д-р Реџеп Мемеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-redhep-memedi/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 16:30:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Реџеп Мемеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-redhep-memedi/ 32 32 Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/memedi-komisijata-za-sluchajot-so-trimesechnoto-bebe-ke-se-sostane-v-ponedelnik/ Sat, 13 Jul 2024 16:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=796460

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.

– Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето.

Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, вели Мемеди за МИА.

Како што посочува, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Најавува дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.

Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв.

Министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

The post Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди во изјава за МИА вели дека во тек е формирањето на комисијата која ќе го истражува случајот со тримесечното бебе за кое неговото семејство тврди дека е повредено на Детската клиника.
– Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето.
Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, вели Мемеди за МИА. Како што посочува, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи. Најавува дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми. Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе. Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. Министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

The post Мемеди: Комисијата за случајот со тримесечното бебе ќе се состане в понеделник appeared first on Република.

]]>
Педијатарот д-р Реџеп Мемеди е нов директор на Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pedijatarot-d-r-redhep-memedi-e-nov-direktor-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 11 Jul 2024 10:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=795774

Специјалистот педијатар д-р Реџеп Мемеди е назначен за директор на Универзитетската клиника за детски болести, соопшти Министерството за здравство.

Мемеди доаѓа на местото на д-р Валентина Цвејоска- Чолаковска која досега ја извршуваше функцијата директор на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство, Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи.

На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, а во Градската општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски.

The post Педијатарот д-р Реџеп Мемеди е нов директор на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>

Специјалистот педијатар д-р Реџеп Мемеди е назначен за директор на Универзитетската клиника за детски болести, соопшти Министерството за здравство. Мемеди доаѓа на местото на д-р Валентина Цвејоска- Чолаковска која досега ја извршуваше функцијата директор на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство, Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи. На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, а во Градската општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски.

The post Педијатарот д-р Реџеп Мемеди е нов директор на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>