Данела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danela/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:54:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Данела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danela/ 32 32 ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ldp-skopje-ne-smee-poveke-da-bide-vo-zalozhnishtvo-na-voljata-na-danela-ostavka-vednash/ Thu, 21 Nov 2024 09:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=840251

Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, денешниот колапс на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат.

Однесувањето на градоначалничката Арсовска, наместо на вистинска „мајка на градот“, изгледа на однесување на разгалено дете.

Колапсот на градскиот превоз изминатите 2 денови е последното дно кое го допре моменталното градско раководство, „оперирано“ од срам, било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.

Секојдневните смени на директори на јавните претпријатија, хаосот во работењето на градските служби, нехигиената во градот, запоставувањето на Зоолошката градина, загадениот воздух се само дел од причините зошто Данела Арсовска мора час поскоро да ја поднесе оставката и да се надмине оваа агонија која скопјани ја живеат секој ден. Покрај општото безредие кое владее во градот изминатите години, колапсот на јавниот превоз и измрзнатите граѓани по автобуските станици утринава се дополнителни аргументи предлогот на ЛДП за отповикување на градоначалници да биде поддржан во Собранието по итна постапка.

Градоначалничке Арсовска, наместо празни обвинувања на сѐ и секој кој не размислува како Вас, имајте доблест, покажете одговорност кон оние кои ве гласале, поднесете неотповиклива оставка и спасете ги граѓаните и овој град од вашето „менаџирање“!

Само со заминување на Арсовска од позицијата на градоначалник, ќе се отвори можност да се засукаат ракавите и со напорна работа, да се исконтролира штетата предизвикана од овој мандат и да се постават работите во вистински правец. Во спротивно, не само што ќе продолжи, туку агонијата на Скопје и скопјани ќе станува сѐ поголема секој нареден ден.

Во оваа насока, советникот од редовите на ЛДП во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, се потпиша и даде поддршка на иницијативата за свикување денеска на итна седница на Советот, со цел изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија за моменталната состојба во која се наоѓа Скопје.

The post ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш! appeared first on Република.

]]>

Управен суд со пресуда: Арсовска незаконски го назначила в.д. директорот на МКЦ, детективот Алексов https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/upraven-sud-so-presuda-arsovska-nezakonski-go-naznachila-v-d-direktorot-na-mkts-detektivot-aleksov/ Tue, 06 Jun 2023 10:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=648389

Управниот суд утврди дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ и побара од Град Скопје да го поништи решение. Според вработените и Алексов и натаму си доаѓа на работа, а градската управа не соопштува дали ќе ја спроведе пресудата.

Пресудата Управниот суд ја донесе на 28 април годинава по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата.

Тој го презеде управувањето со култната скопска културна институција во јануари годинава иако имаше диплома за детектив, заменувајќи го Ванчо Богоев кој пак обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен Шакири познат во јавноста како Бени.

Своевремено, по бурните реакции на културната јавност и вработените за смените во МКЦ, градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека ги почитувала сите законски процедури при назначувањето на Алексов.

Никола Алексов на 19 јануари беше назначен за в.д. директор, а веќе следниот ден од Град Скопје беше најавена ревизија која траеше во наредните денови по што Арсовска откри дека минатата година во МКЦ биле склучени над 250 договори за ангажирање луѓе спротивно на закон, без да се потпишат договори за времено вработување или да се ангажираат преку Агенција за привремени вработувања. Најмногу од ангажираните биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, а од вкупниот број договори дури 90 биле со шанкери, кои месечно добивале од 350 до 750 евра.

The post Управен суд со пресуда: Арсовска незаконски го назначила в.д. директорот на МКЦ, детективот Алексов appeared first on Република.

]]>

Управниот суд утврди дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ и побара од Град Скопје да го поништи решение. Според вработените и Алексов и натаму си доаѓа на работа, а градската управа не соопштува дали ќе ја спроведе пресудата. Пресудата Управниот суд ја донесе на 28 април годинава по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата. Тој го презеде управувањето со култната скопска културна институција во јануари годинава иако имаше диплома за детектив, заменувајќи го Ванчо Богоев кој пак обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен Шакири познат во јавноста како Бени. Своевремено, по бурните реакции на културната јавност и вработените за смените во МКЦ, градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека ги почитувала сите законски процедури при назначувањето на Алексов. Никола Алексов на 19 јануари беше назначен за в.д. директор, а веќе следниот ден од Град Скопје беше најавена ревизија која траеше во наредните денови по што Арсовска откри дека минатата година во МКЦ биле склучени над 250 договори за ангажирање луѓе спротивно на закон, без да се потпишат договори за времено вработување или да се ангажираат преку Агенција за привремени вработувања. Најмногу од ангажираните биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, а од вкупниот број договори дури 90 биле со шанкери, кои месечно добивале од 350 до 750 евра.

The post Управен суд со пресуда: Арсовска незаконски го назначила в.д. директорот на МКЦ, детективот Алексов appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Извор на хаосот во Скопје е коалицијата Тачела, одземање на ингеренциите и оставка на Арсовска е единствен спас за Скопје! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stoilkovski-izvor-na-haosot-vo-skopje-e-koalicijata-tachela-odzemanje-na-ingerenciite-i-ostavka-na-arsovska-e-edinstven-spas-za-skopje/ Thu, 08 Dec 2022 10:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=583237

Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска.

Бараме неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници.

Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје.

Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола.

Градоначалник на Скопје не смее да бега од скопјани и медиуми, не смее да не се обиде да ги надмине проблемите, и уште повеќе не смее да биде главна причина за хаос во градот!

Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика колапс во Скопје.

Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје!

Почитувани,

Владата мора да ја напушти монструозната креација, коалицијата на Ковачевски и Арсовска за бугарските бизнис и политички интереси.

Ничии интереси и провизии не смеат да остават цели семејства на возачите на автобуси без леб на маса, Скопје без нормален сообраќај, а жителите со ограничено движење!

Нема одговор за набавката на бугарските автобуси кои според нашите сознанија го турка коалицијата Тачела.

Бараме владата да и ги одземе ингеренциите на Данела Арсовска за јавниот превоз, но и да го реши проблемот со исплатата на долгот од еден и пол милион евра, да ги обештети приватните превозници коишто протестираат и тие да се вратат на дејноста.

Со одземањето на ингеренциите, бараме да се провери и можната улога на Драги Митковски во управувањето со ЈСП, како и ревизија на договорот за набавка на гориво за ЈСП со невообичаени високи цени, склучен со фирма на пратеник од владејачкото мнозинство.

Почитувани,

Скопје не може да издржи уште еден неспособен и криминоген градоначалник!

https://www.youtube.com/watch?v=nv0PiBjeXAg

The post Стоилковски: Извор на хаосот во Скопје е коалицијата Тачела, одземање на ингеренциите и оставка на Арсовска е единствен спас за Скопје! appeared first on Република.