Далматинска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dalmatinska-vecher/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Jun 2023 12:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Далматинска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dalmatinska-vecher/ 32 32 Далматинска вечер во Битола за денот на државноста на Република Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dalmatinska-vecher-vo-bitola-za-denot-na-drzhavnosta-na-republika-hrvatska/ Sat, 03 Jun 2023 11:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=647390

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола го одбележуваат денот на државноста на Република Хрватска, 30 Мај. Годинава во Битола гостуваат далматинската машка клапа „Жрновница“ и Народен театар од Сињ чии актери ќе ја изведат претставата „Семејна идила“.

„Клапа „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Нашите гости учествувале на многу фестивали, одржале концерти во Хрватска и во странство, во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Словенија, Чешка, а вечер и во Битола. Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“ песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас“, истакна Неда Маретиќ, портпаролка на ХКЦ „Марко Марулиќ“ Битола.

Во програмата за одбележување на денот на хрватската државност, во Битола гостува и народниот театар од Сињ чии актери ќе ја изведат претставата „Семејна идила“.

Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година и од тогаш до денес, вклучувајќи ја и претставата што гостува во Битола, подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби. Овие бројки покажуваат дека овој театар е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска, и добитник на наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство, изјави Маретиќ.

Програмата со која ќе се одбележи денот на хрватската државност се изведува во битолскиот Офицерски дом.

The post Далматинска вечер во Битола за денот на државноста на Република Хрватска appeared first on Република.

]]>

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола го одбележуваат денот на државноста на Република Хрватска, 30 Мај. Годинава во Битола гостуваат далматинската машка клапа „Жрновница“ и Народен театар од Сињ чии актери ќе ја изведат претставата „Семејна идила“. „Клапа „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин. Нашите гости учествувале на многу фестивали, одржале концерти во Хрватска и во странство, во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Словенија, Чешка, а вечер и во Битола. Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“ песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас“, истакна Неда Маретиќ, портпаролка на ХКЦ „Марко Марулиќ“ Битола. Во програмата за одбележување на денот на хрватската државност, во Битола гостува и народниот театар од Сињ чии актери ќе ја изведат претставата „Семејна идила“.