Даниел Димевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel-dimevski/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Feb 2024 19:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даниел Димевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daniel-dimevski/ 32 32 Даниел Димевски останува прв човек на МОК https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/daniel-dimevski-ostanuva-prv-chovek-na-mok/ Thu, 08 Feb 2024 19:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=741983

Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател.

Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа.

Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски.

На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.

The post Даниел Димевски останува прв човек на МОК appeared first on Република.

]]>

Даниел Димевски доби нов мандал и ќе биде претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во следните четири години. На денешното редовно изборно собрание, одржано во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, имаше кворум (45 присутни делегати од вкупно 61) и се гласаше по единствената кандидатура, онаа на актуелниот претседател. Димевски доби доверба со 45 гласа ЗА, осум ПРОТИВ и два ВОЗДРЖАНИ и ќе го води македонското олимписко движење најмалку уште четири години. Иницијативиот одбор за смена на Даниел Димески вчера организираше собрание, на кое точка на дневниот ред беше и доверба на претседателот, но заради недостиг на кворум, собранието не се одржа. Претходно, Димевски и МОК најавија дека Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) ќе ги признае само кандидатурите на редовното собрание. Сите овие превирања предизвикаа голема збрка, која заврши вечерва со резибророт на Димевски. На 29 октомври 2020 година Димевски беше избран за прв човек на олимпиското движење и по 28 години го симна од претседателската фунцкија Васил Тупурковски.  

The post Даниел Димевски останува прв човек на МОК appeared first on Република.

]]>
Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dimevski-najavuva-golemi-investitsii-vo-sportskata-infrastruktura-i-stimulatsii-za-najdobrite-sportisti/ Sat, 27 Jan 2024 09:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=737397

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, ја презентираше својата програма за работа за периодот од 2024 до 2028 година, како кандидат за претседател на комитет во следниот мандат.

Програмата за работа на актуелниот претседател Димевски е насловена според олимпиското мото „Побрзо, повисоко, посилно, заедно“ и е најобемната и најдеталната програма за работа што досега ја имал МОК. Оваа програма се темели на 12 столбови кои, меѓу другото, предвидуваат големи инвестиции во нова спортска инфраструктура, бројни бенефиции за спортистите и националните спортски федерации, стимулации за најдобрите спортисти и остварени спортски постигнувања, помош и поддршка на најранливите категории спортисти, реализација на голем број општествено-одговорни спортски проекти и др. За реализација на најголемиот дел од наведените проекти во програмата веќе е обезбедена финансиска конструкција и локации.

Според програмата за работа на Димевски, во следните четири години предвидена е изградба на нова спортска инфраструктура која ќе биде лоцирана во олимпискиот спортски центар „Јане Сандански“ во Скопје, во вкупна вредност од 340.000 долари. Во наведениот период од 2024 до 2028 година ќе се изградат тренинг центар за боречки спортови, вештачка карпа за качување (болдер карпа), голф симулатор, тренинг центар за стреличарство, покриен скијачки тренинг-центар со симулатори за скијање и мини лизгалиште, а предвидено е и доопремување на ТВ студиото на МОК со нови технологии со цел да се обезбедат уште поквалитетни преноси на спортските настани. Финансиските средства за реализација на сите овие проекти веќе се обезбедени.

Претседателот Димевски за следниот мандат најавува уште поголема независност, автономија и независен модел на финансирање на спортските организации и националните спортски федерации, според одредбите на Олимписката повелба.

Покрај програмата за работа 2024-2028, Димевски го презентираше и отчетот за сработеното во досегашниот мандат.

Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари, кога членовите на Собранието на оваа организација ќе избираат претседател за следните четири години.

The post Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, ја презентираше својата програма за работа за периодот од 2024 до 2028 година, како кандидат за претседател на комитет во следниот мандат. Програмата за работа на актуелниот претседател Димевски е насловена според олимпиското мото „Побрзо, повисоко, посилно, заедно“ и е најобемната и најдеталната програма за работа што досега ја имал МОК. Оваа програма се темели на 12 столбови кои, меѓу другото, предвидуваат големи инвестиции во нова спортска инфраструктура, бројни бенефиции за спортистите и националните спортски федерации, стимулации за најдобрите спортисти и остварени спортски постигнувања, помош и поддршка на најранливите категории спортисти, реализација на голем број општествено-одговорни спортски проекти и др. За реализација на најголемиот дел од наведените проекти во програмата веќе е обезбедена финансиска конструкција и локации. Според програмата за работа на Димевски, во следните четири години предвидена е изградба на нова спортска инфраструктура која ќе биде лоцирана во олимпискиот спортски центар „Јане Сандански“ во Скопје, во вкупна вредност од 340.000 долари. Во наведениот период од 2024 до 2028 година ќе се изградат тренинг центар за боречки спортови, вештачка карпа за качување (болдер карпа), голф симулатор, тренинг центар за стреличарство, покриен скијачки тренинг-центар со симулатори за скијање и мини лизгалиште, а предвидено е и доопремување на ТВ студиото на МОК со нови технологии со цел да се обезбедат уште поквалитетни преноси на спортските настани. Финансиските средства за реализација на сите овие проекти веќе се обезбедени. Претседателот Димевски за следниот мандат најавува уште поголема независност, автономија и независен модел на финансирање на спортските организации и националните спортски федерации, според одредбите на Олимписката повелба. Покрај програмата за работа 2024-2028, Димевски го презентираше и отчетот за сработеното во досегашниот мандат. Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари, кога членовите на Собранието на оваа организација ќе избираат претседател за следните четири години.

The post Димевски најавува големи инвестиции во спортската инфраструктура и стимулации за најдобрите спортисти appeared first on Република.

]]>
Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/podneseno-barane-za-vonredno-sobranie-na-mok-i-smena-na-dimevski/ Thu, 11 Jan 2024 11:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=731905

Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК.

Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“.

На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ…

Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред:

1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија
3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија
5. Разно.

The post Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски appeared first on Република.

]]>

Вкупно 26 национални федерации и пет индивидуални членови на Собранието на Македонскиот олимписки комитет доставија барање за свикување Вонредно Собрание на МОК. Како што информираат иницијаторите со официјално соопштение до медиумите, „истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и 4 од Законот за зруженија и фондации, и врз основа на член 29 став 3 од Статутот на Олимпискиот Комитет на Сереверна Македонија“. На барањето, кое е доставено до медиумите, потпишани се и водечките национални федерации ФФМ, РФМ, КФСМ, ОФМ… Барањето, кое, како што информираат, е примено во архивата на МОК ги содржи следните точки на Дневен ред: 1. Разрешување на Даниел Димевски, актуелен Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија 2. Избор на нов Претседател на Олимпискиот Комитет на Република Македонија 3. Разрешување на актуелниот состав на Управниот одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија 4. Избор на нов состав на Управен одбор на Олимпискиот Комитет на Македонија 5. Разно.    

The post Поднесено барање за Вонредно собрание на МОК и смена на Димевски appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/borko-ristovski-ke-gi-tuzhi-mok-i-daniel-dimevski-vo-lozana-otshtetata-ja-planira-za-rk-i-fk-vardar/ Fri, 28 Apr 2023 11:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=634950

Борко Ристовски ќе го тужи Македонскиот олимписки комитет (МОК) пред Судот за спортска арбитража. Ваквиот потег на ракометниот голман доаѓа како одговор на одлуката на претседателот на МОК, Даниел Димевски, донесена преку Дисциплинската комисија на институцијата, за 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт поради „изнесување на лаги и невистини во ТВ емисија, кои може да се одразат врз МОК“.

Како што истакна Ристовски, кој на прес-конференција дојде во придружба на својот адвокат, Гого Анастасиевиќ, како и со папка полна документи, суспензијата иницирана од Димевски е неиздржана и е потег на заплашување предизвикан од страв да не бидат обелоденети голем број индиции за сторен криминал од негова страна.

За Димевски и неговото делување во спортот има голем број индикации за направен криминал и ако тој мисли дека со ваква одлука ќе ми врши притисок да се откажам од објавувањето на документите, тогаш не ме познава. Јас стојам зад тоа што јавно сум го кажал, а ако тоа не е вистина, тогаш Димевски можеше да ме тужи за клевета, па на суд да се види кој е во право. Наместо тоа, тој одлучи да се затскрие зад институцијата МОК, којашто ја доведе во подредена улога, и донесе нелегитимна одлука. Затоа, јас немам намера да и давам легитимитет на таквата одлука и нема да ја спорам, но затоа ќе одам на повисоко ниво, како што е спортската арбитража во Лозана“, изјави Ристовски.

Истовремено, Ристовски апелираше и до институциите, како што се Јавното обвинителство или ДКСК, дека е подготвен да ги достави собраните документи за тие да одлучат дали треба да покренат постапка против Димевски.

Како што истакна Ристовски, тој нема намера да се откаже во оваа борба, затоа што неговата цел е спортот да биде исчистен од луѓе коишто во него гледаат само можност за лична заработка на нечесен начин. Со цел да покаже дека не влегува во спор со Димевски и преку него, со МОК, за да добие финансиска надокнада, Ристовски јавно порача дека се што евентуално ќе добие како отштета од арбитражата, ќе го донира за спортски здруженија.

Не ми е целта да земам пари од МОК, затоа што тоа се или треба да бидат пари на спортистите. Тие пари не ми требаат и затоа се што ќе добијам како отштета, што според консултации со адвокати и од странство може да биде од 180.000 до 230.000 евра, ќе го донирам, половина за РК Вардар, а другата половина за ФК Вардар“, порача Ристовски.

https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/

The post Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Борко Ристовски ќе го тужи Македонскиот олимписки комитет (МОК) пред Судот за спортска арбитража. Ваквиот потег на ракометниот голман доаѓа како одговор на одлуката на претседателот на МОК, Даниел Димевски, донесена преку Дисциплинската комисија на институцијата, за 4-годишна сузпензија за извршување работа во олимпискиoт спорт поради „изнесување на лаги и невистини во ТВ емисија, кои може да се одразат врз МОК“. Како што истакна Ристовски, кој на прес-конференција дојде во придружба на својот адвокат, Гого Анастасиевиќ, како и со папка полна документи, суспензијата иницирана од Димевски е неиздржана и е потег на заплашување предизвикан од страв да не бидат обелоденети голем број индиции за сторен криминал од негова страна.
За Димевски и неговото делување во спортот има голем број индикации за направен криминал и ако тој мисли дека со ваква одлука ќе ми врши притисок да се откажам од објавувањето на документите, тогаш не ме познава. Јас стојам зад тоа што јавно сум го кажал, а ако тоа не е вистина, тогаш Димевски можеше да ме тужи за клевета, па на суд да се види кој е во право. Наместо тоа, тој одлучи да се затскрие зад институцијата МОК, којашто ја доведе во подредена улога, и донесе нелегитимна одлука. Затоа, јас немам намера да и давам легитимитет на таквата одлука и нема да ја спорам, но затоа ќе одам на повисоко ниво, како што е спортската арбитража во Лозана“, изјави Ристовски.
Истовремено, Ристовски апелираше и до институциите, како што се Јавното обвинителство или ДКСК, дека е подготвен да ги достави собраните документи за тие да одлучат дали треба да покренат постапка против Димевски. Како што истакна Ристовски, тој нема намера да се откаже во оваа борба, затоа што неговата цел е спортот да биде исчистен од луѓе коишто во него гледаат само можност за лична заработка на нечесен начин. Со цел да покаже дека не влегува во спор со Димевски и преку него, со МОК, за да добие финансиска надокнада, Ристовски јавно порача дека се што евентуално ќе добие како отштета од арбитражата, ќе го донира за спортски здруженија.
Не ми е целта да земам пари од МОК, затоа што тоа се или треба да бидат пари на спортистите. Тие пари не ми требаат и затоа се што ќе добијам како отштета, што според консултации со адвокати и од странство може да биде од 180.000 до 230.000 евра, ќе го донирам, половина за РК Вардар, а другата половина за ФК Вардар“, порача Ристовски.
https://republika.mk/sport/rakomet/mok-so-4-godishna-suspenzija-za-borko-ristovski-zashto-go-navredil-pretsedatelot-daniel-dimevski-golmanot-najavi-borba/

The post Борко Ристовски ќе ги тужи МОК и Даниел Димевски во Лозана, отштетата ја планира за РК и ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-zad-naodite-za-nezakonsko-rabotene-na-mojsoski-stojat-drzhavnite-institutsii-a-ne-nie/ Mon, 06 Feb 2023 17:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=605613

Зад наодите за незаконско работење на претседателот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски, стојат државните институции задолжени за спроведување на законот, а не Олимпискиот комитет и нејзиниот претседател Даниел Димевски, соопшти попладнево Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска АМС ги демантираше наводите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за незаконско работење поврзано со ваучерскиот систем и обвини дека „преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани од лукративни цели“, посочувајќи го притоа МОК и претседателот Димевски, „во јавноста биле изнесени куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спортот и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Посочениот директор има проблем со конкретни наоди на Државниот завод за ревизија и следствено на наодите на ДКСК и Јавното обвинителство. Таму треба да го адресира своето соопштение и да се повика на својата презумција на невиност, која му е единствена опција во моментов, се наведува во одговорот на Димевски на демантот на Мојсоски.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/

Претседателот на МОК во својата реакција наведува дека првиот човек на АМС го свел функционирањето на ваучер системот на „пародија“ и „коруптивна распределба на средствата“, потфрлувајќи, притоа, целосно и во спроведувањето на негови најавувани проекти за развој на македонскиот спорт.

Верувам дека многу спортисти и спортски субјекти видоа корист од мојата идеја за финансиска поддршка во спортот преку ваучерски систем, преточена во конкретна законска рамка без која денес скоро ниеден спортски субјект не може да опстои и да се развива. За жал, практикувањето на системот е сведен на проста, најчесто, коруптивна распределба на средства од страна на Мојсовски … Ова е само пародија на системот кој може и мора да функционира независно од волјата на директорот или кој било друг центар на моќ“, посочува Димевски, додавајќи оти Мојсоски не реализирал ниту еден проект како претседател на АМС.

Моето разочарување е плод на високите очекувања што ги имав од спортската легенда Наумче Мојсовски, кој како директор за жал целосно потфрли. Многу важни теми од спортот и силни негови ветувања останаа нечепнати. Не видовме ништо од пензиите за заслужните спортисти. Не видовме ниту нови спортски сали, базени уште помалку. И Домот на спортови го загубивме по пат, како што исчезнаа и новиот Закон за спорт и Стратегијата за спорт пет пати ветувана. Регистарот на активни спортски клубови не се направи а транспарентноста од страна на овластената државна институција е оценета како катастрофална“, се наведува во реакцијата на Димевски, посакувајќи му, притоа, на Мојсоски „да се врати во спортот во друга функција различна од оваа која евидентно не е за него“.

The post МОК: Зад наодите за незаконско работење на Мојсоски стојат државните институции, а не ние appeared first on Република.

Димевски на средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dimevski-na-sredba-so-pretsedatelot-na-megjunarodnata-skijachka-federacija/ Mon, 14 Feb 2022 12:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=458335

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски одржа работна средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш.

На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ.

Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија - информираа од МОК.

Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.

The post Димевски на средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски одржа работна средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш.
На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ.   Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија - информираа од МОК.
Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг.

The post Димевски на средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација appeared first on Република.

]]>