дајте музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dajte-muzika/ За подобро да се разбереме Wed, 25 May 2022 17:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дајте музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dajte-muzika/ 32 32 Концертот на „Дајте музика“ е презакажан за јуни https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/koncertot-na-dajte-muzika-e-prezakazan-za-juni/ Wed, 25 May 2022 17:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=506883

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на ДАЈТЕ МУЗИКА ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје, информираат организаторите на концертот.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 18-ти јуни на стадионот на АРМ!

The post Концертот на „Дајте музика“ е презакажан за јуни appeared first on Република.

]]>

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на ДАЈТЕ МУЗИКА ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје, информираат организаторите на концертот.
Во продолжение следува нивното соопштение: Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен! Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk. Ви благодариме на разбирањето и се гледаме на 18-ти јуни на стадионот на АРМ!

The post Концертот на „Дајте музика“ е презакажан за јуни appeared first on Република.

]]>
„Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/avalon-go-prezakaza-koncertot-na-dajte-muzika-za-18-juni/ Tue, 24 May 2022 17:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=506456

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.

Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје!
Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>

Продукцијата „Авалон“ на својот профил на Фејсбук соопшти дека концертот на „Дајте музика“ е презакажан за 18 јуни, сабота, на стадионот на АРМ во Скопје.
Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум, 18. јуни,  сабота, на истата локација, стадион на АРМ во Скопје! Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен, соопштија од „Авалон“.
Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06). Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk.

The post „Авалон“ го презакажа концертот на „Дајте музика“ за 18 јуни appeared first on Република.

]]>
На 27 мај на стадионот на АРМ прв концерт на децата од „Дајте музика“ кои станаа идоли на младата генерација https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-27-maj-na-stadionot-na-arm-prv-koncert-na-decata-od-dajte-muzika-koi-stanaa-idoli-na-mladata-generacija/ Wed, 18 May 2022 13:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=503894

Првиот голем спектакуларен настан оваа сезона е резервиран за 27 мај, со почеток во 20 часот, на стадионот на АРМ, каде концерт ќе одржат ѕвездите на „Дајте музика“.

На денешната прес конференција организаторите ветија добра забава, информираа дека е набавена специјална ограда за посетителите, со оглед на фактот дека повеќето во публиката ќе бидат малолетни, нема да бидат повредени, но истовремено замолија навреме да се дојде на концертот, бидејќи ќе има и помали деца во публика кои порано заспиваат.

Слободно можат да дојдат деца од сите возрасти, па дури и најмалите, затоа што тие ја гарантираат нивната безбедност, а заради тоа од Бугарија стигнува безбедносната Моџо (МОЈО) ограда, информираше Бобан Милошевски, сопственик на „Авалон“, кој рече дека ја увезуваат од надвор и за овој, како и за сите други концерти на светските ѕвезди.

На денешната средба присуствуваше и продуцентката на проектот „Дајте музика“, Цаци Паковска, која рече дека за концертот имало интерес  и во соседните земји, па се очекува да присуствуваат и родители со деца од соседните држави.

Горди сме на проектот кој започна пред три години и со кој ја промовираме македонската музика. За овој период издадовме три албуми и направивме 70 авторски песни, се препеаја најубавите македонски хитови кои на овој начин им ги приближивме и на помладите генерации. Децата од „Дајте музика“ станаа идоли на младата генерација и се радуваме затоа што тие влијаат и во однос на слушањето на македонска музика, рече Паковска.

Присутните новинари можеа да поразговараат и со  Филип, Михаил и Стаси од проектот „Дајте музика“ кои рекоа дека секојдневно вежбаат пеење, кореографии и се подготвуваат за настапот.

Тие ги поканија на концертот и своите другари од СОС Детското село за кои подароци обезбеди „Алкалоид“.

The post На 27 мај на стадионот на АРМ прв концерт на децата од „Дајте музика“ кои станаа идоли на младата генерација appeared first on Република.

]]>

Првиот голем спектакуларен настан оваа сезона е резервиран за 27 мај, со почеток во 20 часот, на стадионот на АРМ, каде концерт ќе одржат ѕвездите на „Дајте музика“. На денешната прес конференција организаторите ветија добра забава, информираа дека е набавена специјална ограда за посетителите, со оглед на фактот дека повеќето во публиката ќе бидат малолетни, нема да бидат повредени, но истовремено замолија навреме да се дојде на концертот, бидејќи ќе има и помали деца во публика кои порано заспиваат.
Слободно можат да дојдат деца од сите возрасти, па дури и најмалите, затоа што тие ја гарантираат нивната безбедност, а заради тоа од Бугарија стигнува безбедносната Моџо (МОЈО) ограда, информираше Бобан Милошевски, сопственик на „Авалон“, кој рече дека ја увезуваат од надвор и за овој, како и за сите други концерти на светските ѕвезди.
На денешната средба присуствуваше и продуцентката на проектот „Дајте музика“, Цаци Паковска, која рече дека за концертот имало интерес  и во соседните земји, па се очекува да присуствуваат и родители со деца од соседните држави.
Горди сме на проектот кој започна пред три години и со кој ја промовираме македонската музика. За овој период издадовме три албуми и направивме 70 авторски песни, се препеаја најубавите македонски хитови кои на овој начин им ги приближивме и на помладите генерации. Децата од „Дајте музика“ станаа идоли на младата генерација и се радуваме затоа што тие влијаат и во однос на слушањето на македонска музика, рече Паковска.
Присутните новинари можеа да поразговараат и со  Филип, Михаил и Стаси од проектот „Дајте музика“ кои рекоа дека секојдневно вежбаат пеење, кореографии и се подготвуваат за настапот. Тие ги поканија на концертот и своите другари од СОС Детското село за кои подароци обезбеди „Алкалоид“.

The post На 27 мај на стадионот на АРМ прв концерт на децата од „Дајте музика“ кои станаа идоли на младата генерација appeared first on Република.

]]>
Детските и тинејџерски ѕвезди од „Дајте музика“ на 27 мај во живо на стадионот на АРМ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/detskite-i-tinejdzerski-dzvezdi-od-dajte-muzika-na-27-maj-vo-zivo-na-stadionot-na-arm/ Sat, 09 Apr 2022 10:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=485762

Проектот „Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу - концерт на отворено во Скопје, на 27 мај, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот.

Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.

The post Детските и тинејџерски ѕвезди од „Дајте музика“ на 27 мај во живо на стадионот на АРМ appeared first on Република.

Концертот на „Дајте музика“ најпосетен музички настан досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/koncertot-na-dajte-muzika-najposeten-muzichki-nastan-dosega/ Sat, 26 Feb 2022 16:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=464369

Ист Гејт Мол овој викенд го започна со посакување на вистинско музичко добредојде на своите посетители, со организација на несекојдневна забава, а доказ за истото е што денес сите патишта водат до најголемиот шопинг центар во градот. Во Ист Гејт Мол денес се оддржа најзабавниот музички концерт на планетата, а истиот несомено привлече масовна бројка на фанови и деца со своите семејства, кои во еден глас ги пееја најголемите хитови на ДАЈТЕ МУЗИКА.

Оваа сабота, малите и големи старомаалци, оригинални како и секогаш, со изведба на популарните и омилени песни на многумина, како и еден од најголемите хитови, „Green Forces“, - направија неверојатна забавна атмосфера во Ист Гејт Мол во која уживаа присутните.

На најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол, во отворениот надворешен дел во склоп на најголемиот шопинг центар од европски ранг во регионот, - сите деца, од најмали до најголеми, беа центарот на забавата приредена од ѕвездите на Дајте Музика, а секое детенце со своето присуство и насмевки искрено ја покажа својата љубов кон музиката и забавата.

Од своето отворање, фокусот на Ист Гејт Мол продолжува да биде насочен кон постојано овозможување на несекојдневни, интерактивни и забавни содржини за сите возрасти на 5 нивоа, покрај континуираната и разнолика палета на богата шопинг понуда во склоп на 250те продавници во шопинг центарот кои се секојдневно отворени за своите посетители.

The post Концертот на „Дајте музика“ најпосетен музички настан досега appeared first on Република.

]]>

Ист Гејт Мол овој викенд го започна со посакување на вистинско музичко добредојде на своите посетители, со организација на несекојдневна забава, а доказ за истото е што денес сите патишта водат до најголемиот шопинг центар во градот. Во Ист Гејт Мол денес се оддржа најзабавниот музички концерт на планетата, а истиот несомено привлече масовна бројка на фанови и деца со своите семејства, кои во еден глас ги пееја најголемите хитови на ДАЈТЕ МУЗИКА. Оваа сабота, малите и големи старомаалци, оригинални како и секогаш, со изведба на популарните и омилени песни на многумина, како и еден од најголемите хитови, „Green Forces“, - направија неверојатна забавна атмосфера во Ист Гејт Мол во која уживаа присутните. На најпосетениот музички концерт досега во Ист Гејт Мол, во отворениот надворешен дел во склоп на најголемиот шопинг центар од европски ранг во регионот, - сите деца, од најмали до најголеми, беа центарот на забавата приредена од ѕвездите на Дајте Музика, а секое детенце со своето присуство и насмевки искрено ја покажа својата љубов кон музиката и забавата. Од своето отворање, фокусот на Ист Гејт Мол продолжува да биде насочен кон постојано овозможување на несекојдневни, интерактивни и забавни содржини за сите возрасти на 5 нивоа, покрај континуираната и разнолика палета на богата шопинг понуда во склоп на 250те продавници во шопинг центарот кои се секојдневно отворени за своите посетители.

The post Концертот на „Дајте музика“ најпосетен музички настан досега appeared first on Република.

]]>