д-р Сашко Јовев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-sashko-jovev/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 16:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Сашко Јовев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-sashko-jovev/ 32 32 Д-р Јовев: Никој никого не физички не нападна, имаше само вербален конфликт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-nikoj-nikogo-ne-fizichki-ne-napadna-imashe-samo-verbalen-konflikt/ Mon, 18 Sep 2023 16:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=682949

Инцидентот на Кардиохирургија денеска покрена лавина реакции. Додека едни обвинуваат дека доктор претепал директор, а вербално нападнал медицинска сестра, обвинетиот тврди дека тој е нападнат и ќртва во целиот инцидент. МВР денес информира дека сегашниот директор на клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј. Дел од медиумите објавија дека се работи за доктор Сашо Јовев кој влегол во конфликт со Шокаровски. Но Јовев пак за медиумите дематира дека воопшто нападнал некого. Според него имало само вербален напад, во ниту еден момент физичка пресметка како што беше објавено. тврди дека е под постојан мобинг, а денеска и вербално бил нападат од директорот.

-Ми беше прв ден на работа после боледување. Дојдов, се поздравив со сите колеги, јас со сите сум во добри односи. Ме чекаа 17 пациенти. Директорот мене вербално ме нападна, се однесуваше недолично и не ми дозволи да одам во амбуланта. Ми се обрати со зборовите „Ти пред мене“, „Доаѓај ваму, пред мене“… Јас на тоа вребално му вратив. Му реков да не се однесува така со мене, кој сум постар и реков „Да не ти се случи друг пат ова“. Пријавив дека сум вербално нападнат. Ниту тој ме удри мене, ниту јас него. Под постојан вербален напад сум и трпам мобинг, затоа отидов да пријавам. Тој се закануваше со полиција, јас знаев што сака да направи и затоа сам пријавив, вели Јовев за КУРИР.

Поранешниот директор изјавува дека долг период трпел неправди и стресови на работното место. Се сомнева дека зад сево ова стои нечија жела тој да замине од клиниката.

-Веројатно сакаат да си одам од клиника, можеби претставувам „опасност“ па сакаат да ме тргнат. Знам за се што се случува. Директорот има поддршка од некој, од тој некој што ме сменил мене од работното место. Ова е монтажа и сакаат да ме натераат да си одам. Процесот со моето разрешување не е завршен, знаат дека е можно да се вратам, истакна Јовев.

The post Д-р Јовев: Никој никого не физички не нападна, имаше само вербален конфликт appeared first on Република.

]]>

Д-р Јовев доби наредба – да ја напушти канцеларијата на Кардиохирургија до утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-dobi-naredba-da-ja-napushti-kantselarijata-na-kardiohirurgija-do-utre/ Sun, 13 Aug 2023 11:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=671620

Наредба за напуштање на канцеларијата на Клиниката за кардиологија е испратена до проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Тој во јуни беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, а таквата одлука ја донесе министерот за здравство Фатмир Меџити, со изговор дека д-р Јовев дежурал двапати без согласност од министерот. Кога беше донесена ваквата одлука Јовев бил на боледување. Вели дека освен партиски побуди, други причини за одлуката нема бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.

Сега нова Наредба испратена на 10 август. На д-р Јовев му е дадена наредба до понеделник да ја напушти канцеларијата или во спротивно ќе бидат преземени други мерки. Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.

И заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, беше контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.

Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев“, рече во јуни доктор Манолева.

The post Д-р Јовев доби наредба – да ја напушти канцеларијата на Кардиохирургија до утре appeared first on Република.

]]>

Наредба за напуштање на канцеларијата на Клиниката за кардиологија е испратена до проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Тој во јуни беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, а таквата одлука ја донесе министерот за здравство Фатмир Меџити, со изговор дека д-р Јовев дежурал двапати без согласност од министерот. Кога беше донесена ваквата одлука Јовев бил на боледување. Вели дека освен партиски побуди, други причини за одлуката нема бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат. Сега нова Наредба испратена на 10 август. На д-р Јовев му е дадена наредба до понеделник да ја напушти канцеларијата или во спротивно ќе бидат преземени други мерки. Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски. И заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева, беше контра министерот Фатмир Меџити за разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев.
Не се соогласувам ниту со одлуката за разрешување, ниту пак со начинот на кој беше разрешен. Сите одлуки треба да се базираат на факти и аргументи. И како човек и како носител на јавна функција, дотолку повеќе што не ги знам причините за разрешувањето на професорот Јовев“, рече во јуни доктор Манолева.

The post Д-р Јовев доби наредба – да ја напушти канцеларијата на Кардиохирургија до утре appeared first on Република.

]]>
Пиеле кафе, муабетиле, но не станало збор за понудата за Национален советник за кардиохирургија: Меџити се сретна со д-р Јовев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/piele-kafe-muabetile-no-ne-stanalo-zbor-za-ponudata-za-natsionalen-sovetnik-za-kardiohirurgija-medhiti-se-sretna-so-d-r-jovev/ Thu, 08 Jun 2023 14:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=649305

Професорот Сашко Јовев ќе продолжи да работи како најдобар кадар во Кардиохирургија, заедно со другиот стручен тим што е таму, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор што ќе работи и извршува секојдневни работи во клиниката, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Одговарајќи на новинарско прашање за нов директор на Кардиохирургија, на денешната прес-конференција по повод „100 дена кабинет на министер“, министерот Меџити рече дека за тоа допрва ќе се решава.

Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка како доктор, како професор да ги извршува секојдневните обврски на клиниката. Мислам дека сум многу јасен. И во таа програма за трансплантација и тоа што го кажав вчера ќе го потврдам, ќе се залагам со ребалансот да се зголеми буџетот за програмата за трансплантација, за да ни биде уште поуспешна. Еден поголем поттик да дадеме, и тука ќе бидеме со цел да си ја развиеме државната кардиохирургија и мислам дека со ова, оваа тема е веќе апсолвирана - рече тој.

На прашањето дали професорот Јовев ја прифатил понудата за советник на министерот, тој одговори дека не разговарале за тоа.

Не зборувавме за тоа, си испивме кафе, и како што ви кажав, почитуваниот професор е мој добар другар и колега и ние после ова ќе продолжиме да работиме на клиничкиот центар заедно - рече тој.

Во врска со прашањето за преиспитување на олуката за разрешување на Јовев, бидејќи тоа го бараат сите, односно тој и неговиот адвокатски тим, како и лекарската фела, Меџити одговори дека кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува.

 Кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува. и јас за тоа ви одговорив и мислам дека тоа е апсолвирано прашање - рече министерот.

Министерот беше прашан и за тоа како го коментира тоа што неговиот претходник, министерот Беким Сали, го коментираше неговото однесување и го нарече „пишман аџија“ во однос на случувањата и понудата за советник на д-р Јовев, при што тој одговори дека не е љубител на социјални мрежи, ниту ПР.

Јас не сум некој љубител на овие социјални мрежи, па ниту ПР. Кога ми викаа дека за ПР треба да платиме големи суми, јас им викам знаете што – со тие суми подобро да одам 3-4 тоалети по клиники да реновирам. Јас сум човек од акција и не би сакал да коментирам. Од првиот ден вие се сеќавате многу убаво дека кажав јас сум доктор, јас сум човек од акција и сакам тука да ставам еден хируршки рез и нема да се занимавам со минатото. За мене е многу битна сегашноста и иднината на граѓаните и на пациентите на Република  Македонија - рече министерот.

The post Пиеле кафе, муабетиле, но не станало збор за понудата за Национален советник за кардиохирургија: Меџити се сретна со д-р Јовев appeared first on Република.

]]>

Професорот Сашко Јовев ќе продолжи да работи како најдобар кадар во Кардиохирургија, заедно со другиот стручен тим што е таму, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор што ќе работи и извршува секојдневни работи во клиниката, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити. Одговарајќи на новинарско прашање за нов директор на Кардиохирургија, на денешната прес-конференција по повод „100 дена кабинет на министер“, министерот Меџити рече дека за тоа допрва ќе се решава.
Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка како доктор, како професор да ги извршува секојдневните обврски на клиниката. Мислам дека сум многу јасен. И во таа програма за трансплантација и тоа што го кажав вчера ќе го потврдам, ќе се залагам со ребалансот да се зголеми буџетот за програмата за трансплантација, за да ни биде уште поуспешна. Еден поголем поттик да дадеме, и тука ќе бидеме со цел да си ја развиеме државната кардиохирургија и мислам дека со ова, оваа тема е веќе апсолвирана - рече тој.
На прашањето дали професорот Јовев ја прифатил понудата за советник на министерот, тој одговори дека не разговарале за тоа.
Не зборувавме за тоа, си испивме кафе, и како што ви кажав, почитуваниот професор е мој добар другар и колега и ние после ова ќе продолжиме да работиме на клиничкиот центар заедно - рече тој.
Во врска со прашањето за преиспитување на олуката за разрешување на Јовев, бидејќи тоа го бараат сите, односно тој и неговиот адвокатски тим, како и лекарската фела, Меџити одговори дека кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува.
 Кога министерот донесува одлука, таа не се преиспитува. и јас за тоа ви одговорив и мислам дека тоа е апсолвирано прашање - рече министерот.
Министерот беше прашан и за тоа како го коментира тоа што неговиот претходник, министерот Беким Сали, го коментираше неговото однесување и го нарече „пишман аџија“ во однос на случувањата и понудата за советник на д-р Јовев, при што тој одговори дека не е љубител на социјални мрежи, ниту ПР.
Јас не сум некој љубител на овие социјални мрежи, па ниту ПР. Кога ми викаа дека за ПР треба да платиме големи суми, јас им викам знаете што – со тие суми подобро да одам 3-4 тоалети по клиники да реновирам. Јас сум човек од акција и не би сакал да коментирам. Од првиот ден вие се сеќавате многу убаво дека кажав јас сум доктор, јас сум човек од акција и сакам тука да ставам еден хируршки рез и нема да се занимавам со минатото. За мене е многу битна сегашноста и иднината на граѓаните и на пациентите на Република  Македонија - рече министерот.

The post Пиеле кафе, муабетиле, но не станало збор за понудата за Национален советник за кардиохирургија: Меџити се сретна со д-р Јовев appeared first on Република.

]]>
Д-р Јовев ќе продложи да работи како најдобар кадар на Клиниката за кардиохирургија, но нема да биде директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-ke-prodlozhi-da-raboti-kako-najdobar-kadar-na-klinikata-za-kardiohirurgija-no-nema-da-bide-direktor/ Thu, 08 Jun 2023 12:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=649261

Министерот за здравство, Фатмир Меџити нема да ја преиспита одлуката за враќање на проф. д-р Сашко Јовев на директорката позиција на Клиниката за кардиохиругија. Денеска на отчетот за сработеното за првите 100 дена откако е на функција кажа дека тоа е апсолвирано прашање, повторувајќи неколкупати дека тој е добар пријател со д-р Јовев, кого многу го почитува како лекар и човек, но одлуката нема да ја смени.

Кога министерот носи одлука таа не се преиспитува, тоа е асолвирано прашање, почит кон професорот, рече министерот Меџити.

На денешниот отчет се пофали дека утрово првото кафе го испил со професорот Јовев и дека одлуката за негово разрешување не ја менува. Не зборувале дали Јовев ја прифатил неговата понуда да му биде советник.

Првпат денеска утринското кафе го испивме со почитуваниот професор Јовев. Професорот ќе продолжи да работи како најдобар кадар од таа клиника заедно со другите во стручниот тим, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и на работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор кој ги извршува секојдневните дејности во Клиниката, рече министерот Меџити.

На прашањето дали ќе има нов директор, министерот одговори само „ќе видиме“ и најави дека ќе се труди програмата за трансплантации да добие поголем буџет.

Меџити претходно посочи дека за директорското место во Кардиохирургија очекува предлог од СДСМ бидејќи и Јовев бил предлог на оваа партија. Нов кандидат, според денешната изјава на Меџити, сè уште нема.

Немаме тајминг за назначување нов директор, да го расчистиме прво случајот и потоа кога ќе има кадар прифатлив и за Министерството и за мене, јас сум тука, рече Меџити.

Докторот, пак, изминативе денови доби огромна поддршка од персоналот во болницата и од пациентите кои се побунија против неговото разрешување.

Проф. д-р Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Јовев, кардихирург од светски глас е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија.

Адвокатскиот тим на кардиохирургот Јовев најави тужба по решение со кое тој се разрешува за листи за исплата на дежурства од 2022 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-e-razreshen-poradi-toa-shto-dezhural-dvapati-bez-soglasnost-od-ministerot/

https://republika.mk/vesti/makedonija/smetam-deka-ne-sum-zhrtva-na-politichki-revanshizam-no-ova-preoaga-vo-takvo-neshto-initsijalnata-kapisla-e-sueta-i-nedorazibirane-reche-razresheniot-d-r-jovev/

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-d-r-jovev-sekade-kade-shto-ima-zloubotrebi-ke-ima-sanktsionirane/

The post Д-р Јовев ќе продложи да работи како најдобар кадар на Клиниката за кардиохирургија, но нема да биде директор appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Фатмир Меџити нема да ја преиспита одлуката за враќање на проф. д-р Сашко Јовев на директорката позиција на Клиниката за кардиохиругија. Денеска на отчетот за сработеното за првите 100 дена откако е на функција кажа дека тоа е апсолвирано прашање, повторувајќи неколкупати дека тој е добар пријател со д-р Јовев, кого многу го почитува како лекар и човек, но одлуката нема да ја смени.
Кога министерот носи одлука таа не се преиспитува, тоа е асолвирано прашање, почит кон професорот, рече министерот Меџити.
На денешниот отчет се пофали дека утрово првото кафе го испил со професорот Јовев и дека одлуката за негово разрешување не ја менува. Не зборувале дали Јовев ја прифатил неговата понуда да му биде советник.
Првпат денеска утринското кафе го испивме со почитуваниот професор Јовев. Професорот ќе продолжи да работи како најдобар кадар од таа клиника заедно со другите во стручниот тим, со сите други колеги кардиохирурзи. Ќе се посвети повеќе на пациентите и на работата, а ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор кој ги извршува секојдневните дејности во Клиниката, рече министерот Меџити.
На прашањето дали ќе има нов директор, министерот одговори само „ќе видиме“ и најави дека ќе се труди програмата за трансплантации да добие поголем буџет. Меџити претходно посочи дека за директорското место во Кардиохирургија очекува предлог од СДСМ бидејќи и Јовев бил предлог на оваа партија. Нов кандидат, според денешната изјава на Меџити, сè уште нема.
Немаме тајминг за назначување нов директор, да го расчистиме прво случајот и потоа кога ќе има кадар прифатлив и за Министерството и за мене, јас сум тука, рече Меџити.
Докторот, пак, изминативе денови доби огромна поддршка од персоналот во болницата и од пациентите кои се побунија против неговото разрешување. Проф. д-р Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити. Јовев, кардихирург од светски глас е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Адвокатскиот тим на кардиохирургот Јовев најави тужба по решение со кое тој се разрешува за листи за исплата на дежурства од 2022 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-e-razreshen-poradi-toa-shto-dezhural-dvapati-bez-soglasnost-od-ministerot/ https://republika.mk/vesti/makedonija/smetam-deka-ne-sum-zhrtva-na-politichki-revanshizam-no-ova-preoaga-vo-takvo-neshto-initsijalnata-kapisla-e-sueta-i-nedorazibirane-reche-razresheniot-d-r-jovev/ https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-d-r-jovev-sekade-kade-shto-ima-zloubotrebi-ke-ima-sanktsionirane/

The post Д-р Јовев ќе продложи да работи како најдобар кадар на Клиниката за кардиохирургија, но нема да биде директор appeared first on Република.

]]>
Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovev-siguren-sum-deka-ministerot-ke-ja-popravi-greshkata-moeto-mesto-e-na-kardiohirurgija/ Wed, 07 Jun 2023 14:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=648911

Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија.

Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.

-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.

Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка.

Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.

-Разрешувањето на професор д-р Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована, рече Димитровски.

Тој нагласи дека оваа одлука е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој, кој постигнува резултати на национало и интернационално ниво.

-Сметаме дека одлуката на Министерството за разрешување на професорот Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни, стручни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги зачуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат, нагласи Димитровски

The post Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија. Јовев, кој вчера беше разрешен од позицијата директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, истакна дека министерот нему лично не му се обратил во врска со денешната понуда, но потенцира дека себе си се гледа во Клиниката, заедно со неговиот тим, со кој ќе постигнуваат уште поголеми успеси.
-Сметам дека моето место е на Клиниката за кардиохирургија, да го водам својот тим и заеднички да постигнуваме уште многу успеси, нагласи Јовев, кој денешната изјава ја даде во присуство на проф. д-р Горан Димитровски, претседател на Македонското лекарско друштво.
Јовев рече дека ќе продолжи со борбата, затоа што е сигурен дека министерот ќе ја поправи оваа грешка. Димитровски, пак, во името на целото Друштво го изрази незадоволството од одлуката на Министерството за разрешувањето на д-р Јовев.
-Разрешувањето на професор д-р Сашко Јовев од место директор на Кардиохирургија деновиве ја бранува јавноста и лекарската фела пред се од причина што образложението на МЗ за оваа постапка сметаме дека е неиздражано и небулозно. За лекар, кој прв пат во Македонија направил трансплантација на срце и досега заедно со својот тим, кој тој го формирал и на светски стручно ниво вршел и други трансплатации на срце, како и интервенции со кои се спасени многу животи од други заболувања на срце кај пациенти, оваа одлука навистина е неразибрлива. Македонското лекарско друштво е против ваквата одкука на МЗ за разрешување на Јовев и изјавата на минстерот за здравство дека не му требаат директори кои шест месеци не дале резултати е неоснована, рече Димитровски.
Тој нагласи дека оваа одлука е лоша порака за младите лекари, бидејќи се разрешува некој, кој постигнува резултати на национало и интернационално ниво.
-Сметаме дека одлуката на Министерството за разрешување на професорот Јовев сепак ќе се повлече и дека ваквите врвни, стручни лекари македонското здравство и институциите на системот ќе знаат да ги зачуваат, почитуваат и наградуваат наместо да ги казнуваат, нагласи Димитровски

The post Јовев: Сигурен сум дека министерот ќе ја поправи грешката, моето место е на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
За Ковачевски нема политика во разрешувањето на Јовев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-jovev/ Wed, 07 Jun 2023 13:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=648896

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не постои политички притисок ниту политичко мешање во случувањата со разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Сашко Јовев од министерот за здравство Фатмир Меџити. Министерот завчера го разреши кардиохирургот, кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава и уште седум други, како што кажа, поради нерегуларности во работата и дека одлуката нема политичка заднина.

Д-р Јовев, вчера кажа дека не смета оти се работи за политички реваншизам, туку за суета, бидејќи министерот не присуствувал на свечено отворање на хибридна сала на Клиниката. Неговиот адвокат рече дека во решението за разрешување е наведено оти причината е дека д-р Јовев во 2022 два пати дежурал без согласност од министерот, а во тоа време беше Беким Сали на таа функција.

„Министерот за здравство е тој кој управува со сите организации во рамки на Министерството, има над 130 директори. Не верувам дека постои држава која има повеќе директори, заменици и директори на управни одбори. Тоа се колеги кои се познаваат долги години, чии одлуки треба да се носат на мерит систем, врз основа на извештаи кои се добиени од релевантни органи во рамки на Министерството. Јас бев поканет на еден настан, инаку јас бев еден од оние кои директно учествуваа во обезбедувањето на финаински средства за таа хибридна сала. Јас не го правев протоколот, тоа го прават службите“, одговори премиерот на новинарски прашања денеска во Клубот на пратеници после лидерската средба.

Државната агенција МИА денеска објави дека на брифингот на медиумите, на кој неа беа поканети сите новинари, Меџити го повикал Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. Меџити кажал дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

На новинарско прашање за неговата заменичка, Маја Манолева, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, МИА вели Меџити одговорил оти нема да коментира изјави на други лица.

The post За Ковачевски нема политика во разрешувањето на Јовев appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не постои политички притисок ниту политичко мешање во случувањата со разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Сашко Јовев од министерот за здравство Фатмир Меџити. Министерот завчера го разреши кардиохирургот, кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава и уште седум други, како што кажа, поради нерегуларности во работата и дека одлуката нема политичка заднина.
Д-р Јовев, вчера кажа дека не смета оти се работи за политички реваншизам, туку за суета, бидејќи министерот не присуствувал на свечено отворање на хибридна сала на Клиниката. Неговиот адвокат рече дека во решението за разрешување е наведено оти причината е дека д-р Јовев во 2022 два пати дежурал без согласност од министерот, а во тоа време беше Беким Сали на таа функција.
„Министерот за здравство е тој кој управува со сите организации во рамки на Министерството, има над 130 директори. Не верувам дека постои држава која има повеќе директори, заменици и директори на управни одбори. Тоа се колеги кои се познаваат долги години, чии одлуки треба да се носат на мерит систем, врз основа на извештаи кои се добиени од релевантни органи во рамки на Министерството. Јас бев поканет на еден настан, инаку јас бев еден од оние кои директно учествуваа во обезбедувањето на финаински средства за таа хибридна сала. Јас не го правев протоколот, тоа го прават службите“, одговори премиерот на новинарски прашања денеска во Клубот на пратеници после лидерската средба.
Државната агенција МИА денеска објави дека на брифингот на медиумите, на кој неа беа поканети сите новинари, Меџити го повикал Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. Меџити кажал дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење. На новинарско прашање за неговата заменичка, Маја Манолева, која не се согласувала со одлуката на министерот за смена на Јовев, МИА вели Меџити одговорил оти нема да коментира изјави на други лица.

The post За Ковачевски нема политика во разрешувањето на Јовев appeared first on Република.

]]>
Меџити го повика разрешениот Јовев да му биде советник, не одговори дали ќе си ја преиспита одлуката за промена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-go-povika-razresheniot-jovev-da-mu-bide-sovetnik-ne-odgovori-dali-ke-si-ja-preispita-odlukata-za-promena/ Wed, 07 Jun 2023 09:56:13 +0000 https://republika.mk/?p=648777

Министерот за здравство Фатмир Меџити го повика разрешениот директор Сашко Јовев од Кардиохирургија, да му биде советник во Кабинетот. Не одговори на прашањето дали ќе ја ревидира неговата одлука за Јовев да се врати на директорската позиција, туку рече само дека тој ќе остане вработен.

Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев продолжи да биде вработен во Клиниката за кардиохиругија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење - рече Меџити.

Меџити посочи дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката од која го разреши Јовев.

Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите - додаде тој.

Министерот посочи дека Јовев е само дел од промените кои тој ги прави.

Сегде ќе има инспекции, каде ќе има нерегуларности и индиции за злоупотреба, ние таму и ќе постапиме - додаде Меџити.

The post Меџити го повика разрешениот Јовев да му биде советник, не одговори дали ќе си ја преиспита одлуката за промена appeared first on Република.

Меџити: Нема политика во разрешувањето на д-р Јовев, секаде каде што има злоуботреби ќе има санкционирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-d-r-jovev-sekade-kade-shto-ima-zloubotrebi-ke-ima-sanktsionirane/ Tue, 06 Jun 2023 09:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=648336

Нема политика во разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Секаде кај ќе има злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирање, рече денеска Меџити, на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за ендокринологија.

Прашан врз основа на што заклучил дека професор Јовев не покажува резултати во работата кога за 2,5 години има направено девет трансплантации и дали станува збор за одмазда, Меџити искоментира - не е само професорот Јовев, таму има цел тим што работи за такви комплицирани операции.

За се друго ќе има брифинг за новинарите и ќе бидете известени за сите детали, рече Меџити, кој вчера во изјава за медиумите наведе дека Јовев е кадар на коалицискиот партнер СДСМ и оти тие треба да предложат друго име.

Објаснувајќи врз основа на што се разрешуваат директорите посочи дека во Државниот здравствен и санитарен инепкторат има професионалци инспектори за случаи кога имаат индиција за пропусти на некоја клиника. Но, без разлика на тоа јас од првиот ден најавив дека нема да има институција каде нема да има контроли во државата, потенцираше министерот за здравство.

Во однос на тоа кога ќе се случи неговата најава дека политички притисоци нема да бидат причина за именувања на директори Меџити истакна дека законот засега дозволува додека не се спроведе неговата инцијатива за заеднички клинички центар, со којашто ќе се укинат организациските директори а медицинските ќе бидат раководотели на одделните клиники.

-Информацијата како Министерство за здравство ја испративме до Владата и таа го има клучнот збор, а понатаму треба да изгласа Парламентот. Најдобро е тоа да биде од 1 јануари 2024 година бидејќи тогаш се планираат буџетите на здравствените институции, тогаш профункционирањето би било полесно, отколку сега на средина на годината, изјави Меџити.

The post Меџити: Нема политика во разрешувањето на д-р Јовев, секаде каде што има злоуботреби ќе има санкционирање appeared first on Република.

]]>

Нема политика во разрешувањето на директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.
Секаде кај ќе има злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирање, рече денеска Меџити, на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за ендокринологија.
Прашан врз основа на што заклучил дека професор Јовев не покажува резултати во работата кога за 2,5 години има направено девет трансплантации и дали станува збор за одмазда, Меџити искоментира - не е само професорот Јовев, таму има цел тим што работи за такви комплицирани операции.
За се друго ќе има брифинг за новинарите и ќе бидете известени за сите детали, рече Меџити, кој вчера во изјава за медиумите наведе дека Јовев е кадар на коалицискиот партнер СДСМ и оти тие треба да предложат друго име.
Објаснувајќи врз основа на што се разрешуваат директорите посочи дека во Државниот здравствен и санитарен инепкторат има професионалци инспектори за случаи кога имаат индиција за пропусти на некоја клиника. Но, без разлика на тоа јас од првиот ден најавив дека нема да има институција каде нема да има контроли во државата, потенцираше министерот за здравство. Во однос на тоа кога ќе се случи неговата најава дека политички притисоци нема да бидат причина за именувања на директори Меџити истакна дека законот засега дозволува додека не се спроведе неговата инцијатива за заеднички клинички центар, со којашто ќе се укинат организациските директори а медицинските ќе бидат раководотели на одделните клиники. -Информацијата како Министерство за здравство ја испративме до Владата и таа го има клучнот збор, а понатаму треба да изгласа Парламентот. Најдобро е тоа да биде од 1 јануари 2024 година бидејќи тогаш се планираат буџетите на здравствените институции, тогаш профункционирањето би било полесно, отколку сега на средина на годината, изјави Меџити.  