д-р Нико Беќаровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-niko-bekjarovski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Нико Беќаровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-niko-bekjarovski/ 32 32 Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-otkri-shto-e-najdobrata-rabota-so-elkata-na-ploshtad/ Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=725099

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-prvo-vratete-m-ja-verbata-i-nadezhta-na-skopjani-za-da-mozhe-lampionite-da-go-great-gradot/ Mon, 11 Dec 2023 18:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=721882

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување.

Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа.

На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.

Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.

Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.

Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.

Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.

И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.

Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување. Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа. На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.
Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.   Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.   Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.   Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.   И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.   Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-objavi-poraka-od-rodnina-na-pochinatoto-24-godishno-momche-spored-nego-ova-ja-objasnuva-sepsata/ Fri, 29 Sep 2023 18:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=686478

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија. https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/ Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.
Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-kako-samo-mozhevte-da-gi-gledate-vo-ochi-znaejki-deka-gi-ubivate/ Sun, 03 Sep 2023 18:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=678451

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“, по веста на крадењето и заменувањето на лекови за пациентите од Клиниката за онкологија.

Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.
А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ.
Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, прашува докторот од Токсикологија.

The post Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? appeared first on Република.

]]>

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“, по веста на крадењето и заменувањето на лекови за пациентите од Клиниката за онкологија.
Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет. Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден. Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам. Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните. А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, прашува докторот од Токсикологија.

The post Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Специјализантите дежураат без пари, а има сестри што не знаат ни игла да стават https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-spetsijalizantite-dezhuraat-bez-pari-a-ima-sestri-shto-ne-znaat-ni-igla-da-stavat/ Thu, 03 Aug 2023 14:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=668315

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски.

Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот.

За нив ќе биде обезбедена и посебна единица и како синдикално раководство, заедно со лекарскиот одбор, ќе се погрижиме во следните преговори да се вклучат и правата на специјализантите. Како што знаете во моментов специјализантите, најголем дел од нив, дежураат без пари, завршуваат голем дел од работата во рамките на Клиничкиот центар. Така што, вака синдикално организирани во следните преговори ќе настапиме конечно да се регулира и нивното право. Во рамките на специјализантите секако дека треба да се избориме и за нивното право на соодветен надомест за одвоен живот, услови за сместување, сите знаеме, барем тие што сме во оваа лекарска фела дека во секоја нормална држава постојат специјални домови во кои што специјализантите се сместени по многу пристојни цени, а да не треба самите да бараат сместување, појасни Беќаровски.

Тој кажа дека се дискутирало и околу приватните специјализации.

Не постои држава во Европа каде што постојат приватни специјализации, без да се знае за кого специјализираат. Тоа е наша уникатна пракса за што надвор ни се смеат, со оглед дека тежнееме кон Европската Унија, мислиме дека е крајно време дел од практиките што се применуваат таму, да бидат и кај нас. Значи, ќе може да специјализира тој што има потреба, јавна установа, приватна установа, меѓутоа секогаш да се знае кој стои зад тоа, додаде тој.

Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.

Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.

Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.

Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.

На приватните специјализации се осврна и претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

Само кај нас постои приватна специјализација. Таа некаде е пет, некаде шест години. За тие пет години, специјализантите добиваат околу 26.000 или 28.000 денари, а таа специјализација, на пример, чини 10.000 евра. За тие пет години, тие може да земат и 15.000, 20.000 евра. Меѓутоа, каде одат тие специјализанти, кога ќе станат специјалисти? Што бенефит има јавното здравство од нив, од тие специјализации, кога тие не можат да најдат ни вработување во јавно здравство, значи се трошат пари за нивното усовршување, а никој не гледа бенефит, смета Серафимовски.

Тој додаде дека вработувањата треба конечно да не бидат „партиски, национално обоени“.

Ако некој човек вреди, ако има коефициент, просек на успех, нека се вработи таму каде што треба. И не може да се бараат специјализации да се добиваат по желба. Ова не е желботека. Тука и деканатот треба да поработи малку на тие работи. Мора однапред 10, 15 години минимум, да знаат каде недостасува неврохирург, каде недостасува ортопед, каде недостасува токсиколог... и таму да се насочи, да се вработи студентот кој е со добар успех, да му се даде работа, да му се даде можност да специјализира, подвлече Серафимовски.

The post Д-р Беќаровски: Специјализантите дежураат без пари, а има сестри што не знаат ни игла да стават appeared first on Република.

]]>

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски. Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот.

Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rakovoditeli-na-klinikite-da-bidat-luge-so-minimum-20-godini-iskustvo-bara-d-r-bekarovski/ Thu, 03 Aug 2023 12:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=668290

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.

Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, нагласи Беќаровски.

Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.

Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.

Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.

Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.

Нивниот краен рок за спојување на Клиничкиот центар е 31 декември.

Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски рече дека се согласиле јавно да дадат поддршка на министерот за здравство, Фатмир Меџити, за што побрзо да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден управен одбор.

Во вторникот на прес-конференција, Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може да се постигне.

The post Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.
Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, нагласи Беќаровски.
Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.
Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.
Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.
Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.
Нивниот краен рок за спојување на Клиничкиот центар е 31 декември. Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски рече дека се согласиле јавно да дадат поддршка на министерот за здравство, Фатмир Меџити, за што побрзо да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден управен одбор. Во вторникот на прес-конференција, Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може да се постигне.

The post Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>
Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bekarovski-porano-meditsinskite-sestri-znaeja-kolku-doktori-a-sega-ne-znaat-ni-generichki-imina-na-lekovi/ Thu, 29 Jun 2023 19:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=656664

Во 2017 година Клиничкиот центар функционираше како една единка. Потоа беше донесена одлука да се подели на клиники. Со тоа се зголемија немедицинските трошоци - директори, членови на одбори, набавки кои се вршат на помали количини за секоја клиника за себе итн. Обединувањето на Клинички центар има оправданост. Но, единствена фунција да биде директор на Клинички центар и раководител на секоја од клиниките кој ќе биде избран од самите вработени, а не именуван од страна, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Начинот на кој се вработуваше во последните години доведе реномето на Клиничкиот центар да падне. Во Словенија не вработуваат од партиски штабови. И ние ги следиме студентите и знаеме кои се најквалитетни, ама сите што се квалитетни заминуваат, а остануваат само оние кои мислат дека не можат да се снајдат во странство, вели Беќаровски додавајќи дека зборува за скопскиот Медицински факултет каде што работи и за каде смета дека 10-15 отсто од студентите се квалитетни.

Беќаровски вели дека има прекрасни луѓе кои волонтираат, а медицински сестри се вработуваат преку партиски штабови и затоа тонеме. Тој вели дека младите бегаат поради условите каде што одат и апаратура и услови за напредување што кај нас не функционира.

Реално има студенти кои би сакале да останат, но во средина во која можат рамноправно да се натпреваруваат, вели Беќаровски.

За медицинските сестри Беќаровски вели дека во секое село има паралелки за медицински сестри. Порано, вели Беќаровски, медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови, немаат пракса за време на школувањето, а од нив зависи безбедноста на пациентот.

The post Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови appeared first on Република.

Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-za-zgolemuvaneto-na-platite-na-funktsionerite-ajde-da-go-zememe-amerikanskiot-model-za-isplata-i-vo-nasheto-zdravstvo/ Fri, 07 Apr 2023 05:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=628153

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми.

Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.

Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми. Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.
Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Македонија е рекордер по бројот на труења со киселини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-makedonija-e-rekorder-po-brojot-na-truena-so-kiselini/ Tue, 28 Mar 2023 15:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=624614

Последно во низата на труења, кое ја отвори темата во јавноста, беше случајот со битолчанецот кој наместо вода испи концентрирано средство за садови. Здравствените работници велат дека момчето е во добра состојба и закрепнува но она што загрижува е што во земјава се регистрираат голем број случаи на труење со медикаменти. Сепак алармот се вклучува и на случаите со свесно труење со киселини за што земјава е рекордер во Европа, откри во „Утринска“ на Телма проф. Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

Најголем дел се сепак труења со медикаменти, пред сè со лекови за смирување, тука доминира „диазепамот“. Но, тоа што би сакал да истакнам, зошто е крајно алармантно, ние сме држава која е рекордер по бројот на труења со киселини. Нема ни една друга држава во Европа што има толку труења со киселини по глава на жител. Зборуваме за свесни труења, како обид за самоубиства. Можете да замислите кој е очајот за да посегнете и да си го одземете животот со корозивно средство, потенцираше Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Македонија е рекордер по бројот на труења со киселини appeared first on Република.

Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-predupreduva-nekontroliranata-upotreba-na-antibiotitsi-doprva-ke-ja-podnese-svojata-tsrna-faktura/ Thu, 23 Feb 2023 09:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=612214

Доктор Нико Беќаровски со стручно појаснување зошто не треба да се злопутребуваат антибиотиците, во контекст на актуелната трагедија - смртта на пациентка од Прилеп која почина по киретажа, а неофицијално причината е стрептокока.

-Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп. Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација. Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти, вели д-р Беќаровски во својата фејсбук објава.

-Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици.

Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата.

Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче ....

За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп.

За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура.

Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција!

КОГА НАВИСТИНА ЌЕ ВИ ТРЕБА АНТИБИОТИК, ВАС ИЛИ НА ВАШАТА ФАМИЛИЈА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДЕЛУВА, предупредува д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски со стручно појаснување зошто не треба да се злопутребуваат антибиотиците, во контекст на актуелната трагедија - смртта на пациентка од Прилеп која почина по киретажа, а неофицијално причината е стрептокока. -Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп. Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација. Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти, вели д-р Беќаровски во својата фејсбук објава. -Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици. Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата. Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче .... За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп. За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура. Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција! КОГА НАВИСТИНА ЌЕ ВИ ТРЕБА АНТИБИОТИК, ВАС ИЛИ НА ВАШАТА ФАМИЛИЈА МОЖЕБИ НЕМА ДА ДЕЛУВА, предупредува д-р Беќаровски.  

The post Д-р Беќаровски предупредува: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски со став зошто не се набавува лекот за цистична фиброза: Одговорот е суров и нехуман! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-so-stav-zoshto-ne-se-nabavuva-lekot-za-tsistichna-fibroza-odgovorot-e-surov-i-nehuman/ Mon, 23 Jan 2023 10:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=599876

Болните од цистична фиброза и натаму го чекаат лекот кој, за жал, е премногу скап.

Зошто се одолговлекува набавката на овој лек, свој одговор даде д-р Нико Беќаровски.

-Многумина изминативе денови ме прашуваа зошто Министерството за Здравство не го набави лекот за болните од цистична фиброза и со тоа не си го зголеми својот рејтинг кај граѓаните. Одговорот е многу едноставен и за жал премногу суров и нехуман: Лекот е прескап за да може ФЗО да ги покрие трошоците, а во Буџетот не се предвидени 25 до 30 милиони евра за набавка на овие лекови.

ТРИКАФТА е магичната комбинација од 3+1 лекови, спакувани во една таблета, кои кај 90% ја подобруваат клиничката слика на оваа генетски детерминирана болест.

Оваа магична таблета е дозволена за употреба, зависно од протоколите кај сите над 6 или 12 години. Дневната доза е 2 +1 таблета и малопродажната цена за еден ден терапија е околу 1000 $ или годишната цена е околу 350.000 $ за еден пациент. (306.800 $ ПО пациент е просечната цена во Канада за 2022 година, каде трошокот е комплетно покриен од Фондот)

Во Македонија во моментов има околу 130 пациенти со болеста, од кој значителен дел ги исполнуваат критериумите за оваа терапија.

Само едномесечна плата на Кристијано Роналдо би ги покрила годишните трошоците за терапија на овие 130 измачени наши сограѓани, вели д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски со став зошто не се набавува лекот за цистична фиброза: Одговорот е суров и нехуман! appeared first on Република.

]]>

Болните од цистична фиброза и натаму го чекаат лекот кој, за жал, е премногу скап. Зошто се одолговлекува набавката на овој лек, свој одговор даде д-р Нико Беќаровски. -Многумина изминативе денови ме прашуваа зошто Министерството за Здравство не го набави лекот за болните од цистична фиброза и со тоа не си го зголеми својот рејтинг кај граѓаните. Одговорот е многу едноставен и за жал премногу суров и нехуман: Лекот е прескап за да може ФЗО да ги покрие трошоците, а во Буџетот не се предвидени 25 до 30 милиони евра за набавка на овие лекови. ТРИКАФТА е магичната комбинација од 3+1 лекови, спакувани во една таблета, кои кај 90% ја подобруваат клиничката слика на оваа генетски детерминирана болест. Оваа магична таблета е дозволена за употреба, зависно од протоколите кај сите над 6 или 12 години. Дневната доза е 2 +1 таблета и малопродажната цена за еден ден терапија е околу 1000 $ или годишната цена е околу 350.000 $ за еден пациент. (306.800 $ ПО пациент е просечната цена во Канада за 2022 година, каде трошокот е комплетно покриен од Фондот) Во Македонија во моментов има околу 130 пациенти со болеста, од кој значителен дел ги исполнуваат критериумите за оваа терапија. Само едномесечна плата на Кристијано Роналдо би ги покрила годишните трошоците за терапија на овие 130 измачени наши сограѓани, вели д-р Беќаровски.  

The post Д-р Беќаровски со став зошто не се набавува лекот за цистична фиброза: Одговорот е суров и нехуман! appeared first on Република.

]]>
Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/skopski-tinejdzerki-so-crnodrobni-poremetuvanja-zavrshile-na-toksikologija-poradi-dieta-so-vino-predupreduva-d-r-bekjarovski/ Mon, 19 Dec 2022 21:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=587825

Една стара „диета“ промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки, aлармира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Како што објаснува, „диетата“ се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

Повеќенеделното придржување кон оваа „диета“ може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА.
Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !!
Родители најдете малку време да проверите како се „хранат“ Вашите деца, пред да биде предоцна.
Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, порача тој.

The post Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>

Една стара „диета“ промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки, aлармира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Како што објаснува, „диетата“ се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.
Повеќенеделното придржување кон оваа „диета“ може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА. Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија !! Родители најдете малку време да проверите како се „хранат“ Вашите деца, пред да биде предоцна. Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, порача тој.

The post Скопски тинејџерки со црнодробни пореметувања завршиле на Токсикологија поради диета со вино, предупредува д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekjarovski-so-nekadarnost-kriminal-nepotizam-nekultura-i-neobrazovanost-sekojdnevno-ja-razkrchmuvame-drzavata/ Wed, 03 Aug 2022 09:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=536344

Познатиот доктор Нико Беќаровски социјалните мрежи излезе со став за големиот празник Илинден кој вчера го честуваше цела Македонија.

Постот на д-р Беѓаровски го пренесуваме во целост.

ИЛИНДЕНСКИ СТЕРЕОТИПНИ БЕСЕДИ

Цел ден исполнет со многу празнични говори на политичариве низ цела Македонија, а ниту еден не кажа како од петта најсиромашна држава во Европа, ќе станеме барем просечно развиена европска земја или како од највалкана европска депонија ќе станеме еколошки поднослива дестинација.

СЕ ДРУГО ИЗГОВОРЕНО Е ГОЛ ПОПУЛИЗАМ И ДЕМАГОГИЈА !!!!

Колкумина од нашите дедовци се превртуваат во своите незнајни гробови???

Со пушка и крв создадоа држава, а НИЕ со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме.

Време е за образовен, морален, културолошки и еколошки ИЛИНДЕН !!! - пишува д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме државата appeared first on Република.

]]>

Познатиот доктор Нико Беќаровски социјалните мрежи излезе со став за големиот празник Илинден кој вчера го честуваше цела Македонија. Постот на д-р Беѓаровски го пренесуваме во целост.
ИЛИНДЕНСКИ СТЕРЕОТИПНИ БЕСЕДИ   Цел ден исполнет со многу празнични говори на политичариве низ цела Македонија, а ниту еден не кажа како од петта најсиромашна држава во Европа, ќе станеме барем просечно развиена европска земја или како од највалкана европска депонија ќе станеме еколошки поднослива дестинација.   СЕ ДРУГО ИЗГОВОРЕНО Е ГОЛ ПОПУЛИЗАМ И ДЕМАГОГИЈА !!!!   Колкумина од нашите дедовци се превртуваат во своите незнајни гробови???   Со пушка и крв создадоа држава, а НИЕ со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме.   Време е за образовен, морален, културолошки и еколошки ИЛИНДЕН !!! - пишува д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Со некадарност, криминал, непотизам, некултура и необразованост секојдневно ја раскрчмуваме државата appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: „Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-majmunski-obid-za-povtoren-strav-kaj-naselenieto/ Tue, 24 May 2022 11:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=506169

„Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението. Вака д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и Комисијата за заразни болести ги коментира последните вести околу новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани низ Европа.

1. Сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години.
2. Скоро сите не се вакцинирани за морбили и сите не се вакцинирани против Вариола Вера.
3. Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци.
4. Во Македонија како и во целата ex Yu сите родени пред 1972 година се вакцинирани против Вариола Вера, а голем дел од помладите против Морбили.
ЗАКЛУЧОК:
Слободно планирајте си ги летните одмори, ЗАСЛУЖИВМЕ, по две непреспиени години, вели д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: „Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението appeared first on Република.

]]>

„Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението. Вака д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и Комисијата за заразни болести ги коментира последните вести околу новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани низ Европа.
1. Сите 92 случаи се регистрирани кај мажи меѓу 20-40 години. 2. Скоро сите не се вакцинирани за морбили и сите не се вакцинирани против Вариола Вера. 3. Сите пациенти се хомосексуалци и бисексуалци. 4. Во Македонија како и во целата ex Yu сите родени пред 1972 година се вакцинирани против Вариола Вера, а голем дел од помладите против Морбили. ЗАКЛУЧОК: Слободно планирајте си ги летните одмори, ЗАСЛУЖИВМЕ, по две непреспиени години, вели д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: „Мајмунски“ обид за повторен страв кај населението appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Врие заболени од стомачни вируси, мијте ги рацете! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekjarovski-vrie-zaboleni-od-stomachni-virusi-mijte-gi-racete/ Wed, 04 May 2022 09:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=497351

Почитувани граѓани, укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба да престанете да ги миете рацете, остро порача д-р Нико Беќаровски.

Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со бројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност.
МИЕЊЕТО РАЦЕ И ОДPЖУВАЊЕТО НА ЛИЧНАТА ХИГИЕНА, СПАСУВААТ ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ ОД СИТЕ АНТИБИОТИЦИ ЗАЕДНО, порачува тој.

The post Д-р Беќаровски: Врие заболени од стомачни вируси, мијте ги рацете! appeared first on Република.

]]>

Почитувани граѓани, укинувањето на сите против епидемиски мерки не значи дека треба да престанете да ги миете рацете, остро порача д-р Нико Беќаровски.
Амбулантите и Клиниките се преплавени со стомачни вируси (Rotavirus, Picorna, Coxsackie, Hepatitis A) проследени со бројни проливи, стомачни болки, температура, дехидратација, поспаност. МИЕЊЕТО РАЦЕ И ОДPЖУВАЊЕТО НА ЛИЧНАТА ХИГИЕНА, СПАСУВААТ ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ ОД СИТЕ АНТИБИОТИЦИ ЗАЕДНО, порачува тој.

The post Д-р Беќаровски: Врие заболени од стомачни вируси, мијте ги рацете! appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Ова се пост-ковид симптоми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-ova-se-post-kovid-simptomi/ Fri, 11 Feb 2022 17:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=457309

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми:

-Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!

• Отежнато дишење

• Малаксалост

• Поспаност

• Срцева слабост

• Проблеми со меморија

• Паѓање на косата

• Влошување на дијабетот ….

Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ова се пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми: -Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!! • Отежнато дишење • Малаксалост • Поспаност • Срцева слабост • Проблеми со меморија • Паѓање на косата • Влошување на дијабетот ….
Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ова се пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>
Хроничен замор, опаѓање на коса се постковид симптоми, вели д-р Нико Беќаровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/hronichen-zamor-opagjanje-na-kosa-se-postkovid-simptomi-veli-d-r-niko-bekjarovski/ Fri, 28 Jan 2022 10:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=450606

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во последната објава на Фејсбук ги сподели последните истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со постковид периодот.

Еве и научна студија зошто одржувањето на микрофлората во Вашите црева е круцијална во постковид периодот.

Хроничен замор, опаѓање на коса итн се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора.

Микрофлората најлесно се нарушува од неконтролирана употеба на антиботици!

Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Никола Пановски и Драган Даниловски, во апелите за рационална употреба на антибиотиците кај Ковид болните, напиша Беќаровски.

The post Хроничен замор, опаѓање на коса се постковид симптоми, вели д-р Нико Беќаровски appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во последната објава на Фејсбук ги сподели последните истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со постковид периодот.
Еве и научна студија зошто одржувањето на микрофлората во Вашите црева е круцијална во постковид периодот. Хроничен замор, опаѓање на коса итн се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора. Микрофлората најлесно се нарушува од неконтролирана употеба на антиботици! Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Никола Пановски и Драган Даниловски, во апелите за рационална употреба на антибиотиците кај Ковид болните, напиша Беќаровски.

The post Хроничен замор, опаѓање на коса се постковид симптоми, вели д-р Нико Беќаровски appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekjarovski-za-vakcinacijata-balkanecot-e-tvrdoglav-ne-mozesh-so-zabrani-da-go-pottiknesh/ Wed, 26 Jan 2022 18:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=449945

Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за тоа зошто граѓаните не се поттикнуваат на вакцинација.

Според него, ние продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.

-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Беќаровски, во емисијата „Само вистина“.

The post Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш appeared first on Република.

]]>

Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за тоа зошто граѓаните не се поттикнуваат на вакцинација. Според него, ние продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.
-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Беќаровски, во емисијата „Само вистина“.

The post Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Во Србија строго е забрането ковид-19 да се лечи со антибиотици и високи дози на витамини https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-vo-srbija-strogo-e-zabraneto-kovid-19-da-se-lechi-so-antibiotici-i-visoki-dozi-na-vitamini/ Mon, 24 Jan 2022 10:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=448667

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со пост на својот Фејсбук профилот информира дека Србија строго ја забранува употребата на антибиотици и високи дози на витамини во лечење на ковидот.

За да нема недоразбирања, во најновиот протокол за вонхоспитално лечење на болни со Ковид-19 во Србија строго се забранува употреба на антибитици и високи дози витамини !!!

Изгледа тоа што цела година го трубиме со моите колеги Никола Пановски и Драган Даниловски подобро го разбираат комшиите од домашните, напиша д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Во Србија строго е забрането ковид-19 да се лечи со антибиотици и високи дози на витамини appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со пост на својот Фејсбук профилот информира дека Србија строго ја забранува употребата на антибиотици и високи дози на витамини во лечење на ковидот.
За да нема недоразбирања, во најновиот протокол за вонхоспитално лечење на болни со Ковид-19 во Србија строго се забранува употреба на антибитици и високи дози витамини !!! Изгледа тоа што цела година го трубиме со моите колеги Никола Пановски и Драган Даниловски подобро го разбираат комшиите од домашните, напиша д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Во Србија строго е забрането ковид-19 да се лечи со антибиотици и високи дози на витамини appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Се гледа крајот на пандемијата – очекуваме мирна пролет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-se-gleda-krajot-na-pandemijata-ochekuvame-mirna-prolet/ Fri, 21 Jan 2022 20:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=447950

Се гледа крајот на пандемијата, очекуваме мирна пролет, изјави во вечерашното гостување на ТВ Телма д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Тој вели дека сите кои истовремено се комплетно вакцинирани и го прележале вирусот, во моментов можат мирно да спијат.

-Може да се заразат, меѓутоа за два-три дена се ќе помине, без многу трчање и паника. Има претерано голем број пациенти по клиниките. Паниката да спласне, за два-три дена се смируваат работите, барем за вакцинираните и тие кои прележале Ковид-19. Државата обезбеди вакцини и рестрикции, меѓутоа сега животот оди понатаму, појаснува д-р Беќаровски.

Во однос на маските во училиштата, докторот смета барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето.

-За затворените простории нема дебата, барем во моментов – мора да се носат, категоричен е Беќаровски.

Тој го повтори својот став дека ковид-сертификатите во моментов се непотребни и дека тие треба да се укинат.

– Младите сите ни се по кафулиња, ретко кој е контролиран, а само 20% од нив се вакцинирани. Сертификатот ја изгуби секоја смисла, барем за домашна употреба треба да се тргне, рече д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Се гледа крајот на пандемијата – очекуваме мирна пролет appeared first on Република.

]]>

Се гледа крајот на пандемијата, очекуваме мирна пролет, изјави во вечерашното гостување на ТВ Телма д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Тој вели дека сите кои истовремено се комплетно вакцинирани и го прележале вирусот, во моментов можат мирно да спијат.