д-р Флорин Бесими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-florin-besimi/ За подобро да се разбереме Mon, 16 May 2022 14:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Флорин Бесими Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-florin-besimi/ 32 32 Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/florin-besimi-kje-bide-eden-od-obvinetite-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ Mon, 16 May 2022 14:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=502975

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он.

Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.

Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент.

Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини.

Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, објави А1он. Извори од тетовското јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции. Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата. Според извештајот на обвинителството, пожарот настанал по спој на струја во продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор со кој се реанимирал пациент. Д-р Флорин Бесими поднесе оставка два дена по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти и двајца роднини. Д-р Бесими беше 11 години вршител на должноста директор на Тетовската болница. Според Законот за здравствена заштита, в. д. директор може да биде на функција најмногу до 6 месеци, а Управниот одбор на болницата е должен да распише оглас за избор на директор, кого по препорака на Здравствениот совет го именува министерот за здравство. За функцијата директор на јавна здравствена установа мора да се се исполнат одредени критериуми. Болницата во Тетово како клиничка болница и регионален центар поврзан со Медицинскиот факултет во Тетово е од највисок ранг во системот на јавното здравство.

The post Флорин Бесими ќе биде еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница appeared first on Република.

]]>