Д-р Марија Јовановски-Срцева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-marija-jovanovski-srceva/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Марија Јовановски-Срцева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-marija-jovanovski-srceva/ 32 32 Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-jovanovski-srtseva-elektronskite-tsigari-i-vajp-nitu-se-preodno-reshenie-nitu-se-alternativa-za-otkazhuvane-od-tsigarite/ Tue, 10 Sep 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=814815

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите.

Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.

Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.

Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања.

Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.

Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб. Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици, појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.

Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.

Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.

Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение

https://youtu.be/2mlgLZPhncs?si=NI9Hh-WLEUbf4m4Q

The post Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите appeared first on Република.

]]>

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите. Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.
Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.
Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања. Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.
Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб. Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици, појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.
Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.
Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.
Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение https://youtu.be/2mlgLZPhncs?si=NI9Hh-WLEUbf4m4Q

The post Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите appeared first on Република.

]]>
Проф. Срцева: Ги научивме децата како да се заштитат од ковид, но не видов ниту една домашна задача како да се заштитат од малигните болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prof-srtseva-gi-nauchivme-detsata-kako-da-se-zashtitat-od-kovid-no-ne-vidov-nitu-edna-domashna-zadacha-kako-da-se-zashtitat-od-malignite-bolesti/ Wed, 06 Mar 2024 08:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=751750

Проф.Марија Јовановски - Срцева во „Магазин“ на Сител говореше за важноста да се стекне доверба меѓу пациентот и анестезиологот.

Како анестезиолози се трудиме да направиме пријатна атмосфера за пациентите. Пациентите кои доаѓаат за некои полесни интервенции имаат прашања во однос на анестезијата од типот дали боли, колку ќе трае, дали ќе се разбудам и на тие прашања секојдневно одговараме, вели анестезиологот.

Проф.Срцева информираше за статистиката, според која Македонија се наоѓа на 40-то место во светот според карциномот на дојка, ова значи дека на 100 000 пациенти некаде околу 30 до 40 пациентки ни умираат од оваа болест.

Како мајка, како жена, како лекар, како ќерка, ја користам оваа прилика да го истакнам фактот дека не научивме дека превенцијата го спречува ова заболување. Ги научивме децата овие седум години да работат на интернет платформа дека треба да се заштитат од ковид, но не видов ниту една домашна задача за кои се начините и како да се грижат за своето здравје во насока на заштита од малигните болести. Силно апелирам до секоја жена, до медицинските и образовните установи да ја подигнат свесноста за превенција од ова заболување, порача Срцева.

Таа во гостувањето се осврна на предавањата кои ги има во Австрија, каде на светско ниво се дискутира за важноста и подобрувањето на исходот од оперативната интервенција, како и важноста на предоперативната подготовка на пациентите во торакалната хирургија.

Науката ми е пасија и силно верувам во медицината. Новите ставови водат кон индивидуален пристап на пациентот или пациент - центрирана медицина. Науката секој ден оди напред и јас сум еден од поддржувачите на науката. Катедрата за анестезија секојдневно ги следи новитетите во интерес на пациентите, посочи таа, додавајќи дека пред повеќе од години го изготвила протоколот како листа кои се компликации од анестезија,но за жал не се пласирани и пациентите е под знак прашање колку се запознаени.

Таа потенцираше дека трансплантацијата е многу осетлива и предизвикувачка тема на која може многу да се зборува, а посебно за трансплантацијата на бел дроб за која неопходно е многу анализи да се направат во државава,како и да се користат искуствата на блиските држави.

Трансплантацијата на бел дроб е врвот на трансплантацијоната медицина, заклучи таа.

The post Проф. Срцева: Ги научивме децата како да се заштитат од ковид, но не видов ниту една домашна задача како да се заштитат од малигните болести appeared first on Република.