д-р Жан МИтрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-zan-mitrev/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 09:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Жан МИтрев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-zan-mitrev/ 32 32 Одложено првото рочиште за Жан Митрев и неговата приватна клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozheno-prvoto-rochishte-za-zhan-mitrev-i-negovata-privatna-klinika/ Tue, 28 Feb 2023 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=614054

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска почна судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната се одложи денешното рочиште.

Д-р Митрев беше присутен во судот.

Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината, изјави д-р Митрев.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Се што очекуваме е фер судење, а заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажеме вистината, изјави д-р Митрев.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Одложено првото рочиште за Жан Митрев и неговата приватна клиника appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска почна судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната се одложи денешното рочиште. Д-р Митрев беше присутен во судот.
Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината, изјави д-р Митрев.
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Се што очекуваме е фер судење, а заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажеме вистината, изјави д-р Митрев.
Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.    

The post Одложено првото рочиште за Жан Митрев и неговата приватна клиника appeared first on Република.

]]>
Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради „несериозниот и површен пристап“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/ Tue, 24 Jan 2023 11:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=600456

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката, информираат од Клиниката.

Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради досегашното површно иследување на постапката.

Во писмото, д-р Митрев осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, го потенцира општествено значење на клиниката затоа што нуди врвна медицинска нега, максимален професионален ангажман и посветеност на добросостојбата на пациентот и надеж за излекување и за живот, дури и кога тоа не било случај во другите клиники.

И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно без да се навлезе во суштината.

На крајот од писмото повторно се упатува повик за зголемен мониторинг на процесот заради несериозниот и површен пристап:

Сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме. И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај, го завршува писмото д-р Митрев.

The post Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради „несериозниот и површен пристап“ appeared first on Република.

]]>

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката, информираат од Клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради досегашното површно иследување на постапката. Во писмото, д-р Митрев осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, го потенцира општествено значење на клиниката затоа што нуди врвна медицинска нега, максимален професионален ангажман и посветеност на добросостојбата на пациентот и надеж за излекување и за живот, дури и кога тоа не било случај во другите клиники.
И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно без да се навлезе во суштината.
На крајот од писмото повторно се упатува повик за зголемен мониторинг на процесот заради несериозниот и површен пристап:
Сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме. И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај, го завршува писмото д-р Митрев.

The post Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради „несериозниот и површен пристап“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/ Tue, 10 Jan 2023 08:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=595190

Основното јавно обвинителство денеска на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот.

На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО.

The post ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев appeared first on Република.

Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrev-so-hemofiltracija-samo-lechevme-ne-pravevme-eksperimenti/ Wed, 19 Oct 2022 12:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=563125

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?

Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.

До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација.

Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.

Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>

„Ние со хемофилтрација само лечевме, не правевме никакви ЕКСПЕРИМЕНТИ или клиничко испитување. Тоа е само уште една постапка, една можност повеќе, на некои најтешко болни пациенти да им се помогне. Но, како и многу други лекови и постапки во медицината, хемофилтрацијата не е магично стапче со кое ќе се решат сите проблеми на еден пациент, вели д-р Жан Митрев во интервјуто дадено за порталот МКД.мк на прашањето дали со хемофилтрацијата е правено паралелно клиничкото испитување?
Клиничко испитување е кога се воведува некој нов лек или средство во третманот на пациентите и тоа го врши и организира производителот на тој лек или средство. Се организира клиничко испитување од производителот, кој е должен да ја пријави таа студија во МАЛМЕД или други институции, а одредени болници или доктори ја спроведуваат по утврден протокол и со тоа резултатите се објавуваат во медицински списанија за тоа дали нешто подобро делува од нешто друго. Значи, и да сме сакале да правиме клиничка студија, не сме можеле, затоа што ние не го произведуваме сетот и филтерот за хемофилтрација. Од друга страна, тоа од производителот е одамна направено. Хемофилтрацијата уште од 1977 год. е дозволена и има ЦЕ марка. Ние како болница од 2008 континуирано ги купуваме овие филтри од овластен дистрибутер во Македонија, кој ги поминал сите законски процедури за регистрација и дозволи за користење на тоа средство во лекување на тешко болни пациенти, објаснува д-р Митрев.
До пред пандемијата, на одделот за интензивно лекување во 2019 година на Клиника Жан Митрев се направени скоро 200 хемофилтрации кај пациенти со тешки срцеви декомпензации, кои паралелно имале пореметена функција на бубрезите, дијабетичари со изразена склоност кон инфекции. Нивното успешно лекување и стабилизирање на здравствената состојба би било многу потешко без примена на методот на хемофилтрација. Според д-р Митрев јавноста беше изманипулирана, користејќи го терминот клиничко испитување за нешто што веќе години наназад се користи и за истото има одобрение.
Хемофилтрација е многу суверена метода во лекувањето на најтешко болните пациенти, таа буквално во најголемиот број случаи му го спасува животот на пациентот, ако се вклучи на време и се направи како треба. Штета е на ваков начин да се дискредитира една медицинска постапка, вели д-р Митрев во интервјуто.

The post Митрев: Со хемофилтрација само лечевме, не правевме експерименти appeared first on Република.

]]>
ОЈО отвори истрага против д-р Жан Митрев за измама, одземен му е пасошот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-otvori-istraga-protiv-d-r-zan-mitrev-za-izmama-odzemen-mu-e-pasoshot/ Fri, 12 Aug 2022 14:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=539693

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска отвори истрага против д-р Жан Митрев за кривично дело измама, осомничен дека во неговата приватна болница две години ги доведувал во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација.

„По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација. Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, соопшти Обвинителството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/

Скопското јавно обвинителство на 18 јули по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ од Скопје, откако на 17 јули се емитуваше документарна сторија „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ). ИРЛ ја објави истражувачката сторија за лекување на пациенти од ковид-19 со хемофилтрација, при што некои починале од интрахоспитални инфекции.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinika-zan-mitrev-od-kovid-pochinale-442-pacienti-procentot-na-preziveani-e-pogolem-od-nacionalniot-prosek/

The post ОЈО отвори истрага против д-р Жан Митрев за измама, одземен му е пасошот appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска отвори истрага против д-р Жан Митрев за кривично дело измама, осомничен дека во неговата приватна болница две години ги доведувал во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација.
„По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид-19 со методот на хемофилтрација. Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, соопшти Обвинителството.
https://republika.mk/vesti/makedonija/zan-mitrev-povikan-na-raspit-vo-obvinitelstvo/ Скопското јавно обвинителство на 18 јули по допрен глас отвори предмет за недозволеното експериментално лекување на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ од Скопје, откако на 17 јули се емитуваше документарна сторија „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија(ИРЛ). ИРЛ ја објави истражувачката сторија за лекување на пациенти од ковид-19 со хемофилтрација, при што некои починале од интрахоспитални инфекции. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-klinika-zan-mitrev-od-kovid-pochinale-442-pacienti-procentot-na-preziveani-e-pogolem-od-nacionalniot-prosek/

The post ОЈО отвори истрага против д-р Жан Митрев за измама, одземен му е пасошот appeared first on Република.

]]>