д-р Лилија Чолакова-Дервишова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-lilija-cholakova-dervishova/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 14:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Лилија Чолакова-Дервишова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-lilija-cholakova-dervishova/ 32 32 Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници, вели д-р Чолакова-Дервишова по убиството на колега https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarite-ne-se-chuvstvuvaat-bezbedno-sakaat-postrogi-kazni-za-napad-na-zdravstvenite-rabotnitsi-veli-d-r-cholakova-dervishova-po-ubistvoto-na-kolega/ Mon, 25 Mar 2024 14:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=758587

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,..., оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова.

Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје.

Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.

Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На ваков начин не треба нити еден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.

Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори, нагласи Чолакова-Дервишова.

Телото на лекарот А. Т. беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23 часот од синот. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

The post Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници, вели д-р Чолакова-Дервишова по убиството на колега appeared first on Република.

]]>

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства,..., оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова. Таа потсети дека од 12 до 16 часот, приватните лекари нема да работат со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега А. Т., матичен лекар од поликлиниката „Железара“ од Скопје. Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.
Матичните лекари денес нема да работат од 12 до 16 часот за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. На ваков начин не треба нити еден пациент не треба да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.
Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.
Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да стои на закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори, нагласи Чолакова-Дервишова.
Телото на лекарот А. Т. беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23 часот од синот. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.  

The post Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници, вели д-р Чолакова-Дервишова по убиството на колега appeared first on Република.

]]>
Додека траат проблемите со софтверот, службениците во ФЗОМ ќе работат преку хартија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-traat-problemite-so-softverot-sluzhbenitsite-vo-fzom-ke-rabotat-preku-hartija/ Fri, 10 Feb 2023 17:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=607514

 Службениците на Фонд за здравствено осигурување преминуваат на работа преку хартија, додека траат проблемите со софтверот на ФЗОМ.

Ваква е одлуката на седницата на Управниот одбор на ФЗОМ. Ќе се работи преку хартија сѐ до отстранување на техничките проблеми со софтверот, информира претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Таа за МИА појаснува дека станува збор за издавање потврди на пациентите од страна на ФЗОМ за ортопедски помагала, фактурирање на докторите за месец февруари и Комисиски решенија за продолжено боледување.

Воедно, д-р Чолакова Дервишова појаснува дека нема никакви проблеми со упати, рецепти и прегледи кај матичните доктори, кои и понатаму се издаваат електронски. 

The post Додека траат проблемите со софтверот, службениците во ФЗОМ ќе работат преку хартија appeared first on Република.