Д-р Драган Даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-dragan-danilovski/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 07:15:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Драган Даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-dragan-danilovski/ 32 32 Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prof-danailovski-za-opasnosta-od-ptichji-grip-bidete-spokojni/ Sun, 20 Oct 2024 07:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=828974

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог.

Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша:

По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:

Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“.

Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), .

Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици.

Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување!

Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина.

Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални.

Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина.

Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо.

Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ.

Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена.

Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади).

Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен.

Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали.

Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог. Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша: По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:
Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“. Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), . Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици. Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување! Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина. Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални. Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина. Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо. Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ. Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена. Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади). Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен. Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали. Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-ne-go-obmanuvajte-narodot-pochinale-so-kovid-ne-od-kovid/ Wed, 18 Sep 2024 05:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=817281

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:
„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се
невакцинирани против КОВИД-19.”
Што значи ова?
Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.
А тоа понатаму значи:
Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна).
Накратко:
Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)
Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!
Намерно ли е тоа или од незнаење?
Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува: „Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта. А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна). Накратко: Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!) Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести! Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>
За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-d-r-danilovski-e-skandalozna-odlukata-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-da-ne-go-nabavi-lekot-protiv-koronavisurot/ Tue, 26 Sep 2023 12:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=685343

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?!

На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски.

Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“?

„Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски.

„Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.

The post За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?!
На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски.
Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“? „Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски.
„Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.
 
The post За д-р Даниловски е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронависурот appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Зошто со набавката на биолошката терапија наместо да опаѓа смртноста, таа се зголемува кај болните од рак? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-zoshto-so-nabavkata-na-bioloshkata-terapija-namesto-da-opaga-smrtnosta-taa-se-zgolemuva-kaj-bolnite-od-rak/ Wed, 13 Sep 2023 09:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=681504

Медицинскиот професор д-р Драган Даниловски, на својот фејсбук профил прашува:

Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021* година би требало значајно да опаѓа. Наместо тоа, таа расте! Видете ги графиконите. Зошто?“, напиша тој.

The post Д-р Даниловски: Зошто со набавката на биолошката терапија наместо да опаѓа смртноста, таа се зголемува кај болните од рак? appeared first on Република.

Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/d-r-danilovski-mijazmata-vo-skopje-ke-ispari-ama-zoshto-nikoj-od-nadlezhnite-nemashe-preporaki-za-zdravjeto-na-lugeto/ Tue, 11 Jul 2023 11:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=660036

„Мијазма“ во 21 век!, реагира епидемиологот Драган Даниловски коментирајќи го проблемот кој Скопје викендов го имаше со оставеното ѓубре и прашува зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор, ,акар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје...

Токму кога пандемијата на КОВИД-19 сѐ повеќе почна да се повлекува од свесниот видокруг на нашето секојдневие, наеднаш, се најдовме среде нов предизвик. Додуша, од локален карактер – скопски!
Метрополата, пред три дена, осамна затрупана во ѓубре по улиците, среде лето – небаре е некој средновековен град, кога граѓаните едноставно си го истурале ѓубрето под пенџери.
И под пеколното сонце, почна реа од распаднати органски материи да се шири низ градот, неумоливо продирајќи во секоја пора на градот. И во секоја клетка на сѐ што е живо...
„Мијазма“ во 21 век!
Истовремено, светот – оној свет вон нашиов средновековен меур – крши копја околу придобивките и ризиците од вештачката интелигенција, испитува можности за продолжување на човечкиот век, (наспроти турбуленциите предизвикани од сурова војна среде Европа)...
А ние? Ние се занимаваме со ѓубре! Ќе рече некој... ова е спин-настан, намерно предизвикан да го сврти вниманието од други болни случувања кај нас...
Небитно е и сеедно е која е заднината. „Мијазмата“ е тука. Опиплива и смрдлива! Рај за мачки и кучиња скитници. И за роеви муви. И птици мршојадци. И за глувци и стаорци! Тие, најдени во неверување, наеднаш соочени со можност за гозба, го разнесуваат пленот наоколу. Заедно со причинители на опасни заразни болести... со несогледливи здравствени ризици за жителите на градот.
Велат, „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Ќе да е така. За среќа, оваа најновата, срeдновековната, трае(ше) само три дена, а не три години (ако се точни информациите дека причините се надминати). И сигурно ќе стивнат турбуленциите постепено. Мијазмата ќе испари... И ризиците по здравјето ќе избледат...
Но, останува за мене нејасно: Зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор? Макар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје..., пишува Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>

„Мијазма“ во 21 век!, реагира епидемиологот Драган Даниловски коментирајќи го проблемот кој Скопје викендов го имаше со оставеното ѓубре и прашува зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор, ,акар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје...
Токму кога пандемијата на КОВИД-19 сѐ повеќе почна да се повлекува од свесниот видокруг на нашето секојдневие, наеднаш, се најдовме среде нов предизвик. Додуша, од локален карактер – скопски! Метрополата, пред три дена, осамна затрупана во ѓубре по улиците, среде лето – небаре е некој средновековен град, кога граѓаните едноставно си го истурале ѓубрето под пенџери. И под пеколното сонце, почна реа од распаднати органски материи да се шири низ градот, неумоливо продирајќи во секоја пора на градот. И во секоја клетка на сѐ што е живо... „Мијазма“ во 21 век! Истовремено, светот – оној свет вон нашиов средновековен меур – крши копја околу придобивките и ризиците од вештачката интелигенција, испитува можности за продолжување на човечкиот век, (наспроти турбуленциите предизвикани од сурова војна среде Европа)... А ние? Ние се занимаваме со ѓубре! Ќе рече некој... ова е спин-настан, намерно предизвикан да го сврти вниманието од други болни случувања кај нас... Небитно е и сеедно е која е заднината. „Мијазмата“ е тука. Опиплива и смрдлива! Рај за мачки и кучиња скитници. И за роеви муви. И птици мршојадци. И за глувци и стаорци! Тие, најдени во неверување, наеднаш соочени со можност за гозба, го разнесуваат пленот наоколу. Заедно со причинители на опасни заразни болести... со несогледливи здравствени ризици за жителите на градот. Велат, „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Ќе да е така. За среќа, оваа најновата, срeдновековната, трае(ше) само три дена, а не три години (ако се точни информациите дека причините се надминати). И сигурно ќе стивнат турбуленциите постепено. Мијазмата ќе испари... И ризиците по здравјето ќе избледат... Но, останува за мене нејасно: Зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор? Макар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје..., пишува Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Мијазмата во Скопје ќе испари, ама зошто никој од надлежните немаше препораки за здравјето на луѓето appeared first on Република.

]]>
„Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/edno-zarazeno-dete-mozhe-da-zarazi-novi-12-18-d-r-danilovski-apelira-na-vaktsinatsija-da-ne-dojde-do-epidemija-na-morbili/ Tue, 21 Feb 2023 08:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=611363

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам.
Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18).

Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење!
Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“?
Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“.
Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години.
Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“.
Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции.
Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.

The post „Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што веќе неколку пати во медиумите имам укажувано на феноменот на „имунолошка амнезија“ кај морбилите, не е на одмет пак да го спомнам. Зошто? Пред сѐ, заради многу нискиот опфат со вакцинација против морбилите. Тој се движи некаде околу 70 проценти за првата доза и околу 80 проценти за втората доза во 2021 година, според податоците на Институтот за јавно здравје. Во 2022 година, ситуацијата сигурно не е подобра, вели имунологот д-р Драган Даниловски, додавајќи дека за да не дојде до епидемија, потребен е опфат од преку 95 проценти, зашто вирусот на морбилите е најзаразниот вирус на планетата (репродукцискиот број, R0, е 12-18, што значи дека едно заразено дете може, во просек, да зарази нови 12-18).
Во ваква ситуација, доволен е еден-единствен случај да навлезе однекаде, за да се соочиме со појава на епидемиско ширење! Во што се состои феноменот на „имунолошка амнезија“? Неодамна, беше откриено дека вирусот на морбилите може да го уништи претходно стекнатиот имунитет со вакцинација или прележување на други заразни болести. Или попрецизно, се уништува имунолошката меморија за сите тие заболувања. Овој феномен е наречен „имунолошка амнезија“. Откако имунолошкиот систем ќе ги изгуби своите „сеќавања“, тој мора макотрпно повторно да научи сè што знаел некогаш. Тоа може да потрае и до три години. Во меѓувреме, децата се изложени на ризик од повторно заразување со патогените микроорганизми, кои нивниот организам некогаш знаел да ги препознае, но сега ги „заборавил“. Сите тие инфекции треба повторно да се доживеат, за да се поправи штетата. Се покажало, меѓутоа, дека морбилите не само што го зголемуваат ризикот од разболување, туку и од смртен исход при тие повторени инфекции. Поуката од горниве искази е јасна. Целиот систем на превентивна и примарна здравствена заштита мора итно да се мобилизира и ангажира, опфатот со вакцинација на децата што побрзо да го достигне заштитното ниво од преку 95 проценти, апелира докторот.

The post „Eдно заразено дете можe да зарази нови 12-18“: Д-р Даниловски апелира на вакцинација да не дојде до епидемија на морбили appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-kraken-iako-e-pozarazen-ne-predizvikuva-poteshki-simptomi/ Mon, 23 Jan 2023 08:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=599745

Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но наспроти тоа, со пандемијата е завршено, напиша на својот фејсбук-профил епидемиологот д-р Драган Даниловски по вчерашната информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на омикрон, XBB.1.5, популарно наречена кракен.

Даниловски смирува и вели дека нема причини за никаква загриженост затоа што се работи за високо заразен вирус, но со поблаги симптоми.

Состојбата е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. Еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува.
Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот.
Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома.
Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, препорачива д-р Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми appeared first on Република.

]]>

Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но наспроти тоа, со пандемијата е завршено, напиша на својот фејсбук-профил епидемиологот д-р Драган Даниловски по вчерашната информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на омикрон, XBB.1.5, популарно наречена кракен. Вирусoт кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми. Короната е вирус кој постојано мутира и ќе се јавуваат нови соеви во обид да опстане, но наспроти тоа, со пандемијата е завршено, напиша на својот фејсбук-профил епидемиологот д-р Драган Даниловски по вчерашната информација дека во Гевгелија е изолирана подваријантата на омикрон, XBB.1.5, популарно наречена кракен. Даниловски смирува и вели дека нема причини за никаква загриженост затоа што се работи за високо заразен вирус, но со поблаги симптоми.
Состојбата е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Кај стари лица со хронични болести, односно ослабен имунитет, постои ризик да завршат во болница. Исто како кај досегашните соеви на омикрон. Еволуцијата на короната неизбежно ќе се движи во насока на јавување на соеви, кои се позаразни од претходните, но кои истовремено ќе предизвикуваат поблаги симптоми. Сведоци сме дека тоа се остварува. Апелирам до граѓаните да си останат спокојни, да си продолжат без страв со секојдневниот живот. Единствено останува препораката, тие што ќе пројават симптоми (кашлање, кивање, растечен нос), да се придржуваат до т.н. респираторен бонтон. Тоа подразбира да си стават маска кога се движат меѓу луѓе во затворен простор (особено во автобуси), а ако имаат покачена температура, да си останат дома. Исто така, мудро би било, постарите граѓани со хронични болести и други со компромитиран имунитет да одлучат да се вакцинираат и против корона и против грип. Зашто, во ек е сезоната и на грипот. И толку“, препорачива д-р Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Кракен, иако е позаразен, не предизвикува потешки симптоми appeared first on Република.

]]>
Даниловски: Луѓето го изгубија имунитетот од ковидот, затоа сега ги кутина секоја настинка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/danilovski-lugjeto-go-izgubija-imunitetot-od-kovidot-zatoa-sega-gi-kutina-sekoja-nastinka/ Mon, 26 Dec 2022 07:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=589868

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека загадениот воздух не е главната причина за толкавиот број болни, туку тоа се вирусите кои беа потиснувани изминатите години во епидемијата, поради кои изминатиов период има голем број хоспитализирани со респираторни инфекции.

Според универзитетскиот професор, имунитетот кон респираторните вируси е краткотраен и затоа секој втор човек е со растечен нос или кашла.

Наеднаш ослободените респираторни вируси се најдоа во ситуација да циркулираат меѓу домаќини кои имаат слаба одбрана и затоа има многу тешки клинички слики. Се додека не си го отплатиме долгот, додека не зајакне имунитетот и не си ги запознае старите нерпијатели и не ги воспостави старите механизми, ова ќе трае, објаснува Даниловски.

Во зимските месеци, вели тој, не е можно да се случи цунами на к, туку сезонски краткотрајни осцилации.

Даниловски додава дека данокот кој сега се отплаќа е и поради прекумерна употреба на лекови против Ковид-19.

The post Даниловски: Луѓето го изгубија имунитетот од ковидот, затоа сега ги кутина секоја настинка appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека загадениот воздух не е главната причина за толкавиот број болни, туку тоа се вирусите кои беа потиснувани изминатите години во епидемијата, поради кои изминатиов период има голем број хоспитализирани со респираторни инфекции. Според универзитетскиот професор, имунитетот кон респираторните вируси е краткотраен и затоа секој втор човек е со растечен нос или кашла.
Наеднаш ослободените респираторни вируси се најдоа во ситуација да циркулираат меѓу домаќини кои имаат слаба одбрана и затоа има многу тешки клинички слики. Се додека не си го отплатиме долгот, додека не зајакне имунитетот и не си ги запознае старите нерпијатели и не ги воспостави старите механизми, ова ќе трае, објаснува Даниловски.
Во зимските месеци, вели тој, не е можно да се случи цунами на к, туку сезонски краткотрајни осцилации. Даниловски додава дека данокот кој сега се отплаќа е и поради прекумерна употреба на лекови против Ковид-19.

The post Даниловски: Луѓето го изгубија имунитетот од ковидот, затоа сега ги кутина секоја настинка appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Дојде време граѓаните поопуштено да се посветат на празнувањата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-dojde-vreme-gragjanite-poopushteno-da-se-posvetat-na-praznuvanjata/ Fri, 22 Apr 2022 13:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=492301

Ковидот е присутен, но циркулира со далеку помал интензитет отколку порано. Затоа, мерките се олабавени. Конечно е дојдено време граѓаните поопуштено да се посветат на празнувањата. Ризици постојат, но пред сѐ, за постарите граѓани и за оние со хронични здравствени проблеми. Оттаму, јас до нив би апелирал да си носат маски во гужвите околу и во храмовите, вели во разговор за „Локално“, проф.др. Драган Даниловски.

Епидемиологот смета дека по празниците, можно е да се дојде до благо зголемување на бројот на нови случаи, но, тоа не ќе може да влијае на влошување на епидемиолошката ситуација во земјата.

Уште од 7 март се наоѓаме во т.н. зелено (ниско) ниво на ковид-19 во заедницата, според критериумите на Центрите за контрола на болести на Америка (ЦДЦ), објавени на 4 март. Тие имаат воспоставено три нивоа – ниско, средно и високо (или зелено, жолто и портокалово), со комбинирање на три параметри: бројот на нови хоспитализации во изминатите 7 дена на 100.000 население, процентот на зафатени болнички кревети со ковид пациенти и бројот на нови случаи во изминатите 7 дена на 100.000 население. Новите хоспитализации и процентот на зафатени болнички кревети го претставуваат моментниот потенцијал за оптоварување на здравствениот систем, објаснува тој.

The post Д-р Даниловски: Дојде време граѓаните поопуштено да се посветат на празнувањата appeared first on Република.

]]>

Ковидот е присутен, но циркулира со далеку помал интензитет отколку порано. Затоа, мерките се олабавени. Конечно е дојдено време граѓаните поопуштено да се посветат на празнувањата. Ризици постојат, но пред сѐ, за постарите граѓани и за оние со хронични здравствени проблеми. Оттаму, јас до нив би апелирал да си носат маски во гужвите околу и во храмовите, вели во разговор за „Локално“, проф.др. Драган Даниловски. Епидемиологот смета дека по празниците, можно е да се дојде до благо зголемување на бројот на нови случаи, но, тоа не ќе може да влијае на влошување на епидемиолошката ситуација во земјата.
Уште од 7 март се наоѓаме во т.н. зелено (ниско) ниво на ковид-19 во заедницата, според критериумите на Центрите за контрола на болести на Америка (ЦДЦ), објавени на 4 март. Тие имаат воспоставено три нивоа – ниско, средно и високо (или зелено, жолто и портокалово), со комбинирање на три параметри: бројот на нови хоспитализации во изминатите 7 дена на 100.000 население, процентот на зафатени болнички кревети со ковид пациенти и бројот на нови случаи во изминатите 7 дена на 100.000 население. Новите хоспитализации и процентот на зафатени болнички кревети го претставуваат моментниот потенцијал за оптоварување на здравствениот систем, објаснува тој.
 
The post Д-р Даниловски: Дојде време граѓаните поопуштено да се посветат на празнувањата appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Народот основната смисла на животот ја гледа во кафаните, бизнисот е поважен од животот, политиката од науката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-danilovski-narodot-osnovnata-smisla-na-zivotot-ja-gleda-vo-kafanite-biznisot-e-povazen-od-zivotot-politikata-od-naukata/ Mon, 14 Mar 2022 10:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=472502

Епидемиологот д-р Драган Даниловски сумира што заклучивме по две години пандемија:

Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе.
Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви.
Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем.
Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.
Дека политиката е поважна од науката.
Дека бизнисот е поважен од човечките животи.
Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска.
Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија.

Но и:
Дека народот нема доверба во институциите на власта.
Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес.
Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен.
Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките.
Дека образованието ни е катастрофално.
Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.
Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми.
Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.
Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“!
Дефинитивно е време за тотален „ресет“.

The post Д-р Даниловски: Народот основната смисла на животот ја гледа во кафаните, бизнисот е поважен од животот, политиката од науката appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот д-р Драган Даниловски сумира што заклучивме по две години пандемија: Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе. Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви. Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем. Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки. Дека политиката е поважна од науката. Дека бизнисот е поважен од човечките животи. Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска. Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија. Но и: Дека народот нема доверба во институциите на власта. Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес. Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен. Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките. Дека образованието ни е катастрофално. Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката. Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми. Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми. Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“! Дефинитивно е време за тотален „ресет“.

The post Д-р Даниловски: Народот основната смисла на животот ја гледа во кафаните, бизнисот е поважен од животот, политиката од науката appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-se-zarazuvaat-i-vakcinirani-zoshto-se-vakciniraa-so-kineski-vakcini/ Tue, 01 Feb 2022 15:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=452574

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ објасни зошто во последно време има ковид заразени лица кои се вакцинирани. Според него тоа е последица што голем број на луѓе се вакцинирани со кинески вакцини.

– Омикронот го заобиколува имутетот па и оној со вакцини. Реинфекции се случуваат затоа што имунитетот стекнат бледее со тек на време и зависи кога сте ја прележала инфекцијата. Исто е и со вакцините чија заштита е во првите 3 месеци. Единствено решение е да се прими трета доза за граѓаните кои се постари од 50 години и е подложен на акутни заболувања. Помладите од 50 години кои биле со две дози Фајзер кај нив постои можност да се заштитени од зараза со омикрон. Вакцинацијата со кинеските вакцини е последица за зголем број на заразувања кај вакцинираните -изјави професорот Даниловск

The post Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини appeared first on Република.

ЛДП предлага д-р Пановски и д-р Даниловски да влезат во Комисијата за заразни болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ldp-predlaga-d-r-panovski-i-d-r-danilovski-da-vlezat-vo-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Mon, 17 Jan 2022 13:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=445863

Либералдемократската партија предлага во Комисијата за зарани болести да членуваат д-р Никола Пановски и д-р Драган Даниловски, двајцата лекари кои неуморно во текот на последниве две години од почетокот на пандемијата алармираат и споделуваат совети и препораки за граѓаните и совреме предупредуваат на епидемиолошката состојба во земјава, објави Нова ТВ.

Во ЛДП велат дека ако денеска на владината седница стане збор за новиот состав на Комисијата за заразни болести тие ќе ги достават своите предлози, но исто така ќе го информираат и новиот министер за здравство Беким Сали за нивниот предлог.

Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП предлага д-р Пановски и д-р Даниловски да влезат во Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Либералдемократската партија предлага во Комисијата за зарани болести да членуваат д-р Никола Пановски и д-р Драган Даниловски, двајцата лекари кои неуморно во текот на последниве две години од почетокот на пандемијата алармираат и споделуваат совети и препораки за граѓаните и совреме предупредуваат на епидемиолошката состојба во земјава, објави Нова ТВ. Во ЛДП велат дека ако денеска на владината седница стане збор за новиот состав на Комисијата за заразни болести тие ќе ги достават своите предлози, но исто така ќе го информираат и новиот министер за здравство Беким Сали за нивниот предлог.
Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП предлага д-р Пановски и д-р Даниловски да влезат во Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Маските во затворен простор треба да се симнат, исто така и од учениците https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-maskite-vo-zatvoren-prostor-treba-da-se-simnat-isto-taka-i-od-uchenicite/ Sun, 09 Jan 2022 20:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=442274

Омикрон е почеток на крајот на пандемијата – вели за Канал 5 епидемиологот Драган Даниловски.

-Изолацијата повеќе не е потребна за никој освен за здравствените работници до 5 дена.Слободно сите да работат оние кои се без симптоми или со лесна слика, додека пак оние кои имаат поизразени симптоми да си одат на домашно лекување. Зарем можеме да прифатиме пола држава да ни оди во изолација?Сметам дека и маските во затворен простор треба да се симнат исто така и од учениците. Воедно сертификатите е нешто што е без смисла во овој амбиент во кој вирусот не почитува вакцини и го заобиколува имунитетот. Тогаш кого штитиме со сертификатите? Само на овој начин би дошле до колективен имунитет, но оваа стратегија баш не е безопасна во вој период би требало повозрасните да се притајат,а помладите да се изложат, смета Даниловски.

The post Д-р Даниловски: Маските во затворен простор треба да се симнат, исто така и од учениците appeared first on Република.

Даниловски: Пикот со по неколку илјади заразени на ден ќе биде кон крајот на месецов https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/danilovski-pikot-so-po-nekolku-iljadi-zarazeni-na-den-kje-bide-kon-krajot-na-mesecov/ Sun, 09 Jan 2022 18:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=442234

Омикрон е почеток на крајот на пандемијата, вели за Канал 5 епидемиологот Драган Даниловски.

Според него, иако најновиот бран започна пред пет дена, сегашните показатели велат дека пикот со по неколку илјади заразени на ден ќе биде кон крајот на месецов, а бидејќи болниците не се оптоваруваат, и се намалува бројот на починати, не треба да бидеме загрижени.

The post Даниловски: Пикот со по неколку илјади заразени на ден ќе биде кон крајот на месецов appeared first on Република.

]]>

Омикрон е почеток на крајот на пандемијата, вели за Канал 5 епидемиологот Драган Даниловски. Според него, иако најновиот бран започна пред пет дена, сегашните показатели велат дека пикот со по неколку илјади заразени на ден ќе биде кон крајот на месецов, а бидејќи болниците не се оптоваруваат, и се намалува бројот на починати, не треба да бидеме загрижени.  

The post Даниловски: Пикот со по неколку илјади заразени на ден ќе биде кон крајот на месецов appeared first on Република.

]]>
„Си го баравте- гледајте!“, вели д-р Даниловски по зголемениот број на заразени лица деновиве https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/si-go-baravte-gledajte-veli-d-r-danilovski-po-zgolemeniot-broj-na-zarazeni-lica-denovive/ Tue, 04 Jan 2022 18:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=440622

Бројот на заразени следните денови експлозивно ќе расте, но не и бројот на хоспитализирани и починати лица, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. Во изјава за „Нова ТВ“ тој вели дека очекува да се збогуваме со пандемијата напролет.

Останувам на својот став искажан првпат уште на 28 ноември, кога омикрон се ширеше само во Јужна Африка – бројот на заразени експлозивно ќе расте. Но, бројот на хоспитализирани нема да ја следи таа динамика, ниту на починати...Ова ќе биде масовно здобивање со природен имунитет – природна трета или четврта доза на имунитет против коронавирусот. Исходот ќе биде збогување со пандемијата на Ковид во Македонија напролет, вели тој.

Денеска во Македонија беа потврдени 1.197 нови случаи на Ковид-19, што е значителен скок во однос на изминатите денови, а за д-р Даниловски тоа е очекувано.

Воопшто не е за изненадување што се регистрираа и комбинирани инфекции на ковид и грип! Со рестриктивните мерки против Kовид, минатата година, грипот како да беше потиснат. Но, годинава, откако се релаксираа мерките… и вирусот на грипот – секогаш притаено присутен – ја виде својата шанса! Му помогна, во голема мера, драстичниот пад на вакцинацијата против грип! И сега имаме ситуација: „Си го баравте- гледајте!“, вели епидемиологот во својата изјава.

The post „Си го баравте- гледајте!“, вели д-р Даниловски по зголемениот број на заразени лица деновиве appeared first on Република.