ДАФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daf/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 09:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДАФ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daf/ 32 32 Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-momcheto-so-prugasti-pizhami-na-letechkata-teatarska-trupa-od-tetovo-go-dobi-najvisokoto-priznanie-gran-pri-vasil-kortoshev-na-61-izdanie-na-daf/ Mon, 27 May 2024 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=781989

Претставата „Момчето со пругасти пижами“ во изведба на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) што се одржа во Кочани. На режисерот на истата претстава, Владимир Јованоски му припадна наградата „Боро Стојчев“ за најдобра режија.

На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра.

-Ова е најдобрата претстава на овогодишниот ДАФ затоа што во сите театарски сегменти – актерска игра, режија и визуелен идентитет беше на највисоко ниво. Претставата одушеви со искрена енергија, исклучителна партнерска игра и не ја остави публиката рамнодушна, се истакнува во образложението на жирито.

Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје.

Наградата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице“ во изведба на Театарската школа „Бабец“ од Битола, а за главна машка улога – Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани“ во изведба на Аматерскиот театар „Прокупље“ од Прокупље. Награда за најдобра споредна женска улога доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата „Тивки жртви“ во изведба на МДПЦ „Премиера“ од Велес.

Претставата „Убавицата и Ѕверот“ на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци доби награда за комплетен визуелен ефект, а за колективна игра наградена е претставата „Чернодрински се враќа дома“ во изведба на МТЦ „Зона“ од Прилеп.

На годинашново издание на ДАФ настапија 17 домашни и театарски групи од Србија, а надвор од конкуренција учествуваше Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес со претставата „Вечера за глупаци“.

The post Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Момчето со пругасти пижами“ во изведба на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија (ДАФ) што се одржа во Кочани. На режисерот на истата претстава, Владимир Јованоски му припадна наградата „Боро Стојчев“ за најдобра режија. На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра. -Ова е најдобрата претстава на овогодишниот ДАФ затоа што во сите театарски сегменти – актерска игра, режија и визуелен идентитет беше на највисоко ниво. Претставата одушеви со искрена енергија, исклучителна партнерска игра и не ја остави публиката рамнодушна, се истакнува во образложението на жирито. Награда во категоријата за претстава за деца и младинци доби претставата „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје. Наградата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице“ во изведба на Театарската школа „Бабец“ од Битола, а за главна машка улога – Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани“ во изведба на Аматерскиот театар „Прокупље“ од Прокупље. Награда за најдобра споредна женска улога доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата „Тивки жртви“ во изведба на МДПЦ „Премиера“ од Велес. Претставата „Убавицата и Ѕверот“ на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци доби награда за комплетен визуелен ефект, а за колективна игра наградена е претставата „Чернодрински се враќа дома“ во изведба на МТЦ „Зона“ од Прилеп. На годинашново издание на ДАФ настапија 17 домашни и театарски групи од Србија, а надвор од конкуренција учествуваше Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес со претставата „Вечера за глупаци“.

The post Претставата „Момчето со пругасти пижами“ на Летечката театарска трупа од Тетово го доби највисокото признание гран-при „Васил Ќортошев“, на 61. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>
Драмски аматерски фестивал: Гран-при за претставата „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-amaterski-festival-gran-pri-za-pretstavata-tunel-na-teatarskata-grupa-godo-od-kochani/ Mon, 29 May 2023 07:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=645554

Со прогласувањето на најдобрите поединци и театарски групи и со доделувањето на наградите вечерва заврши 60-от Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани.

Гран-при „Васил Ќортошев“ за најдобра театарска претстава во целост доби изведбата на драмскиот текст „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани, а во режија на Кристина Атанасова Арсова.

„Оваа претстава фрагментарно се осврнува на сите видови насилство - физичко, емоционално, врсничко, семејно. Конфликтите беа прикажани низ силна, уверлива драмска игра и кореографија, со особена поетика и критика на актуелната стварност“, истакна Анкица Бенинова, претседателка на жири комисијата на ДАФ.

Наградата за главна женска улога ѝ припадна на Анџелија Мирковиќ, за ликот на Наталија Стефановна во едночинката „Просидба“ од Чехов, а во продукција на Академското позориште од Ниш, Србија. Даниел Гочевски, кој го толкуваше ликот на Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ на Театарот „Чекори“ од Скопје, ја доби наградата за главна машка улога.

Претставата „Умрежени“ на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Одбор „Просвета“ – Почетин, Хрватска доби награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, а во образложението беше нагласено дека таа вклучува лица со посебни потреби и претставува коментар на актуелната состојба во која децата кои се жртви на виртуелната реалност.

Во категоријата најдобра претстава за деца и младинци наградена е изведбата на драмскиот текст „Црвенкапа“ на Драмското студио „Летечка театарска група“ од Тетово, а во режија на Зоран Јовановски. Наградите за најдобра споредна женска и машка улога ја добија Тамара Стојановска и Никола Кузмановски од театарот „Чекори“ од Скопје.

Годинава ДАФ се одржа под мотото „Театарот е жив“, а покрај натпреварувачката програма, имаше и неколку придружни содржини, како и гостувања на Народниот театар од Велес и на театарска група од Истанбул, Турција.

Организацијата на фестивалот беше со финансиска поддршка од Министерството за култура, од Општина Кочани и со донации од стопанските претпријатија во регионот.

 

The post Драмски аматерски фестивал: Гран-при за претставата „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани appeared first on Република.

]]>

Со прогласувањето на најдобрите поединци и театарски групи и со доделувањето на наградите вечерва заврши 60-от Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани. Гран-при „Васил Ќортошев“ за најдобра театарска претстава во целост доби изведбата на драмскиот текст „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани, а во режија на Кристина Атанасова Арсова. „Оваа претстава фрагментарно се осврнува на сите видови насилство - физичко, емоционално, врсничко, семејно. Конфликтите беа прикажани низ силна, уверлива драмска игра и кореографија, со особена поетика и критика на актуелната стварност“, истакна Анкица Бенинова, претседателка на жири комисијата на ДАФ. Наградата за главна женска улога ѝ припадна на Анџелија Мирковиќ, за ликот на Наталија Стефановна во едночинката „Просидба“ од Чехов, а во продукција на Академското позориште од Ниш, Србија. Даниел Гочевски, кој го толкуваше ликот на Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ на Театарот „Чекори“ од Скопје, ја доби наградата за главна машка улога. Претставата „Умрежени“ на КУД „Бранко Радичевиќ“ од Одбор „Просвета“ – Почетин, Хрватска доби награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, а во образложението беше нагласено дека таа вклучува лица со посебни потреби и претставува коментар на актуелната состојба во која децата кои се жртви на виртуелната реалност. Во категоријата најдобра претстава за деца и младинци наградена е изведбата на драмскиот текст „Црвенкапа“ на Драмското студио „Летечка театарска група“ од Тетово, а во режија на Зоран Јовановски. Наградите за најдобра споредна женска и машка улога ја добија Тамара Стојановска и Никола Кузмановски од театарот „Чекори“ од Скопје. Годинава ДАФ се одржа под мотото „Театарот е жив“, а покрај натпреварувачката програма, имаше и неколку придружни содржини, како и гостувања на Народниот театар од Велес и на театарска група од Истанбул, Турција. Организацијата на фестивалот беше со финансиска поддршка од Министерството за култура, од Општина Кочани и со донации од стопанските претпријатија во регионот.  

The post Драмски аматерски фестивал: Гран-при за претставата „Тунел“ на театарската група „Годо“ од Кочани appeared first on Република.

]]>
Почнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, за наградите ќе конкурираат домашни и театарски групи од Србија и Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-dramskiot-amaterski-festival-vo-kochani-za-nagradite-ke-konkuriraat-domashni-i-teatarski-grupi-od-srbija-i-hrvatska/ Mon, 22 May 2023 12:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=643621

Меѓународниот Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани почнува денеска со театарско музички перформанс „Театарот е жив“ и гостувањето на народниот театар од Велес со претставата „Синиот протокал“, во знак на 60-годишниот фестивалски јубилеј.

Селекторот на ДАФ, Игор Џамбазов, на прес-конференцијата пред вечерашното свечено отворање истакна дека се работи за една од најстарите културни манифестации во државата, поради што ја прифатил поканата да го направи изборот на театарските групи кои ќе учествуваат во натпреварувачкиот дел.

- За мене е голема чест што за првпат сум селектор на еден фестивал, иако сум имал покани и од други манифестации, а горд сум што тоа е токму на Драмскиот аматерски фестивал со кој сум врсник. Успеав да се сетам само на фестивалите „Охридско лето“ и „Златно славејче“ како на културни настани што траат повеќе од шеесет години, а со нив е и овој фестивал во Кочани. Изгледав толку квалитетни театарски претстави што беа понудени, колку што не сум гледал во последните десетина години заедно. Јас сум еден од оние скептици кои сметаат дека театарот е мртов засекогаш, а останува само институционалниот театар што добива пари од Министерството за култура, прават претстави што никој или ги гледа само по некој. Сепак, кога ги видов овие претстави, а што ги одбрав за овој 60-годишен јубилеј, сфатив дека театарот е жив и тоа многу, поради што и овогодишното мото е токму „Театарот е жив“, а со него и јас сум жив, истакна селекторот Џамбазов.

Додаде дека на годинашниот ДАФ учествуваат театарски групи и ансамбли кои со години се дел од фестивалската програма, како што е театарот од Тетово, театарот „Чекори“, а покрај тоа, има и гости од Србија, Хрватска и Турција.

Театарските претстави во натпреварувачкиот дел ќе ги оценува тричлена жири комисија во која се Анкица Венинова, Жарко Спасовски и Сотир Трајков, а Миле Вратеовски ќе биде водител на разговорите со актерите по завршувањето на нивните настапи. И годинава ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка епизодна и главна улога, за најдобра режија, за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци и гран при „Васил Ќортошев“. Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе биде в недела од 18 часот во Паркот на Револуцијата, по што рок концерт ќе одржи Јордан Манов Бенд, истакна истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.

Финансиска поддршка за одржувањето на јубилејниот ДАФ обезбедија Министерството за култура, ЕУ за тебе, Општина Кочани и општествено одговорни компании од регионот.

The post Почнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, за наградите ќе конкурираат домашни и театарски групи од Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот Драмски аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани почнува денеска со театарско музички перформанс „Театарот е жив“ и гостувањето на народниот театар од Велес со претставата „Синиот протокал“, во знак на 60-годишниот фестивалски јубилеј. Селекторот на ДАФ, Игор Џамбазов, на прес-конференцијата пред вечерашното свечено отворање истакна дека се работи за една од најстарите културни манифестации во државата, поради што ја прифатил поканата да го направи изборот на театарските групи кои ќе учествуваат во натпреварувачкиот дел.
- За мене е голема чест што за првпат сум селектор на еден фестивал, иако сум имал покани и од други манифестации, а горд сум што тоа е токму на Драмскиот аматерски фестивал со кој сум врсник. Успеав да се сетам само на фестивалите „Охридско лето“ и „Златно славејче“ како на културни настани што траат повеќе од шеесет години, а со нив е и овој фестивал во Кочани. Изгледав толку квалитетни театарски претстави што беа понудени, колку што не сум гледал во последните десетина години заедно. Јас сум еден од оние скептици кои сметаат дека театарот е мртов засекогаш, а останува само институционалниот театар што добива пари од Министерството за култура, прават претстави што никој или ги гледа само по некој. Сепак, кога ги видов овие претстави, а што ги одбрав за овој 60-годишен јубилеј, сфатив дека театарот е жив и тоа многу, поради што и овогодишното мото е токму „Театарот е жив“, а со него и јас сум жив, истакна селекторот Џамбазов.
Додаде дека на годинашниот ДАФ учествуваат театарски групи и ансамбли кои со години се дел од фестивалската програма, како што е театарот од Тетово, театарот „Чекори“, а покрај тоа, има и гости од Србија, Хрватска и Турција. Театарските претстави во натпреварувачкиот дел ќе ги оценува тричлена жири комисија во која се Анкица Венинова, Жарко Спасовски и Сотир Трајков, а Миле Вратеовски ќе биде водител на разговорите со актерите по завршувањето на нивните настапи. И годинава ќе бидат доделени награди за најдобра женска и машка епизодна и главна улога, за најдобра режија, за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци и гран при „Васил Ќортошев“. Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе биде в недела од 18 часот во Паркот на Револуцијата, по што рок концерт ќе одржи Јордан Манов Бенд, истакна истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ. Финансиска поддршка за одржувањето на јубилејниот ДАФ обезбедија Министерството за култура, ЕУ за тебе, Општина Кочани и општествено одговорни компании од регионот.

The post Почнува Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, за наградите ќе конкурираат домашни и театарски групи од Србија и Хрватска appeared first on Република.

]]>
Објавен конкурсот за учество на 60. Драмски аматерски фестивал во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-konkursot-za-uchestvo-na-60-dramski-amaterski-festival-vo-kochani/ Fri, 24 Mar 2023 11:24:06 +0000 https://republika.mk/?p=623184

Управниот одбор на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) го распиша конкурсот за учество на овогодишното, 60-то фестивалско издание.

Пријавувањето на домашните и странските театарски групи, драмски секции, експериментални и алтернативни сцени, студија и други форми на самостојно сценско изразување трае до 5 април, по што ќе следува селекција и избор на учесниците.

Годинава ДАФ ќе се одржи од 22 до 27 мај, драмскиот материјал може да биде од домашни или странски автори, изборот е слободен и самостојно го определуваат учесниците кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели. Во претставите не можат да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјата и странство. Во пријавата за учество треба да се достави целосна видео снимка од претставата преку cloud платформите на интернет, заедно со текстот според кој е работена, на електронската пошта festivaldaf@gmail.com, истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.

И годинава, според пропозициите на ДАФ, ќе се доделат осум награди: за најдобра женска епизодна улога, најдобра машка епизодна улога, најдобра женска главна улога,најдобра машка главна улога „Никола Димитров”, за најдобра режија „Борис Стојчев“, награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, гран при „Васил Ќортошев“ и специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци.

Во рамките на фестивалската програма ќе се одржат и придружни манифестации од областа на ликовната, музичката, книжевната и филмската уметност, како и театарски и книжевен портрет со театарска работилница за аматерски режисери, актери и драмски текстописци.

The post Објавен конкурсот за учество на 60. Драмски аматерски фестивал во Кочани appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) го распиша конкурсот за учество на овогодишното, 60-то фестивалско издание. Пријавувањето на домашните и странските театарски групи, драмски секции, експериментални и алтернативни сцени, студија и други форми на самостојно сценско изразување трае до 5 април, по што ќе следува селекција и избор на учесниците.
Годинава ДАФ ќе се одржи од 22 до 27 мај, драмскиот материјал може да биде од домашни или странски автори, изборот е слободен и самостојно го определуваат учесниците кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели. Во претставите не можат да настапуваат професионални артисти вработени во театарските куќи во земјата и странство. Во пријавата за учество треба да се достави целосна видео снимка од претставата преку cloud платформите на интернет, заедно со текстот според кој е работена, на електронската пошта festivaldaf@gmail.com, истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.
И годинава, според пропозициите на ДАФ, ќе се доделат осум награди: за најдобра женска епизодна улога, најдобра машка епизодна улога, најдобра женска главна улога,најдобра машка главна улога „Никола Димитров”, за најдобра режија „Борис Стојчев“, награда за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, гран при „Васил Ќортошев“ и специјална награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци. Во рамките на фестивалската програма ќе се одржат и придружни манифестации од областа на ликовната, музичката, книжевната и филмската уметност, како и театарски и книжевен портрет со театарска работилница за аматерски режисери, актери и драмски текстописци.

The post Објавен конкурсот за учество на 60. Драмски аматерски фестивал во Кочани appeared first on Република.

]]>
„Ништо не е страшно“ е најдобра претстава на 59. издание на ДАФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nishto-ne-e-strashno-e-najdobra-pretstava-na-59-izdanie-na-daf/ Mon, 30 May 2022 08:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=508617

Претставата „Ништо не е страшно“ во изведба на театарот „Пи“ од Скопје ја доби наградата „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 59. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), што синоќа заврши во Кочани.

Во текот на шестдневната фестивалска програма годинава беа прикажани 12 театарски претстави, што ги изведоа девет домашни и три драмски ансамбли од Република Србија, а гранприто го понесоа актерите од Скопје.

Наградата за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, како и гранприто „Васил Ќортошев“ се доделува за изведбата на драмскиот текст „Ништо не е страшно“ затоа што оваа претстава нè изненади, нè заинтересира и сите нè остави без здив. Таа понуди нови сценски решенија и експерименти што беа лесно приемчиви, а белегот којшто таа ни го остави е длабоко втиснат во сите нас. Стручното жири констатираше дека е направен напредок во развојот на театарскиот аматеризам и особено е задоволно од учеството на голем број млади ентузијасти. Богата и оригинална програма го одбележа ова јубилејно издание на фестивалот, истакна актерот Владимир Тулиев, претседател на жири комисијата на ДАФ.

Наградата за најдобра женска улога ја доби Зорица Митева од театарската група „Годо“ од Кочани, а за најдобар актер во машка конкуренција беше прогласен Никола Димевски од Театарот „Чекори“ од Скопје. Признанието за епизодна женска улога на фестивалот ѝ припадна на Ангела Атанасовска од Интимен театар – Битола, а Огнен Велевски од Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје доби награда за најдобра епизодна машка улога.

Специјалната награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци ја освои Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци за претставата „Приказни за волшебната шума“, а признанието „Борис Стојчев“ за најдобра режија му беше доделено на Цветин Аничиќ од аматерскиот театар „Бранислав Нушиќ“ од Шид, Република Србија.

Како придружни содржини на ДАФ, годинава имаше книжевна промоција, ликовна изложба, саем на книги, а се одржа и првиот Интернационален фестивал на музичка публицистика, чиј организатор беше Македонскиот музички архив. Како завршница на фестивалот, синоќа концерт одржа македонската рок легенда, групата Мизар.

Реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал годинава беше со поддршка од Министерството за култура, Општина Кочани и бизнис секторот од регионот.

The post „Ништо не е страшно“ е најдобра претстава на 59. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Ништо не е страшно“ во изведба на театарот „Пи“ од Скопје ја доби наградата „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 59. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), што синоќа заврши во Кочани. Во текот на шестдневната фестивалска програма годинава беа прикажани 12 театарски претстави, што ги изведоа девет домашни и три драмски ансамбли од Република Србија, а гранприто го понесоа актерите од Скопје.
Наградата за истражување нови сценски изразни средства и експеримент во аматерскиот театар, како и гранприто „Васил Ќортошев“ се доделува за изведбата на драмскиот текст „Ништо не е страшно“ затоа што оваа претстава нè изненади, нè заинтересира и сите нè остави без здив. Таа понуди нови сценски решенија и експерименти што беа лесно приемчиви, а белегот којшто таа ни го остави е длабоко втиснат во сите нас. Стручното жири констатираше дека е направен напредок во развојот на театарскиот аматеризам и особено е задоволно од учеството на голем број млади ентузијасти. Богата и оригинална програма го одбележа ова јубилејно издание на фестивалот, истакна актерот Владимир Тулиев, претседател на жири комисијата на ДАФ.
Наградата за најдобра женска улога ја доби Зорица Митева од театарската група „Годо“ од Кочани, а за најдобар актер во машка конкуренција беше прогласен Никола Димевски од Театарот „Чекори“ од Скопје. Признанието за епизодна женска улога на фестивалот ѝ припадна на Ангела Атанасовска од Интимен театар – Битола, а Огнен Велевски од Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје доби награда за најдобра епизодна машка улога. Специјалната награда за најдобра претстава во категоријата театар за деца и младинци ја освои Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци за претставата „Приказни за волшебната шума“, а признанието „Борис Стојчев“ за најдобра режија му беше доделено на Цветин Аничиќ од аматерскиот театар „Бранислав Нушиќ“ од Шид, Република Србија. Како придружни содржини на ДАФ, годинава имаше книжевна промоција, ликовна изложба, саем на книги, а се одржа и првиот Интернационален фестивал на музичка публицистика, чиј организатор беше Македонскиот музички архив. Како завршница на фестивалот, синоќа концерт одржа македонската рок легенда, групата Мизар. Реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал годинава беше со поддршка од Министерството за култура, Општина Кочани и бизнис секторот од регионот.

The post „Ништо не е страшно“ е најдобра претстава на 59. издание на ДАФ appeared first on Република.

]]>
Почнува 56. издание на ДАФ во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-56-izdanie-na-daf-vo-kochani/ Mon, 23 May 2022 13:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=506045

Во Кочани почнува 59. издание на Драмскиот аматерски фестивал, на кој ќе настапат девет домашни и три театарски групи од Република Србија.

Пред вечерашното свечено отворање, членовите на Управниот одбор на ДАФ на прес-конференција истакнаа дека се свесни дека уметноста е подолга од просечен човечки живот, поради што целта на манифестацијата е да се прикажат уметнички остварувања што долго ќе се паметат и за кои ќе се зборува.

Веќе 45 години Кочани е домаќин на овој фестивал и ние како организатори се потрудивме да ги надминеме сите предизвици пред нас. На конкурсот за учество беа пријавени 16 претстави, од кои селекторот Благој Веселинов одбра 12, а три се од странство. Покрај тоа, ќе има и неколку придружни содржини, како што се концерти, саем на книги, ликовна изложба и книжевна промоција, истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.

На свеченото отворање на Фестивалот алтернативниот театар „Отпишани“ од Скопје ќе го прикаже драмскиот текст „Самоубиство во одбрана“ од Марјан Ангеловски, додека, на последниот ден, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите театарски групи, концертен настап ќе има групата Мизар.

Како придружна содржина, а со поддршка од ДАФ и Општина Кочани, на 29 мај ќе се одржи првиот Интернационален фестивал на музичка публицистика, чиј организатор е Македонскиот музички архив.

Се работи за пилот проект со кој сакаме да ја збогатиме културната понуда и да направиме уште една манифестација со која Кочани ќе добие нови културни содржини. Тоа е настан што не постои на Балканот и го иницираме за прв пат, со цел во иднина да донесе голем број промоции, претставување на музички книжевни изданија што се рецентни. Тоа особено се однесува на домашната публицистичка продукција која во последните неколку години е забревтана, па ние смисливме како да ги претставиме нашите публицисти, но и гостите од странство, истакна Тошо Филиповски од Македонскиот музички архив.

Поддршка за реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал и годинава е обезбедена од Министерството за култура и од Општина Кочани.

The post Почнува 56. издание на ДАФ во Кочани appeared first on Република.

]]>

Во Кочани почнува 59. издание на Драмскиот аматерски фестивал, на кој ќе настапат девет домашни и три театарски групи од Република Србија. Пред вечерашното свечено отворање, членовите на Управниот одбор на ДАФ на прес-конференција истакнаа дека се свесни дека уметноста е подолга од просечен човечки живот, поради што целта на манифестацијата е да се прикажат уметнички остварувања што долго ќе се паметат и за кои ќе се зборува.
Веќе 45 години Кочани е домаќин на овој фестивал и ние како организатори се потрудивме да ги надминеме сите предизвици пред нас. На конкурсот за учество беа пријавени 16 претстави, од кои селекторот Благој Веселинов одбра 12, а три се од странство. Покрај тоа, ќе има и неколку придружни содржини, како што се концерти, саем на книги, ликовна изложба и книжевна промоција, истакна Кристина Атанасова Арсова, претседателка на Управниот одбор на ДАФ.
На свеченото отворање на Фестивалот алтернативниот театар „Отпишани“ од Скопје ќе го прикаже драмскиот текст „Самоубиство во одбрана“ од Марјан Ангеловски, додека, на последниот ден, кога ќе бидат доделени наградите за најдобрите театарски групи, концертен настап ќе има групата Мизар. Како придружна содржина, а со поддршка од ДАФ и Општина Кочани, на 29 мај ќе се одржи првиот Интернационален фестивал на музичка публицистика, чиј организатор е Македонскиот музички архив.
Се работи за пилот проект со кој сакаме да ја збогатиме културната понуда и да направиме уште една манифестација со која Кочани ќе добие нови културни содржини. Тоа е настан што не постои на Балканот и го иницираме за прв пат, со цел во иднина да донесе голем број промоции, претставување на музички книжевни изданија што се рецентни. Тоа особено се однесува на домашната публицистичка продукција која во последните неколку години е забревтана, па ние смисливме како да ги претставиме нашите публицисти, но и гостите од странство, истакна Тошо Филиповски од Македонскиот музички архив.
Поддршка за реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал и годинава е обезбедена од Министерството за култура и од Општина Кочани.

The post Почнува 56. издание на ДАФ во Кочани appeared first on Република.

]]>