Д-р Ристо Симеонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-risto-simeonov/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Ристо Симеонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-risto-simeonov/ 32 32 Детскиот хирург Ристо Симеoнов поставен за национален координатор за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detskiot-hirurg-risto-simeonov-postaven-za-natsionalen-koordinator-za-zdravstvo/ Wed, 27 Nov 2024 12:20:06 +0000 https://republika.mk/?p=842287

Владата на вчерашната седница го именувала д-р Ристо Симеонов за национален координатор за здравство. Тој е еден од врвните детски хирурзи во земјата. Д-р Симеонов е специјалист по детска хирургија.

Тој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија во 2009 година. Има меѓународно искуство и наобразба од медицината во Турција, Израел и други држави.

 

The post Детскиот хирург Ристо Симеoнов поставен за национален координатор за здравство appeared first on Република.

]]>

Владата на вчерашната седница го именувала д-р Ристо Симеонов за национален координатор за здравство. Тој е еден од врвните детски хирурзи во земјата. Д-р Симеонов е специјалист по детска хирургија. Тој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија во 2009 година. Има меѓународно искуство и наобразба од медицината во Турција, Израел и други држави.  

The post Детскиот хирург Ристо Симеoнов поставен за национален координатор за здравство appeared first on Република.

]]>
Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-simeonov-vreme-e-da-se-formira-zdravstven-sistem-koj-shto-ke-bide-funktsionalen-i-koj-shto-ke-bide-vo-interes-za-site-gragani-vo-makedonija/ Fri, 03 May 2024 15:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=773852

„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, истакна д-р Ристо Симеонов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во поткастот „Каде се парите?“.

Симеонов додаде дека тој заедно со неговите колеги и со ВМРО-ДПМНЕ ќе формира соодветен здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Република Македонија.

Министер за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од се на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, рече Симеонов објаснувајќи каков министер за здравство е потребен на Македонија.

Тој посочи дека Македонија треба да примени функционален здравствен систем од соседството на пример како што е во Хрватска, Словенија, Србија итн.

Кај нас години наназад па и децении пратени доктори на специјализација од болници во Охрид, Битола, Тетово, Штип, пратени на специјализација во Скопје, затоа што системот на специјализација може да се одвива само во Скопје. Такви се условите. Сите тие во тек на специјализацијата од петни жили ќе најдат начин најчесто политички да останат да работат во Скопје. И сега имаме проблем. Проблемот е што 95% од граѓаните се лекуваат во Скопје“, укажа тој.

Тој додаде дека треба да започне да функционира систем на регионализација. Ако се заврши со градбата на клиничката болница во Штип, значи тоа ќе е еден регионален центар, па тука се и Струмица, Битола, Охрид, Тетово. Потребно е да има 5 регионални центри на територија на Македонија.

Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица“, посочи Симеонов.

Симеонов рече дека тоа не е казнена експидиција туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација.

Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.

 

The post Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија appeared first on Република.

]]>

„За да креирате здравствена политика треба да бидете дел од политички систем. А, како доктор сте дел од здравствен систем. За здравствена политика потребен ви е политички систем. Мене ме повикаа од партијата ВМРО-ДПМНЕ да го вложам својот интегритет, своето искуство, своето знаење да креираме еден функционален здравствен систем од кој што ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници“, истакна д-р Ристо Симеонов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во поткастот „Каде се парите?“. Симеонов додаде дека тој заедно со неговите колеги и со ВМРО-ДПМНЕ ќе формира соодветен здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Република Македонија.
Министер за здравство треба да биде серозна личност, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најбитно од се на никого да не му должи ништо. Затоа што само таква личност може да има визија и идеја да формира нешто позитивно, нешто функционално“, рече Симеонов објаснувајќи каков министер за здравство е потребен на Македонија.
Тој посочи дека Македонија треба да примени функционален здравствен систем од соседството на пример како што е во Хрватска, Словенија, Србија итн.
Кај нас години наназад па и децении пратени доктори на специјализација од болници во Охрид, Битола, Тетово, Штип, пратени на специјализација во Скопје, затоа што системот на специјализација може да се одвива само во Скопје. Такви се условите. Сите тие во тек на специјализацијата од петни жили ќе најдат начин најчесто политички да останат да работат во Скопје. И сега имаме проблем. Проблемот е што 95% од граѓаните се лекуваат во Скопје“, укажа тој.
Тој додаде дека треба да започне да функционира систем на регионализација. Ако се заврши со градбата на клиничката болница во Штип, значи тоа ќе е еден регионален центар, па тука се и Струмица, Битола, Охрид, Тетово. Потребно е да има 5 регионални центри на територија на Македонија.
Доктори и здравствени работници од Скопје ќе одат да работат во тие регионални центри. Каде пишува дека треба работното место да ти е преку улица“, посочи Симеонов.
Симеонов рече дека тоа не е казнена експидиција туку ќе се херои и ќе бидат соодветно наградени ако работат во регионалните центри. Тоа ќе се одвива по принцип на ротација.
Сега е потребен принцип на потреби, а тој принцип на желби го урниса здравствениот систем во Македонија“, нагласи тој.
 

The post Д-р Симеонов: Време е да се формира здравствен систем кој што ќе биде функционален и кој што ќе биде во интерес за сите граѓани во Македонија appeared first on Република.

]]>
Симеонов: Недостатокот на кадар во јавното здравство и заминувањето на завршени студенти по медицина надвор од државата е поради тоа што немаат услови за запишување на соодветна специјализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/simeonov-nedostatokot-na-kadar-vo-javnoto-zdravstvo-i-zaminuvaneto-na-zavrsheni-studenti-po-meditsina-nadvor-od-drzhavata-e-poradi-toa-shto-nemaat-uslovi-za-zapishuvane-na-soodvetna-spetsijalizatsija/ Sun, 09 Jul 2023 11:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=659377

„Приватното и јавното здравство не треба да бидат конкурентност бидејќи тие се составен дел од здравствениот систем и треба помеѓу себе да соработуваат и да се дополнуваат и надградуваат“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Симеонов на денешната трибина на тема „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“.

Тој додаде дека треба во здравствените политики да се земат силните и позитивните страни од јавното и од приватното здравство и да се направи еден здравствен систем кој ќе биде во интерес на општеството и на пациентите.

„Една од причините во јавно здравство за недостаток на кадар е тоа што во тек на специјализација докторите што се пратени од болници од други градови во Скопје бараат начин најчесто политички како во тек на специјализацијата да останат на работа во Скопје“, кажа Симеонов.

Тој изјави дека основната едукација и основните принципи во здравството мора секој специјализант да ги научи од менторот и едукаторот.

„За жал имаме и точна бројка од лекарска комора дека повеќе од 50% од завршени студенти по медицина заминуваат надвор од државата затоа што немаат квалитетна едукација, квалитетен здравствен систем кој ќе им овозможи по завршување на студии да запишат соодветна специјализација и при тоа да имаат соодветна едукација“, потенцираше Симеонов.

The post Симеонов: Недостатокот на кадар во јавното здравство и заминувањето на завршени студенти по медицина надвор од државата е поради тоа што немаат услови за запишување на соодветна специјализација appeared first on Република.

]]>

„Приватното и јавното здравство не треба да бидат конкурентност бидејќи тие се составен дел од здравствениот систем и треба помеѓу себе да соработуваат и да се дополнуваат и надградуваат“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Симеонов на денешната трибина на тема „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“. Тој додаде дека треба во здравствените политики да се земат силните и позитивните страни од јавното и од приватното здравство и да се направи еден здравствен систем кој ќе биде во интерес на општеството и на пациентите. „Една од причините во јавно здравство за недостаток на кадар е тоа што во тек на специјализација докторите што се пратени од болници од други градови во Скопје бараат начин најчесто политички како во тек на специјализацијата да останат на работа во Скопје“, кажа Симеонов. Тој изјави дека основната едукација и основните принципи во здравството мора секој специјализант да ги научи од менторот и едукаторот.
„За жал имаме и точна бројка од лекарска комора дека повеќе од 50% од завршени студенти по медицина заминуваат надвор од државата затоа што немаат квалитетна едукација, квалитетен здравствен систем кој ќе им овозможи по завршување на студии да запишат соодветна специјализација и при тоа да имаат соодветна едукација“, потенцираше Симеонов.

The post Симеонов: Недостатокот на кадар во јавното здравство и заминувањето на завршени студенти по медицина надвор од државата е поради тоа што немаат услови за запишување на соодветна специјализација appeared first on Република.

]]>
Нашето здравство… https://arhiva3.republika.mk/kolumni/nasheto-zdravstvo/ Mon, 13 Mar 2023 09:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=619030

Д-р Ристо Симеонов

После еден час до Скопје и уште еден низ Скопскиот метеж се приближуваме кон Клиничкиот центар. Нашиот доктор после подолго неуспешно обидување да ми помогне ме упати на Клиника.

Пред влезот колони возила до падините на Водно. Испречени коли, нервозни, збунети и исплашени луѓе. Влеговме во колоната и се надеваме дека таа е вистинската. Од секаде возила, во сите правци. Имавме среќа, влегуваме во клиницки. Мноштво на стари згради. Дел од прозорците прекриени со искинати бели чаршави, а покрај нив јогурти, млека, банани, секаква храна. Паркинзите преполни, возила на тротоарите, зеленилото и на патот. Човекот кој продава брисачи и мириси за автомобил не упатува понатаму. Нема место вели. Толку рано, толку луѓе. Зарем секогаш е вака? Додека мојот сопруг бара место за паркинг ме обзема страв. Ќе има ли лек?

Ни рекоа дека тука може да го оставиме автомобилот. Прифативме во недостиг на подобро. Сега да ја најдеме лекарката. Имаме упат. Следиме знаци, прашуваме. Едвај се снајдовме. Уште од самиот влез на зградата се шири реа, погледнуваме внатре. Валкани ѕидови, подот нечист и леплив, внимаваме каде ќе стапнеме. На шалтерот полно луѓе. Шалтерските работници извежбано ги услужуваат. Ме упатуваат каде да чекам. Пред вратата многу луѓе, мојот термин е за 30 минути. Додека чекам се упатувам кон тоалетот. Вратата без квака. Светло нема. Осветлувам со мојот мобилен телефон и вистински шок. Лавабото искршено, чешмата тече без контрола, поплава. Сапун нема. Шољата полна со фекалии, казанчето одамна не работи. Излегов внимателно обидувајќи се ништо да не допрам, задушена во смрдеа.

Лекарката веќе работи. Во ординацијата влегуваат вработени на клиниките. Влегуваат други само да прашаат? Времето минува, луѓето пред врата стануваат се по нервозни. Веќе не пуштаат луѓе да прашуваат. Тензијата расте. Околу мене несреќни луѓе, бутканица кон вратата. Докторката не прави пауза, премногу луѓе има кои чекаат.

Конечно во ординацијата. Во собата ѕидовите гребени од столиците и креветите за пациенти, ми вели немојте таму ве молам, таа столица е скршена. Ги дадов анализите. Ме прегледа. Вели, имате болест. Таа се лекува. Лекот кај нас го нема. Не е скап. Одете во било која соседна држава, ќе го најдете. Се објаснувам дека не е лесно за нас лековите така да ги набавуваме. Докторката крева со рамениците. Лековите кои ми требаат за лечење ги има во сите соседни држави сем кај нас? Оваа реченица одѕвонува во моите уши. Сопругот ме потсеќа на останатиот дел од нашиот разговор со лекарката, овие лекови биле ефтини, вели да се надеваме дека ќе делуваат. Ако не, другите биле многу скапи. Ме испрати за анализи. На три други места. Секоја болница нов хаос. Секоја болница ново земање на крв. Рацете ми се модри. Немале реагенси за дел од испитувањата. За снимање нема термин. Велат оди приватно или чекај, тоа е. Излегуваме.

Повторно изгубени. Гледаме редица возила. Се наредиле да плаќаат па го блокирале главниот излез. Страв од сето видено, болка, збунетост, бес. На автомобилот ливче. Вели, јави ми се. Го вртам бројот. Човекот од другата страна се извинува. Извинете ве чукнав, но сакам да платам за штетата која ви ја нанесов. Исцрпена по денешниот ден, конечно се упативме дома.

Зошто е вака?

Здравствените трошоци се пресметуваат како финална потрошувачка на здравствени добра и услуги (т.е. тековни здравствени трошоци) вклучувајќи ја личната здравствена заштита (куративна нега, рехабилитативна нега, долгорочна нега, помошни услуги и медицински добра) и колективните услуги (превенција и јавни здравствени услуги како како и здравствената администрација). Притоа се исклучува трошењето за инвестиции. Здравствената заштита се финансира преку мешавина на финансиски аранжмани, вклучувајќи ги владините трошоци и задолжителното здравствено осигурување („Владино/задолжително“), како и доброволното здравствено осигурување и приватните фондови како што се однесува на плаќањата од џеб на домаќинствата, невладините организации и приватните корпорации (“ Доброволно“). Последниот показател „Од џеб“ се однесува на трошење директно од џебот на пациентот, како партиципација или приватна услуга. Овие мерки се прикажани како процент од вкупниот бруто национален доход (БДП) на државата (OECD (2023), Health spending (indicator). doi: 10.1787/8643de7e-en (Accessed on 11 March 2023).

[caption id="attachment_619031" align="alignnone" width="1428"] Табела број 1. Владино трошење за здравство како процент од БНП.[/caption]

 

[caption id="attachment_619032" align="alignnone" width="1431"] Табела број 2. Доброволно трошење за здравство како процент од БНП.[/caption]

 

[caption id="attachment_619033" align="alignnone" width="1431"] Табела број 3. Трошење „од џеб“ за здравство како процент од БНП.[/caption]

Од податоците на ОБСЕ се гледа дека Македонија е значително под просекот, односно е една од државите која инвестира најмал процент од својот бруто национален доход во здравството.C поред овие податоци тоа за Македонија изнесува 4.3% (од 2019 година), во споредба со Словенија која троши 6.8% (од 2021 година) на здравството. Од друга страна пак, ние сме неславно во врвот на оние кои трошат од својот џеб.

Што да се очекува од здравствен систем во кој не се инвестира? Плановите за нов клинички центар се заборавени. Студентите на медицинските факултети масовно планираат да се отселат. Платите на здравствените работници се ниски, а работните услови лоши. Одржувањето на работната средина и опремата скоро непостоечко. Не водат луѓе без план. Нивната единствена желба се реализација на тендери и добивање на евтини поени пред своите политички шефови, односно сечење на ленти на медиумите додека здравството тоне.

На кратко да се осврнеме да одделните аспекти на нашите проблеми во здравството. На одделенијата за интензивно лекување каде што се сместени најкритично болните пациенти постои недостаток на основна апаратура, поради што повеќе пациенти се приклучени на ист монитор, делат ист довод за кислород во средина преполна со високо резистентни микроорганизми. Како резултат на несоодветните услови за работа смртноста од инфекции е висока.

Нема термини за снимање. Апарати седат во кутии, битно тендерот е завршен. Дали се запрашале дали има лекари кои знаат да ги интерпретираат тие резултати? Нема план за поттикнување на младите лекари да работат во своите родни места. Нема план за едукација на соодветни кадри за користење и на оние премалку апарати кои ги имаме. При боледување на одредени лекари нема резултати со седмици или месеци.

Лекови, реагенси, потрошна и друга опрема се набавуваат со тендери кои траат месеци до нивната реализација. Системот е ригиден, неспремен и корумпиран. Сем најосновните лабораториски анализи сите други се прават само во Скопје. Поскапите лекови се дистрибуираат само на Скопските клиники. Пациентите со хронични болести за анализи и лекови доаѓаат секој месец во Скопје, а некогаш и повеќе пати во месецот. Најголем број на хируршки интервенции, дури и оние основните, се вршат во Скопје. Лековите од клиниките треба да се дистрибуираат преку специјализирани аптеки и каде е можно да се аплицираат од специјалисти низ целата држава. Понатаму потребно е да се направи систем за транспорт на крвта за специјализирани анализи во лабораториите каде тие се работат.

Сега владее тотален хаос.

Овие проблеми потекнуваат од негрижа, од голем недостаток на пари во здравството. Конечно треба да застанеме и кажеме дека квалитетно ќе ги лечиме граѓаните на нашата држава. Здравството е скапо, тоа е факт, но тоа не е аргумент во поддршка на сегашната нечовечност.

Неопходна е неколкукратно повисока инвестиција во здравството со што ќе се овозможат повисоки плати, едукација, модернизирање на апаратурата и квалитетни услови за работа. Вака нашиот народ ќе го добие квалитетното здравство кое го заслужува.

The post Нашето здравство… appeared first on Република.

]]>

Д-р Ристо Симеонов

После еден час до Скопје и уште еден низ Скопскиот метеж се приближуваме кон Клиничкиот центар. Нашиот доктор после подолго неуспешно обидување да ми помогне ме упати на Клиника. Пред влезот колони возила до падините на Водно. Испречени коли, нервозни, збунети и исплашени луѓе. Влеговме во колоната и се надеваме дека таа е вистинската. Од секаде возила, во сите правци. Имавме среќа, влегуваме во клиницки. Мноштво на стари згради. Дел од прозорците прекриени со искинати бели чаршави, а покрај нив јогурти, млека, банани, секаква храна. Паркинзите преполни, возила на тротоарите, зеленилото и на патот. Човекот кој продава брисачи и мириси за автомобил не упатува понатаму. Нема место вели. Толку рано, толку луѓе. Зарем секогаш е вака? Додека мојот сопруг бара место за паркинг ме обзема страв. Ќе има ли лек? Ни рекоа дека тука може да го оставиме автомобилот. Прифативме во недостиг на подобро. Сега да ја најдеме лекарката. Имаме упат. Следиме знаци, прашуваме. Едвај се снајдовме. Уште од самиот влез на зградата се шири реа, погледнуваме внатре. Валкани ѕидови, подот нечист и леплив, внимаваме каде ќе стапнеме. На шалтерот полно луѓе. Шалтерските работници извежбано ги услужуваат. Ме упатуваат каде да чекам. Пред вратата многу луѓе, мојот термин е за 30 минути. Додека чекам се упатувам кон тоалетот. Вратата без квака. Светло нема. Осветлувам со мојот мобилен телефон и вистински шок. Лавабото искршено, чешмата тече без контрола, поплава. Сапун нема. Шољата полна со фекалии, казанчето одамна не работи. Излегов внимателно обидувајќи се ништо да не допрам, задушена во смрдеа. Лекарката веќе работи. Во ординацијата влегуваат вработени на клиниките. Влегуваат други само да прашаат? Времето минува, луѓето пред врата стануваат се по нервозни. Веќе не пуштаат луѓе да прашуваат. Тензијата расте. Околу мене несреќни луѓе, бутканица кон вратата. Докторката не прави пауза, премногу луѓе има кои чекаат. Конечно во ординацијата. Во собата ѕидовите гребени од столиците и креветите за пациенти, ми вели немојте таму ве молам, таа столица е скршена. Ги дадов анализите. Ме прегледа. Вели, имате болест. Таа се лекува. Лекот кај нас го нема. Не е скап. Одете во било која соседна држава, ќе го најдете. Се објаснувам дека не е лесно за нас лековите така да ги набавуваме. Докторката крева со рамениците. Лековите кои ми требаат за лечење ги има во сите соседни држави сем кај нас? Оваа реченица одѕвонува во моите уши. Сопругот ме потсеќа на останатиот дел од нашиот разговор со лекарката, овие лекови биле ефтини, вели да се надеваме дека ќе делуваат. Ако не, другите биле многу скапи. Ме испрати за анализи. На три други места. Секоја болница нов хаос. Секоја болница ново земање на крв. Рацете ми се модри. Немале реагенси за дел од испитувањата. За снимање нема термин. Велат оди приватно или чекај, тоа е. Излегуваме. Повторно изгубени. Гледаме редица возила. Се наредиле да плаќаат па го блокирале главниот излез. Страв од сето видено, болка, збунетост, бес. На автомобилот ливче. Вели, јави ми се. Го вртам бројот. Човекот од другата страна се извинува. Извинете ве чукнав, но сакам да платам за штетата која ви ја нанесов. Исцрпена по денешниот ден, конечно се упативме дома. Зошто е вака? Здравствените трошоци се пресметуваат како финална потрошувачка на здравствени добра и услуги (т.е. тековни здравствени трошоци) вклучувајќи ја личната здравствена заштита (куративна нега, рехабилитативна нега, долгорочна нега, помошни услуги и медицински добра) и колективните услуги (превенција и јавни здравствени услуги како како и здравствената администрација). Притоа се исклучува трошењето за инвестиции. Здравствената заштита се финансира преку мешавина на финансиски аранжмани, вклучувајќи ги владините трошоци и задолжителното здравствено осигурување („Владино/задолжително“), како и доброволното здравствено осигурување и приватните фондови како што се однесува на плаќањата од џеб на домаќинствата, невладините организации и приватните корпорации (“ Доброволно“). Последниот показател „Од џеб“ се однесува на трошење директно од џебот на пациентот, како партиципација или приватна услуга. Овие мерки се прикажани како процент од вкупниот бруто национален доход (БДП) на државата (OECD (2023), Health spending (indicator). doi: 10.1787/8643de7e-en (Accessed on 11 March 2023). [caption id="attachment_619031" align="alignnone" width="1428"] Табела број 1. Владино трошење за здравство како процент од БНП.[/caption]   [caption id="attachment_619032" align="alignnone" width="1431"] Табела број 2. Доброволно трошење за здравство како процент од БНП.[/caption]   [caption id="attachment_619033" align="alignnone" width="1431"] Табела број 3. Трошење „од џеб“ за здравство како процент од БНП.[/caption] Од податоците на ОБСЕ се гледа дека Македонија е значително под просекот, односно е една од државите која инвестира најмал процент од својот бруто национален доход во здравството.C поред овие податоци тоа за Македонија изнесува 4.3% (од 2019 година), во споредба со Словенија која троши 6.8% (од 2021 година) на здравството. Од друга страна пак, ние сме неславно во врвот на оние кои трошат од својот џеб. Што да се очекува од здравствен систем во кој не се инвестира? Плановите за нов клинички центар се заборавени. Студентите на медицинските факултети масовно планираат да се отселат. Платите на здравствените работници се ниски, а работните услови лоши. Одржувањето на работната средина и опремата скоро непостоечко. Не водат луѓе без план. Нивната единствена желба се реализација на тендери и добивање на евтини поени пред своите политички шефови, односно сечење на ленти на медиумите додека здравството тоне. На кратко да се осврнеме да одделните аспекти на нашите проблеми во здравството. На одделенијата за интензивно лекување каде што се сместени најкритично болните пациенти постои недостаток на основна апаратура, поради што повеќе пациенти се приклучени на ист монитор, делат ист довод за кислород во средина преполна со високо резистентни микроорганизми. Како резултат на несоодветните услови за работа смртноста од инфекции е висока. Нема термини за снимање. Апарати седат во кутии, битно тендерот е завршен. Дали се запрашале дали има лекари кои знаат да ги интерпретираат тие резултати? Нема план за поттикнување на младите лекари да работат во своите родни места. Нема план за едукација на соодветни кадри за користење и на оние премалку апарати кои ги имаме. При боледување на одредени лекари нема резултати со седмици или месеци. Лекови, реагенси, потрошна и друга опрема се набавуваат со тендери кои траат месеци до нивната реализација. Системот е ригиден, неспремен и корумпиран. Сем најосновните лабораториски анализи сите други се прават само во Скопје. Поскапите лекови се дистрибуираат само на Скопските клиники. Пациентите со хронични болести за анализи и лекови доаѓаат секој месец во Скопје, а некогаш и повеќе пати во месецот. Најголем број на хируршки интервенции, дури и оние основните, се вршат во Скопје. Лековите од клиниките треба да се дистрибуираат преку специјализирани аптеки и каде е можно да се аплицираат од специјалисти низ целата држава. Понатаму потребно е да се направи систем за транспорт на крвта за специјализирани анализи во лабораториите каде тие се работат. Сега владее тотален хаос. Овие проблеми потекнуваат од негрижа, од голем недостаток на пари во здравството. Конечно треба да застанеме и кажеме дека квалитетно ќе ги лечиме граѓаните на нашата држава. Здравството е скапо, тоа е факт, но тоа не е аргумент во поддршка на сегашната нечовечност. Неопходна е неколкукратно повисока инвестиција во здравството со што ќе се овозможат повисоки плати, едукација, модернизирање на апаратурата и квалитетни услови за работа. Вака нашиот народ ќе го добие квалитетното здравство кое го заслужува.

The post Нашето здравство… appeared first on Република.

]]>