Даљан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daljan/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Mar 2023 17:44:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даљан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daljan/ 32 32 Бесправно се гради на атрактивна локација во охридската населба Далјан https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bespravno-se-gradi-na-atraktivna-lokatsija-vo-ohridskata-naselba-daljan/ Fri, 10 Mar 2023 18:40:59 +0000 https://republika.mk/?p=618276

Спроведената инспекциска контрола на локација посочена од граѓани во Извидничкиот центар во охридската населба Далјан покажала дека се работи за дивоградба односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење.

Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по 47,5 метри квадратни, за кои не се издадени решенија за градба.

Согласно констатираната фактичка состојба односно градење без дозвола, ќе биде донесено решение за отстранување на петте плочи во тек на градба според член 134, став 1, алинеја 4 од Законот за градење.

За градежните активности на односната локација посочија и активистите на Граѓанската инцијатива „Охрид СОС“ од каде изразуваат уверување дека ќе биде постапено согласно заклучоците изнесени во записникот и она што е изградено ќе биде отстрането, а локацијата вратена во претходна состојба.

Бесправното градење и неконтролираната урбанизација на крајбрежјето на Охридското Езеро е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува регионот и е меѓу главните забелешки посочени во двата извештаи на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО.

The post Бесправно се гради на атрактивна локација во охридската населба Далјан appeared first on Република.

]]>

Спроведената инспекциска контрола на локација посочена од граѓани во Извидничкиот центар во охридската населба Далјан покажала дека се работи за дивоградба односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење. Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по 47,5 метри квадратни, за кои не се издадени решенија за градба. Согласно констатираната фактичка состојба односно градење без дозвола, ќе биде донесено решение за отстранување на петте плочи во тек на градба според член 134, став 1, алинеја 4 од Законот за градење. За градежните активности на односната локација посочија и активистите на Граѓанската инцијатива „Охрид СОС“ од каде изразуваат уверување дека ќе биде постапено согласно заклучоците изнесени во записникот и она што е изградено ќе биде отстрането, а локацијата вратена во претходна состојба. Бесправното градење и неконтролираната урбанизација на крајбрежјето на Охридското Езеро е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува регионот и е меѓу главните забелешки посочени во двата извештаи на Реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО.

The post Бесправно се гради на атрактивна локација во охридската населба Далјан appeared first on Република.

]]>