д-р Дејан Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-dejan-trajkovski/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Feb 2022 20:12:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Дејан Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-dejan-trajkovski/ 32 32 Д-р Трајковски: Дали антиваксерите се еден вид садисти? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-trajkovski-dali-antivakserite-se-eden-vid-sadisti/ Sun, 13 Feb 2022 20:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=458082

Професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски, кој прави статистички анализи на податоците поврзани со епидемијата на ковид-19, во својата последна анализа вели дека вакцинацијата против коронавирусот во земјава спасила околу 5.700 животи.

„Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока, неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување. Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно.

Од почетокот на бранот на делта сојот (06.08.2022) до 10.02.2022 починале 3.161 лице. Сметајќи со морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните од недела во недела, доколку биле сите вакцинирани би починале околу 1.001, а доколку никој не бил вакциниран, би починале околу 8.922 лица.

Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, но можеа да бидат спасени уште други 2.100 од починатите, дури и со ефективноста на две дози од постоечките вакцини. Со три дози веројатно и малку повеќе, но засега немаме доволно податоци за поточна пресметка.

Заклучуваме дека најголемиот проблем не е малиот број трети (бустер) дози, туку малиот број втори дози од вакцините.

Жалосно е да се гледа како умираат луѓе поради доведеност во заблуда и некаква ирационална упорност, но тоа е нашата реалност. Ако некој не сака, не можеш со сила да му помогнеш.

Дали антиваксерските агитатори се всушност еден вид садисти, кои уживаат гледајќи ги луѓето како умираат поради заблудата во која ги довеле? Дали за нив ова е само забава? Од друга страна, неинформираните луѓе се погоден медиум за манипулирање од страна на овие предатори.

Да повториме уште еднаш: морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Поинаку кажано, ризикот од смртен исход кај невакцинираните е 7,6 пати поголем отколку кај вакцинираните. На паметниот му е доволно“, вели проф. Трајковски во објавата на Фејсбук.

The post Д-р Трајковски: Дали антиваксерите се еден вид садисти? appeared first on Република.

]]>

Професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски, кој прави статистички анализи на податоците поврзани со епидемијата на ковид-19, во својата последна анализа вели дека вакцинацијата против коронавирусот во земјава спасила околу 5.700 животи. „Ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока, неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување. Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Од почетокот на бранот на делта сојот (06.08.2022) до 10.02.2022 починале 3.161 лице. Сметајќи со морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните од недела во недела, доколку биле сите вакцинирани би починале околу 1.001, а доколку никој не бил вакциниран, би починале околу 8.922 лица. Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, но можеа да бидат спасени уште други 2.100 од починатите, дури и со ефективноста на две дози од постоечките вакцини. Со три дози веројатно и малку повеќе, но засега немаме доволно податоци за поточна пресметка. Заклучуваме дека најголемиот проблем не е малиот број трети (бустер) дози, туку малиот број втори дози од вакцините. Жалосно е да се гледа како умираат луѓе поради доведеност во заблуда и некаква ирационална упорност, но тоа е нашата реалност. Ако некој не сака, не можеш со сила да му помогнеш. Дали антиваксерските агитатори се всушност еден вид садисти, кои уживаат гледајќи ги луѓето како умираат поради заблудата во која ги довеле? Дали за нив ова е само забава? Од друга страна, неинформираните луѓе се погоден медиум за манипулирање од страна на овие предатори. Да повториме уште еднаш: морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Поинаку кажано, ризикот од смртен исход кај невакцинираните е 7,6 пати поголем отколку кај вакцинираните. На паметниот му е доволно“, вели проф. Трајковски во објавата на Фејсбук.

The post Д-р Трајковски: Дали антиваксерите се еден вид садисти? appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Колкав ќе биде бројот на заразени на ковид-19 денеска, не смеам ни да помислам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-kolkav-kje-bide-brojot-na-zarazeni-na-kovid-19-deneska-ne-smeam-ni-da-pomislam/ Tue, 11 Jan 2022 09:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=442966

После вчерашните 813 новозаразени со Ковид-19, универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој со математички пресметки го објаснува пикот на пандемијата и ситуацијата со коронавирус, смета дека денешниот ден може да донесе уште поголем број на заразени.

Што ли ќе донесе вторникот, не смеам ни да помислам. Од денеска ефективниот репродукциски број Rt ќе се пресметува според малку изменета формула, којашто зема сериски интервал од 2,2 дена, карактеристичен за Омикрон сојот. Серискиот интервал, инаку, претставува просечен временски интервал од покажувањето на симптомите кај заразувачот до покажувањето симптоми кај новозаразениот. Кај пресимптоматска трансмисија овој интервал е просечно еден ден пократок од периодот на инкубација (временскиот интервал од инфицирањето до покажувањето симптоми на едно исто лице). Кај Омикрон сојот, значи, периодот на инкубација трае просечно само 3 дена, речиси како кај грипот и многу пократко отколку кај дивиот, вухански сој, потенцира Трајковски.

Според професорот, кај факторите на растот нема измена, бидејќи тие во основа претставуваат усреднети количници на геометриската прогресија на дневниот број на случаи.

Моментално факторот на раст изнесува околу 1,15, односно дневните броеви на случаи во просек растат за околу 15% дневно. Овој фактор во себе го обединува ефективниот репродукциски број Rt и серискиот интервал. На тој начин, дури и да не го знаевме серискиот интервал од најновите пресметки на корејските научници, со помош на факторите на растот можеме да вршиме проекции на динамиката на идниот раст.

Патем кажано, според Американскиот центар за управување со заразни болести (CDC), луѓето со ковид-19 (омикрон сојот) би требало да останат во изолација уште 5 дена по ослабувањето на симптомите и откако треската исчезнала барем 24 часа без лекарства за намалување на треската (температурата). Потоа, ЦДЦ ги советува луѓето да носат маска во близина на други луѓе наредните 5 дена, за да го намалат ризикот од заразување на другите, објаснува проф. Трајковски.

The post Проф. Трајковски: Колкав ќе биде бројот на заразени на ковид-19 денеска, не смеам ни да помислам appeared first on Република.