Д-р Горан Димитров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-goran-dimitrov/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 15:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Горан Димитров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-goran-dimitrov/ 32 32 Годишно од Македонија си заминуваат меѓу 200 и 250 лекари, изјави д-р Горан Димитров од Македонското лекарско друштво https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/godishno-od-makedonija-si-zaminuvaat-megu-200-i-250-lekari-izjavi-d-r-goran-dimitrov-od-makedonskoto-lekarsko-drushtvo/ Fri, 05 Apr 2024 15:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=762712

Од јавното здравство на годишно ниво од земјава заминуваат од 200-250 лекари, изјави докторот Горан Димитров од Македонското лекарско друштво на 5 април на настан организиран по повод Светскиот ден на здравјето (7 април).

За да се задржат лекарите во земјава, тој смета дека потребни се неколку мерки од здравствените власти.

Од професионална гледна точка мислам дека треба да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, напредување, за брзо вработување на некој начин со стипендии уште додека учат студентите по медицина и секако да се почитуваат некои вид на желби за напредувањето и визијата што ја имаат младите луѓе, вели Димитров.

Заменик-министерката за здравство, Маја Манолева, пак, смета дека одливот не само на лекари туку генерално на здравствени работници е глобален проблем.

Секако дека треба да се соочиме со него. Во изминатиот период интервениравме во она што значи примарен услов, но не и единствен, за останување на здравствените работници во земјава – тоа е зголемувањето на платите. Со тоа ќе продолжиме и во наредниот период по завршување на изборите, вели Манолева.

Втора мерка, посочува таа е навремено и брзо упатување на лекарите на специјализација. Понатаму, како мерки што ќе ги мотивираат лекарите да останат во Македонија заменик-министерката ги посочи и вложувањето во инфраструктурата, но и во модерна и софистицирана опрема која овозможува светски методи што се работат во странство да се применуваат и во земјава.

Според податоците кои ги сподели Димитров како прв човек на Македонското лекарско здружение, бројот на лекари кои се медицински доктори, не вклучувајќи ги тука стоматолозите и фармацевтите, во моментов се движи помеѓу 6.000 и 7.000. Оваа бројка на почетокот на 20. век била само 60-тина лекари, а во 1990-тите изнесувала 18.000 лекари.

 

The post Годишно од Македонија си заминуваат меѓу 200 и 250 лекари, изјави д-р Горан Димитров од Македонското лекарско друштво appeared first on Република.

]]>

Од јавното здравство на годишно ниво од земјава заминуваат од 200-250 лекари, изјави докторот Горан Димитров од Македонското лекарско друштво на 5 април на настан организиран по повод Светскиот ден на здравјето (7 април). За да се задржат лекарите во земјава, тој смета дека потребни се неколку мерки од здравствените власти.
Од професионална гледна точка мислам дека треба да се направи добра регионализација, да се обезбедат подобри услови за специјализација, напредување, за брзо вработување на некој начин со стипендии уште додека учат студентите по медицина и секако да се почитуваат некои вид на желби за напредувањето и визијата што ја имаат младите луѓе, вели Димитров.
Заменик-министерката за здравство, Маја Манолева, пак, смета дека одливот не само на лекари туку генерално на здравствени работници е глобален проблем.
Секако дека треба да се соочиме со него. Во изминатиот период интервениравме во она што значи примарен услов, но не и единствен, за останување на здравствените работници во земјава – тоа е зголемувањето на платите. Со тоа ќе продолжиме и во наредниот период по завршување на изборите, вели Манолева.
Втора мерка, посочува таа е навремено и брзо упатување на лекарите на специјализација. Понатаму, како мерки што ќе ги мотивираат лекарите да останат во Македонија заменик-министерката ги посочи и вложувањето во инфраструктурата, но и во модерна и софистицирана опрема која овозможува светски методи што се работат во странство да се применуваат и во земјава. Според податоците кои ги сподели Димитров како прв човек на Македонското лекарско здружение, бројот на лекари кои се медицински доктори, не вклучувајќи ги тука стоматолозите и фармацевтите, во моментов се движи помеѓу 6.000 и 7.000. Оваа бројка на почетокот на 20. век била само 60-тина лекари, а во 1990-тите изнесувала 18.000 лекари.  

The post Годишно од Македонија си заминуваат меѓу 200 и 250 лекари, изјави д-р Горан Димитров од Македонското лекарско друштво appeared first on Република.

]]>
Д-р Димитров: Со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-dimitrov-so-zhal-kazhuvam-deka-sega-nemame-ni-tsarski-rezovi-vo-kochani-koi-sme-gi-imale-pred-10-godini/ Fri, 07 Apr 2023 13:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=628362

Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, истакна дека еден од приоритетите е стимулативна регионализација на здравството.

Дајте да проработат болниците во Штип, Дебар, Струга и Кочани, со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години. Тоа е нашиот приоритет. Втора работа на која треба да поработиме е да промениме некои закони. Заеднички ќе работиме на тоа како што е Законот за додатната дејност на лекарите, кој е многу стимулативен, изјави Димитров.

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен.

https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-minister-najavi-novi-vrabotuvana-vo-zdravstvoto/

The post Д-р Димитров: Со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, истакна дека еден од приоритетите е стимулативна регионализација на здравството.
Дајте да проработат болниците во Штип, Дебар, Струга и Кочани, со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години. Тоа е нашиот приоритет. Втора работа на која треба да поработиме е да промениме некои закони. Заеднички ќе работиме на тоа како што е Законот за додатната дејност на лекарите, кој е многу стимулативен, изјави Димитров.
Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен. https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-minister-najavi-novi-vrabotuvana-vo-zdravstvoto/

The post Д-р Димитров: Со жал кажувам дека сега немаме ни царски резови во Кочани кои сме ги имале пред 10 години appeared first on Република.

]]>
Пред 10 години имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400 вели д-р Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pred-10-godini-imavme-7-400-lekari-denes-sme-5-400-veli-d-r-dimitrov-pretsedatel-na-makedonskoto-lekarsko-drushtvo/ Mon, 06 Feb 2023 14:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=605505

Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво алармира дека одливот на лекарите кои ја напуштаат Македонија е многу голем.

Ако пред 10 години во Македонското лекарстко друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Димитров на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.

На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија на тема „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.

Кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво е тоа дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа“, рече проф. д-р Димитров кој беше еден од учесниците на панел-дискусијата.

Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е еден од најпревентибилните болести.

Освен проф. д-р Димитров, во дискусијата усестуваа и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Емануела Додева од Здружението ЕЗРА и д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари.

The post Пред 10 години имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400 вели д-р Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво алармира дека одливот на лекарите кои ја напуштаат Македонија е многу голем.
Ако пред 10 години во Македонското лекарстко друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Димитров на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.
На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија на тема „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.
Кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво е тоа дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа“, рече проф. д-р Димитров кој беше еден од учесниците на панел-дискусијата.
Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е еден од најпревентибилните болести. Освен проф. д-р Димитров, во дискусијата усестуваа и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Емануела Додева од Здружението ЕЗРА и д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари.

The post Пред 10 години имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400 вели д-р Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво appeared first on Република.

]]>