д-р Никола Стиков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-nikola-stikov/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 14:32:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Никола Стиков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-nikola-stikov/ 32 32 Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promovirana-platforma-koja-ke-ja-promeni-igrata-vo-makedonskata-nauchna-zaednitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=612768

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.

Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.

Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.

Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.

Денеска пуштаме во употреба нова веб-страница која ги содржи можностите за соработка со македонските научници во странство, нешто што веруваме дека вистински ќе ја промени играта во нашата научна заедница. Оваа страница нуди простор каде што македонските научници може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини, области на експертиза. Ова е простор каде што ќе може да најдат и да се поврзат со потенцијални соработници од целиот свет. Оваа иницијатива е мошне важна за македонската наука. Ни помага да ги срушиме бариерите кои ги одвојуваат различните научни дисциплини и да изградиме интердисциплинирани соработки кои може да поттикнат нови откритија и иновации, рече проф. д- Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука на УКИМ, со оваа страница се отвора можност помладите кадри, асистентите, да имаат поголема веројатност да реализираат престои надвор, се отвораат поголеми шанси за вмрежување.

Центарот веќе има десет научници родум од Македонија кои се постојани членови на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Таа листа ќе се проширува. Главен извор е групата „С(ц)иеста“. Ни се споија целите и идеите, да работиме на интернационализација на академската заедница на кадрите на Универзитетот и да помогнаме помладите кадри, асистентите за вмрежување, рече проф. д-р Гечевска.

Проф. Д-р Ордан Чукалиев, проректор за меѓународна соработка на УКИМ се заблагодари на сите членови на  „С(ц)иеста, на Центарот за ангажманост.

Ви благодарам што се ангажирате да ѝ помогнете на научно-истражувачката заедница, давајќи дел од себе, дел од своето време, дел од вашите финансии, рече проф. д-р Чукалиев.

На вчерашната промиција присустуваа и Борјана Арсова, биохемичарка која живее и работи во Јулих, Германија, Илија Дуковски од Универзитетот во Бостон, Александар Шулевски кој работи на Институтот за радиоастрономија АСТРОН во Холандија, Андреј Ристески од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во САД, Моника Ѓоргиева која работи на Универзитетот во Женева.

The post Промовирана платформа која ќе ја промени играта во македонската научна заедница appeared first on Република.

]]>

Вчера онлајн беше промовирана Researchnet.mk, веб-страница на која македонските научници во странство може да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од Македонија.
Целта е да имаме листа каде што ќе се објавуваат сите овие позиции. Главниот дел е можностите за соработка. На платформата секој научник или истражувач има можност да креира свој профил каде во неколку реченици опишува каде и што работи во моментот, кажа д-р Никола Стиков, професор по биомедицинско инженерство на Политехникиот факултет при Униерзитетот на Монтреал, најголемиот франкофонски Универзитет во Канада, промовирајќи ја платформата.
Платформата е дел од иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава. Проектот го претставија членовите на тимот на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања.