Дака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daka/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 11:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daka/ 32 32 Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-soopshtenieto-na-sad-deka-go-stavaat-na-tsrnata-lista-miodrag-daka-davidovik-za-mene-e-eden-jasen-signal-deka-ona-shto-sme-go-zboruvale-bilo-vistina/ Sat, 18 Nov 2023 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=702870

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите дадена по повод состанокот на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД. Црногорскиот бизнисмен беше поврзуван со бизнис активности во Македонија и конекција со Владата, а токму овој скандал го објави Николоски.

-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски.

Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај.

-За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој.

Потпретседателот Николоски порача дека време е Македонија да се чисти од корупција.

-Сакам исто така и да потсетам, можеби и како една лична сатисфакција дека во тоа време добивав и директни закани да престанам со таа работа и да не продолжам да ги објавувам деталите. Јас тоа го изнесов во јавност и продолжив да ги објавувам деталите и како и досега што сум го правел за многу корупциски афери ќе продолжам и тоа и во иднина, секогаш кога имам сознанија, затоа што мислам дека е време Македонија да се чисти од корупција. Овие млади луѓе кои што се денеска тука на конференција сакаат и Македонија и регионот и Европа да ја видат подобро од она што ние ја гледаме денес, порача Николоски.

The post Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите дадена по повод состанокот на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, беше запрашан како го коментира тоа дека бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ е ставен на црната листа на САД. Црногорскиот бизнисмен беше поврзуван со бизнис активности во Македонија и конекција со Владата, а токму овој скандал го објави Николоски.
-Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама, сето тоа го презентирав во јавноста, рече потпретседателот Николоски. Николоски во врска со овој случај посочи дека обвинителство до денес го нема испитано целиот овој случај. -За жал до денес обвинителство не смогна сили да го испита целиот овој случај. Се сеќавате дека во тоа време излегоа и одредени податоци во јавност дека има можна вмешаност на владини функционери и можна корупција. И сето тоа се нотира во она што е соопштение на САД кое што го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ што за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина, но во исто време е и добра порака за целиот регион, тој е од Црна Гора и е една порака дека и таму треба да се демократизираат работите, кажа тој. Потпретседателот Николоски порача дека време е Македонија да се чисти од корупција. -Сакам исто така и да потсетам, можеби и како една лична сатисфакција дека во тоа време добивав и директни закани да престанам со таа работа и да не продолжам да ги објавувам деталите. Јас тоа го изнесов во јавност и продолжив да ги објавувам деталите и како и досега што сум го правел за многу корупциски афери ќе продолжам и тоа и во иднина, секогаш кога имам сознанија, затоа што мислам дека е време Македонија да се чисти од корупција. Овие млади луѓе кои што се денеска тука на конференција сакаат и Македонија и регионот и Европа да ја видат подобро од она што ние ја гледаме денес, порача Николоски.

The post Николоски: Соопштението на САД дека го ставаат на црната листа Миодраг Дака Давидовиќ за мене е еден јасен сигнал дека она што сме го зборувале било вистина appeared first on Република.

]]>
Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ogromen-pozhar-na-pazar-za-obleka-vo-daka-angazhirani-se-stotina-pozharnikari/ Tue, 04 Apr 2023 06:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=626924

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака.

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.

 

The post Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари appeared first on Република.

]]>

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака. Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот. Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш. Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот се продава по ниски цени.  

The post Огромен пожар на пазар за облека во Дака, ангажирани се стотина пожарникари appeared first on Република.

]]>