д-р Владимир Рендевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-vladimir-rendevski/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 15:03:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Владимир Рендевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-vladimir-rendevski/ 32 32 Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manoleva-ne-smetam-deka-treba-da-podnesam-ostavka-poradi-istragata-za-onkologija/ Wed, 25 Oct 2023 15:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=694980

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски.

Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да резултираат со исход и дека ќе дадат точни, прецизни информации дали на Клиниката за онкологија имало злоупотреба на терапијата и на други процедури и доколку имало кои се виновниците со точно име и презиме кои се обиделе да ја злоупотребуваат довербата на пациентите.

Не сметам дека ако во оваа време се отвора еден ваков сериозен проблем, кој треба да финишира, јас треба да си поднесам оставка. Треба да ги чекаме резултатите кои ќе ни ги даде Основното јавно обвинителство за да видиме со што располагаме, какви евентуални дела имаме и дури потоа да видиме како сето тоа ќе резултира на крајот. Не сум имала сознанија претходно во врска со овој случај. Би сакала истрагата да го докаже обвинението на евентуалните кривци во обвинението, но би сакала да кажам  дека ние не сме суд или обвинителство за да носиме одлуки индивидуално и како пратеници и како луѓе, рече Манолева.

Таа нагласи дека не сака да и бидат достапни никакви информации околу овој случај кои не се достапни за останатата јавност.

Според неа, она што требало да заседава, а што е факт дека не заседавало и што е извесно во ревизорскиот извештај, е дека не заседавал онколошкиот колегиум.

Манолева соопшти дека уште веднаш по стапувањето новоименуваната медицинска директорка на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, побарала секоја среда да заседава онколошкиот колегиум, на кој, како што рече, транспарентно сите раководители да имаат право на глас освен медицинскиот директор на институцијата.

Заменик-министерката истакна дека долгот на Клиниката за онкологија и радиотерапија е зголемен поради зголемениот број на онколошки пациенти, но и заради воведувањето на биолошката терапија која претставува скапа иновативна терапија.

Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство истакна дека за случајот во Онкологија разбрал од медиумите. Со вакви постапки, според Рендевски кој функцијата ја извршуваше од февруари 2022 до февруари 2023 година, се губи довербата кај граѓаните и пациентите во државното здравство.

Како што рече Рендевски, клинички патеки, тумор бордови, на стручен колегиум треба да функционираат за да не ни се случат понатаму вакви работи. Потенцира дека доколку постојат неправилности, треба да има одговорност.

Јас отсекогаш сум бил поборник дека Македонија треба да има јако државно здравство, особено како една земја во развој. Доколку постојат неправилности, треба да има одговорност за оваа работа. Мое гледиште како лекар е дека биолошката терапија реално е многу скапа и мора да постојат јасни критериуми, клинички патеки по кои што ќе се одлучува кај кои пациенти треба да биде спроведена биолошката терапија. Не може за секој пациент кој што е во напреднат стадиум да има биолошка терапија, а од друга страна во здравството ние се соочуваме со огромен недостиг по однос на други работи. Мое мислење е дека и во иднина треба а и требало стручниот колегиум да биде компетентен за спроведување, односно одредување кој пациент да ја добие која биолошка терапија, рече тој.

Според него, ако било која јавно здравствена установа за кратко време наталожува одреден долг, тоа не е добро и секоја институција треба да реагира за тоа.

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска, поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија appeared first on Република.

]]>

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во Клиниката за онкологија попладнево на прашањата на пратениците одговараа актуелната заменик-министерка за здравство Маја Манолева и поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски. Маја Манолева, заменик министерка за здравство, која ја извршува функцијата од март годинава очекува наводите што се почнати од оваа постапка од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да резултираат со исход и дека ќе дадат точни, прецизни информации дали на Клиниката за онкологија имало злоупотреба на терапијата и на други процедури и доколку имало кои се виновниците со точно име и презиме кои се обиделе да ја злоупотребуваат довербата на пациентите.
Не сметам дека ако во оваа време се отвора еден ваков сериозен проблем, кој треба да финишира, јас треба да си поднесам оставка. Треба да ги чекаме резултатите кои ќе ни ги даде Основното јавно обвинителство за да видиме со што располагаме, какви евентуални дела имаме и дури потоа да видиме како сето тоа ќе резултира на крајот. Не сум имала сознанија претходно во врска со овој случај. Би сакала истрагата да го докаже обвинението на евентуалните кривци во обвинението, но би сакала да кажам  дека ние не сме суд или обвинителство за да носиме одлуки индивидуално и како пратеници и како луѓе, рече Манолева.
Таа нагласи дека не сака да и бидат достапни никакви информации околу овој случај кои не се достапни за останатата јавност. Според неа, она што требало да заседава, а што е факт дека не заседавало и што е извесно во ревизорскиот извештај, е дека не заседавал онколошкиот колегиум. Манолева соопшти дека уште веднаш по стапувањето новоименуваната медицинска директорка на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, побарала секоја среда да заседава онколошкиот колегиум, на кој, како што рече, транспарентно сите раководители да имаат право на глас освен медицинскиот директор на институцијата. Заменик-министерката истакна дека долгот на Клиниката за онкологија и радиотерапија е зголемен поради зголемениот број на онколошки пациенти, но и заради воведувањето на биолошката терапија која претставува скапа иновативна терапија. Владимир Рендевски, поранешен заменик министер за здравство истакна дека за случајот во Онкологија разбрал од медиумите. Со вакви постапки, според Рендевски кој функцијата ја извршуваше од февруари 2022 до февруари 2023 година, се губи довербата кај граѓаните и пациентите во државното здравство. Како што рече Рендевски, клинички патеки, тумор бордови, на стручен колегиум треба да функционираат за да не ни се случат понатаму вакви работи. Потенцира дека доколку постојат неправилности, треба да има одговорност.
Јас отсекогаш сум бил поборник дека Македонија треба да има јако државно здравство, особено како една земја во развој. Доколку постојат неправилности, треба да има одговорност за оваа работа. Мое гледиште како лекар е дека биолошката терапија реално е многу скапа и мора да постојат јасни критериуми, клинички патеки по кои што ќе се одлучува кај кои пациенти треба да биде спроведена биолошката терапија. Не може за секој пациент кој што е во напреднат стадиум да има биолошка терапија, а од друга страна во здравството ние се соочуваме со огромен недостиг по однос на други работи. Мое мислење е дека и во иднина треба а и требало стручниот колегиум да биде компетентен за спроведување, односно одредување кој пациент да ја добие која биолошка терапија, рече тој.
Според него, ако било која јавно здравствена установа за кратко време наталожува одреден долг, тоа не е добро и секоја институција треба да реагира за тоа. Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска, поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани. Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.

The post Манолева: Не сметам дека треба да поднесам оставка поради истрагата за Онкологија appeared first on Република.

]]>
Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/timot-na-d-r-rendevski-dobi-priznanie-za-najvisoko-rangiran-nauchno-istrazhuvachki-trud-za-2022-godina/ Fri, 07 Apr 2023 15:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=628410

Македонското лекарско друштво додели Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицина за 2022 година на тимот на доцент доктор Владимир Рендевски од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје.

По повод светскиот ден на здравјето, 7-ми април, македонското лекарско друштво, на денешниот настан организиран под мотото ,,Здравје за сите“, на мултидисциплинарниот научно-истражувачки тим: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Асс. д-р Благој Шунтов, Проф. д-р Ненси Манушева и Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, од Медицинскиот факулет Скопје и Природно-математичкиот факултет во Скопје, им додели признание за највисоко рангиран наулно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година.

Во тек на минатата година, тимот предводен од доктор Рендевски го објави трудот „Воспалителни и оксидативни стрес маркери во интрацеребрална хеморагија: Релевантност како прогнозирачки маркери за квантификација на волуменот на едемот“ (Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume), објавен во меѓународното медицинско списание „Бреин патолоџи“ (Brain Pathology), со импакт фактор 7.611.

Во научниот труд се презентирани напредни математички модели со кои, врз база на одредени биохемиски, радиолошки и клинички параметри, се врши нумеричко предвидување на волуменот на мозочниот едем, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Во истиот труд е прикажан и апликативен софтверски пакет кој има можност после внесување на наведените параметри, да генерира бројчана вредност на предвидениот резултат, како и да го направи 3Д-моделирање на истиот.

 

The post Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Македонското лекарско друштво додели Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицина за 2022 година на тимот на доцент доктор Владимир Рендевски од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје. По повод светскиот ден на здравјето, 7-ми април, македонското лекарско друштво, на денешниот настан организиран под мотото ,,Здравје за сите“, на мултидисциплинарниот научно-истражувачки тим: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Асс. д-р Благој Шунтов, Проф. д-р Ненси Манушева и Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, од Медицинскиот факулет Скопје и Природно-математичкиот факултет во Скопје, им додели признание за највисоко рангиран наулно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година. Во тек на минатата година, тимот предводен од доктор Рендевски го објави трудот „Воспалителни и оксидативни стрес маркери во интрацеребрална хеморагија: Релевантност како прогнозирачки маркери за квантификација на волуменот на едемот“ (Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume), објавен во меѓународното медицинско списание „Бреин патолоџи“ (Brain Pathology), со импакт фактор 7.611. Во научниот труд се презентирани напредни математички модели со кои, врз база на одредени биохемиски, радиолошки и клинички параметри, се врши нумеричко предвидување на волуменот на мозочниот едем, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Во истиот труд е прикажан и апликативен софтверски пакет кој има можност после внесување на наведените параметри, да генерира бројчана вредност на предвидениот резултат, како и да го направи 3Д-моделирање на истиот.  

The post Тимот на д-р Рендевски доби признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kje-ima-posilna-kontrola-na-propishuvanjeto-dijazepami/ Fri, 03 Jun 2022 19:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=510822

Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам ќе има само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епидемиската употреба и злоупотреба на апчињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.

Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секо, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот - вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски.

Според ФЗОМ, само лани официјално биле издадени над 1.380 000 рецепти а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во пандемиските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, велат дека во мај биле реализирани над 107.000 а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно.

Освен седативи и антидепресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А, нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.

Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок - вели Рендевски.

Д-р Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.

The post Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами appeared first on Република.

]]>

Не по желба на пациентот, туку рецепт за диазепам ќе има само за оние кои навистина имаат потреба од тој лек. Здравствените власти велат со построги закони можат евентуално да ја контролираат епидемиската употреба и злоупотреба на апчињата за смирување што според податоците од ФЗОМ ги пие секој полнолетен во државата.
Се издаваат во преголема бројка, треба да се направи систем но и самите матични нормално да пропишуваат рецепти. Ние она што можеме е да направиме построга регулатива на издавање. Секо, има реално лица на кој им треба овој лек, но не по желба на пациентот - вели заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски.
Според ФЗОМ, само лани официјално биле издадени над 1.380 000 рецепти а во оваа бројка не се и диазепамите купени на приватно. Најголем пораст има во пандемиските 2020 и 2021 година. Од Мој Термин, пак, велат дека во мај биле реализирани над 107.000 а во април 111.548 рецепти од овој лек или од аптеките се изнесуваат околу 4.000 кутии диазепам дневно. Освен седативи и антидепресиви, најголема побарувачка и потрошувачка има за лекот за регулирање на крвниот притисок. А, нередовното пиење на терапијата и занемарување на состојбата е една од најчестите причини за мозочен удар.
Дури 80 проценти од пациентите со мозочен удар третирани кај нас имале нерегулиран крвен притисок - вели Рендевски.
Д-р Рендевски кој е неврохирург присуствуваше на тематскиот состанок одржан од здружението на неврохирурзи за новините во нивната област кои се во интерес и на пациентите и на лекарите.

The post Ќе има посилна контрола на пропишувањето дијазепами appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за неврохирургија првпат изведена нова техника што врши флуоросцентно обојување на туморите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-nevrohirurgija-prvpat-izvedena-nova-tehnika-shto-vrshi-fluoroscentno-obojuvanje-na-tumorite/ Thu, 03 Feb 2022 14:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=453648

На Клиниката за неврохирургија денеска првпат била изведена нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите.

Новата техника при операцијата ја извршиле д-р Венко Филипче и д-р Владимир Рендевски.

Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување, вели д-р Филипче.

The post На Клиниката за неврохирургија првпат изведена нова техника што врши флуоросцентно обојување на туморите appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за неврохирургија денеска првпат била изведена нова техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите. Новата техника при операцијата ја извршиле д-р Венко Филипче и д-р Владимир Рендевски.
Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите. На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување, вели д-р Филипче.

The post На Клиниката за неврохирургија првпат изведена нова техника што врши флуоросцентно обојување на туморите appeared first on Република.

]]>
Битолскиот неврохирург Владимир Рендевски ќе биде новиот заменик министер за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskiot-nevrohirurg-vladimir-rendevski-kje-bide-noviot-zamenik-minister-za-zdravstvo/ Thu, 27 Jan 2022 09:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=450119

Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри.

На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ:

За заменик-министер за здравство партијата одлучи да биде доцент доктор Владимир Рендевски.

Од 2017 д-р Рендевски е прв човек на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а во 2020 година ја доби 4-то Ноемвриската награда на град Битола за едногодишно остварување. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

The post Битолскиот неврохирург Владимир Рендевски ќе биде новиот заменик министер за здравство appeared first on Република.

]]>

Централниот обор на СДСМ го овласти претседателот и премиер Ковачевски, да разговара со партнерите во владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри. На предлог на претседателот Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ донесе одлука за замениците министри од СДСМ: За заменик-министер за здравство партијата одлучи да биде доцент доктор Владимир Рендевски. Од 2017 д-р Рендевски е прв човек на Клиниката за неврохирургија во Скопје, а во 2020 година ја доби 4-то Ноемвриската награда на град Битола за едногодишно остварување. Тој е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на Медицинскиот факултет во Скопје, докажан хирург на Универзитетка клника за неврохиругија кој има објавено над 70 стручни трудови.

The post Битолскиот неврохирург Владимир Рендевски ќе биде новиот заменик министер за здравство appeared first on Република.

]]>