д-р Ирина Пановска Ставридис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-irina-panovska-stavridis/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Ирина Пановска Ставридис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-irina-panovska-stavridis/ 32 32 Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-samo-pet-iljadi-gragani-se-registirale-za-donirane-na-koskena-srtsevina-nadlezhnite-apeliraat-da-se-zgolemi-brojot/ Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=736696

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.

Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.

Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.

Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.

Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.

Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.

The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.
Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.
Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата. Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.
Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.
Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.
Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.
Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.
Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.
 
The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>
Ќерката Пановска со години дава тендери за татко ѝ Пановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerkata-panovska-so-godini-dava-tenderi-za-tatko-panovski/ Wed, 27 Sep 2023 06:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=685469

Дали тендерите од Пановска кон Пановски фрлаат црна дамка на Kлиниката за хематологија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека договорот за набавка склучен на 1 септември со веледрогеријата „АД Д-р Пановски“ не е прв договор кој оваа клиника го склучила, каде директорка е ќерката, а понудувач таткото.

Бизнис интересите и тендер политиките што оваа власт на СДС и ДУИ со години ги спроведуваа насекаде, па и во здравството, резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство. Во овој случај каде се добива одговор дека една изјава за изземање го оправдува доделувањето тендери од еден на друг во кругот на семејството се поставува прашањето каде е моралната вертикала која ќе спречи злоупотреба на процесот или судирот на интереси? Дополнително, ако се отвори веб страната на ЈЗУ УК за хематологија ќе се увиди дека последен објавен годишен план за јавни набавки е во 2021 година. Каде е транспарентноста за која зборуваат, и уште поважно зошто не се објавени годишните планови за јавни набавки за 2022 и 2023 година? Ваквите состојби во здравството придонесуваат да расте недовербата во јавното здравство и може да се заклучи дека со власта на СДС и ДУИ единствено што се менува во здравството се луѓето кои седат на министерските фотелји, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ќерката Пановска со години дава тендери за татко ѝ Пановски appeared first on Република.

Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-novi-3-milioni-evra-na-tender-od-panovska-za-panovski/ Mon, 25 Sep 2023 11:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=684965

Здравството во Македонија наместо извор на лек и спасување на животи, стана извор на сомнителни тендери, истакна на денешнатаа прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева:

Милионските бизниси и фаворизирањето на семејни фирми не е новитет за оваа влада, а во секторот здравство за жал можеби тоа е и најизразено.

Денешниот прес нема да биде никаков новитет, напротив станува збор за т.н. годишна пракса од клиниката за хематологија каде директорка е Ирена Пановска Ставридис да се даде тендер на веледрогеријата Д-р Пановски каде сопственик е нејзиниот татко.

Тендер вреден над 3 милиони евра!

Ова е договорот кој што е склучен на 01.09.2023 година за набавка на стоки склучен помеѓу ЈЗУ УК за Хематологија како договорен орган и АД Д-р Пановски како носител на набавката. Од документацијата можат да се забележат неколку работи. Прво, станува збор за единствен понудувач односно на овој тендер како единствен понудувач се јавила токму фирмата на таткото, додека ќерката е директорка на клиниката која го распишува огласот. Дополнително, при склучување на договорот клиниката за хематологија е застапувана од заменик претседател на Управен Одбор која пак е овластена со решение да може да склучува договор, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од Директорот кај договорниот орган односно ќерката за најповолен понудувач го избрала таткото.

Ова не е прв договор кој сопственикот на АД Д-р. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК веќе еднаш отвори случај пред неколку години, кој се уште нема никаква завршница за други тендери исто така во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски.

Ова е доказ дека неказнивоста на криминалот значи поддршка на криминалот! Власта на СДС и ДУИ нема кочница, за нив залудни и безначајни се безбројните скандали кои го урнисаа здравството кога за истите нема одговорност, туку напротив СДС и ДУИ продолжуваат да го стимулираат создавањето на бизнис империи!, рече МИтева.

The post Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски appeared first on Република.

]]>

Здравството во Македонија наместо извор на лек и спасување на животи, стана извор на сомнителни тендери, истакна на денешнатаа прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: Милионските бизниси и фаворизирањето на семејни фирми не е новитет за оваа влада, а во секторот здравство за жал можеби тоа е и најизразено. Денешниот прес нема да биде никаков новитет, напротив станува збор за т.н. годишна пракса од клиниката за хематологија каде директорка е Ирена Пановска Ставридис да се даде тендер на веледрогеријата Д-р Пановски каде сопственик е нејзиниот татко. Тендер вреден над 3 милиони евра! Ова е договорот кој што е склучен на 01.09.2023 година за набавка на стоки склучен помеѓу ЈЗУ УК за Хематологија како договорен орган и АД Д-р Пановски како носител на набавката. Од документацијата можат да се забележат неколку работи. Прво, станува збор за единствен понудувач односно на овој тендер како единствен понудувач се јавила токму фирмата на таткото, додека ќерката е директорка на клиниката која го распишува огласот. Дополнително, при склучување на договорот клиниката за хематологија е застапувана од заменик претседател на Управен Одбор која пак е овластена со решение да може да склучува договор, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од Директорот кај договорниот орган односно ќерката за најповолен понудувач го избрала таткото. Ова не е прв договор кој сопственикот на АД Д-р. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК веќе еднаш отвори случај пред неколку години, кој се уште нема никаква завршница за други тендери исто така во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски. Ова е доказ дека неказнивоста на криминалот значи поддршка на криминалот! Власта на СДС и ДУИ нема кочница, за нив залудни и безначајни се безбројните скандали кои го урнисаа здравството кога за истите нема одговорност, туку напротив СДС и ДУИ продолжуваат да го стимулираат создавањето на бизнис империи!, рече МИтева.  

The post Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски appeared first on Република.

]]>