д-р Аспазија Софијанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-aspazija-sofijanova/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Jun 2023 13:28:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Аспазија Софијанова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-aspazija-sofijanova/ 32 32 Д-р Софијанова: Mладите педијатри да го пополнат кадровскиот дефицит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-sofijanova-defitsitot-na-kadar-vo-zdravstvoto-e-prepoznaen-od-vlastite/ Sun, 04 Jun 2023 13:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=647665

Во изминатиот период дефицитот на кадри иако беше нагласуван од наша страна не беше можеби препознаен. Меѓутоа откако голем процент колеги заминаа во пензија, потребата од млади кадри мислам дека веќе се препознава од страна на здравствените власти, изјави претседателката на Здружението на педијатри д-р Аспазија Софијанова.

Таа на прес-конференција по заокружувањето на четиридневниот Конгрес на педијатри изрази надеж дека младите кои во моментов се на специјализација ќе покријат дел од тој дефицит.

Дел од кадрите кои доаѓаат на едукација, дел кои запишаа специјализација, и тоа голем процент укажува на тоа дека имаме подмладок на кој се надеваме, само треба време тој подмладок да биде поткрепен со доволно знаење. Мислам дека подмладокот полека е спремен да надокнади дел од оние дефицити за кои се зборува ама како и да е, сепак, се препозна дека иднината и она што и ние го внесуваме ќе биде надминато наскоро, оцени д-р Софијанова.

Таа истакна дека токму ваквите настани како Конгресот нудат знаење и ќе придонесат за побрзо пренесување на љубовта на подмладокот кон педијатријата.

Информира дека Конгресот понудил дискусии на теми од областа на неврологијата, неонатологијата, нефрологијата, развојните пореметувања кај децата, а биле и присутни експерти кои говореле за тоа какви предизвици остави Ковидот.

Тука е и генералниот секретар на Европската академија за педијатрија, професор Мехмет Вурал со кој дебатираме на тема имунизација која гледаме дека со процентите е намалена секаде во светот, па и кај нас. Имавме можност да присуствува и претседателот на Европската академија за педијатрија, изјави Софијанова.

Доктор Оливер Зафироски изјави дека овогодишниот Конгрес е најуспешен досега.

Она што е најважно и најдобро е што голем број млади доктори со овие две работилници имаа практична настава, што е од големо значење, бидјеќи знаете дека нашата педијатрија во Македонија има се помал број на педијатри и ова е еден голем предизвик за сите млади колеги да доживеат практична работа, изјави тој.

The post Д-р Софијанова: Mладите педијатри да го пополнат кадровскиот дефицит appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот период дефицитот на кадри иако беше нагласуван од наша страна не беше можеби препознаен. Меѓутоа откако голем процент колеги заминаа во пензија, потребата од млади кадри мислам дека веќе се препознава од страна на здравствените власти, изјави претседателката на Здружението на педијатри д-р Аспазија Софијанова.
Таа на прес-конференција по заокружувањето на четиридневниот Конгрес на педијатри изрази надеж дека младите кои во моментов се на специјализација ќе покријат дел од тој дефицит.
Дел од кадрите кои доаѓаат на едукација, дел кои запишаа специјализација, и тоа голем процент укажува на тоа дека имаме подмладок на кој се надеваме, само треба време тој подмладок да биде поткрепен со доволно знаење. Мислам дека подмладокот полека е спремен да надокнади дел од оние дефицити за кои се зборува ама како и да е, сепак, се препозна дека иднината и она што и ние го внесуваме ќе биде надминато наскоро, оцени д-р Софијанова.
Таа истакна дека токму ваквите настани како Конгресот нудат знаење и ќе придонесат за побрзо пренесување на љубовта на подмладокот кон педијатријата. Информира дека Конгресот понудил дискусии на теми од областа на неврологијата, неонатологијата, нефрологијата, развојните пореметувања кај децата, а биле и присутни експерти кои говореле за тоа какви предизвици остави Ковидот.
Тука е и генералниот секретар на Европската академија за педијатрија, професор Мехмет Вурал со кој дебатираме на тема имунизација која гледаме дека со процентите е намалена секаде во светот, па и кај нас. Имавме можност да присуствува и претседателот на Европската академија за педијатрија, изјави Софијанова.
Доктор Оливер Зафироски изјави дека овогодишниот Конгрес е најуспешен досега.
Она што е најважно и најдобро е што голем број млади доктори со овие две работилници имаа практична настава, што е од големо значење, бидјеќи знаете дека нашата педијатрија во Македонија има се помал број на педијатри и ова е еден голем предизвик за сите млади колеги да доживеат практична работа, изјави тој.

The post Д-р Софијанова: Mладите педијатри да го пополнат кадровскиот дефицит appeared first on Република.

]]>
Д-р Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника пред да даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-sofijanova-gi-vratila-site-isplateni-sredstva-na-detskata-klinika-pred-da-dade-ostavka/ Thu, 17 Nov 2022 20:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=575131

Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека сега веќе поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова ги вратила на Клиниката сите исплатени средства.

Таа го сторила истото пред да си даде оставка, истакна министерот.

По барање на министерот пред 15 дена оставка од директорските позиции дадоа Софијанова и првиот човек на Онколошката клиника, Нино Васев.

Двајцата директори биле на разговор со Сали кој побарал да поднесат оставки, бидејќи секако ќе бидат разрешени од функциите.

The post Д-р Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника пред да даде оставка appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека сега веќе поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова ги вратила на Клиниката сите исплатени средства.
Таа го сторила истото пред да си даде оставка, истакна министерот.
По барање на министерот пред 15 дена оставка од директорските позиции дадоа Софијанова и првиот човек на Онколошката клиника, Нино Васев. Двајцата директори биле на разговор со Сали кој побарал да поднесат оставки, бидејќи секако ќе бидат разрешени од функциите.  

The post Д-р Софијанова ги вратила сите исплатени средства на Детската клиника пред да даде оставка appeared first on Република.

]]>
Софијанова ги исплатила сите средства на Клиниката пред да си даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-gi-isplatila-site-sredstva-na-klinikata-pred-da-si-dade-ostavka/ Thu, 17 Nov 2022 13:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=574992

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова и ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња.

Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев минатиот месец поднесоа оставки, откако во јавноста излегоа информации дека си исплаќале високи додатоци за дежурства и прекувремена работа.

The post Софијанова ги исплатила сите средства на Клиниката пред да си даде оставка appeared first on Република.

]]>

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова и ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња. Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев минатиот месец поднесоа оставки, откако во јавноста излегоа информации дека си исплаќале високи додатоци за дежурства и прекувремена работа.

The post Софијанова ги исплатила сите средства на Клиниката пред да си даде оставка appeared first on Република.

]]>
Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-gi-sporedi-culi-i-stojmenov-glupaci-sme-presrekjni-sme-samo-za-seirot-a-nikoj-za-nishto-ne-odgovara/ Thu, 03 Nov 2022 08:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=569033

Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, вели актерот Сашо Тасевски, потсетувајќи дека во државата ретко кој одговара за големите кражби.

Колку сме глупи.
Ќе фатат добра лекарка во криминал, министерот ќе побара оставка од неа, оваа ќе ја даде, јавноста фаќа, сеир пресреќна за оставката, ама и докторка пресреќна си ги троши парите без да одговара за криминалот.
Од друга, страна некој ко Стојменов ќе каже мртов ладен како пред 23 години му носел милиони евра од донации на Љубчо Бугарче то на рака како на партиски шеф, јавноста ќе каже вауууу, овој Љубчо ќе му врати на Стојменов дека исто бил ѓубре и криминалец.... И толку.
Нема обвинител да им рече, дојдете сега и двајцата ваму, нема реакција од законот, ние пак пресреќни за сеирот што сме го фатиле, а Стојменов и Љубчо богати ко пиратски бродови.
Не постои друга држава во Европа со вакви глупаци како нас.
Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, пишува тој.

The post Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара appeared first on Република.

]]>

Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, вели актерот Сашо Тасевски, потсетувајќи дека во државата ретко кој одговара за големите кражби.
Колку сме глупи. Ќе фатат добра лекарка во криминал, министерот ќе побара оставка од неа, оваа ќе ја даде, јавноста фаќа, сеир пресреќна за оставката, ама и докторка пресреќна си ги троши парите без да одговара за криминалот. Од друга, страна некој ко Стојменов ќе каже мртов ладен како пред 23 години му носел милиони евра од донации на Љубчо Бугарче то на рака како на партиски шеф, јавноста ќе каже вауууу, овој Љубчо ќе му врати на Стојменов дека исто бил ѓубре и криминалец.... И толку. Нема обвинител да им рече, дојдете сега и двајцата ваму, нема реакција од законот, ние пак пресреќни за сеирот што сме го фатиле, а Стојменов и Љубчо богати ко пиратски бродови. Не постои друга држава во Европа со вакви глупаци како нас. Наместо да излеземе со ластегарки и еден по еден да ги сотреме од ќутек, ние мастурбираме пред ТВ-то на нивните препукувања и фалења кој појше пари украл и како мангупски ги украл, пишува тој.

The post Тасевски ги спореди Цули и Стојменов: Глупаци сме, пресреќни сме само за сеирот, а никој за ништо не одговара appeared first on Република.

]]>
Софијанова „дежурала“ додека била во Словенија, Салиу објави фотогорафии и документи што правела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-dezurala-dodeka-bila-vo-slovenija-saliu-objavi-fotogorafii-i-dokumenti-shto-pravela/ Fri, 14 Oct 2022 17:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=561252

Новинарот Фуркан Салиу денеска ја продолжи приказната околу платата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, посебно за дежурствата за кои тврди дека ги не ги одработила, туку само ги наплатила.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-se-zakani-na-novinar-otkako-pokaza-dokument-deka-zemala-nad-5-000-evra-plata/

Тој ја прашува доктор Софијанова како дежурала во периодот од 15 август до 15 септември, кога била во Словенија.

Нејзиниот одговор е „Дежурав од Словенија“, на што Салиу прикажува низа документи од дежурствата запишани од главната сестра и оние на кои се пишани повеќе дежурства за директорката.

Слична е состојбата прикажана во документите до кои „Клан“ стигна за пролетните месеци, кога иако кај Софијанова се регистрирани 32 часа дежурство, таа наплатила за 96. Во април, пак, повторно на сметка ѝ легнал надомест за 96 дежурни часа, а всушност не била ни еден час, барем според документите кои тој ги прикажува.

https://youtu.be/7DXvVJH7jOk

The post Софијанова „дежурала“ додека била во Словенија, Салиу објави фотогорафии и документи што правела appeared first on Република.

]]>

Новинарот Фуркан Салиу денеска ја продолжи приказната околу платата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, посебно за дежурствата за кои тврди дека ги не ги одработила, туку само ги наплатила. https://republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-se-zakani-na-novinar-otkako-pokaza-dokument-deka-zemala-nad-5-000-evra-plata/ Тој ја прашува доктор Софијанова како дежурала во периодот од 15 август до 15 септември, кога била во Словенија. Нејзиниот одговор е „Дежурав од Словенија“, на што Салиу прикажува низа документи од дежурствата запишани од главната сестра и оние на кои се пишани повеќе дежурства за директорката. Слична е состојбата прикажана во документите до кои „Клан“ стигна за пролетните месеци, кога иако кај Софијанова се регистрирани 32 часа дежурство, таа наплатила за 96. Во април, пак, повторно на сметка ѝ легнал надомест за 96 дежурни часа, а всушност не била ни еден час, барем според документите кои тој ги прикажува. https://youtu.be/7DXvVJH7jOk

The post Софијанова „дежурала“ додека била во Словенија, Салиу објави фотогорафии и документи што правела appeared first on Република.

]]>
Софијанова им заблагодари на ДУИ што сега слободно можела да се декларира како Влаинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofijanova-im-zablagodari-na-dui-shto-sega-slobodno-mozela-da-se-deklarira-kako-vlainka/ Thu, 02 Jun 2022 09:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=510065

Посебно сум почестена со фактот што сега во овие времиња ние слободно може да се декларираме дека сме Власи, дека сме практично Аромани, што во минатото и не беше случај, мора да сум искрена.

Вака проф. д-р Аспазија Софијанова им се заблагодарува на Демократската унија на Албанците во видеото посветено за честитки за две децениското постоење и работа на партијата.

Според Софијанова, во минатото Власите имале (така да ги кажам) опструкции да се кажат како Македонци или како Власи, но сега се апсолутно среќни и горди што слободно може да се изјаснат за нивната националност.

https://youtu.be/cfjD9OTd9N0

The post Софијанова им заблагодари на ДУИ што сега слободно можела да се декларира како Влаинка appeared first on Република.

]]>

Посебно сум почестена со фактот што сега во овие времиња ние слободно може да се декларираме дека сме Власи, дека сме практично Аромани, што во минатото и не беше случај, мора да сум искрена. Вака проф. д-р Аспазија Софијанова им се заблагодарува на Демократската унија на Албанците во видеото посветено за честитки за две децениското постоење и работа на партијата. Според Софијанова, во минатото Власите имале (така да ги кажам) опструкции да се кажат како Македонци или како Власи, но сега се апсолутно среќни и горди што слободно може да се изјаснат за нивната националност. https://youtu.be/cfjD9OTd9N0

The post Софијанова им заблагодари на ДУИ што сега слободно можела да се декларира како Влаинка appeared first on Република.

]]>
Софијанова: Шестмесечно бебе беше примено како позитивно на ковид, најмлад пациент досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sofijanova-shestmesechno-bebe-beshe-primeno-kako-pozitivno-na-kovid-najmlad-pacient-dosega/ Sat, 05 Feb 2022 18:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=454595

Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, во вестите на ТВ24 откри дека пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен.

Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба, а ковидот бил откриен при испочитување на протоколите и направениот ПЦР-тест.

„По сите протоколи заврши на механичка вентилација. Имавме потреба од хируршка интервенција, но веќе е дома. Бидејќи ние се испитуваме, го утврдивме тоа. Го склопивме тимот, детето сега е негативно и е дома. Дури и на механичка вентилација, успеавме да го спасиме“, рече Софијанова.

Бебето имало откажување на дишните патишта, а директорката вели дека најверопјатно се работи за делта-сојот.

The post Софијанова: Шестмесечно бебе беше примено како позитивно на ковид, најмлад пациент досега appeared first on Република.

]]>

Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, во вестите на ТВ24 откри дека пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен. Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба, а ковидот бил откриен при испочитување на протоколите и направениот ПЦР-тест.
„По сите протоколи заврши на механичка вентилација. Имавме потреба од хируршка интервенција, но веќе е дома. Бидејќи ние се испитуваме, го утврдивме тоа. Го склопивме тимот, детето сега е негативно и е дома. Дури и на механичка вентилација, успеавме да го спасиме“, рече Софијанова.
Бебето имало откажување на дишните патишта, а директорката вели дека најверопјатно се работи за делта-сојот.

The post Софијанова: Шестмесечно бебе беше примено како позитивно на ковид, најмлад пациент досега appeared first on Република.

]]>
Д-р Софијанова рекламирала суплементи на телевизија, Антикорупциска бара реакција од Лекарска комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/d-r-sofijanova-reklamirala-suplementi-na-televizija-antikorupciska-bara-reakcija-od-lekarska-komora/ Fri, 28 Jan 2022 10:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=450607

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Македонија да го истражи случајот со директорката на ЈЗУ Клиника за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија. ДКСК, која е ненадлежна да постапува по предметот, ќе ја достави пријавата до Лекарската комора и ќе бара да биде известена за тоа што е преземено по оваа пријава.

При разгледување на предметните наоди цениме дека во постапувањето на наведеното службено лице треба да се земат предвид начелата утврдени во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, особено начелото на интегритет од член 4, став 2 според кој службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должен да ги почитува начелата на законите особено во конкретниов случај етичките норми и професионалните стандарди, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Образложувајќи го предметот, истакна дека во Кодексот за медицинската деонтологија по членот 87, став 1 се вели дека вршењето на пропаганда на разни санаториуми, институти , клиники, за фармацевтската индустрија, козметика или за одделни здравствени работници не е во согласност со професијата лекар и оти таквите стручни известувања може да се објавуваат само во строго стручни или тесно специјализирани гласила.

Во ставот 3 се вели дека морално етички не е дозволено лекарот да ги става својата професија и професионалните контакти во функција на граѓанска афирмација и други активности. Во членот 18, став 4 од Кодексот за медицинската деонтологија се вели дека лекарот не смее исто така да се здобива со корист од награда или за пропагирање на фармацевтска, козметичка или други производи од овие области, појасни Георгиев.

Согласно ова, како што посочи, сметаат дека немаат надлежност да постапуваат, бидејќи не се работи за прекршување на членовите од Законот за корупција.

Дефинитивно сметаме дека овој предмет треба да се достави на надлежно постапување на Лекарската комора на РСМ, имајќи предвид дека единствена надлежност е токму да се грижи и да го следи и надгледува спроведувањето на правилата на медицинската етика и деонтологија и да презема мерки во случај на нивно прершување, рече Георгиев.

Членот на ДКСК Софка Пејовска Дојчиновска дополни дека Лекарската комора покрај директни вакви предмети како дојава, треба да води грижа за севкупното однесување на лекарите во однос на оваа појава – рекламирање лекови, суплементи, храна за деца итн.

The post Д-р Софијанова рекламирала суплементи на телевизија, Антикорупциска бара реакција од Лекарска комора appeared first on Република.