Д-р Милена Стевановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-milena-stevanovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 20:21:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Милена Стевановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-milena-stevanovikj/ 32 32 Сменета директорката Милена Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/smeneta-direktorkata-milena-stevanovik-so-infektivna-ke-rakovodi-fadil-tsana-od-aa/ Mon, 29 Jan 2024 20:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=738330

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за „Сител“, кој пренесува дека на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.

Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години.

Цана е кадар од Алијанса за Албанците.  Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.

The post Сменета директорката Милена Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА appeared first on Република.

]]>

Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за „Сител“, кој пренесува дека на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката. Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години. Цана е кадар од Алијанса за Албанците.  Тој ја извршуваше функцијата претседател на УО на Фондот за здравство, а неговото име се споменуваше и за министеркото место.

The post Сменета директорката Милена Стевановиќ, со Инфективна ќе раководи Фадил Цана од АА appeared first on Република.

]]>
Короната не е „умрено“: Да не паничиме, но да бидеме одговорни https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koronata-ne-e-umreno-da-ne-panichime-no-da-bideme-odgovorni/ Wed, 30 Nov 2022 08:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=579868

Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со КОВИД-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во изјава за МИА вели дека во изминативе години научивме дека КОВИД-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно.

Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни, порача д-р Стевановиќ.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје во моментов има пет до шест хоспитализирани пациенти, додека во амбулантата дневно доаѓаат околу десеттина пациенти. Директорката на Клиниката за инфективни болести вели дека дијагностички, ковидот и грипот имаат слични симптоми во дадениот момент, како покачена температура, сериозна главоболка, омалаксаност и од таа причина бараат пациентите да се тестираат.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 21 до 27 ноември 2022 година регистрирани се 174 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица во изминатата недела. Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови. Во моментов активни се 172 случаи.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани вкупно 33 лица, со 32 проценти зголемување во споредба со претходната недела, од нив шест се на кислородна поддршка и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

The post Короната не е „умрено“: Да не паничиме, но да бидеме одговорни appeared first on Република.

]]>

Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со КОВИД-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во изјава за МИА вели дека во изминативе години научивме дека КОВИД-19 не е болест што лесно може да се предвиди и од таа причина мора да се почитуваат мерките за заштита како и претходно.
Без разлика што бројките не се такви какви што беа, не смееме да си дозволиме да не се заштитиме. Не е поентата да се плашиме и да паничиме, туку да се грижиме и да бидеме одговорни, порача д-р Стевановиќ.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје во моментов има пет до шест хоспитализирани пациенти, додека во амбулантата дневно доаѓаат околу десеттина пациенти. Директорката на Клиниката за инфективни болести вели дека дијагностички, ковидот и грипот имаат слични симптоми во дадениот момент, како покачена температура, сериозна главоболка, омалаксаност и од таа причина бараат пациентите да се тестираат. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 21 до 27 ноември 2022 година регистрирани се 174 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица во изминатата недела. Се работи за едно лице од Скопје и едно лице од Куманово, со коморбидитети и починати во болнички услови. Во моментов активни се 172 случаи. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани вкупно 33 лица, со 32 проценти зголемување во споредба со претходната недела, од нив шест се на кислородна поддршка и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

The post Короната не е „умрено“: Да не паничиме, но да бидеме одговорни appeared first on Република.

]]>
Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stevanovikj-porastot-na-zaboleni-od-kovid-e-poradi-zgolemenata-razdvizenost-i-maliot-procent-vakcinirani/ Tue, 05 Jul 2022 06:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=523953

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.

-Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ.

Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186.

Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.

Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.

Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

The post Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на ковид позитивните пациенти периодов се должи на зголемената раздвиженост, мал процент на вакцинирани против коронавирусот и опаѓање на имунитетот, изјави за МИА директорката на Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во моментов, како што информираше хоспитализирани се десет пациенти на Инфективната клиника и само неколку се со тешка клиничка слика.
-Тоа што може да се забележи е дека за разлика од претходните денови, сега има по 20 пациенти дневно за преглед, вели Стевановиќ.
Апелот на директорката е дека е потребно се зголеми процентот на вакцинирани лица, бидејќи повеќе од јасно е дека вакцините даваат заштита и полесна клиничка слика доколку се дојде во контакт со вирусот. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во период од 1 до 3 јули, од 1 695 тестирања, регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се од Скопје-186. Од вкупниот број позитивни лица, 49 се реинфекции. Оздравени се 250 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице. Во моментов, активни се 935 случаи на коронавирусот. Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број од активните случаи се во главниот град, и тоа 536, потоа во Битола – 59 и 42 во Куманово. Без ниту еден активен случај се Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Препораките од Комисијата за заразни болести остануваат исти како и досега. Комисијата препорачува граѓаните да бидат совесни и да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце. Засега во сила останува само обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

The post Стевановиќ: Порастот на заболени од ковид е поради зголемената раздвиженост и малиот процент вакцинирани appeared first on Република.

]]>
Д-р Стевановиќ: Очекувам зголемен број на хоспитализации во следниот период https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-stevanovikj-ochekuvam-zgolemen-broj-na-hospitalizacii-vo-sledniot-period/ Wed, 05 Jan 2022 13:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=441009

Големиот број на новоинфицирани со ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави.

Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со ковид-19.

Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно, а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата – вели Стевановиќ.

Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од ковид-19.

Ниту, пак, прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест – посочува Стевановиќ.

Таа, како што рече, нема да го коментира развојот на пандемијата со омикрон, бидејќи смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент.

Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.

И покрај очекувањата инфекцијата со омикрон е лесна секако дека и голем број на инфицирани случаи ќе имаат потреба и од болничко лекување што секако ќе ги пополни болничките капацитети. Мораме да мислиме и на фактот дека интензивно осцилираат и другите зимски вируси пред се инфлуенцата кое се манифестира со сериозни симптоми и потреба од болничко лекување, мора да обезбедиме простор за секој еден пациент кој има потреба од лекување – нагласува Стевановиќ за МИА.

The post Д-р Стевановиќ: Очекувам зголемен број на хоспитализации во следниот период appeared first on Република.

]]>

Големиот број на новоинфицирани со ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави. Ова во изјава за МИА го посочи директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, откако во текот на вчерашниот ден беа регистрирани над илјада заразени со ковид-19.
Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на и далеку построги мерки за превенција на ковид, нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите независно од висината на чекот кој ќе го платат лично, фамилијарно, а на жалост и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за пред празничен и празничен период, но на жалост толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили, се разбира додека не дојде маката на врата – вели Стевановиќ.
Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од ковид-19.
Ниту, пак, прележаните за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува до заштита на вакцините никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100 процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирус. Но, од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест – посочува Стевановиќ.
Таа, како што рече, нема да го коментира развојот на пандемијата со омикрон, бидејќи смета дека никој толку далекусежно не може да ја процени состојбата во дадениот момент. Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.