д-р Илија Ацески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-ilija-aceski/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Apr 2023 19:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Илија Ацески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-ilija-aceski/ 32 32 Проф. Ацевски: Кога им ја укинуваш историјата на деца од 10-11 години, значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-atsevski-koga-im-ja-ukinuvash-istorijata-na-detsa-od-10-11-godini-znachi-deka-im-ja-ukinuvash-nivnata-idnina-kako-makedontsi/ Mon, 24 Apr 2023 19:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=633712

Кога ќе им го укинеш предметот Историја на децата на возраст на 10-11 години, кога се најчувствителни, кога практично детето почнува да го формира светот и кога буквално се буди неговата свест за сопствено идентитетско осознавање, за сопственото потекло, за припаѓање кон народ, кон држава, тоа значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци, вели професорот по социологија Илија Ацески во изјава за „Нова Македонија“.

Прашање е дали ова е направено смислено. Случајно сигурно не е, но доколку е случајно, тогаш е уште пострашно, вели Ацески.

Според социологот, несфатливо е некој да се дрзне да ја укине Историјата како предмет, бидејќи таа е клучна за идентитетското осознавање на една личност.

Нејасно е како едно дете од десет години ќе го оставиме незапознаено со тоа кое е, што е, да биде лоцирано во тој свет на етничко, историско, национално, народно битисување… Не можам да најдам зборови како да го објаснам ваквиот несфатлив чин, вели Ацески и стравува дека младите генерации ќе бидат оставени како „табула раза“, да ги обликува кој како што ќе стигне.

Ние живееме во време на наплив на информации отсекаде, во време на интернет, и кога на овие генерации ќе им ја испумпаш и таа и онака тенка врска со сопствената историја и идентитет, тогаш за што зборуваме повеќе. Искрено, не верувам дека дотаму ќе оди работата, вели професорот.

Негово мислење е дека децата мора да ја знаат историја на сопствената држава и никој не смее да ги лиши од тоа сознание.

 

The post Проф. Ацевски: Кога им ја укинуваш историјата на деца од 10-11 години, значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци appeared first on Република.

]]>

Кога ќе им го укинеш предметот Историја на децата на возраст на 10-11 години, кога се најчувствителни, кога практично детето почнува да го формира светот и кога буквално се буди неговата свест за сопствено идентитетско осознавање, за сопственото потекло, за припаѓање кон народ, кон држава, тоа значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци, вели професорот по социологија Илија Ацески во изјава за „Нова Македонија“. Прашање е дали ова е направено смислено. Случајно сигурно не е, но доколку е случајно, тогаш е уште пострашно, вели Ацески. Според социологот, несфатливо е некој да се дрзне да ја укине Историјата како предмет, бидејќи таа е клучна за идентитетското осознавање на една личност. Нејасно е како едно дете од десет години ќе го оставиме незапознаено со тоа кое е, што е, да биде лоцирано во тој свет на етничко, историско, национално, народно битисување… Не можам да најдам зборови како да го објаснам ваквиот несфатлив чин, вели Ацески и стравува дека младите генерации ќе бидат оставени како „табула раза“, да ги обликува кој како што ќе стигне. Ние живееме во време на наплив на информации отсекаде, во време на интернет, и кога на овие генерации ќе им ја испумпаш и таа и онака тенка врска со сопствената историја и идентитет, тогаш за што зборуваме повеќе. Искрено, не верувам дека дотаму ќе оди работата, вели професорот. Негово мислење е дека децата мора да ја знаат историја на сопствената држава и никој не смее да ги лиши од тоа сознание.  

The post Проф. Ацевски: Кога им ја укинуваш историјата на деца од 10-11 години, значи дека им ја укинуваш нивната иднина како Македонци appeared first on Република.

]]>