Данела Арсовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danela-arsovska/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 19:08:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Данела Арсовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/danela-arsovska/ 32 32 Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-donese-zakluchok-i-ja-zadolzhi-arsovska-da-dostavi-izmeni-na-odlukata-za-vrednosta-na-nadomestokot-vo-liniskiot-prevoz-na-patnitsi/ Fri, 29 Nov 2024 19:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=843225

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото.

Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.

Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.

Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.

Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.

По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.

Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.

Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.

Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.

Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.

Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.

Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.

Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.

Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.

Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.

Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.

Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.

Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците.

Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје.

По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен.

Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз. Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.
Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.
Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.
Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.
По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.
Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.
Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.
Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.
Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.
Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.
Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.
Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.
Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.
Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.
Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.
Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците. Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје. По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен. Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>
Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dhabe-i-e-toa-shto-na-zajdisontse-na-nejziniot-mandat-arsovska-se-obiduva-da-glumi-krotko-jagne/ Fri, 29 Nov 2024 07:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=842963

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.

За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.

Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне.

Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

The post Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне appeared first on Република.

]]>

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.
За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен. Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска. Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне. Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

The post Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне appeared first on Република.

]]>
Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-arsovska-e-na-poteg-privatnite-prevoznitsi-baraat-zgolemuvane-na-tsenata-na-uslugi-preku-chlen-vo-sovetot-na-grad-skopje/ Wed, 27 Nov 2024 19:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=842499

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.

Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

The post Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.
Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата. Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

The post Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената на услуги преку член во Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Сакајќи да се прикаже како жртва, Арсовска ги жртвуваше граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sakajki-da-se-prikazhe-kako-zhrtva-arsovska-gi-zhrtvuvashe-graganite/ Wed, 27 Nov 2024 19:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=842488

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, смета дека скопската градоначалничка, Данела Арсовска, сакајќи да се претстави како жртва, направила жртва од граѓаните. Вели до неа не допира ништо и нема чувство за одговорност за ништо. Медиумите немаат пристап до информации во Град Скопје.

Не би рекол дека предуслов е сите да бидеме од иста политичка гарнитура за да функционира системот. Низ годиниве се покажа дека не е така. Ние сега имаме прикажување на жртва. Арсовска сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира, не чувствува ни грам одговорност, за каква комуникација може да се зборува со човек кој што одбива да комуницира со сите, ниту со членовите на советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува сѐ. Повеќе од 24 месеци не беше појавена на ниту една седница, па како сакате кооперативност со советничките групи. Треба да покажеме широка визија, најнапред поради граѓаните - изјави министерот Перински во интервју за Алсат.

The post Сакајќи да се прикаже како жртва, Арсовска ги жртвуваше граѓаните appeared first on Република.

Данела Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-nema-povtorno-da-se-kandidira-za-gradonachalnik-na-skopje/ Tue, 26 Nov 2024 11:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=841876

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.

Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам, рече Арсовска.

Прашана дали со последните случувања со ЈСП е отпочната кампањата за локалните избори, Арсовска рече дека нема да навлегува во политичките агенди, но дека граѓаните се доволно патентни и ќе можат да проценат кои се оние кои можеле да го решат пробемот со јавниот превоз во изминатите три години.

Ако некој кажува дека овој проблем ќе го реши следната година по локланите избори, прашајте го затоа што не го решил досега. Затоа што Советот е оној којшто можел одлуката за набавка на нови автобуси да ја донесе пред три години. Зошто таква одлука не е донесена треба да ги прашате нив. Да можеше без одлука на Совет, Град Скопје да функциоонира и да можеше да направи јавна набавка, досега ќе беше направена, рече Арсовска.

The post Данела Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје appeared first on Република.

Данела Арсовска и Скопје кое веќе не смрди ни на мишка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-i-skopje-koe-veke-ne-smrdi-ni-na-mishka/ Sat, 23 Nov 2024 09:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=840994

На денешен ден 1994 година беше емитувана првата епизода на К-15. Првиот скеч почнува како дебатна емисија, на која експертите Тошо Малерот и Миле Паника одговараат на прашањето: Зошто Скопје смрди ко мишка? 

30 години подоцна, на Скопје му се случува нешто далеку полошо:

Данела Арсовска

За скопската градоначалничка во оваа „славна“ рубрика место има секоја недела. Бирајте од неисполнети ветувања, распад на институциите, незавршени проекти, па преку ѓубре и смрдеа, преку Зоолошка, Водовод, Комуналец, до арогнацијата кон граѓаните и соработниците и изживувањето врз вработените. Неделава, погодувате, тука е поради јавниот превоз.

Како од „бесплатен превоз“ стигнавме до никаков превоз?

Како од „модерно Скопје“ стигнавме до рурална Индија? 

Како од „менаџерка сум“ стигнавме до и она што работеше веќе да не работи? 

Арсовска ретко одговара на прашањата на новинарите (ретко им се појавува и на задолжителните седници на Совет на Град Скопје, па веќе не се ни вреѓаме). Ама кога конечно ќе одговори, тоа секогаш личи исто - некој друг е крив!

Така во овој, неделниов хаос со јавниот превоз (ги имаше многу и ние не може да ја дофатиме со архивирање), за Арсовска повторно виновнен е друг.

Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.

Во име на целата јавност, би прашале само - ШТО? 

Набавка, тендер, Регулаторна - што од овие зборови е битно за јавноста? Зошто било кој обичен човек, за кој за нормално функционирање на неговиот и и животот на неговите деца, како одење на работа, на училиште, излегување, му зависи од јавниот превоз - би требало да се занимава со овие работи?

Зошто било кој кому не е му е тоа работа би се занимавал со ова?

Зошто било кому би му било гајле со какви проблеми се соочува Арсовска?

Па, тоа ви е работа, градоначалничке! Менаџирајте!

Не ја замарајте јавноста. И сама може да види колку смрди мишката. Секој ден го живее тоа.

Проблемот со превозот и овојпат се среди. Арсовска повторно потрча за помош кај, како што ја нарече, „секташко менталната Влада“. Владата повторно излезе пресрет. Нафтата е набавена, а Арсовска дури и рече „Благодарам“.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, синоќа од Белград најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.

https://republika.mk/vesti/skopje/vladata-najavi-mozhnost-za-nabavka-na-novi-elektrichni-avtobusi-za-odrzhliv-i-stabilen-javen-gradski-prevoz/

Затоа што, како што веќе (со право) реагираа граѓаните од останатиот дел од земјата - не е само Скопје Македонија. Не може за скопските проблеми, голем дел создадени токму од неспособната „мајка на градот“ да се трошат народни пари. Не може покрај оние 500 илјади, заложници на една личност да се сите граѓани на Македонија.

https://republika.mk/vesti/skopje/500-iljadi-zalozhnitsi-na-edna-lichnost-danela-arsovska-graganski-protest-pred-grad-skopje/

The post Данела Арсовска и Скопје кое веќе не смрди ни на мишка appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 1994 година беше емитувана првата епизода на К-15. Првиот скеч почнува како дебатна емисија, на која експертите Тошо Малерот и Миле Паника одговараат на прашањето: Зошто Скопје смрди ко мишка?  30 години подоцна, на Скопје му се случува нешто далеку полошо:

Данела Арсовска

За скопската градоначалничка во оваа „славна“ рубрика место има секоја недела. Бирајте од неисполнети ветувања, распад на институциите, незавршени проекти, па преку ѓубре и смрдеа, преку Зоолошка, Водовод, Комуналец, до арогнацијата кон граѓаните и соработниците и изживувањето врз вработените. Неделава, погодувате, тука е поради јавниот превоз. Како од „бесплатен превоз“ стигнавме до никаков превоз? Како од „модерно Скопје“ стигнавме до рурална Индија?  Како од „менаџерка сум“ стигнавме до и она што работеше веќе да не работи?  Арсовска ретко одговара на прашањата на новинарите (ретко им се појавува и на задолжителните седници на Совет на Град Скопје, па веќе не се ни вреѓаме). Ама кога конечно ќе одговори, тоа секогаш личи исто - некој друг е крив! Така во овој, неделниов хаос со јавниот превоз (ги имаше многу и ние не може да ја дофатиме со архивирање), за Арсовска повторно виновнен е друг.
Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).   Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.
Во име на целата јавност, би прашале само - ШТО?  Набавка, тендер, Регулаторна - што од овие зборови е битно за јавноста? Зошто било кој обичен човек, за кој за нормално функционирање на неговиот и и животот на неговите деца, како одење на работа, на училиште, излегување, му зависи од јавниот превоз - би требало да се занимава со овие работи? Зошто било кој кому не е му е тоа работа би се занимавал со ова? Зошто било кому би му било гајле со какви проблеми се соочува Арсовска? Па, тоа ви е работа, градоначалничке! Менаџирајте! Не ја замарајте јавноста. И сама може да види колку смрди мишката. Секој ден го живее тоа. Проблемот со превозот и овојпат се среди. Арсовска повторно потрча за помош кај, како што ја нарече, „секташко менталната Влада“. Владата повторно излезе пресрет. Нафтата е набавена, а Арсовска дури и рече „Благодарам“. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/ Премиерот Христијан Мицкоски, пак, синоќа од Белград најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз. https://republika.mk/vesti/skopje/vladata-najavi-mozhnost-za-nabavka-na-novi-elektrichni-avtobusi-za-odrzhliv-i-stabilen-javen-gradski-prevoz/ Затоа што, како што веќе (со право) реагираа граѓаните од останатиот дел од земјата - не е само Скопје Македонија. Не може за скопските проблеми, голем дел создадени токму од неспособната „мајка на градот“ да се трошат народни пари. Не може покрај оние 500 илјади, заложници на една личност да се сите граѓани на Македонија. https://republika.mk/vesti/skopje/500-iljadi-zalozhnitsi-na-edna-lichnost-danela-arsovska-graganski-protest-pred-grad-skopje/

The post Данела Арсовска и Скопје кое веќе не смрди ни на мишка appeared first on Република.

]]>
„500 илјади заложници на една личност – Данела Арсовска“: Граѓански протест пред Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/500-iljadi-zalozhnitsi-na-edna-lichnost-danela-arsovska-graganski-protest-pred-grad-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 14:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=840877

На протест што денеска се одржа пред канцелариите на Град Скопје, жители на Шуто Оризари, средношколци и студенти го изразија своето незадоволство во однос на состојбата со јавниот превоз. Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, потенцираше дека оваа Општина е оставена без јавен превоз, додека студентите и средношколците испратија апел да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии.

Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека граѓаните на Шуто Оризари 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Според него, расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е 40 000 граѓани две години да немаат јавен превоз.

Вчера рековте неумесно е граѓаните на градот Скопје да останат еден ден без јавен превоз, поради немање на нафта. Според вас, која е замената за зборот неумесно за граѓаните на Општина Шуто Оризари, кои 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Јас би рекол, зборот е расистички. Расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е да оставиме 40.000 граѓани, две години без јавен превоз. Прашајте ги шоферите од линијата 61, која поминува покрај Општина Шуто Оризари. На три километри од почетот на Општината, колку години и колку граѓани ја користат оваа линија како алтернативен превоз, рече Дудуш.

Тој подвлече дека денеска повторно во Шуто Оризари нема автобуси, а напомена и дека во оваа Општина не се собира редовно смет од домаќинствата.

Ние татковците, мајките на ученици кои секојдневно доцнат поради немање јавен превоз, ние професорите, воспитувачите на деца од Општина Шуто Оризари, кои секојдневно доцниме или не се појавуваме на работа поради немање на јавен превоз. Ние мажите и жените кои добивме откази од работа, поради секојдневно доцнење поради немање јавен превоз. Ние постарите лица кои не стигнуваме на време на закажаните термини во болниците и со загрозуваме здравјето, додаде градоначалникот.

Тој побара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да постапи по возниот ред, објавен на страната на ЈСП и од утре да возат автобуси по улиците на Општина Шуто Оризари.

Итно да се ревидира одлуката на ЈСП и градот, во која се наложува во Шуто Оризари да возат над 90 отсто од приватни превозници. Итно да си ги подмирите долговите кон приватните превозници и да им овозможите услови да продолжат да возат во Шуто Оризари. Итно да пуштите нови автобуси да возат во Општина Шуто Оризари. Итно да се обезбедат услови за редовно собирање на смет од домаќинствата во Општина Шуто Оризари и на дивите депони. Да обезбедите одржливост на донесените одлуки и да не се доведете во ситуација пак да ви дојдеме со истите барања после еден месец, рече Дудуш.

Претседателот на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски на протестот изјави дека од спроведената анкета на над 3500 студенти, 85 отсто од студентите во последниве две недели чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65 отсто повеќе од 20 минути.

Дополнително, како што рече, 95 отсто од студентите не се задоволни со услугите коишто ги нуди Градот Скопје во однос на јавниот градски превоз.

Универзитеското студентско собрание се приклучи на овој протест, поради тоа што сметаме дека од лични интереси, партиски или политички препукувања студентите и средношколците не смеат да трпат товар. Затоа, бараме да престане злопупотребата и паѓањето на благосостојбата на студентите и срендошколците во текот на колоквиумската испитна сесија, рече Николовски.

Секретарката на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Адела Асани, на протестот испрати апел да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии.

Апелираме да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии. Да почнат и да се завршат сите инфраструктурни ветувања, да се вложи и да се поддржат алтернативни опции на превоз. Да се изгради градска железница, како и пруга до аеродормот во Скопје и исто така, да се заврши проектот за „бас рапид транспорт“, изјави Асани.

Берин Мухамед од Сојузот на средношколци, пак, укажа дека на секој час може да се забележи дека половина од класот е празен поради немање на јавниот превоз.

Веќе две години средношколците се залагаат јавниот скопски превоз да биде фер за сите средношколци. Во декември во 2023 година, од страна на Уставен суд беше донесена одлука дека скопсккот превоз треба да биде бесплатен за сите ученции. Во септември, оваа одлука на Уставниот суд не беше испочитувана од страна на градот Скопје. Учениците не можат да бидат присутни на часот, и не смееме да отсуствуваме од часови, додаде Мухамед.

Студентката Мерсина Даминова изјави дека десет отворени предмети, заверени во архивата во Скопје со над 1000 потписи, се однесени до Градот Скопје, до Владата и до локалната самоуправа, при што се укажува на итноста од решавање на овој проблем.

Отворени се десет предмети кои се заверени во архивата во Скопје со над 1000 потписи, со што се укажува на итноста од решавање на овој проблем, којшто трае веќе со години. Доволно тапкаме во место, да продолжиме напред, рече Даминова.

На новинарско прашање до градоначалникот Дудуш, дали е во комуникација со градоначалничката Данела Арсовска, тој одговори дека таа е недостапна.

Едноставно, градоначалничката е недостапна. Верувам дека не комуницира со ниеден градоначалник во Скопје. Имаме комуникација преку секретар на градот Скопје, но лична комуникација немаме, рече Дудуш.

Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

The post „500 илјади заложници на една личност – Данела Арсовска“: Граѓански протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

На протест што денеска се одржа пред канцелариите на Град Скопје, жители на Шуто Оризари, средношколци и студенти го изразија своето незадоволство во однос на состојбата со јавниот превоз. Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, потенцираше дека оваа Општина е оставена без јавен превоз, додека студентите и средношколците испратија апел да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии. Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека граѓаните на Шуто Оризари 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Според него, расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е 40 000 граѓани две години да немаат јавен превоз.
Вчера рековте неумесно е граѓаните на градот Скопје да останат еден ден без јавен превоз, поради немање на нафта. Според вас, која е замената за зборот неумесно за граѓаните на Општина Шуто Оризари, кои 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Јас би рекол, зборот е расистички. Расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е да оставиме 40.000 граѓани, две години без јавен превоз. Прашајте ги шоферите од линијата 61, која поминува покрај Општина Шуто Оризари. На три километри од почетот на Општината, колку години и колку граѓани ја користат оваа линија како алтернативен превоз, рече Дудуш.
Тој подвлече дека денеска повторно во Шуто Оризари нема автобуси, а напомена и дека во оваа Општина не се собира редовно смет од домаќинствата.
Ние татковците, мајките на ученици кои секојдневно доцнат поради немање јавен превоз, ние професорите, воспитувачите на деца од Општина Шуто Оризари, кои секојдневно доцниме или не се појавуваме на работа поради немање на јавен превоз. Ние мажите и жените кои добивме откази од работа, поради секојдневно доцнење поради немање јавен превоз. Ние постарите лица кои не стигнуваме на време на закажаните термини во болниците и со загрозуваме здравјето, додаде градоначалникот.
Тој побара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да постапи по возниот ред, објавен на страната на ЈСП и од утре да возат автобуси по улиците на Општина Шуто Оризари.
Итно да се ревидира одлуката на ЈСП и градот, во која се наложува во Шуто Оризари да возат над 90 отсто од приватни превозници. Итно да си ги подмирите долговите кон приватните превозници и да им овозможите услови да продолжат да возат во Шуто Оризари. Итно да пуштите нови автобуси да возат во Општина Шуто Оризари. Итно да се обезбедат услови за редовно собирање на смет од домаќинствата во Општина Шуто Оризари и на дивите депони. Да обезбедите одржливост на донесените одлуки и да не се доведете во ситуација пак да ви дојдеме со истите барања после еден месец, рече Дудуш.
Претседателот на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски на протестот изјави дека од спроведената анкета на над 3500 студенти, 85 отсто од студентите во последниве две недели чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65 отсто повеќе од 20 минути. Дополнително, како што рече, 95 отсто од студентите не се задоволни со услугите коишто ги нуди Градот Скопје во однос на јавниот градски превоз.
Универзитеското студентско собрание се приклучи на овој протест, поради тоа што сметаме дека од лични интереси, партиски или политички препукувања студентите и средношколците не смеат да трпат товар. Затоа, бараме да престане злопупотребата и паѓањето на благосостојбата на студентите и срендошколците во текот на колоквиумската испитна сесија, рече Николовски.
Секретарката на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Адела Асани, на протестот испрати апел да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии.
Апелираме да се набават нови автобуси и да се пуштат нови автобуски линии. Да почнат и да се завршат сите инфраструктурни ветувања, да се вложи и да се поддржат алтернативни опции на превоз. Да се изгради градска железница, како и пруга до аеродормот во Скопје и исто така, да се заврши проектот за „бас рапид транспорт“, изјави Асани.
Берин Мухамед од Сојузот на средношколци, пак, укажа дека на секој час може да се забележи дека половина од класот е празен поради немање на јавниот превоз.
Веќе две години средношколците се залагаат јавниот скопски превоз да биде фер за сите средношколци. Во декември во 2023 година, од страна на Уставен суд беше донесена одлука дека скопсккот превоз треба да биде бесплатен за сите ученции. Во септември, оваа одлука на Уставниот суд не беше испочитувана од страна на градот Скопје. Учениците не можат да бидат присутни на часот, и не смееме да отсуствуваме од часови, додаде Мухамед.
Студентката Мерсина Даминова изјави дека десет отворени предмети, заверени во архивата во Скопје со над 1000 потписи, се однесени до Градот Скопје, до Владата и до локалната самоуправа, при што се укажува на итноста од решавање на овој проблем.
Отворени се десет предмети кои се заверени во архивата во Скопје со над 1000 потписи, со што се укажува на итноста од решавање на овој проблем, којшто трае веќе со години. Доволно тапкаме во место, да продолжиме напред, рече Даминова.
На новинарско прашање до градоначалникот Дудуш, дали е во комуникација со градоначалничката Данела Арсовска, тој одговори дека таа е недостапна.
Едноставно, градоначалничката е недостапна. Верувам дека не комуницира со ниеден градоначалник во Скопје. Имаме комуникација преку секретар на градот Скопје, но лична комуникација немаме, рече Дудуш.
Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

The post „500 илјади заложници на една личност – Данела Арсовска“: Граѓански протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Aрсовска се појави на седницата на Град Скопје, се заблагодари за решениот проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/ Thu, 21 Nov 2024 18:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=840543

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта. На седницата беше најавено дека по интервенцијата на Владата со нафта од државните резерви за седум дена, утре изутрина ќе биде нормализиран автобускиот превоз во град Скопје.

Да истакнам една благодарност не само од мое име туку и од име на градот Скопје и од граѓаните на градот Скопје затоа што утре ќе можат да си стигнат на своите работни места сите оние коишто се движат со јавен превоз и учениците ќе можат да стигнат на училиште. Едновремено би сакала да апелирам до сите вас да се следи овој позитивен пример затоа што доколку е дојден моментот да покажеме пред граѓаните дека сме способни да направиме исчекор и консензус да имаме за прашања коишто се од клучно значење за нивниот интерес тоа можеме да го направиме и повторно со тоа што на следната седница ќе се гласаат сите оние работи коишто навистина се неопходни за нив, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска пред советниците.

За кризата во ЈСП, Арсовска вели дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои.

Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.

Таа посочи дека денеска во рекордно време од Бирото за јавни набавки успеале да добијат одобрение за директна спогодба за да може ЈСП во вакви услови да испреговара и да се снабди со овој енергенс.

Успеавме од страна на Владата во разговор со претседателот на Владата да добиеме ветување и тоа ветување тој го исполни да ја добиеме потребната количина на горива, односно на нафтени деривати коишто ќе бидат сосема доволни за претпријатието до моментот додека не се склучи новиот договор за да може ЈСП да функционира во нормални услови како што требаше и во изминатите денови, рече Арсовска.

На седницата зборуваат и советниците од Советот на Градот Скопје, кои изнесуваат свои предлози за излез од ситуацијата со автобускиот превоз во која се најде главниот град.

The post Aрсовска се појави на седницата на Град Скопје, се заблагодари за решениот проблем appeared first on Република.

Се јави и Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-javi-i-arsovska/ Thu, 21 Nov 2024 16:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=840474

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.

Арсовска забележува дека директорката на Бирото за јавни набавки ја донела сега одлуката за поништување на набавката и тоа што имала замерка е што само една комапнија дала понуда.

Има замерка на тоа дека една компанија дала понуда, што е нормално, сите ги гледаат притисоците, ретко кој се охрабрува во претпријатие што е таков загубар да го снабдува со енергенс, и кога веќе се осмелил сметам дека е не само политички и неумесно, туку и штетно да се прават сега такви работи, вели Арсовска.

Ситуацијата со автобусите е таква поради опструкциите кои, како што вели, постојано и ги прави советот чие мнозинство е од редовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопската градоначалничка Арсовска во интервјуто обвини дека мнозинството во Советот на Град Скопје одбива да ја гласа иницијативата за набавка на нови автобуси која досега се најде на дневен ред на 25 седници на Советот, но не доби поддршка. Според неа, тоа е така бидејќи до сега биле навикнати на носење тендери во четири очи.

Во меѓувреме, веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат само по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие. Граѓаните со часови чекаат автобус, работници доцнат на работа, ученици на училиште, студенти на предавања.

Предмалку Владата на вонредна седница донесе одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата.

https://republika.mk/vesti/skopje/gotovo-e-vladata-odluchi-so-nafta-od-drzhavnite-rezervi-da-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/

The post Се јави и Арсовска appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма.
Арсовска забележува дека директорката на Бирото за јавни набавки ја донела сега одлуката за поништување на набавката и тоа што имала замерка е што само една комапнија дала понуда.
Има замерка на тоа дека една компанија дала понуда, што е нормално, сите ги гледаат притисоците, ретко кој се охрабрува во претпријатие што е таков загубар да го снабдува со енергенс, и кога веќе се осмелил сметам дека е не само политички и неумесно, туку и штетно да се прават сега такви работи, вели Арсовска.
Ситуацијата со автобусите е таква поради опструкциите кои, како што вели, постојано и ги прави советот чие мнозинство е од редовите на власта и на ВМРО-ДПМНЕ. Скопската градоначалничка Арсовска во интервјуто обвини дека мнозинството во Советот на Град Скопје одбива да ја гласа иницијативата за набавка на нови автобуси која досега се најде на дневен ред на 25 седници на Советот, но не доби поддршка. Според неа, тоа е така бидејќи до сега биле навикнати на носење тендери во четири очи. Во меѓувреме, веќе втор ден на улиците на Градот Скопје сообраќаат само по триесетина автобуси на градското сообраќајно претпријатие. Граѓаните со часови чекаат автобус, работници доцнат на работа, ученици на училиште, студенти на предавања. Предмалку Владата на вонредна седница донесе одлука со која ќе се овоможи на градот Скопје да му се позајмат дел од нафтените резерви на државата. https://republika.mk/vesti/skopje/gotovo-e-vladata-odluchi-so-nafta-od-drzhavnite-rezervi-da-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/

The post Се јави и Арсовска appeared first on Република.

]]>
Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shuto-orizari-gi-povikuva-site-gragani-vo-petok-na-golem-senaroden-protest-pred-grad-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 13:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=839943

Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на  Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.

Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот.

ДЕН: ПЕТОК 22.11.2024 ГОДИНА

СТАРТ: ПАРК КАЈ АМДИ ПАШИНА ЏАМИЈА ВО 13:00 ЧАСОТ (СО ПРЕВОЗ)

СОБИРНА ТОЧКА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: 14:00 (КАЛЕ ВОДОВОД)

СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ, СТУДЕНТИ, РАБОТНИЦИ И ПЕНЗИОНЕРИ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ КОЈ ВО МОМЕНТОВ НИ Е КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДА НИ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОЈ ДВЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ!

The post Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на Општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на  Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.
Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, се вели во повикот.
ДЕН: ПЕТОК 22.11.2024 ГОДИНА СТАРТ: ПАРК КАЈ АМДИ ПАШИНА ЏАМИЈА ВО 13:00 ЧАСОТ (СО ПРЕВОЗ) СОБИРНА ТОЧКА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: 14:00 (КАЛЕ ВОДОВОД) СЕ ПОВИКУВААТ СИТЕ ЗАСЕГНАТИ ГРАЃАНИ, УЧЕНИЦИ, СТУДЕНТИ, РАБОТНИЦИ И ПЕНЗИОНЕРИ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРОТЕСТОТ КОЈ ВО МОМЕНТОВ НИ Е КРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДА НИ СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КОЈ ДВЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕМЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ И ГРАДОТ СКОПЈЕ!  

The post Шуто Оризари ги повикува сите граѓани во петок на голем сенароден протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/namesto-besplaten-javen-prevoz-vo-skopje-skopje-bez-javen-prevoz-kade-e-modernoto-skopje-na-danela/ Mon, 18 Nov 2024 13:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=839203

Премрзните на ниските утрински температури, скопјани наместо во автобус останаа на постројките.  Од бесплатен јавен превоз во Скопје дојдовме на Скопје без јавен превоз. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус.

Неофицијано, ЈСП е без нафта.  Наводно, претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сѐ уште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.

Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП. овеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази велат од Независниот синдикат на претпријатието.

Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но денеска поинаква ситуација на терен. Автобуси нема! Собраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато, ветуваше Данела, а добивме уште поголем хаос!

Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени.
Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на nedelnikrepublika@gmail.com, ние ќе го споделиме со целата јавност.

М.М/Б.Б. 

The post Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>

Премрзните на ниските утрински температури, скопјани наместо во автобус останаа на постројките.  Од бесплатен јавен превоз во Скопје дојдовме на Скопје без јавен превоз. Граѓаните утринава чекале повеќе од 40 минути за автобус. Неофицијано, ЈСП е без нафта.  Наводно, претпријатието кое има проблем со автобуси и има долгови сѐ уште не набавило нафта. Од синдикатот не знаат што се случува, велат ова е голем срам за градот.
Немањето нафта е причина за колапсот во ЈСП. овеќе од три месеци се соочуваат со недостаток на нафта, но ситуацијата ескалираше вчера кога воопшто не беше испорачана нафта во двете автобази велат од Независниот синдикат на претпријатието.
Ноќеска, пред полноќ, до медиумите стигна кусо известување од Град Скопје, во кое велат дека и покрај некакви притисоци, ЈСП ќе вози во полн капацитет. Но денеска поинаква ситуација на терен. Автобуси нема! Собраќајниот хаос во Скопје ќе биде минато, ветуваше Данела, а добивме уште поголем хаос! Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени. Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на nedelnikrepublika@gmail.com, ние ќе го споделиме со целата јавност.
М.М/Б.Б. 

The post Наместо бесплатен јавен превоз во Скопје, Скопје без јавен превоз – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>
Крстосница на неколку нивоа кај Мавровка, чист воздух, бесплатен превоз во еко автобуси – Каде е модерното Скопје на Данела?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/krstosnitsa-na-nekolku-nivoa-kaj-mavrovka-chist-vozduh-besplaten-prevoz-vo-eko-avtobusi-kade-e-modernoto-skopje-na-danela/ Wed, 13 Nov 2024 12:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=837145

Зошто се кандидирам за градоначалник на Скопје? Затоа што доволно го гледавме сивилото на градот и појаснувањето на одговорните дека треба време нешто да се преземе. Градот тоне во нечистотија, загаден воздух, урбанистички хаос, неорганизиран систем за јавен транспорт. За мене ова не претставува недостаток на време, туку недостаток на одговорност и квалитетно менаџирање. На Скопје му недостига систем, на Скопје му недостигаат брзи и ефикасни решенија. Доста ни е од чекање, доста ни е од континуирани изговори, време е да почнеме заеднички да ги решаваме проблемите. За мене не е проект реконструкција на улица, тоа е обврска на градоначалникот. За мене не е проект поставување на осветлување, тоа е обврска на градоначалникот. За мене проекти се суштински измени во градот што ќе им овозможат поквалитетен и подобар живот на скопјани.

Не сакам да живееме со убави спомени за Скопје, сакам заеднички да создаваме нови убави спомени за нас и идните генерации - се заколна пред своите граѓани Данела Арсовска пред нешто повеќе од три години.

На овој голем ден за Скопје, 13 Ноември, се запрашавме што градот и скопјани добија од „модерното“ на Данела после три години удобна фотелја? 

Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени.
Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на nedelnikrepublika@gmail.com, ние ќе го споделиме со целата јавност.

Автори: М.М/ Б.Б.

The post Крстосница на неколку нивоа кај Мавровка, чист воздух, бесплатен превоз во еко автобуси – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>

Зошто се кандидирам за градоначалник на Скопје? Затоа што доволно го гледавме сивилото на градот и појаснувањето на одговорните дека треба време нешто да се преземе. Градот тоне во нечистотија, загаден воздух, урбанистички хаос, неорганизиран систем за јавен транспорт. За мене ова не претставува недостаток на време, туку недостаток на одговорност и квалитетно менаџирање. На Скопје му недостига систем, на Скопје му недостигаат брзи и ефикасни решенија. Доста ни е од чекање, доста ни е од континуирани изговори, време е да почнеме заеднички да ги решаваме проблемите. За мене не е проект реконструкција на улица, тоа е обврска на градоначалникот. За мене не е проект поставување на осветлување, тоа е обврска на градоначалникот. За мене проекти се суштински измени во градот што ќе им овозможат поквалитетен и подобар живот на скопјани. Не сакам да живееме со убави спомени за Скопје, сакам заеднички да создаваме нови убави спомени за нас и идните генерации - се заколна пред своите граѓани Данела Арсовска пред нешто повеќе од три години. На овој голем ден за Скопје, 13 Ноември, се запрашавме што градот и скопјани добија од „модерното“ на Данела после три години удобна фотелја?  Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени. Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на nedelnikrepublika@gmail.com, ние ќе го споделиме со целата јавност.
Автори: М.М/ Б.Б.

The post Крстосница на неколку нивоа кај Мавровка, чист воздух, бесплатен превоз во еко автобуси – Каде е модерното Скопје на Данела?! appeared first on Република.

]]>
Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/georgiev-jas-denar-ne-bi-mu-dal-na-grad-skopje-i-na-ovaa-gradonachalnichka/ Fri, 18 Oct 2024 10:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=828451

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите од кредитот од Унгарија за општините, и посебно тоа што Владата не додели пари за ниту еден проект на Град Скопје, кој е меѓу само четири локални самоуправи што годинава нема да добијат дел од 65 милиони евра.

Георгиев вели дека е исправна одлуката да не се финансираат проекти во Град Скопје.

„Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи. Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал нја следниот градоначалник“, рече Георгиев.

The post Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите од кредитот од Унгарија за општините, и посебно тоа што Владата не додели пари за ниту еден проект на Град Скопје, кој е меѓу само четири локални самоуправи што годинава нема да добијат дел од 65 милиони евра. Георгиев вели дека е исправна одлуката да не се финансираат проекти во Град Скопје.
„Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка. Затоа што ситуацијата во градот е очајна, и не верувам дека ќе се поправи. Дури парите би ги тргнал на страна и би чекал следни избори и би му ги дал нја следниот градоначалник“, рече Георгиев.

The post Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-gostivar-ponudi-pomosh-na-arsovska-vo-matematika-i-izrabotka-na-proekti/ Fri, 18 Oct 2024 09:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=828403

И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно, соопштија од Општина Гостивар.

Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?

Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.

Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите.

Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа, порачаа од општината.

The post Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти appeared first on Република.

]]>

И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно, соопштија од Општина Гостивар. Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија? Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле. Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите. Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа, порачаа од општината.  

The post Општина Гостивар ѝ понуди помош на Арсовска во математика и изработка на проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, ѝ беа доделени 10 милиони евра за изградба на булевар кој не е почнат и за кој нема потрошено фенинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-arsovska-nema-kapatsitet-da-realizira-kapitalni-proekti-bea-dodeleni-10-milioni-evra-za-izgradba-na-bulevar-koj-ne-e-pochnat-i-za-koj-nema-potrosheno-fening/ Thu, 17 Oct 2024 18:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=828211

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на булеварот „Хасан Приштина“.

Мицкоски потенцира дека иако веќе 2 години на сметката на Град Скопје лежат префрлени 10 милиони евра, не е потрошен ниту фенинг од тие средства.

Е, сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е булеварот „Хасан Приштина“, кој не само што не е почнат две години туку и фенинг не е потрошен.

До мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства, па се бараат градежни фирми кои ќе го изведуваат, но има институции што се занимаваат со тоа.

Кога ќе видите дека 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка на Градот, а не инвестирал ниту фенинг, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто да не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто што им е потребно за граѓаните во некои општини кои се поподготвени, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, ѝ беа доделени 10 милиони евра за изградба на булевар кој не е почнат и за кој нема потрошено фенинг appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на булеварот „Хасан Приштина“. Мицкоски потенцира дека иако веќе 2 години на сметката на Град Скопје лежат префрлени 10 милиони евра, не е потрошен ниту фенинг од тие средства.
Е, сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е булеварот „Хасан Приштина“, кој не само што не е почнат две години туку и фенинг не е потрошен. До мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства, па се бараат градежни фирми кои ќе го изведуваат, но има институции што се занимаваат со тоа. Кога ќе видите дека 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка на Градот, а не инвестирал ниту фенинг, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто да не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто што им е потребно за граѓаните во некои општини кои се поподготвени, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, ѝ беа доделени 10 милиони евра за изградба на булевар кој не е почнат и за кој нема потрошено фенинг appeared first on Република.

]]>
Арсовска го обвини Мицкоски поради неизгласувањето на 250 еко-автобуси https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-go-obvini-mitskoski-poradi-neizglasuvaneto-na-250-eko-avtobusi/ Fri, 27 Sep 2024 08:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=820075

Градоначалничката Данела Арсовска го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски оти вчера на седница на Советот на Град Скопје останаа неизгласани 250 еко-автобуси кои според градоначалничката му се неопходни на градот.

-23 месеци по ред Мицкоски иако вети, сепак не дозволи неговите советници да гласаат за нови еко автобуси, а денес не дозволи ниту да гласаат за пожарникари, во период кога Скопје и Македонија се соочени со најголема опасност од пожари во последните неколку децении.

ВМРО-ДПМНЕ повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје, објави Арсовска.

Според неа, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови еко автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани.

-Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано им нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист, порача градската мајка.

Арсовска вчера не се појави на седницата на советнички прашања.

ЈСП Скопје во јануари годинава доби субвенции од Градот во висина од 11 милиони евра. Беа доделени 140 милиони денари за да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.

Во Скопје владее хаос со јавниот превоз. Граѓаните чекаат автобуси по еден час. Кога ќе дојде автобус тој е преполн и не може да се качат сите патници.

Арсовска победи на локалните избори во 2021 година како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш заедно со Мицкоски ветуваа набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен превоз за сите граѓани.

The post Арсовска го обвини Мицкоски поради неизгласувањето на 250 еко-автобуси appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Данела Арсовска го критикуваше премиерот Христијан Мицкоски оти вчера на седница на Советот на Град Скопје останаа неизгласани 250 еко-автобуси кои според градоначалничката му се неопходни на градот.
-23 месеци по ред Мицкоски иако вети, сепак не дозволи неговите советници да гласаат за нови еко автобуси, а денес не дозволи ниту да гласаат за пожарникари, во период кога Скопје и Македонија се соочени со најголема опасност од пожари во последните неколку децении.
ВМРО-ДПМНЕ повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје, објави Арсовска. Според неа, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови еко автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани.
-Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано им нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист, порача градската мајка.
Арсовска вчера не се појави на седницата на советнички прашања. ЈСП Скопје во јануари годинава доби субвенции од Градот во висина од 11 милиони евра. Беа доделени 140 милиони денари за да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето или да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот. Во Скопје владее хаос со јавниот превоз. Граѓаните чекаат автобуси по еден час. Кога ќе дојде автобус тој е преполн и не може да се качат сите патници. Арсовска победи на локалните избори во 2021 година како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш заедно со Мицкоски ветуваа набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен превоз за сите граѓани.

The post Арсовска го обвини Мицкоски поради неизгласувањето на 250 еко-автобуси appeared first on Република.

]]>
Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, успеа да го собори сопствениот рекорд https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/danela-arsovska-e-vremenska-nepogoda-za-skopje-uspea-da-go-sobori-sopstveniot-rekord/ Thu, 26 Sep 2024 12:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=819901

Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд, велат во соопштение од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања. Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре. Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со неа.

Скопје можеби нема метро, но очигледно има видлив неспособен градоначалник. Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, колку побрзо си замине, толку побрзо Скопје ќе тргне напред, стои во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, успеа да го собори сопствениот рекорд appeared first on Република.

]]>

Данела Арсовска успеа да го собори сопствениот рекорд, велат во соопштение од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања. Данела Арсовска нема одговори зошто Скопје колабира, зошто јавниот превоз е пред колапс и зошто Скопје се дави во ѓубре. Арсовска бега од народните претставници, советниците, затоа што нема одговор зошто Скопје наместо да напредува се уназади со неа. Скопје можеби нема метро, но очигледно има видлив неспособен градоначалник. Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, колку побрзо си замине, толку побрзо Скопје ќе тргне напред, стои во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Данела Арсовска е временска непогода за Скопје, успеа да го собори сопствениот рекорд appeared first on Република.

]]>
Градоначалничката Арсовска повторно не се појави на советнички прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnichkata-arsovska-povtorno-ne-se-pojavi-na-sovetnichki-prashana/ Thu, 26 Sep 2024 11:18:11 +0000 https://republika.mk/?p=819842

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот.

Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи.

„Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве охрабрувам сепак да поставувате советнички прашања во писмена форма, за што имате право, до градоначалничката, секретарот и до сите служби и да да барате одговори. Се надевам дека во скоро време Арсовска ќе се појави за да имаме седница за советнички прашања“, рече Славески.

Претходно и советниците од СДСМ се откажаа од работата на денешната седница поради неприсуството на градоначаличката.

„Советничките прашања се седница каде се поставуваат прашања до градоначалникот. Ако тој не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, советничката од СДСМ, Љубица Јанчева

The post Градоначалничката Арсовска повторно не се појави на советнички прашања appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот. Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи.
„Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве охрабрувам сепак да поставувате советнички прашања во писмена форма, за што имате право, до градоначалничката, секретарот и до сите служби и да да барате одговори. Се надевам дека во скоро време Арсовска ќе се појави за да имаме седница за советнички прашања“, рече Славески.
Претходно и советниците од СДСМ се откажаа од работата на денешната седница поради неприсуството на градоначаличката.
„Советничките прашања се седница каде се поставуваат прашања до градоначалникот. Ако тој не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, советничката од СДСМ, Љубица Јанчева

The post Градоначалничката Арсовска повторно не се појави на советнички прашања appeared first on Република.

]]>
Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/avtobus-na-jsp-ne-mozhe-da-trgne-patnitsite-nagrnaa-na-vozachot/ Tue, 24 Sep 2024 10:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=819265

Продолжува сага со градскиот превоз во Скопје и состојбата на оние малку автобуси од ЈСП кои возат низ градот.

Во ново видео на социјалните мрежи, лути патници се расправаат со возач, кој им објаснува дека автобусот не е во ред и не може да го вози.

Во коментари корисниците на лутите патници им предлагаат оваа лутина да ја насочат каде што треба - пред канцеларијата на Данела Арсовска:

The post Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот appeared first on Република.

]]>

Продолжува сага со градскиот превоз во Скопје и состојбата на оние малку автобуси од ЈСП кои возат низ градот. Во ново видео на социјалните мрежи, лути патници се расправаат со возач, кој им објаснува дека автобусот не е во ред и не може да го вози. Во коментари корисниците на лутите патници им предлагаат оваа лутина да ја насочат каде што треба - пред канцеларијата на Данела Арсовска:

The post Автобус на ЈСП не може да тргне, патниците нагрнаа на возачот appeared first on Република.

]]>
Арсовска поднесе 20 проекти на владиниот повик: Предлози за автобуси, хигиена, обнова на улици… https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-podnese-20-proekti-na-vladiniot-povik-predlozi-za-avtobusi-higiena-obnova-na-ulitsi/ Wed, 11 Sep 2024 12:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=815379

Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа достави 20 проекти согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.

Поднесени се проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата, соопшти Градот.

Во областа сообраќај, Град Скопје поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, Град Скопје аплицираше за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила.

Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација.

Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицираше со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.

Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии, Град Скопје поднесе проект за LoRaWAN инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија на град Скопје“, наведе Градот во соопштение.

Оттаму велат дека се надеваат на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на Скопје.

The post Арсовска поднесе 20 проекти на владиниот повик: Предлози за автобуси, хигиена, обнова на улици… appeared first on Република.

]]>

Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа достави 20 проекти согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје. Поднесени се проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата, соопшти Градот. Во областа сообраќај, Град Скопје поднесе проекти за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, Град Скопје аплицираше за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила. Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација. Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднесе проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицираше со проекти за реконструкција на планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар. Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии, Град Скопје поднесе проект за LoRaWAN инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија на град Скопје“, наведе Градот во соопштение. Оттаму велат дека се надеваат на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на Скопје.

The post Арсовска поднесе 20 проекти на владиниот повик: Предлози за автобуси, хигиена, обнова на улици… appeared first on Република.

]]>