Даблин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dablin/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 20:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даблин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dablin/ 32 32 Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zhestok-sudir-so-politsijata-vo-dablin-po-napad-vo-koj-mazh-povredil-petmina-so-nozh-od-koi-tri-detsa/ Thu, 23 Nov 2023 20:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=715658

Во Даблин вечерва дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата по напад во кој едно лице со нож повреди пет лица, односно двајца возрасни и три деца, јавува Би-би-си.

Вечерва, полицајците употребија штитови и палки откако се собра толпа, додека неколку полициски возила биле оштетени. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили. Комесарот на Гардата (Полиција) Дру Харис ја обвини за насилството „лудата, хулиганска фракција“, која учествувала во насилствата додека полицијата се обидувала да го заштити местото на злосторството.

 

 

„Бараме од луѓето да се однесуваат одговорно, да не слушаат дезинформации и гласини кои кружат на социјалните мрежи“, им рече тој на новинарите.

„Знаеме што се случи, но мотивот за ова е целосно нејасен, тоа е „независен напад““, додаде премиерот.

На претходната прес-конференција помошникот Лиам Герати изјави дека тешко повреденото девојче добило итна помош во болница, додека другото девојче и момче се полесно повредени. Тој додаде дека иако истрагата е сè уште во рана фаза, полицајците се уверени дека нема „активност поврзана со тероризам“ и дека се чини дека станува збор за „независен напад“.

Инаку, ирската полиција приведе маж откако три деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож пред основно училиште во центарот на Даблин, пренесува Дејли Меил.

Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути пред училиште во фреквентен дел на главниот град на Ирска.

Полицијата соопшти дека петгодишно девојче, жена на 30-годишна возраст и маж на 50-годишна возраст се тешко повредени. Девојчето добило итна медицинска помош. На петгодишно момче и шестгодишно девојче им била укажана помош со полесни повреди. Момчето било пуштено од болница.

Полицијата го третира нападот како „независен“ инцидент и не го смета за „поврзан со тероризам“, се вели на прес-конференцијата.

Маж на околу 50 години е приведен и полицијата во овој момент не бара никој друг. Полицијата апелира до сите кои имаат информации за инцидентот, вклучително и снимки од мобилните телефони од нападот и неговите последици, да се јават.

Полицијата ги пофали случајните минувачи кои интервенирале во, како што се вели, трауматичен и опасен инцидент.

Комесарот на Гарда, Дру Харис, рече дека е премногу рано да се зборува за мотивот.

„Едно лице е уапсено, не бараме никој друг во овој момент во врска со самиот инцидент, но истрагата очигледно ќе продолжи“, рече Харис, кој одби да ја коментира националноста на осомничениот, иако забележал „огромен број“ на шпекулации на интернет.

Толпа луѓе се собраа во близина на местото попладнево и го прекинаа автобускиот и трамвајскиот сообраќај. Антимигрантските активисти повикаа на протест подоцна во вечерните часови.

Нападот наводно се случил кога учениците го напуштиле училиштето. Случајни минувачи го разоружале осомничениот и го приклештиле на земја, а неколкумина го клоцале, изјавил Сибан Керни, кој бил сведок на овој немил настан.

„Луѓето се обидуваа да го нападнат човекот. Така јас и една американска дама формиравме прстен околу него велејќи дека ќе ја чекаме Гардата“, рече таа.

Другиот маж го чувал ножот за да се врати во полиција, рече таа.

Брза помош и други служби за итна помош пристигнале за неколку минути. Улиците биле затворени, а областа е прогласена за место на злосторство.

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е шокиран од нападот.

„Голем број луѓе беа повредени, вклучително и деца. Нашите мисли и молитви се за нив и нивните семејства“, рече тој.

Варадкар им се заблагодари на службите за итни случаи за, како што рече, брзата реакција. „Гарда уапси осомничен и следи конкретна линија на истрага“.

Министерката за правда Хелен Мекенти го нарече инцидентот „напад на самата невиност“ и изрази доверба во истрагата.

„Овој напад нѐ шокираше сите и не се сомневам дека одговорниот ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече таа.

The post Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца appeared first on Република.

]]>

Во Даблин вечерва дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата по напад во кој едно лице со нож повреди пет лица, односно двајца возрасни и три деца, јавува Би-би-си. Вечерва, полицајците употребија штитови и палки откако се собра толпа, додека неколку полициски возила биле оштетени. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека се распоредени дополнителни полициски сили. Комесарот на Гардата (Полиција) Дру Харис ја обвини за насилството „лудата, хулиганска фракција“, која учествувала во насилствата додека полицијата се обидувала да го заштити местото на злосторството.  
 
„Бараме од луѓето да се однесуваат одговорно, да не слушаат дезинформации и гласини кои кружат на социјалните мрежи“, им рече тој на новинарите.
„Знаеме што се случи, но мотивот за ова е целосно нејасен, тоа е „независен напад““, додаде премиерот.
На претходната прес-конференција помошникот Лиам Герати изјави дека тешко повреденото девојче добило итна помош во болница, додека другото девојче и момче се полесно повредени. Тој додаде дека иако истрагата е сè уште во рана фаза, полицајците се уверени дека нема „активност поврзана со тероризам“ и дека се чини дека станува збор за „независен напад“. Инаку, ирската полиција приведе маж откако три деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож пред основно училиште во центарот на Даблин, пренесува Дејли Меил. Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути пред училиште во фреквентен дел на главниот град на Ирска. Полицијата соопшти дека петгодишно девојче, жена на 30-годишна возраст и маж на 50-годишна возраст се тешко повредени. Девојчето добило итна медицинска помош. На петгодишно момче и шестгодишно девојче им била укажана помош со полесни повреди. Момчето било пуштено од болница. Полицијата го третира нападот како „независен“ инцидент и не го смета за „поврзан со тероризам“, се вели на прес-конференцијата. Маж на околу 50 години е приведен и полицијата во овој момент не бара никој друг. Полицијата апелира до сите кои имаат информации за инцидентот, вклучително и снимки од мобилните телефони од нападот и неговите последици, да се јават. Полицијата ги пофали случајните минувачи кои интервенирале во, како што се вели, трауматичен и опасен инцидент. Комесарот на Гарда, Дру Харис, рече дека е премногу рано да се зборува за мотивот. „Едно лице е уапсено, не бараме никој друг во овој момент во врска со самиот инцидент, но истрагата очигледно ќе продолжи“, рече Харис, кој одби да ја коментира националноста на осомничениот, иако забележал „огромен број“ на шпекулации на интернет. Толпа луѓе се собраа во близина на местото попладнево и го прекинаа автобускиот и трамвајскиот сообраќај. Антимигрантските активисти повикаа на протест подоцна во вечерните часови. Нападот наводно се случил кога учениците го напуштиле училиштето. Случајни минувачи го разоружале осомничениот и го приклештиле на земја, а неколкумина го клоцале, изјавил Сибан Керни, кој бил сведок на овој немил настан. „Луѓето се обидуваа да го нападнат човекот. Така јас и една американска дама формиравме прстен околу него велејќи дека ќе ја чекаме Гардата“, рече таа. Другиот маж го чувал ножот за да се врати во полиција, рече таа. Брза помош и други служби за итна помош пристигнале за неколку минути. Улиците биле затворени, а областа е прогласена за место на злосторство. Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е шокиран од нападот. „Голем број луѓе беа повредени, вклучително и деца. Нашите мисли и молитви се за нив и нивните семејства“, рече тој. Варадкар им се заблагодари на службите за итни случаи за, како што рече, брзата реакција. „Гарда уапси осомничен и следи конкретна линија на истрага“. Министерката за правда Хелен Мекенти го нарече инцидентот „напад на самата невиност“ и изрази доверба во истрагата. „Овој напад нѐ шокираше сите и не се сомневам дека одговорниот ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече таа.

The post Жесток судир со полицијата во Даблин по напад во кој маж повредил петмина со нож, од кои три деца appeared first on Република.

]]>
Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-kamion-se-zabi-vo-ruskata-ambasada-vo-dablin-dodeka-prisutnite-skanadiraa-so-odobruvanje/ Tue, 08 Mar 2022 16:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=469745

Човек со камион се забил во руската амбасада во главниот град на Ирска, Даблин, за време на протестите против руската воена акција во Украина.

Камионот ја разбил оградата на амбасадата, по што бил поздравен со извици на одобрување од собраните демонстранти.

Сакам амбасадорот и неговите колеги да заминат од нашата земја, да ја напуштат оваа слободна земја. Време е да им се спротивставиме. Јас го направив својот дел. Сега е време остатотокот на Ирска да го направи својот - изјави човекот, кој се идентификувал како работник од градот Лајтрим, на 150 километри од Даблин.

Полицајците што биле во близина го уапсиле, а тој не пружал отпор.

За жал, морам да ве уапсам поради опасно возење - му рекла една од полицајките.

https://twitter.com/INVESTMENTSHULK/status/1500867015547965441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500867015547965441%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886659%2Fkamionom-udario-na-rusku-ambasadu-u-dablinu-dok-je-irac-provaljivao-prisutni-gradjani-aplaudirali-video

Од руската амбасада остро го осудија инцидентот.

Полицајците не направија ништо додекасе случуваше нападот. Амбасадата најостро го осудува ова кривично дело на лудост насочена против мирна дипломатска мисија. Амбасадата во овј чин гледа како јасно и недвосмислено кршење на членот 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

 

Амбасадата е контакт со ирското министерство за надворешни работи и бара од ирските власти да преземат строги мерки за да ја осигураат безбедноста на вработените во амбасадата и членовите на нивните семејства. Инцидентот е причина за голема загриженост. Сметаме дека ниту еден разумен човек не би можел да поддржи таков лудачки и варварски чин - изјави портпаролката на руската амбасада.

The post Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување appeared first on Република.

]]>

Човек со камион се забил во руската амбасада во главниот град на Ирска, Даблин, за време на протестите против руската воена акција во Украина. Камионот ја разбил оградата на амбасадата, по што бил поздравен со извици на одобрување од собраните демонстранти.
Сакам амбасадорот и неговите колеги да заминат од нашата земја, да ја напуштат оваа слободна земја. Време е да им се спротивставиме. Јас го направив својот дел. Сега е време остатотокот на Ирска да го направи својот - изјави човекот, кој се идентификувал како работник од градот Лајтрим, на 150 километри од Даблин.
Полицајците што биле во близина го уапсиле, а тој не пружал отпор.
За жал, морам да ве уапсам поради опасно возење - му рекла една од полицајките.
https://twitter.com/INVESTMENTSHULK/status/1500867015547965441?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500867015547965441%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886659%2Fkamionom-udario-na-rusku-ambasadu-u-dablinu-dok-je-irac-provaljivao-prisutni-gradjani-aplaudirali-video Од руската амбасада остро го осудија инцидентот.
Полицајците не направија ништо додекасе случуваше нападот. Амбасадата најостро го осудува ова кривично дело на лудост насочена против мирна дипломатска мисија. Амбасадата во овј чин гледа како јасно и недвосмислено кршење на членот 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.   Амбасадата е контакт со ирското министерство за надворешни работи и бара од ирските власти да преземат строги мерки за да ја осигураат безбедноста на вработените во амбасадата и членовите на нивните семејства. Инцидентот е причина за голема загриженост. Сметаме дека ниту еден разумен човек не би можел да поддржи таков лудачки и варварски чин - изјави портпаролката на руската амбасада.

The post Со камион се заби во руската амбасада во Даблин додека присутните сканадираа со одобрување appeared first on Република.

]]>