Д-р Марјан Шокаровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-marjan-shokarovski/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 12:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Марјан Шокаровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-marjan-shokarovski/ 32 32 Шокаровски вратен на позицијата медицински директор на Кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shokarovski-vraten-na-pozitsijata-meditsinski-direktor-na-kardiohirurgija/ Mon, 24 Jun 2024 12:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=790274

Новиот прв човек во здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Како што рече Таравари, тој ја одобрува ваквата одлука.

-Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање по посетата на Хируршките клиники, непосредно по преземањето на должноста.

Претходникот на Таравари, Илир Демири истакна рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини. Според податоците што стигнале до него, како што рече, имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка Демири вели дека може да ја промени и вредноста на исходот. Другата причина за разрешување на директорот, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Сега веќе екс-министерот сметаше дека нов директор треба да биде експерт што ќе дојде однадвор.

Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Шокаровски беше ставен за директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

The post Шокаровски вратен на позицијата медицински директор на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Новиот прв човек во здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик-министерката за здравство, Маја Манолева. Како што рече Таравари, тој ја одобрува ваквата одлука.
-Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање по посетата на Хируршките клиники, непосредно по преземањето на должноста.
Претходникот на Таравари, Илир Демири истакна рече дека за разрешувањето на Шокаровски има две причини. Според податоците што стигнале до него, како што рече, имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница, а таквата бројка Демири вели дека може да ја промени и вредноста на исходот. Другата причина за разрешување на директорот, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција. Сега веќе екс-министерот сметаше дека нов директор треба да биде експерт што ќе дојде однадвор. Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита. Шокаровски беше ставен за директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

The post Шокаровски вратен на позицијата медицински директор на Кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Не е точно дека има зголемена смртност, нема 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, рече разрешениот д-р Шокаровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-e-tochno-deka-ima-zgolemena-smrtnost-nema-170-fantomski-patsienti-ova-e-orkestriran-napad-za-da-se-unishti-drzhavnata-kardiohirurgija-reche-razresheniot-d-r-shokarovski/ Wed, 29 May 2024 10:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=782736

Не е точно дека има зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, нема наводни 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство изјави денеска на прес-конфренцијата разрешениот директор на Клиниката д-р Марјан Шокаровски.

Тој кажа дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада, не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат директори.

Дел од медиумите пишуваа дека на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија е зголемена смртноста откако тој е назначен за директор. Министерот за здравство Илир Демири  во понедленикот, на прес-конфренција соопшти дека го разрешил д-р Шокаровски од функцијата директор на Клиниката, бидејќи, како што рече, добил извештај од комисијата што ја формирал дека е зголемена смртноста на Клиниката, за 170 пациенти нема отпусни листи и умреници во „Мој термин“ и имало нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.

Нема фантомски пациенти. Сите пациенти имаат отпусно писмо на хартија и историја на хартија. Така е законски. Тоа што ги нема во ‘Мој термин‘ е поради софтверски проблем помеѓу нашата и платформата на ‘Мој термин‘. Тоа не е од сега, со месеци е тој проблем, рече Шокаровски.

Според д-р Шокаровски, ова е оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Тој кажа дека министерот Демири ја разрешил и Александра Ефтимова, координатор за развојот на кардиоваскуларната хирургија при министерството за здравство и истовремено и го раскинал договорот на координаторот за трансплантација при Министерството Адријана Георгиев.

[caption id="attachment_782738" align="alignnone" width="1600"] Д-р Шокаревски: Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата[/caption]

Оттука се наметна нашето прашање, дали се работи за оркестриран напад против државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство. Која е потребата на министерот во заминување да направи вакво пореметување на една успешна приказна? Кому тоа му одговара?, праша тој.

За извештајот на комисијата на кој се повика министерот, Шокаровски вели дека не му бил доставен. Но, според неговите информации, го правеле лица кои не се врзани со кардиохирургија и кардиохируршки пациенти.

Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата, кажа Шокаровски, додавајќи дека еден од членовите на комисијата бил кандидат за директор на Кардиохирургија пред шест месеци, со што се доведува во прашање неговата објективност.

На прес-конфренцијата на која присустуваше и дел од персолналот на Клиниката беше презентирана статисика која покажува дека постои тренд на намалување на смртноста низ месеците.

Последните 5 месеци покажуваат дека нашата смртност е пониска од предвидената, подобри сме од она што се очекува, истакна Шокаровски.

Доцент д-р Васил Папастиев ја објасни статистиката која беше презентирана пред новинарите и кажа дека не е зголемена смртноста, напротив, намалена е, но е зголемена комплексноста на здравствените проблеми на пациентите.

За обвинувањата дека на Кардиохирургија се нарушени човечките односи д-р Надица Мехмедовиќ кажа дека на Клиниката клиника работи врвен персонал кој пожртвувано се бори за секој пациент и нема простор за такво нешто.

Многу сегменти од државното здравство и образование се засегнати со последните случувања. Ги повикуваме институциите, медицинскиот факултет, министерството за здравство и образование, да реагираат. И после се, ние веруваме во институциите на државата. Воедно бараме да се изврши ревизија на сите дипломи, почнувајќи еве од нашата клиника. Да завршиме еднаш засекогаш со самопромовирање на експерти во кардиоваскуларната медицина, рече д-р Шокаровски.

Д-р Шокаровски беше назначен за директор на Кардихирургија откако лани тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити го разреши д-р Сашко Јовев од директорката позиција на Клиниката.

 

The post Не е точно дека има зголемена смртност, нема 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, рече разрешениот д-р Шокаровски appeared first on Република.

]]>

Не е точно дека има зголемена смртност на Клиниката за кардиохирургија, нема наводни 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство изјави денеска на прес-конфренцијата разрешениот директор на Клиниката д-р Марјан Шокаровски. Тој кажа дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во техничка Влада, не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат директори. Дел од медиумите пишуваа дека на Универзитетска клиника за државна кардиохирургија е зголемена смртноста откако тој е назначен за директор. Министерот за здравство Илир Демири  во понедленикот, на прес-конфренција соопшти дека го разрешил д-р Шокаровски од функцијата директор на Клиниката, бидејќи, како што рече, добил извештај од комисијата што ја формирал дека е зголемена смртноста на Клиниката, за 170 пациенти нема отпусни листи и умреници во „Мој термин“ и имало нарушени меѓучовечки односи на Клиниката.
Нема фантомски пациенти. Сите пациенти имаат отпусно писмо на хартија и историја на хартија. Така е законски. Тоа што ги нема во ‘Мој термин‘ е поради софтверски проблем помеѓу нашата и платформата на ‘Мој термин‘. Тоа не е од сега, со месеци е тој проблем, рече Шокаровски.
Според д-р Шокаровски, ова е оркестриран напад со цел да се уништи државната кардиохирургија. Тој кажа дека министерот Демири ја разрешил и Александра Ефтимова, координатор за развојот на кардиоваскуларната хирургија при министерството за здравство и истовремено и го раскинал договорот на координаторот за трансплантација при Министерството Адријана Георгиев. [caption id="attachment_782738" align="alignnone" width="1600"] Д-р Шокаревски: Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата[/caption]
Оттука се наметна нашето прашање, дали се работи за оркестриран напад против државната кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство. Која е потребата на министерот во заминување да направи вакво пореметување на една успешна приказна? Кому тоа му одговара?, праша тој.
За извештајот на комисијата на кој се повика министерот, Шокаровски вели дека не му бил доставен. Но, според неговите информации, го правеле лица кои не се врзани со кардиохирургија и кардиохируршки пациенти.
Членовите на комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Клиниката и да ги толкуваат бројките, се доктори кои немаат никаков контакт со кардиохирушки пациенти, ниту пак практично искуство во кардиохирургијата, кажа Шокаровски, додавајќи дека еден од членовите на комисијата бил кандидат за директор на Кардиохирургија пред шест месеци, со што се доведува во прашање неговата објективност.
На прес-конфренцијата на која присустуваше и дел од персолналот на Клиниката беше презентирана статисика која покажува дека постои тренд на намалување на смртноста низ месеците.
Последните 5 месеци покажуваат дека нашата смртност е пониска од предвидената, подобри сме од она што се очекува, истакна Шокаровски.
Доцент д-р Васил Папастиев ја објасни статистиката која беше презентирана пред новинарите и кажа дека не е зголемена смртноста, напротив, намалена е, но е зголемена комплексноста на здравствените проблеми на пациентите. За обвинувањата дека на Кардиохирургија се нарушени човечките односи д-р Надица Мехмедовиќ кажа дека на Клиниката клиника работи врвен персонал кој пожртвувано се бори за секој пациент и нема простор за такво нешто.
Многу сегменти од државното здравство и образование се засегнати со последните случувања. Ги повикуваме институциите, медицинскиот факултет, министерството за здравство и образование, да реагираат. И после се, ние веруваме во институциите на државата. Воедно бараме да се изврши ревизија на сите дипломи, почнувајќи еве од нашата клиника. Да завршиме еднаш засекогаш со самопромовирање на експерти во кардиоваскуларната медицина, рече д-р Шокаровски.
Д-р Шокаровски беше назначен за директор на Кардихирургија откако лани тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити го разреши д-р Сашко Јовев од директорката позиција на Клиниката.  

The post Не е точно дека има зголемена смртност, нема 170 фантомски пациенти, ова е оркестриран напад за да се уништи државната кардиохирургија, рече разрешениот д-р Шокаровски appeared first on Република.

]]>
Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-marjan-shokarovski-e-izbran-za-direktor-na-klinikata-za-kardiohirurgija/ Wed, 13 Dec 2023 17:12:10 +0000 https://republika.mk/?p=722652

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по распишаниот јавен конкурс за именување на медицински директор. За местото конкурирал и д-р Сашко Јовев, но и покрај искуството и достигнувањата во македонската медицина и кардиохирургија, не е избран.

Конкурсот бил објавен на 15 ноември.

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија во јуни.

Тој учестуваше со свое предавање и на Првата академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во април годинава на која истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија.

The post Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по распишаниот јавен конкурс за именување на медицински директор. За местото конкурирал и д-р Сашко Јовев, но и покрај искуството и достигнувањата во македонската медицина и кардиохирургија, не е избран. Конкурсот бил објавен на 15 ноември. Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, е познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија во јуни. Тој учестуваше со свое предавање и на Првата академија за здравство во организација на Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во април годинава на која истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија.

The post Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>
Д-р Марјан Шокаровски, кој беше дел од тимот на извршените трансплантации на срце е нов директор на Клиниката за кардиохирургија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-marjan-shokarovski-koj-beshe-del-od-timot-na-izvrshenite-transplantatsii-na-srtse-e-nov-direktor-na-klinikata-za-kardiohirurgija/ Thu, 22 Jun 2023 12:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=654086

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, сооопшти Министерството за здравство.

Д-р Шокаровски доаѓа на местото на проф. д-р Сашко Јовев, кој беше разрешен од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити. Проф. д-р Јовев е кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Маџити кажа дека д-р Јовев е разрешен бидејќи дежурал без согалсност од тогашниот министер за здравство Беким Сали, а потоа му понуди да му биде советник за кардиохирургија.

Според д-р Јовев, неговото разрешување не е политички реваншизам, туку станува збор за суета, бидејќи министерот не присуствувал на свечено отворање на хибридна сала на Клиниката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/piele-kafe-muabetile-no-ne-stanalo-zbor-za-ponudata-za-natsionalen-sovetnik-za-kardiohirurgija-medhiti-se-sretna-so-d-r-jovev/

Во соопштението од МЗ се вели дека д-р Шокаровски е дел од тимот на Клиниката уште од нејзиното основање.

Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, соопштува МЗ.

За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-ke-prodlozhi-da-raboti-kako-najdobar-kadar-na-klinikata-za-kardiohirurgija-no-nema-da-bide-direktor/

https://republika.mk/vesti/makedonija/jovev-siguren-sum-deka-ministerot-ke-ja-popravi-greshkata-moeto-mesto-e-na-kardiohirurgija/

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-jovev/

The post Д-р Марјан Шокаровски, кој беше дел од тимот на извршените трансплантации на срце е нов директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, сооопшти Министерството за здравство. Д-р Шокаровски доаѓа на местото на проф. д-р Сашко Јовев, кој беше разрешен од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити. Проф. д-р Јовев е кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија. Маџити кажа дека д-р Јовев е разрешен бидејќи дежурал без согалсност од тогашниот министер за здравство Беким Сали, а потоа му понуди да му биде советник за кардиохирургија. Според д-р Јовев, неговото разрешување не е политички реваншизам, туку станува збор за суета, бидејќи министерот не присуствувал на свечено отворање на хибридна сала на Клиниката. https://republika.mk/vesti/makedonija/piele-kafe-muabetile-no-ne-stanalo-zbor-za-ponudata-za-natsionalen-sovetnik-za-kardiohirurgija-medhiti-se-sretna-so-d-r-jovev/ Во соопштението од МЗ се вели дека д-р Шокаровски е дел од тимот на Клиниката уште од нејзиното основање.
Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, Хрватска со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, соопштува МЗ.
За нов организациски директор на Клиниката за државна кардиохирургија е назначен Исак Јакупи. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-ke-prodlozhi-da-raboti-kako-najdobar-kadar-na-klinikata-za-kardiohirurgija-no-nema-da-bide-direktor/ https://republika.mk/vesti/makedonija/jovev-siguren-sum-deka-ministerot-ke-ja-popravi-greshkata-moeto-mesto-e-na-kardiohirurgija/ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-jovev/

The post Д-р Марјан Шокаровски, кој беше дел од тимот на извршените трансплантации на срце е нов директор на Клиниката за кардиохирургија appeared first on Република.

]]>