383e97d78c6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0bed180d0bed198-d0b2d0be-d0b0d182d0b8d0bdd0b0-d0bdd0bed181d0b5d188d0b5-d0b6d0b5d0bdd0b0-d198d0b0-d181d0bf%2F

Пожарникарите соопштија дека еден маж загинал во близина на Волос кога врз него паднал ѕид. Пет лица се водат како исчезнати, најверојатно однесени од поплавата.

Властите испратија предупредувања преку мобилни телефони до неколку други области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови.

The post Надојдената вода во Грција носеше жена, едвај ја спаси случаен минувач appeared first on Република.

]]>

Откако бурата „Даниел“ ја опустоши Грција, практично цела недела на социјалните мрежи кружат снимки од последиците од катастрофалните поплави во земјата. Има лизгање на земјиштето, уништени електрични столбови, а силните порои однесоа десетици автомобили. На една од снимките од поплавите во Атина се гледа надојдената вода носи жена. Таа очајнички се обидува да се задржи за сообраќаен знак, а за нејзина среќа, на помош и пришол случаен минувач кој успеал да ја спаси. Метеоролошката служба на Грција објави дека земјата е погодена од најекстремните временски појави во однос на врнежите откако се води евиденција. https://republika.mk/vesti/balkan/sleduva-golemo-nevreme-vo-grtsija-turistite-masovno-gi-otkauvaat-aranzhmanite/ Грчката полиција го затвори сообраќајот во централниот град Волос, блискиот планински регион Пелион и туристичкиот остров Скијатос, бидејќи рекордните дождови предизвикаа најмалку еден смртен случај, а автомобилите беа однесени од поплави. https://twitter.com/TodayOnGlobe/status/1699278299564826820?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1699278299564826820%7Ctwgr%5Ed284006ec169eb5229de61ac10e29383e97d78c6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0bed180d0bed198-d0b2d0be-d0b0d182d0b8d0bdd0b0-d0bdd0bed181d0b5d188d0b5-d0b6d0b5d0bdd0b0-d198d0b0-d181d0bf%2F Пожарникарите соопштија дека еден маж загинал во близина на Волос кога врз него паднал ѕид. Пет лица се водат како исчезнати, најверојатно однесени од поплавата. Властите испратија предупредувања преку мобилни телефони до неколку други области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да останат во своите домови.

The post Надојдената вода во Грција носеше жена, едвај ја спаси случаен минувач appeared first on Република.

]]>
Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари: Невремето ја зафати и Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poplaveni-ulitsi-i-metro-stanitsi-prekin-vo-soobrakajot-na-nekolku-bulevari-nevremeto-ja-zafati-i-atina/ Wed, 06 Sep 2023 21:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=679484

Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари, донесе невремето „Даниел“ што попладнево ја зафати и Атина, а обилниот и интензивен дожд предизвика поплави и проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Неколку метро станици се поплавија, а идентична е ситуацијата и на неколку атински булевари, кои поради насобраната вода и со одлука на полицијата се затворени за сообраќај.

Голем дел од улиците како во центарот на Атина, така и во останатите населби и предградија се претворија во реки.

Паралелно, поради невремето во централна Грција затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.

https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zhrtva-na-nevremeto-vo-grtsija/

The post Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари: Невремето ја зафати и Атина appeared first on Република.

]]>

Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари, донесе невремето „Даниел“ што попладнево ја зафати и Атина, а обилниот и интензивен дожд предизвика поплави и проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Неколку метро станици се поплавија, а идентична е ситуацијата и на неколку атински булевари, кои поради насобраната вода и со одлука на полицијата се затворени за сообраќај. Голем дел од улиците како во центарот на Атина, така и во останатите населби и предградија се претворија во реки. Паралелно, поради невремето во централна Грција затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци. https://republika.mk/vesti/balkan/nova-zhrtva-na-nevremeto-vo-grtsija/

The post Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари: Невремето ја зафати и Атина appeared first on Република.

]]>
Нова жртва на невремето во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-zhrtva-na-nevremeto-vo-grtsija/ Wed, 06 Sep 2023 20:19:16 +0000 https://republika.mk/?p=679480

Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако било пронајдено безживотното тело на 82-годишен човек во грчкиот град Кардица.

Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.

Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата.

https://republika.mk/vesti/balkan/spaseni-nad-400-litsa-vo-nevremeto-vo-grtsija-chetvoritsa-se-ushte-se-ischeznati/

The post Нова жртва на невремето во Грција appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако било пронајдено безживотното тело на 82-годишен човек во грчкиот град Кардица. Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето. Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата. https://republika.mk/vesti/balkan/spaseni-nad-400-litsa-vo-nevremeto-vo-grtsija-chetvoritsa-se-ushte-se-ischeznati/

The post Нова жртва на невремето во Грција appeared first on Република.

]]>