Д-р Ненад Лазаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-nenad-lazarov/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 18:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Ненад Лазаров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-nenad-lazarov/ 32 32 Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lazarov-site-vraboteni-vo-zoo-zaedno-so-ovie-struchnatsive-u-skafander-bez-maska-da-idat-u-izolatsija/ Sat, 19 Oct 2024 18:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=828903

Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација а некој треба и да одговара зошто веднаш не е вклучен и Институт за јавно здравје со епидемиолошки тим, смета д-р Ненад Лазаров.
„Ова е паралелно можеби и првенствено задача на експерти од ИЈЗ и никој друг. Апелирам да се размисли за укинување на АХВ и нејзино враќање под ИЈЗ“, напиша тој на фејсбук.

The post Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација appeared first on Република.

]]>

Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација а некој треба и да одговара зошто веднаш не е вклучен и Институт за јавно здравје со епидемиолошки тим, смета д-р Ненад Лазаров. „Ова е паралелно можеби и првенствено задача на експерти од ИЈЗ и никој друг. Апелирам да се размисли за укинување на АХВ и нејзино враќање под ИЈЗ“, напиша тој на фејсбук.

The post Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-pokachuvaneto-od-78-e-golema-shlakanitsa-za-site-segashni-i-idni-mladi-lekari-spetsijalizanti-koi-dobivaat-honorar-od-26-000-denari/ Thu, 04 May 2023 06:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=636415

12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија.
Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко.
Затоа ќе нема здравство, порача доктор Ненад Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари appeared first on Република.

]]>

12 до 15 лекари месечно ја напуштаат Македонија. Вчерашното покачување од 78% на плати за функционери е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари и задолжителни 4 пати месечно БЕСПЛАТНО по 24 часа дежурства. Немаат трудничко. Затоа ќе нема здравство, порача доктор Ненад Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Покачувањето од 78% е голема шлаканица за сите сегашни и идни млади лекари специјализанти кои добиваат хонорар од 26.000 денари appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Да колнете и грдите сè лекарско за сè што се случува, први сте, тука нема партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-da-kolnete-i-grdite-se-lekarsko-za-se-shto-se-sluchuva-prvi-ste-tuka-nema-partija/ Fri, 14 Apr 2023 09:51:58 +0000 https://republika.mk/?p=630744

На апели дека младите лекари идни специјалисти, иднината на здравствово земаат месечен хонорар близу минималецот и не им се платени дежурства, ќутите скоро сите, зависно кој е позиција кој опозиција!, вели д-р Ненад Лазаров во пост со кој застанува во одбрана на лекарската фела и кажува низ што сè поминуваат оние што работат во македонското здравство.

Ќутите и за 5 сменети министри у 6 години у најсензитивен ресор!
Ќутите коа флагрантно местат раковотство на Лекарска Комора,која утврдува лекарска грешка!
Ќутите и ФЗО кога го јаваат и цело време нема пари и секој ден за нешто собираме со пораки,кутии...
Ќутите живи луѓе кога гореа во болница!
Ама да колнете и грдите се лекарско за се што се случува, први сте, тука нема партија. Само сендвичари, порачува тој.

За споредба ги дава и платите кои ги земаат лекарите специјализанти во Македонија и оние на нивните колеги од Албанија.

The post Д-р Лазаров: Да колнете и грдите сè лекарско за сè што се случува, први сте, тука нема партија appeared first on Република.

]]>

На апели дека младите лекари идни специјалисти, иднината на здравствово земаат месечен хонорар близу минималецот и не им се платени дежурства, ќутите скоро сите, зависно кој е позиција кој опозиција!, вели д-р Ненад Лазаров во пост со кој застанува во одбрана на лекарската фела и кажува низ што сè поминуваат оние што работат во македонското здравство.
Ќутите и за 5 сменети министри у 6 години у најсензитивен ресор! Ќутите коа флагрантно местат раковотство на Лекарска Комора,која утврдува лекарска грешка! Ќутите и ФЗО кога го јаваат и цело време нема пари и секој ден за нешто собираме со пораки,кутии... Ќутите живи луѓе кога гореа во болница! Ама да колнете и грдите се лекарско за се што се случува, први сте, тука нема партија. Само сендвичари, порачува тој.
За споредба ги дава и платите кои ги земаат лекарите специјализанти во Македонија и оние на нивните колеги од Албанија.

The post Д-р Лазаров: Да колнете и грдите сè лекарско за сè што се случува, први сте, тука нема партија appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-do-11-chasot-se-izdadeni-6-200-kutii-dijazepam/ Wed, 01 Jun 2022 11:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=509724

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии.

Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>

Д-р Ненад Лазаров од примарната медицина, сопственик на приватната ординација „Медика Вера“ на својот „Фејсбук“ сподели дека утрово до 8.30 часот биле издадени 1.150 кутии од лекот за смирување „дијазепам“, а оваа бројка до 11 часот е зголемена на 6.200 кутии. Пред неколку месеци тој на својот Фејсбук профил сподели податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти „диазепам“, 300.000 повеќе од 2015.

The post Д-р Лазаров: До 11 часот се издадени 6.200 кутии „дијазепам“ appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Со име и презиме ќе ги објавиме колегите што ќе прегледуваат додека трае протестот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-lazarov-so-ime-i-prezime-kje-gi-objavime-kolegite-shto-kje-pregleduvaat-dodeka-trae-protestot/ Fri, 18 Feb 2022 08:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=460257

Матичните лекари денеска ќе протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти. Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен

Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е!, напиша Лазаров.

Како што најавија лекарите, денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите Мој Термин нема да функционира.

https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-deneska-nema-pregled-kaj-matichen-lekar/

Секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот, ЦЕЛИОТ ДЕН протестираме и искажуваме револт кон:

1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија
2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари
3. Воведување партиципација во примарно здравство
4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар
Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи!
За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство.

Доста е!, порача Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Со име и презиме ќе ги објавиме колегите што ќе прегледуваат додека трае протестот appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари денеска ќе протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти. Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен
Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е!, напиша Лазаров.
Како што најавија лекарите, денеска ќе примаат само пациенти на кои им е неопходна итна помош, a за останатите Мој Термин нема да функционира. https://republika.mk/vesti/makedonija/protest-deneska-nema-pregled-kaj-matichen-lekar/
Секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот, ЦЕЛИОТ ДЕН протестираме и искажуваме револт кон: 1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија 2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари 3. Воведување партиципација во примарно здравство 4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи! За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство. Доста е!, порача Лазаров.

The post Д-р Лазаров: Со име и презиме ќе ги објавиме колегите што ќе прегледуваат додека трае протестот appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Со „бустање до бесвест“ не може да се надмине пандемијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-lazarov-so-bustanje-do-besvest-ne-moze-da-se-nadmine-pandemijata/ Wed, 16 Feb 2022 08:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=459120

Доктор Ненад Лазаров, преку објава на својот фејсбук профил, предупредува дека ова не е крајот на ковид-пандемијата.

Данска ги симнува сите антиковид мерки во сред пик на смртни случаи. Ова лудило кое ги зафаќа и други политичари има име: пандемиска делузија. Сите сакаме да заврши, но ова не е крајот!, предупредува тој.

Д-р Лазаров тврди дека со совесно почитување на мерки, соодветни маски во затворен простор, соодветна вентилација на училиштата, регулиран јавен превоз и слично може да се надмине и ова, но не и, како што вели со „бустање до бесвест“.

The post Д-р Лазаров: Со „бустање до бесвест“ не може да се надмине пандемијата appeared first on Република.

]]>

Доктор Ненад Лазаров, преку објава на својот фејсбук профил, предупредува дека ова не е крајот на ковид-пандемијата.
Данска ги симнува сите антиковид мерки во сред пик на смртни случаи. Ова лудило кое ги зафаќа и други политичари има име: пандемиска делузија. Сите сакаме да заврши, но ова не е крајот!, предупредува тој.
Д-р Лазаров тврди дека со совесно почитување на мерки, соодветни маски во затворен простор, соодветна вентилација на училиштата, регулиран јавен превоз и слично може да се надмине и ова, но не и, како што вели со „бустање до бесвест“.

The post Д-р Лазаров: Со „бустање до бесвест“ не може да се надмине пандемијата appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Како по список ми се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци од прележување https://arhiva3.republika.mk/vesti/d-r-lazarov-kako-po-spisok-mi-se-reinficiraat-pacienti-na-11-12-meseci-od-prelezuvanje/ Wed, 26 Jan 2022 14:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=449833

Како по список ми се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци од прележување, објави денеска д-р Ненад Лазаров од примарната медицина.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, што е зголемување од 25 отсто во однос на претходната недела.

The post Д-р Лазаров: Како по список ми се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци од прележување appeared first on Република.

]]>

Како по список ми се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци од прележување, објави денеска д-р Ненад Лазаров од примарната медицина. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, што е зголемување од 25 отсто во однос на претходната недела.

The post Д-р Лазаров: Како по список ми се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци од прележување appeared first on Република.

]]>
Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-mi-vika-shto-se-meshash-ti-lazarov-za-nesrekjata-vo-koja-vozachot-dva-pati-izbegal/ Sat, 22 Jan 2022 08:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=448035

Д-р Ненад Лазаров раскажува за сообраќајна несреќа на која сведочел пред неколку години и во која возачот кој ја предизвикал избегал двапати од местото на несреќата.

Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог.
Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно.
По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега.
После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти...
На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа, раскажува тој.

The post Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал appeared first on Република.

]]>

Д-р Ненад Лазаров раскажува за сообраќајна несреќа на која сведочел пред неколку години и во која возачот кој ја предизвикал избегал двапати од местото на несреќата.
Пред некои години сведочев на сообраќајка на Водњанска по која удрениот автомобил заврши буквално во пилјарата внатре низ излог. Возачот кој ја предизвика несреќата, околу 20год. избега ама му падна табличката, среќа немаше никој повреден посериозно. По 5 минути се враќа ликот со колата, како подзастанува ние помисливме дека се свестил што направи, а он со упалена кола на сред улица застана да си ја бара табличката (која ја имавме ние земено), не ја најде и без да погледне дали има повредени или било што, пак си избега. После еден саат го донесе полиција на лице место, ја додека давам изјава на полиција ко сведок, таткото ми вика што се мешаш ти... На суд не ме викна никој, со задоволство ќе одев, не сум ни помислил дека е можно да се избега два пати од лице место на иста несреќа, раскажува тој.

The post Таткото ми вика „Што се мешаш ти?“: Лазаров за несреќата во која возачот два пати избегал appeared first on Република.

]]>
Ќе мора да затвораме ординации доколку не почне пацинетите административно да се врзуваат за здравствената установа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-mora-da-zatvorame-ordinacii-dokolku-ne-pochne-pacinetite-administrativno-da-se-vrzuvaat-za-zdravstvenata-ustanova/ Mon, 17 Jan 2022 13:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=445872

Докторот од примарното здравство и претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Ненад Лазаров, упати јавен апел пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа, зошто во спротивно, вели тој, ќе мораме да затвораме ординации.

ЈАВЕН АПЕЛ
Почитувана јавност,
Кога матичен лекар си заминува од една ординација, пациентите автоматски остануваат без избран лекар а на ординацијата не и се исплаќа капитација за тие пациенти иако во истата ординација има активен лекарски тим кој им е достапен и кај кој ќе се јават при прва потреба.
Освен што е неправедно, претставува и причина за затварање на ординации бидејќи финансиската штета е неиздржлива,требаат месеци да се преевидентираат пациентите.

 

Затоа бараме итно да се промени ова правило и пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа во која ќе можеме непречено и без пречки да ангажираме колеги, бидејќи се поизразен т.е. алармантен е дефицит на лекари и се помал е интересот за работа во примарно здравство што не води кон колапс на истото.

 

Во спротивно, ќе мораме да затвораме ординации, не само како знак на протест туку и заради неодржливост на истите.

 

Веќе 10 години се борам на моите пациенти да им обезбедам континуитет во здравствената заштита, но веќе е неизводливо, помогнете ни да ви помогнеме!, пишува Лазаров.

The post Ќе мора да затвораме ординации доколку не почне пацинетите административно да се врзуваат за здравствената установа appeared first on Република.

]]>

Докторот од примарното здравство и претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Ненад Лазаров, упати јавен апел пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа, зошто во спротивно, вели тој, ќе мораме да затвораме ординации.
ЈАВЕН АПЕЛ Почитувана јавност, Кога матичен лекар си заминува од една ординација, пациентите автоматски остануваат без избран лекар а на ординацијата не и се исплаќа капитација за тие пациенти иако во истата ординација има активен лекарски тим кој им е достапен и кај кој ќе се јават при прва потреба. Освен што е неправедно, претставува и причина за затварање на ординации бидејќи финансиската штета е неиздржлива,требаат месеци да се преевидентираат пациентите.   Затоа бараме итно да се промени ова правило и пациентите административно да се врзуваат со здравствената установа во која ќе можеме непречено и без пречки да ангажираме колеги, бидејќи се поизразен т.е. алармантен е дефицит на лекари и се помал е интересот за работа во примарно здравство што не води кон колапс на истото.   Во спротивно, ќе мораме да затвораме ординации, не само како знак на протест туку и заради неодржливост на истите.   Веќе 10 години се борам на моите пациенти да им обезбедам континуитет во здравствената заштита, но веќе е неизводливо, помогнете ни да ви помогнеме!, пишува Лазаров.

The post Ќе мора да затвораме ординации доколку не почне пацинетите административно да се врзуваат за здравствената установа appeared first on Република.

]]>
Д-р Лазаров: Заразени со омикрон ги гледам по ресторани, одат на работа, шетаат најнормално https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-lazarov-zarazeni-so-omikron-gi-gledam-po-restorani-odat-na-rabota-shetaat-najnormalno/ Tue, 11 Jan 2022 12:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=443110

Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација!
Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!, пишува во статус на Фејсбук матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од петти до 10 јануари 2022 направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектирана Омикрон варијантата.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-3-do-9-januari-prijaveni-se-946-reinfekcii-shto-e-sedum-pati-povekje-od-minatata-nedela-omikron-ima-vo-12-grada-vo-makedonija/

Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Во периодот од 3 до 9 јануари пријавени се дури 946 реинфекции, што претставува зголемување за 7 пати споредено со претходната недела.

Најмногу се разболувале младите возрасни категории, оние од 20 до 30 и меѓу 30 и 40 години, а најмалку децата до 9 години. Моментално на територијата на целата држава хоспитализирани се 351 пациент, што е за 41 процент повеќе споредено со минатата недела. Најмногу од пациентите се на Инфективната клиника во Скопје и во ГОБ 8 Септември.

The post Д-р Лазаров: Заразени со омикрон ги гледам по ресторани, одат на работа, шетаат најнормално appeared first on Република.

]]>

Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација! Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!, пишува во статус на Фејсбук матичниот лекар д-р Ненад Лазаров. Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од петти до 10 јануари 2022 направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектирана Омикрон варијантата. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-3-do-9-januari-prijaveni-se-946-reinfekcii-shto-e-sedum-pati-povekje-od-minatata-nedela-omikron-ima-vo-12-grada-vo-makedonija/ Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен. Во периодот од 3 до 9 јануари пријавени се дури 946 реинфекции, што претставува зголемување за 7 пати споредено со претходната недела. Најмногу се разболувале младите возрасни категории, оние од 20 до 30 и меѓу 30 и 40 години, а најмалку децата до 9 години. Моментално на територијата на целата држава хоспитализирани се 351 пациент, што е за 41 процент повеќе споредено со минатата недела. Најмногу од пациентите се на Инфективната клиника во Скопје и во ГОБ 8 Септември.

The post Д-р Лазаров: Заразени со омикрон ги гледам по ресторани, одат на работа, шетаат најнормално appeared first on Република.

]]>