Даниел Нобоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel-noboa/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jan 2024 10:52:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даниел Нобоа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel-noboa/ 32 32 Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/noboa-nasilstvoto-na-ekvadorskite-narko-bandi-e-problem-za-tseliot-svet/ Sat, 13 Jan 2024 10:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=732549

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска изјави дека насилството на бандите во неговата земја, што ескалираше во текот на оваа недела, е проблем за целиот свет.

Најмладиот претседател на Еквадор на функцијата стапи во ноември, а по само два месеца се соочува со најголемата криза во земјата во нејзината модерна историја.

-Не влегов во ова мислејќи дека ќе биде лесно, изјави тој за Би-Би-Си.

За време на немирите, двајца лидери на банди избегаа од затвор, затворските чувари беа држени како заложници, вооружени напаѓачи упаднаа на телевизија за време на програма во живо, а експлозии одекнуваа низ целата земја.

Нобоа прогласи воена состојба и им објави војна на моќните банди, кои ја контролираат трговијата со кокаин.

-Не можеме да продолжиме со оваа игра што овие терористички групи се обидуваат да ја наметнат, рече тој.

Претседателот Нобоа и наредил на армијата да „неутрализира“ 22 вооружени групи, кои ги нарече терористички организации.

Помош понуди и Вашингтон, па делегација од САД ќе пристигне во Еквадор во наредните недели.

Неговите критичари овој потег на Вашингтон го нарекуваат американски интервенционизам, но претседателот Нобоа го поздрави.

-Охрабрувачки е да се види дека меѓународната заедница всушност обрнува внимание на тоа што се случува овде. Тоа влијае на целиот свет, нарко-терористите кои оперираат овде имаат операции во Европа, во САД. Мораме да го решиме проблемот од коренот, а коренот на проблемот е тука, додаде тој.

The post Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет appeared first on Република.

]]>

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска изјави дека насилството на бандите во неговата земја, што ескалираше во текот на оваа недела, е проблем за целиот свет. Најмладиот претседател на Еквадор на функцијата стапи во ноември, а по само два месеца се соочува со најголемата криза во земјата во нејзината модерна историја.
-Не влегов во ова мислејќи дека ќе биде лесно, изјави тој за Би-Би-Си.
За време на немирите, двајца лидери на банди избегаа од затвор, затворските чувари беа држени како заложници, вооружени напаѓачи упаднаа на телевизија за време на програма во живо, а експлозии одекнуваа низ целата земја. Нобоа прогласи воена состојба и им објави војна на моќните банди, кои ја контролираат трговијата со кокаин.
-Не можеме да продолжиме со оваа игра што овие терористички групи се обидуваат да ја наметнат, рече тој.
Претседателот Нобоа и наредил на армијата да „неутрализира“ 22 вооружени групи, кои ги нарече терористички организации. Помош понуди и Вашингтон, па делегација од САД ќе пристигне во Еквадор во наредните недели. Неговите критичари овој потег на Вашингтон го нарекуваат американски интервенционизам, но претседателот Нобоа го поздрави.
-Охрабрувачки е да се види дека меѓународната заедница всушност обрнува внимание на тоа што се случува овде. Тоа влијае на целиот свет, нарко-терористите кои оперираат овде имаат операции во Европа, во САД. Мораме да го решиме проблемот од коренот, а коренот на проблемот е тука, додаде тој.

The post Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет appeared first on Република.

]]>
Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ima-imperija-od-plantazhi-kralot-na-bananite-stana-pretsedatel-na-ekvador/ Mon, 16 Oct 2023 09:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=691639

Бизнисменот за кој се вели дека поседува империја на банани, Даниел Нобоа, ќе стане најмладиот претседател во историјата на Еквадор. Нобоа (35) победи на изборите во неделата со 52,3 отсто од гласовите, пред неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес која доби 47,7 отсто. Таа го призна поразот и му честиташе на Нобои.

35-годишникот од партијата Национална демократска акција е син на Алваро Нобоа, кој пет пати неуспешно се кандидираше за претседател. Нобоа ќе биде на функцијата само 17 месеци до следните избори. Тој ќе владее од крајот на ноември 2023 година до мај 2025 година, поради фактот што сегашните избори беа започнати пред времето кога претседателот во заминување Гиљермо Ласо го распушти парламентот.

Нобоа, фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден. Нобоа вети дека ќе привлече странски инвестиции, ќе создаде работни места за младите и ќе стави опасни криминалци на затворските бродови.

Кампањата што водеше до изборите во неделата се водеше во сенка на смртта на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на 9 август на митинг во Кито. Владата го обвини организираниот криминал за неговото убиство. Еквадор е транзитна земја за шверц на кокаин, а криминалните организации се борат за патиштата за дрога. Првиот круг од претседателските избори се одржа на 20 август, кога Гонзалес заврши на првото место со 33,6 отсто од гласовите

The post Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор appeared first on Република.

]]>

Бизнисменот за кој се вели дека поседува империја на банани, Даниел Нобоа, ќе стане најмладиот претседател во историјата на Еквадор. Нобоа (35) победи на изборите во неделата со 52,3 отсто од гласовите, пред неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес која доби 47,7 отсто. Таа го призна поразот и му честиташе на Нобои.

35-годишникот од партијата Национална демократска акција е син на Алваро Нобоа, кој пет пати неуспешно се кандидираше за претседател. Нобоа ќе биде на функцијата само 17 месеци до следните избори. Тој ќе владее од крајот на ноември 2023 година до мај 2025 година, поради фактот што сегашните избори беа започнати пред времето кога претседателот во заминување Гиљермо Ласо го распушти парламентот. Нобоа, фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден. Нобоа вети дека ќе привлече странски инвестиции, ќе создаде работни места за младите и ќе стави опасни криминалци на затворските бродови. Кампањата што водеше до изборите во неделата се водеше во сенка на смртта на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на 9 август на митинг во Кито. Владата го обвини организираниот криминал за неговото убиство. Еквадор е транзитна земја за шверц на кокаин, а криминалните организации се борат за патиштата за дрога. Првиот круг од претседателските избори се одржа на 20 август, кога Гонзалес заврши на првото место со 33,6 отсто од гласовите

The post Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор appeared first on Република.

]]>