д-р Соња Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-sona-nikolova/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 09:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Соња Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-sona-nikolova/ 32 32 На Институтот за радиолгија вработените работат и втора смена и за викенд, ги расчистивме заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-institutot-za-radiolgija-vrabotenite-rabotat-i-vtora-smena-i-za-vikend-gi-raschistivme-zaostanatite-naodi-imame-ushte-malku-rabota-za-da-zastaneme-na-zdravi-noze-veli-direktorkata-d-r-sona-nikolova/ Mon, 12 Aug 2024 09:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=805710

Сега помалку се чека за читање на заостанатите наоди, сигурно е преполовено од порано, рече денеска директорката на Институтот за радиологија д-р Сања Николова која денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари ги промовираа реновираните простории на Институтот кои се наоѓаат во рамки на Хируршките клиники. Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони денари), од кои 1,7 милиони денари се донација од Кина.

Радосни сме што може да го прославиме отворањето на реновираните простории каде што моите здравствени работиници и соработници поминуваат 18 и 24 часа дежурства. Идејата беше да се зголеми ефикасноста на просторот, да се создаде една поудбона, посветла, почиста средина со што ќе го подобриме целокупното искуство на пациентите за време на нивниот краток престој во овие простории. Идејата беше да се стимулира и кадарот кој ќе работи, да ја зголемиме ефикасноста на овој оддел и со тоа да се зголеми и квалитетот на услугата на пациентите, изјави д-р Николова.

Д-р Николова кажа дека вработите работат и втора смена, се работи за викенд, тоа е добра воља на луѓето и таа им се заблагодари за ангажманот.

Доста расчистивме од заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе и да се организираме поинаку. Во моментов не можам да ви кажам колку е чекањето, но помалку е од претходно, сигурно е преполовено. Моравме да направиме внатрешна реорганизација со постоечкиот кадар, изјави д-р Николова.

Таа кажа дека на Институтот имаат проблем со кадарот, бидејќи дел заминал во приватното здравство, а поголем дел се пензионирал, така што со постоечкиот кадар што не е доволен, тие направиле внатрешна реорганизација за да се намали чекањето на наоди.

Според министерот Таравари во Македонија помалку се чека на резултати отколку во државите во регионот, а да не зборуваме за другите европски држави, рече Таравари.

Мора да водиме сметка дека ова е системски проблем, кој е генериран со години, мора да бидеме трпеливи, да имаме разбирање. Ние сме тука за пациентите кои не само на време треба да добијат резултати, туку треба да добијат и квалитетни резултати. Кванитетот не значи ништо ако добиете неточни резултати. Соработуваме со министерството за здравство, со управата за електронско закажување, така што во периодот што следи, ќе се организиаме подобро за овој застој да не се генерира постојано, изјави д-р Николова.

Имаме неколку дописи до „Мој термин“ за проблемот кој ни настана, посебно за итните пациенти кои ни доаѓаат од Ургентниот центар. Немаме можност да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени за проблемот за кој доаѓаат кај нас и да им се изврши некоја дијагностичка процедура. се надеваме дека мој термин ќе покаже слух за овој проблем, бидејќи за да се постави дијагноза потребни ни се информации кои доаѓаат од надвор, без разлика дали станува збор за лабораторија, клинички преглед или други дополнителни иследувања. се надевам дека мој термин ќе покаже слух за овој проблем.

The post На Институтот за радиолгија вработените работат и втора смена и за викенд, ги расчистивме заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе appeared first on Република.

]]>

Сега помалку се чека за читање на заостанатите наоди, сигурно е преполовено од порано, рече денеска директорката на Институтот за радиологија д-р Сања Николова која денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари ги промовираа реновираните простории на Институтот кои се наоѓаат во рамки на Хируршките клиники. Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони денари), од кои 1,7 милиони денари се донација од Кина.
Радосни сме што може да го прославиме отворањето на реновираните простории каде што моите здравствени работиници и соработници поминуваат 18 и 24 часа дежурства. Идејата беше да се зголеми ефикасноста на просторот, да се создаде една поудбона, посветла, почиста средина со што ќе го подобриме целокупното искуство на пациентите за време на нивниот краток престој во овие простории. Идејата беше да се стимулира и кадарот кој ќе работи, да ја зголемиме ефикасноста на овој оддел и со тоа да се зголеми и квалитетот на услугата на пациентите, изјави д-р Николова.
Д-р Николова кажа дека вработите работат и втора смена, се работи за викенд, тоа е добра воља на луѓето и таа им се заблагодари за ангажманот.
Доста расчистивме од заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе и да се организираме поинаку. Во моментов не можам да ви кажам колку е чекањето, но помалку е од претходно, сигурно е преполовено. Моравме да направиме внатрешна реорганизација со постоечкиот кадар, изјави д-р Николова.
Таа кажа дека на Институтот имаат проблем со кадарот, бидејќи дел заминал во приватното здравство, а поголем дел се пензионирал, така што со постоечкиот кадар што не е доволен, тие направиле внатрешна реорганизација за да се намали чекањето на наоди. Според министерот Таравари во Македонија помалку се чека на резултати отколку во државите во регионот, а да не зборуваме за другите европски држави, рече Таравари.
Мора да водиме сметка дека ова е системски проблем, кој е генериран со години, мора да бидеме трпеливи, да имаме разбирање. Ние сме тука за пациентите кои не само на време треба да добијат резултати, туку треба да добијат и квалитетни резултати. Кванитетот не значи ништо ако добиете неточни резултати. Соработуваме со министерството за здравство, со управата за електронско закажување, така што во периодот што следи, ќе се организиаме подобро за овој застој да не се генерира постојано, изјави д-р Николова.
Имаме неколку дописи до „Мој термин“ за проблемот кој ни настана, посебно за итните пациенти кои ни доаѓаат од Ургентниот центар. Немаме можност да влегуваме во систем и да гледаме како се тие упатени за проблемот за кој доаѓаат кај нас и да им се изврши некоја дијагностичка процедура. се надеваме дека мој термин ќе покаже слух за овој проблем, бидејќи за да се постави дијагноза потребни ни се информации кои доаѓаат од надвор, без разлика дали станува збор за лабораторија, клинички преглед или други дополнителни иследувања. се надевам дека мој термин ќе покаже слух за овој проблем.

The post На Институтот за радиолгија вработените работат и втора смена и за викенд, ги расчистивме заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе appeared first on Република.

]]>
Шест нови директори на скопските универзитетски клиники https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-novi-direktori-na-skopskite-univerzitetski-kliniki/ Thu, 04 Jul 2024 17:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=793521

Скопските клиники добиваат нови директори Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје,

Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија. Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство.

Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор.

Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности.

Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.

На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска. Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија.

Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание. За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија.

Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар. Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло. Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат. Доктор

Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија.

Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје. Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика. Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата.

Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија. Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје.

The post Шест нови директори на скопските универзитетски клиники appeared first on Република.

]]>

Скопските клиники добиваат нови директори Шест скопски клиники добиваат нови директори. Станува збор за Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, Универзитетска клиника за дерматологија, Универзитетска клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје, Универзитетска клиника за уво, нос и грло, Универзитетски институт за радиологија, како и клиника за ревматологија. Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Алексиоска Папестиев завршила Медицински Факултет на УКИМ во 2006година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и Македонско Лекарско Друство. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерства на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани Центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска. Паралелно со стрчното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент , а моментално е избрана за Професор. Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија, а има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции. Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници. На директорското столче во Универзитетската клиника за дерматологија седнува Катерина Дамевска. Дамевска дипломирала на Медицинскиот факултет во 1993 година, магистрирала во 2009 година, а докторирала во 2014та година Во моментот е вонреден професор на Катедрата по дерматовенерологијасо 25 годишно искуство на полето на детската дерматологија и дерматопатологија. Дамевска е главен истражувач во повеќе научни проекти, меѓу кои и проекти финансиски подржани од Европското здружение на дерматолози. Таа е автор и коавтор на 18 поглавија во книги и учебници публикувани во странство и 34 публикации во часописи со фактор на влијание. За нов директор на клиника по хирушки болести Св.Наум Охридски- Скопје е назначен и доктор Небојша Настов. А според биографијата завршил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што во моментот е докторант на медицински науки. Своето работно искуство го започнува токму во клиниката за Хирушки болести, од 2014тата е назначен за раководител на оддел Трауматологија. Настов има добиено неколку признанија како што е 13 Ноемвриска награда за литература, орден за заслуги на Македонија, како 13 Ноемвриска награда за спортски лекар. Игор Камшиковски е назначен за директор на универзитетската клиника за уво, нос и грло. Камшиковски завршил Медицински факултет. А покрај своето долгогодишно работно искуство во здравството е и специјалист Оториноларинголог, хирург на глава и врат. Доктор Соња Николова е новата директорка на Универзитетскиот институт за радиологија. Николова основно и средно образование завршила во Стурмица, додека пак високо образование се стекнува на Медицинскиот факултет во Скопје. Николова во 2013тата година се стекнува со звањето специјалист по радиодијагностика, а хонорарно работела како лекар специјалист радиодијагностичар во Клиничката болница во Штип на одделот за КТ и МРИ невродијагностика и мускулно скелетна радиодијагностика. Вработена е на Универзитетскиот институт за радиологија од 2014тата година, а во 2023 година се стекнала со називот доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиологијата. Емилија Сандевска е назначена за директорка на Клиниката за ревматологија. Сандевска завршила основно и средно медицинско училиште- отсек за медицински сестри. На Медицинскиот факултет се запишала во учебната дипломирала во 2004 година. Од 2007 година е вработена е во ЈЗУ Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје.

The post Шест нови директори на скопските универзитетски клиники appeared first on Република.

]]>
Д-р Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-sona-nikolova-e-nova-direktorka-na-institutot-za-radiologija/ Thu, 04 Jul 2024 12:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=793410

Доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити за директор на Клиниката за неврологија.

Таравари на брифингот со новинарите на почетокот од месецов рече дека до петок ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8 Септември“

 

The post Д-р Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија appeared first on Република.

]]>

Доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава. Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити за директор на Клиниката за неврологија. Таравари на брифингот со новинарите на почетокот од месецов рече дека до петок ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8 Септември“  

The post Д-р Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија appeared first on Република.

]]>