д-р Шенол Тахир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-shenol-tahir/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 07:35:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Шенол Тахир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-shenol-tahir/ 32 32 Д-р Тахир: Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-tahir-patsientite-se-najmalku-vinovni-za-nashata-nezavidna-sostojba-vo-opshtestveniot-sistem/ Sat, 08 Apr 2023 07:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=628548

Неодамна во земјава беа направени првите лапароскопски операции на ехинококна циста на црн дроб, кај народот позната како кучешка тенија. Операциите беа направени на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје, на Одделот за детска хирургија, каде беа оперирани две деца на возраст од 8 и 13 години.

Оперативниот тим беше предводен од д-р Илирјана Каранфили Шеху, раководител на Одделението за детска хирургија и д-р Шенол Тахир, дигестивен хирург во соработка со анестезиолошкиот и оперативниот тим. За овој вид на хируршки зафат разговаравме со д-р Шенол, кој ни ја појасни постапката, предностите и што таа би значела за пациентите, кои се соочуваат со оваа дијагноза.

Во интервјуто за МИА д-р Шенол говори и за неговиот кариерен развој, за статусот на здраствените работници во земјава, но и за незадоволството на граѓаните од лекарите и од целокупниот здравствен систем.

-Си ја сакам професијата. И се обидувам секојдневно професионално да си ја обавувам со сите предизвици и тешкотии и ризици што ги носи. Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем, вели д-р Шенол во интерјуто за МИА.

Тој додава дека сѐ додека само прокламативно „оние што се на власт божем го опоравуваат здравството, а оние што се во опозиција кога ќе дошле на власт би го оправиле истото, нема да стасаме до никаде“. Нагласува дека е потребна јасна стратегија и заедничка, како што посочува позициско – опозициска национална здравствена стратегија, што треба да се прави во следните година дена, пет, десет, 20 и 30 години во иднина.

-Се примаат лекари таму каде што не треба, а не се прима кадарот што фали. Нема правилни програми за вработување, соодветна едукација, специјализации и слично. Сѐ е сведено на стихијно работење и кубурење со актуелните состојби. Болниците ни се не реновирани, повеќето многу стари, со несоодветни просторни можности. Некаде со стара апаратура, некаде со крајно нова, софистицирана. Се троши некаде премногу, а сѐ под изговорот дека здравството е бесплатно. Така да и сите добри приказни на успешно работење се повеќето резултат на поединци или мала група во поедини болници или здравствени установи, вели д-р Шенол за МИА.

Тој нагласува дека немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно.

-Точно е дека има сѐ повеќе поплаки. Секако еден дел може се правилни поплаки, пред сѐ, во делот на неорганизираност на здравствениот систем. Секако би требало да се реформираме обострано: ние самите здравствени работници, а исто така и самите граѓани. Немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно. Одговорно тврдам дека согласно скалилото каде што се ставени здравствените работници во нашата држава, дури и повеќе од можностите се работи дури и во над 95 отсто од случаите, стручно и согласно соодветни протоколи. А, секој исклучок кога ќе се појави, треба да се испита и да се преземаат соодветни мерки, нагласува д-р Шенол во интервјуто.

Во продолжение следува интервјуто со д-р Шенол Тахир во целост:

Неодамна првпат во државата беа изведени операции на лапароскопски третман на ехинококова циста на црниот дроб кај деца на возраст од осум и 13 години. Кои се придобивките од ваквата метода во однос на досегашните интервенции и што треба да знаат пациентите кои треба да минат низ ваква интервенција?

– Ехинококовата болест е ендемска болест што најчесто ја има во познати региони во светот, а во Европа најраспространета е во регионите околу Средоземното Море. Но, секако треба да се напомене дека со модерниот и брзиот начин на комуникации и транспорт во денешницата, истата може да се појави во сите делови на светот. До пред десетина години, најчест начин на оперативно лекување на ехинококовата болест на црниот дроб, била класичната оперативна интервенција, со отворање на стомачната шуплина со различни по големина оперативни резови од 10 до 25 сантиметри и соодветни оперативни постапки на отстранување на истата. Лапароскопската оперативна техника овозможува со неколку мали резови, инцизии на кожата, во должина од 0,5 до 1 сантиметар, со посебни инструменти да се влезе во стомачната шуплина и да се направат потребните оперативни постапки на решавање на проблемот на ехинокок на црниот дроб.

На нашата клиника се прават лапароскопски операции каде што тоа е можно и на останатите абдоминални хируршки заболувања.

Пациентите треба да знаат дека бенефитот за нив е голем, пред сѐ, помало времетраење на интервенцијата, помала постоперативна болка, помал процент на компликации, побрзо заздравување и враќање на нормални животни активности. Но, од друга страна, треба да се напомене дека кај некои пациенти и кај ехинокок во одредени сегменти на црниот дроб, не може да се направи лапароскопска интервенција и кај нив треба да се направи класична, отворена операција. Секако кај пациенти од детска возраст, критериумите за примена на лапароскопскиот третман се малку попосебни за разлика од возрасните пациенти, но, сепак и кај нив може да се примени оваа лапароскопска техника.

Ние истата ја правиме во соработка со специјалисти од детската хирургија, чиј раководител е доктор Илиријана Каранфили Шеху.

Како дигестивен хирург, што е најтешкото нешто за вас при секојдневното работење?

– Секако да се биде хирург, пред сѐ оперативен хирург, напоменувам, не е лесна работа, колку што е хумана, исто така, е, работа што бара максимален 24-часовен ангажман, а најтешко ни паѓа кога кај одредени болни пациенти, заради тешката состојба на пациентот, свесни сме дека не може да направиме нешто повеќе од хируршка страна.

Ве молам споделете случај на кој сте работеле и ви останал во сеќавање како најемотивен?

– Има можеби повеќе такви ситуации во текот на изминатите децении, но, секако ние се обидуваме тие моменти да не влијаат многу во понатамошното наше хируршко работење и истите сакаме да ги забораваме. Но, моментите кога ќе спасите млад пациент или дете повредено, дали во сообраќајка или некоја друга несреќа, со повреда на абдоменот и кога ќе биде спасено, радоста и реакциите на родителите и на самото дете, оставаат многу позитивни емоции, но, исто така и возрасен пациент во понапредната возраст со тешка абдоминална болест, што има мали шанси за успех во хируршката интервенција, по успешното заминување дома, среќата од чудното добро заздравување на пациентот, носи позитивни емоции кај нас, како и кај неговите најблиски.

На што прво помислувате кога ќе се спомне вашата кариера во здравството?

– Секако на прво место помислувам на големите одрекувања и пожртвуваноста на моите родители, а потоа на моето семејството, морале од многу нешта да се скратат или многу, многу пати за викенди, празници или денови и ноќи, да не бидат со нас оперативните хирурзи, за да можеме ние да спасиме нечиј живот во опасност.

Сметате ли дека вработените во нашето здравство се доволно ценети за нивниот труд?

– Можеби некаде во почетокот на мојата здравствена кариера имав чувство или практично можев да видам, дека сме ценети кај граѓаните и самиот општествен систем. Но, тоа беше некаде пред 25 до 30 години. Во последните две децении, постојано е во опаѓање ценењето на здравствениот труд, како кај граѓаните, исто така и кај тие што ја воделе оваа држава во изминатите три децении. Можеби во текот на пандемијата се создаде некоја надеж дека позитивно ќе се увидат некои работи. Но, за жал, веднаш штом пандемијата со Ковид-19 малку стивна, повторно гледаме дека сме ставени на маргините на општественото живеење.

Како ја коментирате моменталната состојба со здравството кај нас, со оглед на тоа што сме сведоци на протести на здравствени работници, се вели дека имаме недостиг од медицински кадар и слично. Што според вас треба да се направи, за да ги задржиме нашите лекари, медицински сестри и другите здравствени лица во нашата држава?

– Сѐ додека само прокламативно оние што се на власт божем го опоравуваат здравството, а оние што се во опозиција кога ќе дошле на власт би го оправиле истото, нема да стасаме до никаде. Трендот на надолна линија во здравството, како и во сите останати сфери, општествени столба, е евидентно и видливо на секој чекор на нашето живеење. Нема јасна стратегија, а најмалку заедничка позициско – опозициска национална здравствена и секаква друга стратегија, што треба да се прави во следните година дена, 5, 10, 20 и 30 години во иднина.

Се примаат лекари таму каде што не треба, а не се прима кадарот што фали. Нема правилни програми за вработување, соодветна едукација, специјализации и слично. Сѐ е сведено на стихијно работење и кубурење со актуелните состојби. Болниците ни се не реновирани, повеќето многу стари, со несоодветни просторни можности. Некаде со стара апаратура, некаде со крајно нова, софистицирана. Се троши некаде премногу, а сѐ под изговорот дека здравството е бесплатно. Така да и сите добри приказни на успешно работење се повеќето резултат на поединци или мала група во поедини болници или здравствени установи.

Системот на вреднување, согласно квалитетот и успешноста на лекарот, едноставно не функционира. Можете многу да работите, а друг минимално да работи, ќе бидете исто вреднувани. Додека медицинските сестри, болничарите и другиот медицински и немедицински кадар во здравството зема плата како минималец, многумина и секоја година во поголем број, спасот ќе го гледаат на Запад. Дали тие што досега нѐ воделе во здравството не го знаеле ова што сите го знаеме? Го знаат, за жал, но, ништо речиси не е направено, некои работи да тргнат од мртва точка, кон подобро утре.

Незадоволството е и кај граѓаните, последниот случај со девојчето во Битола предизвика протести, имаше случај на жена од Тетово која тврди дека со лажна дијагноза за рак ѝ биле отсечени градите. Граѓани се жалат на негрижа, небезбеден здравствен систем, особено кога станува збор за државното здравство. Ваш коментар?

– Точно е дека има сѐ повеќе поплаки. Секако еден дел може се правилни поплаки, пред сѐ, во делот на неорганизираност на здравствениот систем. Секако би требало да се реформираме обострано: ние самите здравствени работници, а исто така и самите граѓани. Немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно. Одговорно тврдам дека согласно скалилото каде што се ставени здравствените работници во нашата држава, дури и повеќе од можностите се работи дури и во над 95 отсто од случаите, стручно и согласно соодветни протоколи. А, секој исклучок кога ќе се појави, треба да се испита и да се преземаат соодветни мерки.

Сте помислиле ли некогаш да заминете и да бидете дел од некој друг здравствен систем? Сте имале ли можности да продолжите да работите во странство и што беше пресудно да останете тука?

– Да, повеќепати сум помислил и сум се обидел да заминам некаде во друга земја. Во 2003, 2005 и последен пат, во 2008 година. Сум се обидувал, бидејќи сум гледал дека системот не ни оди напред и дека стагнираме, трошам многу енергија, време и не сум соодветно наградуван. Не ми се давани соодветни шанси за напредување и слично. Но, првите двапати не успеав заради тогашни тешки административно – бирократски потешкотии во земјите каде што сакав да заминам. Последниот пат не можев заради неможност да ја земам и фамилијата со мене. А, во следниот период веќе не сум се обидувал, бидејќи времето за Запад, ми е одминато.

А, едноставно на младите здравствени работници, јас лично не можам да им речам, „ве молам не одете, добро е во земјата за вас, перспектива има…“ Сега тие земји многу ги олеснија бирократските потребни документи за заминување таму.

Сум бил во повеќе земји, видов како и колку се работи таму. Во која било од тие земји да се вложи труд, колку што јас дадов во оваа држава, секој би бил на многу повисока скала на општественото живеење во која било земја.

Кога би можеле повторно да бирате, дали повторно би ја одбрале оваа благородна професија?

– Секако. Си ја сакам професијата. И се обидувам секојдневно професионално да си ја обавувам со сите предизвици и тешкотии и ризици што ги носи. Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем.

Што ќе им порачате на младите, со оглед на тоа што голем дел од нив иднината ја гледаат надвор од државава?

– Да се едуцираат најдобро што можат, не поради другите, туку заради себе. Да се стремат да бидат еден од најдобрите во професијата што ќе ја одберат.

Ако сакаат да станат хирурзи треба да вложат многу труд, енергија и да се откажат од многу благодети на младоста, баш заради тоа треба да се заложат да бидат добри, пред сѐ, многу добри.

А, дотогаш, ако на оние што го воделе и што ќе го водат здравствениот систем не им текне дека на постоечкиот начин се прави младите да си заминуваат на Запад, и ако не кажат еднаш стоп …

Тогаш, без двоумење ќе кажам, можат да заминат. А, таму секако, ако се добро едуцирани и спремни, ќе бидат навистина успешни и ценети.

The post Д-р Тахир: Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем appeared first on Република.

]]>

Неодамна во земјава беа направени првите лапароскопски операции на ехинококна циста на црн дроб, кај народот позната како кучешка тенија. Операциите беа направени на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје, на Одделот за детска хирургија, каде беа оперирани две деца на возраст од 8 и 13 години. Оперативниот тим беше предводен од д-р Илирјана Каранфили Шеху, раководител на Одделението за детска хирургија и д-р Шенол Тахир, дигестивен хирург во соработка со анестезиолошкиот и оперативниот тим. За овој вид на хируршки зафат разговаравме со д-р Шенол, кој ни ја појасни постапката, предностите и што таа би значела за пациентите, кои се соочуваат со оваа дијагноза. Во интервјуто за МИА д-р Шенол говори и за неговиот кариерен развој, за статусот на здраствените работници во земјава, но и за незадоволството на граѓаните од лекарите и од целокупниот здравствен систем.
-Си ја сакам професијата. И се обидувам секојдневно професионално да си ја обавувам со сите предизвици и тешкотии и ризици што ги носи. Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем, вели д-р Шенол во интерјуто за МИА.
Тој додава дека сѐ додека само прокламативно „оние што се на власт божем го опоравуваат здравството, а оние што се во опозиција кога ќе дошле на власт би го оправиле истото, нема да стасаме до никаде“. Нагласува дека е потребна јасна стратегија и заедничка, како што посочува позициско – опозициска национална здравствена стратегија, што треба да се прави во следните година дена, пет, десет, 20 и 30 години во иднина.
-Се примаат лекари таму каде што не треба, а не се прима кадарот што фали. Нема правилни програми за вработување, соодветна едукација, специјализации и слично. Сѐ е сведено на стихијно работење и кубурење со актуелните состојби. Болниците ни се не реновирани, повеќето многу стари, со несоодветни просторни можности. Некаде со стара апаратура, некаде со крајно нова, софистицирана. Се троши некаде премногу, а сѐ под изговорот дека здравството е бесплатно. Така да и сите добри приказни на успешно работење се повеќето резултат на поединци или мала група во поедини болници или здравствени установи, вели д-р Шенол за МИА.
Тој нагласува дека немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно.
-Точно е дека има сѐ повеќе поплаки. Секако еден дел може се правилни поплаки, пред сѐ, во делот на неорганизираност на здравствениот систем. Секако би требало да се реформираме обострано: ние самите здравствени работници, а исто така и самите граѓани. Немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно. Одговорно тврдам дека согласно скалилото каде што се ставени здравствените работници во нашата држава, дури и повеќе од можностите се работи дури и во над 95 отсто од случаите, стручно и согласно соодветни протоколи. А, секој исклучок кога ќе се појави, треба да се испита и да се преземаат соодветни мерки, нагласува д-р Шенол во интервјуто.
Во продолжение следува интервјуто со д-р Шенол Тахир во целост: Неодамна првпат во државата беа изведени операции на лапароскопски третман на ехинококова циста на црниот дроб кај деца на возраст од осум и 13 години. Кои се придобивките од ваквата метода во однос на досегашните интервенции и што треба да знаат пациентите кои треба да минат низ ваква интервенција? – Ехинококовата болест е ендемска болест што најчесто ја има во познати региони во светот, а во Европа најраспространета е во регионите околу Средоземното Море. Но, секако треба да се напомене дека со модерниот и брзиот начин на комуникации и транспорт во денешницата, истата може да се појави во сите делови на светот. До пред десетина години, најчест начин на оперативно лекување на ехинококовата болест на црниот дроб, била класичната оперативна интервенција, со отворање на стомачната шуплина со различни по големина оперативни резови од 10 до 25 сантиметри и соодветни оперативни постапки на отстранување на истата. Лапароскопската оперативна техника овозможува со неколку мали резови, инцизии на кожата, во должина од 0,5 до 1 сантиметар, со посебни инструменти да се влезе во стомачната шуплина и да се направат потребните оперативни постапки на решавање на проблемот на ехинокок на црниот дроб. На нашата клиника се прават лапароскопски операции каде што тоа е можно и на останатите абдоминални хируршки заболувања. Пациентите треба да знаат дека бенефитот за нив е голем, пред сѐ, помало времетраење на интервенцијата, помала постоперативна болка, помал процент на компликации, побрзо заздравување и враќање на нормални животни активности. Но, од друга страна, треба да се напомене дека кај некои пациенти и кај ехинокок во одредени сегменти на црниот дроб, не може да се направи лапароскопска интервенција и кај нив треба да се направи класична, отворена операција. Секако кај пациенти од детска возраст, критериумите за примена на лапароскопскиот третман се малку попосебни за разлика од возрасните пациенти, но, сепак и кај нив може да се примени оваа лапароскопска техника. Ние истата ја правиме во соработка со специјалисти од детската хирургија, чиј раководител е доктор Илиријана Каранфили Шеху. Како дигестивен хирург, што е најтешкото нешто за вас при секојдневното работење? – Секако да се биде хирург, пред сѐ оперативен хирург, напоменувам, не е лесна работа, колку што е хумана, исто така, е, работа што бара максимален 24-часовен ангажман, а најтешко ни паѓа кога кај одредени болни пациенти, заради тешката состојба на пациентот, свесни сме дека не може да направиме нешто повеќе од хируршка страна. Ве молам споделете случај на кој сте работеле и ви останал во сеќавање како најемотивен? – Има можеби повеќе такви ситуации во текот на изминатите децении, но, секако ние се обидуваме тие моменти да не влијаат многу во понатамошното наше хируршко работење и истите сакаме да ги забораваме. Но, моментите кога ќе спасите млад пациент или дете повредено, дали во сообраќајка или некоја друга несреќа, со повреда на абдоменот и кога ќе биде спасено, радоста и реакциите на родителите и на самото дете, оставаат многу позитивни емоции, но, исто така и возрасен пациент во понапредната возраст со тешка абдоминална болест, што има мали шанси за успех во хируршката интервенција, по успешното заминување дома, среќата од чудното добро заздравување на пациентот, носи позитивни емоции кај нас, како и кај неговите најблиски. На што прво помислувате кога ќе се спомне вашата кариера во здравството? – Секако на прво место помислувам на големите одрекувања и пожртвуваноста на моите родители, а потоа на моето семејството, морале од многу нешта да се скратат или многу, многу пати за викенди, празници или денови и ноќи, да не бидат со нас оперативните хирурзи, за да можеме ние да спасиме нечиј живот во опасност. Сметате ли дека вработените во нашето здравство се доволно ценети за нивниот труд? – Можеби некаде во почетокот на мојата здравствена кариера имав чувство или практично можев да видам, дека сме ценети кај граѓаните и самиот општествен систем. Но, тоа беше некаде пред 25 до 30 години. Во последните две децении, постојано е во опаѓање ценењето на здравствениот труд, како кај граѓаните, исто така и кај тие што ја воделе оваа држава во изминатите три децении. Можеби во текот на пандемијата се создаде некоја надеж дека позитивно ќе се увидат некои работи. Но, за жал, веднаш штом пандемијата со Ковид-19 малку стивна, повторно гледаме дека сме ставени на маргините на општественото живеење. Како ја коментирате моменталната состојба со здравството кај нас, со оглед на тоа што сме сведоци на протести на здравствени работници, се вели дека имаме недостиг од медицински кадар и слично. Што според вас треба да се направи, за да ги задржиме нашите лекари, медицински сестри и другите здравствени лица во нашата држава? – Сѐ додека само прокламативно оние што се на власт божем го опоравуваат здравството, а оние што се во опозиција кога ќе дошле на власт би го оправиле истото, нема да стасаме до никаде. Трендот на надолна линија во здравството, како и во сите останати сфери, општествени столба, е евидентно и видливо на секој чекор на нашето живеење. Нема јасна стратегија, а најмалку заедничка позициско – опозициска национална здравствена и секаква друга стратегија, што треба да се прави во следните година дена, 5, 10, 20 и 30 години во иднина. Се примаат лекари таму каде што не треба, а не се прима кадарот што фали. Нема правилни програми за вработување, соодветна едукација, специјализации и слично. Сѐ е сведено на стихијно работење и кубурење со актуелните состојби. Болниците ни се не реновирани, повеќето многу стари, со несоодветни просторни можности. Некаде со стара апаратура, некаде со крајно нова, софистицирана. Се троши некаде премногу, а сѐ под изговорот дека здравството е бесплатно. Така да и сите добри приказни на успешно работење се повеќето резултат на поединци или мала група во поедини болници или здравствени установи. Системот на вреднување, согласно квалитетот и успешноста на лекарот, едноставно не функционира. Можете многу да работите, а друг минимално да работи, ќе бидете исто вреднувани. Додека медицинските сестри, болничарите и другиот медицински и немедицински кадар во здравството зема плата како минималец, многумина и секоја година во поголем број, спасот ќе го гледаат на Запад. Дали тие што досега нѐ воделе во здравството не го знаеле ова што сите го знаеме? Го знаат, за жал, но, ништо речиси не е направено, некои работи да тргнат од мртва точка, кон подобро утре. Незадоволството е и кај граѓаните, последниот случај со девојчето во Битола предизвика протести, имаше случај на жена од Тетово која тврди дека со лажна дијагноза за рак ѝ биле отсечени градите. Граѓани се жалат на негрижа, небезбеден здравствен систем, особено кога станува збор за државното здравство. Ваш коментар? – Точно е дека има сѐ повеќе поплаки. Секако еден дел може се правилни поплаки, пред сѐ, во делот на неорганизираност на здравствениот систем. Секако би требало да се реформираме обострано: ние самите здравствени работници, а исто така и самите граѓани. Немањето ред во системот ги става граѓаните во сомнеж дека не се работи правилно. Одговорно тврдам дека согласно скалилото каде што се ставени здравствените работници во нашата држава, дури и повеќе од можностите се работи дури и во над 95 отсто од случаите, стручно и согласно соодветни протоколи. А, секој исклучок кога ќе се појави, треба да се испита и да се преземаат соодветни мерки. Сте помислиле ли некогаш да заминете и да бидете дел од некој друг здравствен систем? Сте имале ли можности да продолжите да работите во странство и што беше пресудно да останете тука? – Да, повеќепати сум помислил и сум се обидел да заминам некаде во друга земја. Во 2003, 2005 и последен пат, во 2008 година. Сум се обидувал, бидејќи сум гледал дека системот не ни оди напред и дека стагнираме, трошам многу енергија, време и не сум соодветно наградуван. Не ми се давани соодветни шанси за напредување и слично. Но, првите двапати не успеав заради тогашни тешки административно – бирократски потешкотии во земјите каде што сакав да заминам. Последниот пат не можев заради неможност да ја земам и фамилијата со мене. А, во следниот период веќе не сум се обидувал, бидејќи времето за Запад, ми е одминато. А, едноставно на младите здравствени работници, јас лично не можам да им речам, „ве молам не одете, добро е во земјата за вас, перспектива има…“ Сега тие земји многу ги олеснија бирократските потребни документи за заминување таму. Сум бил во повеќе земји, видов како и колку се работи таму. Во која било од тие земји да се вложи труд, колку што јас дадов во оваа држава, секој би бил на многу повисока скала на општественото живеење во која било земја. Кога би можеле повторно да бирате, дали повторно би ја одбрале оваа благородна професија? – Секако. Си ја сакам професијата. И се обидувам секојдневно професионално да си ја обавувам со сите предизвици и тешкотии и ризици што ги носи. Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем. Што ќе им порачате на младите, со оглед на тоа што голем дел од нив иднината ја гледаат надвор од државава? – Да се едуцираат најдобро што можат, не поради другите, туку заради себе. Да се стремат да бидат еден од најдобрите во професијата што ќе ја одберат. Ако сакаат да станат хирурзи треба да вложат многу труд, енергија и да се откажат од многу благодети на младоста, баш заради тоа треба да се заложат да бидат добри, пред сѐ, многу добри. А, дотогаш, ако на оние што го воделе и што ќе го водат здравствениот систем не им текне дека на постоечкиот начин се прави младите да си заминуваат на Запад, и ако не кажат еднаш стоп … Тогаш, без двоумење ќе кажам, можат да заминат. А, таму секако, ако се добро едуцирани и спремни, ќе бидат навистина успешни и ценети.

The post Д-р Тахир: Пациентите се најмалку виновни за нашата незавидна состојба во општествениот систем appeared first on Република.

]]>