д-р Виолета Клисаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-violeta-klisarovska/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 12:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Виолета Клисаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-violeta-klisarovska/ 32 32 Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/disperzijata-vo-lekuvane-na-patsienti-so-maligni-zaboluvana-mora-da-profunktsionira-reche-v-d-direktorkata-na-onkologija-pred-anketnata-komisija/ Tue, 31 Oct 2023 12:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=696686

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисаровска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката.

Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година.

Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи.

Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа.

Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.

Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисаровска.

Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести.

Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.

Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

The post Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисаровска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката. Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година. Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи. Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа. Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.
Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисаровска.
Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести. Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.
Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

The post Дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања мора да профункционира, рече в.д директорката на Онкологија пред Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>
Од ноември 2022 година секој пациент ја добива препишаната терапија, без никаква манипулација со лековите, тврди директорката на Клиниката за Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-noemvri-2022-godina-sekoj-patsient-ja-dobiva-prepishanata-terapija-bez-nikakva-manipulatsija-so-lekovite-tvrdi-direktorkata-na-klinikata-za-onkologija/ Mon, 04 Sep 2023 11:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=678642

Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија, од ноември 2022 година, секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите, изјави на денешната прес-конфренција д-р Виолета Клисаровска.

Во петокот, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Како што денеска информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.

Во врска со постапката која е во тек и за која сите сте запознаени, ве уверувам дека како организациски тим ние сме целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците, изјави д-р Клисаровска.

Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат.

Стручниот колегиум на Клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот. За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните, рече д-р Клисаровска.

The post Од ноември 2022 година секој пациент ја добива препишаната терапија, без никаква манипулација со лековите, тврди директорката на Клиниката за Онкологија appeared first on Република.

]]>

Одговорно им тврдам на пациентите, откако сум јас директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија, од ноември 2022 година, секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите, изјави на денешната прес-конфренција д-р Виолета Клисаровска. Во петокот, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Како што денеска информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.