ДАФ Кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daf-kochani/ За подобро да се разбереме Tue, 24 May 2022 11:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДАФ Кочани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/daf-kochani/ 32 32 Театарската претстава „Ништо не е страшно“ вечерва на ДАФ во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-pretstava-nishto-ne-e-strashno-vecherva-na-daf-vo-kochani/ Tue, 24 May 2022 11:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=506376

Театарската претстава „Ништо не е страшно" во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска вечерва ќе биде изведена во Кочани како дел од Драмскиот театарски фестивал ДАФ. Претставата е резултат на работилници што се реализираа во текот на целата година и е последниот дел од целогодишната кампања за инклузија на лица со интелектуална попреченост во културата со наслов „Мене ништо не ми пречи".

Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од училиштата од Општина Ѓорче Петров.

Претставата е создадена по текстови на Алан Бол, Олга Токарчук, Милан Кундера, Михаил Булгаков, Фјодор Михајлович Достоевски, Вилијам Шекспир, Давид Албахари, Сања Михајловиќ-Костадиновска и Златко Митрески.

Оваа претстава низ една забавна игра, со елементи на мистика, трилер, на моменти во хорор жанр, како и црн хумор се занимава со цикличноста на животот и смртта. Еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно, маргинализирано. Претставата е создадена во процес и анализа врз темата за смртта со ученици за кои беше една табу тема, од една страна, но од друга страна доста поучна и забавна, се наведува во најавата за претставата.

Во претставата ќе играат Никола Огненовски, Виолета Дојчиновска, Лара Бошковиќ, Дино Рамо, Трајанка Петреска, Ана Беќарска, Жаклина Велковска, Христина Димовска, Марија Тасевска, Илина Ристовска, Катарина Ристовска, Стефан Бјелиќ, Сандра Миовска, Ема Петреска, Јасен Угриновски, Стефанија Добреска, Матеа Пејчиновска, Јана Ламбевска и Матеа Геровска.

 

 

The post Театарската претстава „Ништо не е страшно“ вечерва на ДАФ во Кочани appeared first on Република.

]]>

Театарската претстава „Ништо не е страшно" во режија на Златко Митрески и Македонка Илиевска вечерва ќе биде изведена во Кочани како дел од Драмскиот театарски фестивал ДАФ. Претставата е резултат на работилници што се реализираа во текот на целата година и е последниот дел од целогодишната кампања за инклузија на лица со интелектуална попреченост во културата со наслов „Мене ништо не ми пречи". Во претставата учествуваат лица со интелектуална попреченост од ЦПЛИП Порака Скопје и ученици со типичен и атипичен развој од училиштата од Општина Ѓорче Петров. Претставата е создадена по текстови на Алан Бол, Олга Токарчук, Милан Кундера, Михаил Булгаков, Фјодор Михајлович Достоевски, Вилијам Шекспир, Давид Албахари, Сања Михајловиќ-Костадиновска и Златко Митрески.
Оваа претстава низ една забавна игра, со елементи на мистика, трилер, на моменти во хорор жанр, како и црн хумор се занимава со цикличноста на животот и смртта. Еднаквоста на типичното и нетипичното кое што се раѓа и умира на ист начин, но сепак додека е живо се третира како непознато, различно, маргинализирано. Претставата е создадена во процес и анализа врз темата за смртта со ученици за кои беше една табу тема, од една страна, но од друга страна доста поучна и забавна, се наведува во најавата за претставата.
Во претставата ќе играат Никола Огненовски, Виолета Дојчиновска, Лара Бошковиќ, Дино Рамо, Трајанка Петреска, Ана Беќарска, Жаклина Велковска, Христина Димовска, Марија Тасевска, Илина Ристовска, Катарина Ристовска, Стефан Бјелиќ, Сандра Миовска, Ема Петреска, Јасен Угриновски, Стефанија Добреска, Матеа Пејчиновска, Јана Ламбевска и Матеа Геровска.    

The post Театарската претстава „Ништо не е страшно“ вечерва на ДАФ во Кочани appeared first on Република.

]]>
ДАФ од Кочани го објави повикот за пријавување претстави за овогодишното издание https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/daf-od-kochani-go-objavi-povikot-za-prijavuvanje-pretstavi-za-ovogodishnoto-izdanie/ Thu, 17 Mar 2022 14:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=474435

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) од Кочани го објави повикот за избор на претстави за годинешното 59. фестивалско издание.

Право на учество имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам.

На ДАФ 2022 во Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и го одредуваат учесниците на натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови.

При подготвувањето на драмскиот проект може да се консултираат и ангажираат и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи и слично. Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти кои се вработени во театарските куќи во земјава и во странство. Учесниците можат да конкурираат во неколку категории, односно театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели, се истакнува во јавниот повик од  Драмскиот аматерски фестивал.

Вкупниот број на членови кои учествуваат во подготовка и изведба на драмскиот проект не смее да надминува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл и 10 лица за меѓународни аматерски ансамбли. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да биде одобрено само од страна на Фестивалската управа.

Театарските групи треба да испратат видео снимка од целата претстава со која конкурираат како и драмскиот текст, според кој таа е работена. Пријавите за изборот на претстави и снимените материјали во електронска форма треба да се достават до 20 април на електронската пошта „festivaldaf@gmail.com“.

The post ДАФ од Кочани го објави повикот за пријавување претстави за овогодишното издание appeared first on Република.

]]>

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) од Кочани го објави повикот за избор на претстави за годинешното 59. фестивалско издание. Право на учество имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам. На ДАФ 2022 во Кочани се прикажуваат автори и дела, театарски претстави од домашни и од странски автори. Изборот на драмскиот материјал е слободен и го одредуваат учесниците на натпреварот во рамките на завршните фестивалски денови.
При подготвувањето на драмскиот проект може да се консултираат и ангажираат и стручни лица, режисери, артисти, драматурзи и слично. Во претставите на аматерските драмски ансамбли не може да настапуваат професионални артисти кои се вработени во театарските куќи во земјава и во странство. Учесниците можат да конкурираат во неколку категории, односно театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели, се истакнува во јавниот повик од  Драмскиот аматерски фестивал.
Вкупниот број на членови кои учествуваат во подготовка и изведба на драмскиот проект не смее да надминува повеќе од 16 лица за домашен драмски ансамбл и 10 лица за меѓународни аматерски ансамбли. Отстапување од одредбата за бројот на учесници може да биде одобрено само од страна на Фестивалската управа. Театарските групи треба да испратат видео снимка од целата претстава со која конкурираат како и драмскиот текст, според кој таа е работена. Пријавите за изборот на претстави и снимените материјали во електронска форма треба да се достават до 20 април на електронската пошта „festivaldaf@gmail.com“.

The post ДАФ од Кочани го објави повикот за пријавување претстави за овогодишното издание appeared first on Република.

]]>