Д-р Александар Петличковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-aleksandar-petlichkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 17:11:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Александар Петличковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/d-r-aleksandar-petlichkovski/ 32 32 Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-petlichkovski-ne-e-smenet-od-mestoto-pretsedatel-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Tue, 20 Feb 2024 17:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=746259

Oд Министерството за здравство информираат дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести, тој останува и понатаму да ја извршува својата функција.

Министерството за здравство информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести. Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација“, велат од Министерството за здравство.

Дел од медиумите претходно информираа дека тој е сменет.

The post Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Д-р Петличковски: Поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, најголем ризик постои кај малите невакцинирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-petlichkovski-pogolemite-detsa-se-zashtiteni-od-teshka-klinichka-slika-so-pertusis-najgolem-rizik-postoi-kaj-malite-nevaktsinirani/ Fri, 09 Feb 2024 18:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=742314

Секој ден порано вакциниран е инвестиција во подобра иднина. Ефектот од овие вакцинации ќе ги видиме по 10-тина дена или две недели. За комплетно појавување на ефикасноста е неопходно трите дози да бидат заокружени, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за епидемијата со голема кашлица (пертусис).

Според него, поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, а најголем ризик постои кај малите невакцинирани и делумно вакцинирани.

Кај малите деца може да има страшна клиничка слика и смртни последици. Од тоа треба да се спасиме во моментов, навести докторот.

Моите информации се дека пунктовите веќе ќе почнат со две смени и во сабота, почнувајќи од утре. Ќе се одговори соодветно на интересот, кажа Петличковски во емисијата „Топ тема“ за вакцинацијата.

На прашањето колку време постои заштита од оваа имунизација, докторот вели дека е неколку години кога ќе се комплетира целиот циклус – примовакцинација со три дози на 2,4 и 6 месец, засилувачка доза на 18 месец и засилувачка доза на 7 години.

Тој додава дека за болеста има ефикасна терапија.

The post Д-р Петличковски: Поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, најголем ризик постои кај малите невакцинирани appeared first on Република.

]]>

Секој ден порано вакциниран е инвестиција во подобра иднина. Ефектот од овие вакцинации ќе ги видиме по 10-тина дена или две недели. За комплетно појавување на ефикасноста е неопходно трите дози да бидат заокружени, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за епидемијата со голема кашлица (пертусис). Според него, поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, а најголем ризик постои кај малите невакцинирани и делумно вакцинирани.
Кај малите деца може да има страшна клиничка слика и смртни последици. Од тоа треба да се спасиме во моментов, навести докторот.
Моите информации се дека пунктовите веќе ќе почнат со две смени и во сабота, почнувајќи од утре. Ќе се одговори соодветно на интересот, кажа Петличковски во емисијата „Топ тема“ за вакцинацијата. На прашањето колку време постои заштита од оваа имунизација, докторот вели дека е неколку години кога ќе се комплетира целиот циклус – примовакцинација со три дози на 2,4 и 6 месец, засилувачка доза на 18 месец и засилувачка доза на 7 години. Тој додава дека за болеста има ефикасна терапија.  

The post Д-р Петличковски: Поголемите деца се заштитени од тешка клиничка слика со пертусис, најголем ризик постои кај малите невакцинирани appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-petlichkovski-nema-nishto-alarmantno-vo-odnos-na-magareshkata-kashlitsa-kovidot-i-gripot-komisijata-za-zarazni-bolesti-ke-zasedava-idnata-nedela/ Thu, 11 Jan 2024 14:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=731990

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски.

Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни.

Не е исклучено, според СЗО, дека на четири до пет години, се случуваат пикови на зачестеност на појава на магарешка кашлица и кај повозрасни, информира Петличковски.

Од двата случаја регистрирани во земјава, една била 29-годишна девојка, странски државјанин, веројатно со потекло одовде, која била разболена и дијагностицирана во странство, а по доаѓањето во земјава, го започнала третманот, а превентивно е започнато и со терапија на нејзините блиски. Другиот случај бил невакцинирано дете, што сега е на лекување во Детската клиника „Козле“.

Состојбата не е загрижувачка. Ова не е ништо вонредно или драматично, низ годините наназад, сме имале од нула до четириесетина случаи во последните пет години. Лани сме имале три случаи. Во годините наназад сме немале епидемија, нагласува Петличковски, посочувајќи дека во регионот имало многу повеќе случаи.

Според Петличковски, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини.

Во однос на сезонскиот грип, Петличковски рече дека бројот на заболени е релативно зголемен во споредба со минатата година.

Но, ова се очекувани бројки. Не е ништо страшно и не е нешто неочекувано. Типичен старт на сезоната на грипот. При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип, истакнува Петличковски за МИА.

Нагласува дека некоја специјална загриженост не треба да има кај луѓето кога е во прашање Ковид - 19. Единаесет проценти позитивност на тестови имало во последната недела. Тоа, додаде, не е голем процент. Препораките се дека треба да внимаваат постарите, како и оние со хронични болести и да се вакцинираат против грип и Ковид.

Како Комисија, на последните два состанока донесовме предлог-препорака до Министерството за здравство за воведување на препорака за носење заштитни маски во здравствени установи и аптеки. За да има тежина, таа препорака и да биде задолжителна, треба да помине низ Главниот кризен штаб на Владата. Оттука не сме добиле повратно. Значи, Комисијата препорачува, во согласност со препораките во светот, појасни Петличковски во изјавата за МИА.

The post Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски.
Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни.
Не е исклучено, според СЗО, дека на четири до пет години, се случуваат пикови на зачестеност на појава на магарешка кашлица и кај повозрасни, информира Петличковски.
Од двата случаја регистрирани во земјава, една била 29-годишна девојка, странски државјанин, веројатно со потекло одовде, која била разболена и дијагностицирана во странство, а по доаѓањето во земјава, го започнала третманот, а превентивно е започнато и со терапија на нејзините блиски. Другиот случај бил невакцинирано дете, што сега е на лекување во Детската клиника „Козле“.
Состојбата не е загрижувачка. Ова не е ништо вонредно или драматично, низ годините наназад, сме имале од нула до четириесетина случаи во последните пет години. Лани сме имале три случаи. Во годините наназад сме немале епидемија, нагласува Петличковски, посочувајќи дека во регионот имало многу повеќе случаи.
Според Петличковски, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини. Во однос на сезонскиот грип, Петличковски рече дека бројот на заболени е релативно зголемен во споредба со минатата година.
Но, ова се очекувани бројки. Не е ништо страшно и не е нешто неочекувано. Типичен старт на сезоната на грипот. При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип, истакнува Петличковски за МИА.
Нагласува дека некоја специјална загриженост не треба да има кај луѓето кога е во прашање Ковид - 19. Единаесет проценти позитивност на тестови имало во последната недела. Тоа, додаде, не е голем процент. Препораките се дека треба да внимаваат постарите, како и оние со хронични болести и да се вакцинираат против грип и Ковид.
Како Комисија, на последните два состанока донесовме предлог-препорака до Министерството за здравство за воведување на препорака за носење заштитни маски во здравствени установи и аптеки. За да има тежина, таа препорака и да биде задолжителна, треба да помине низ Главниот кризен штаб на Владата. Оттука не сме добиле повратно. Значи, Комисијата препорачува, во согласност со препораките во светот, појасни Петличковски во изјавата за МИА.

The post Д-р Петличковски: Нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковидот и грипот, Комисијата за заразни бoлести ќе заседава идната недела appeared first on Република.

]]>
Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nema-prostor-za-strav-kongo-krimskata-treska-ne-se-prenesuva-lesno-ne-e-sekoj-krlezh-zarazen-so-nekoj-virus-veli-d-r-petlichkovski/ Tue, 15 Aug 2023 12:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=672336

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.

Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.

Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ.

Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>

Нема простор за страв, конго-кримската хеморагична треска (ККХТ) не е болест која се пренесува лесно, пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој е заразен со вирусот. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус, изјави д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата. Состанокот го иницираше Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ. Во земјава има три регистрирани случаи на заразени со ККХТ. На 30 јули почина 27-годишна жена од Штипско по убод од заразен крлеж, па од неа се зарази болничарка од Клиниката за инфективни болести, која веќе заздравува. Вчера беше соопштено дека третиот заразен е 42-годишен велешанец, кој најверојатно бил каснат од крлеж при рибарење во реката Вардар.
Крлежи има многу, особено во летните месеци, глобалното затоплување придонесува за нивна поинтензивна активност. Но, не е секој крлеж заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да излегуваат на отворени површини, но кога ќе излегуваат, треба да имаат предвид и да бидат позаштитени. Риболовци, ловџии, сточари се оосбено изложени на оваа опаснсот, особено и здравствените работници кои се изложени и треба повеќе да се заштитуваат при контакт со сомнителни пациенти, изјави д-р Петличковски.
Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.
И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.
Министерот истакна дека брзата реакција на здравствените власти, спречија нови сценарија во форма на експоненцијален раст на број на нови случаи со ККХТ. Комисијата за заразни болести ќе побара од Владата организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата на наоѓањето, колку често овие крлежи ги има по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи една дезинсекција која е клучна превентивна мерка.
За волја на вистината, ако логично размислуваме, врз основа на научните истражувања на Факултетот за ветерина, ние откриваме дека стоката, животните во Македонија се постојано изложени. Тоа не е вирус кој се појавил годинава. Во тие истражување над 30 проценти од различните стоки говеда, овци, кози се со прележан вирус, т. е веќе биле во контакт со вирусот. Меѓутоа, немаме информации за хоспиталиизрани случаи предизвикани од овој вирус, што значи дека е тука, но можнот е да се од таа поблага варијанта, така што луѓето не стигнуваат до болница, изјави д-р Петличковски.

The post Нема простор за страв, конго-кримската треска не се пренесува лесно, не е секој крлеж заразен со некој вирус, вели д-р Петличковски appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Кај нас официјално нема Кракен, но многу е веројатно дека е тука https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-kaj-nas-ofitsijalno-nema-kraken-no-mnogu-e-verojatno-deka-e-tuka/ Thu, 19 Jan 2023 19:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=598815

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.

Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.

Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.

Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми. 

The post Петличковски: Кај нас официјално нема Кракен, но многу е веројатно дека е тука appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.
Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.
Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните. Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.
Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми. 

The post Петличковски: Кај нас официјално нема Кракен, но многу е веројатно дека е тука appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Досега нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“ кај нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-dosega-nema-potvrden-sluchaj-na-sojot-na-koronavirusot-kraken-kaj-nas/ Wed, 11 Jan 2023 12:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=595788

Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, „кракен“. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски.

Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта.

Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски.

Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната недела ќе има состанок и в среда ќе се разгледува состојбата.

Но, на терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника, додаде Петличковски.

Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како „кракен“, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави.

Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.

The post Петличковски: Досега нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“ кај нас appeared first on Република.

]]>

Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, „кракен“. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски.
Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта.
Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски.
Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната недела ќе има состанок и в среда ќе се разгледува состојбата.
Но, на терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника, додаде Петличковски.
Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како „кракен“, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави. Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.

The post Петличковски: Досега нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“ кај нас appeared first on Република.

]]>
Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-dopolnitelni-kovid-merki-epidemioloshkata-sostojba-stabilna-i-pokraj-zgolemeniot-broj-na-sluchai/ Sat, 23 Jul 2022 06:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=532325

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.

Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.

Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.

Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.

Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.

Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353.

И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години.

Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем.
Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски.
Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок.
Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски.
Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.
Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. Според д-р Петличковски, идејата за вакви ковид амбуланти е заговарана уште на почетокот на пандемијата и целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.
Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…, рече Петличковски.
Министерството за здравство минатата недела препорача носење маски во затворени простории при подолг престој и редовно проветрување, но и да се избегнува непотребно собирање во големи групи и секогаш кога може да се одржува растојание од два метра. Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353. И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години. Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

The post Нема дополнителни ковид-мерки, епидемиолошката состоjба стабилна и покрај зголемениот број на случаи appeared first on Република.

]]>
Ковидот се враќа на голема врата, но засега не се планира затегнување на мерките https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kovidot-se-vrakja-na-golema-vrata-no-zasega-ne-se-planira-zategnuvanje-na-merkite/ Fri, 22 Jul 2022 19:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=532263

Во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките.

Ова вечерва во гостување во вестите на ТВ Сител го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кој рече дека веројатно и поради сериозен удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. Тоа ни дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала.

На прашање дали се набавени најнови лекови против Ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро.

Во моментов се уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“ на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но се уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства - рече д-р Петличковски.

Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат.

На прашање кога последен пат е променет протоколот за лекување и третирање на пациенти со Ковид-19, рече дека последната верзија за која знае е од мај-јуни и во неа не се вклучени последните лекарства одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).

На претпоследниот состанок имавме договор со колегите од Инфективната клиника да направат пресек на тоа што во моментот е актуелен пристап и очекувам да го апдејтираме - појасни д-р Петличковски.

Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.

Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од „интерлеукин 6“ - истакна д-р Петличковски.

Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта.

На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено - рече д-р Петличковски.

Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.

Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…- рече д-р Петличковски.

Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина.

Во сите други термини неговите пациенти остануваат со него. За време на неговата смена предвидено е да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите - додаде д-р Петличковски.

The post Ковидот се враќа на голема врата, но засега не се планира затегнување на мерките appeared first on Република.

]]>

Во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките. Ова вечерва во гостување во вестите на ТВ Сител го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, кој рече дека веројатно и поради сериозен удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. Тоа ни дава за право, посочи тој, да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала. На прашање дали се набавени најнови лекови против Ковид-19 кои се применуваат во светски рамки и дали имаме доволно стручен кадар кој би се грижел за евентуална ситуација да се наполнат болниците, тој рече дека секогаш може да биде подобро.
Во моментов се уште сме на дискусии, односно на планови за набавување на новите лекови како „Паксловид“ на пример, како антителата кои се ефикасни со омикрон инфекциите, но се уште ги немаме. За жал тие тендерски процедури, набавки, не одат лесно и брзо. Ние имаме план за количина и вид на лекови кои се покажани дека многу ефикасно делуваат во спречување на компликации кај ризичните групи. Знам дека постапката е во тек. Не знам точно кога би стигнале, но очекувам во рамките на еден месец да бидат достапни тие лекарства - рече д-р Петличковски.
Во однос на стручниот кадар појасни дека не е многу променето од времето кога интензивно се полнеа болниците, но тоа што е различно е дека сега имаат извлечено некакви искуства, дека малку повеќе ги имаат прифатено и повеќе ги следат насоките за лекување и смета дека подобро ќе одговорат. На прашање кога последен пат е променет протоколот за лекување и третирање на пациенти со Ковид-19, рече дека последната верзија за која знае е од мај-јуни и во неа не се вклучени последните лекарства одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА).
На претпоследниот состанок имавме договор со колегите од Инфективната клиника да направат пресек на тоа што во моментот е актуелен пристап и очекувам да го апдејтираме - појасни д-р Петличковски.
Во врска со тоа дали на Комисијата за заразни болести се зборувало за процедурата за лекување на пациентите со Ковид-19 со хемофилтрација, процедура која се применувала во Клиниката „Жан Митрев“ и колку таа помага во лекувањето на ковид пациенти, Петличковски рече за таа процедура не зборувале од причина што не постои во ниедна од препораките како официјално стојалиште на некоја светска и важна асоцијација.
Постојано се измислуваат нови технологии, пристапи во лекувањето, но спорен е начинот на кој тоа е направено. Кога одредена вулнерабилна група во овој случај пациентите треба да бидат предмет на некаква експериментална метода, пропозициите, процедурите за организирање на тоа клиничко испитување се многу строги во цел свет и ние не треба да сме исклучок од нив. Како Комисија не сме се изјасниле. Тоа е повеќе ингеренција на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Хемофилтрација е процедура во која одредени протеински или други воспалителни молекули медијатори кои циркулираат во крвта на испитаникот, пациентот се пробува специфично да бидат елиминирани без при тоа да има загуба на крв или на плазма. Како идеја како концепт подразбира тој медијатор на воспаление „интерлеукин 6“ да се тргне од циркулацијата за да се намалат последиците кои тој ги предизвикува, бидејќи кај дел од овие пациенти се работеше за прекумерен имун одговор во голем дел поттикнат од „интерлеукин 6“ - истакна д-р Петличковски.
Тој посочи дека на Клиниката за нефрологија има сличен апарат, односно апарат кој може да прави хемофилтрација, кој често се користи и кај болни на интензивна нега во КАРИЛ, го користеле во ситуации каде има сепса, каде реално може да се помогне со намалувањето на токсичните или тие воспалителни медијатори во крвта.
На прашање дали тој би препорачал употреба на хемофилтрација кај Ковид пациенти, рече дека би препорачал доколку види сериозна препорака од одговорна институција. – Таква препорака немам видено - рече д-р Петличковски.
Во врска со вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести за формирање на пет ковид амбуланти кои треба да функционираат во Скопје, тој појасни дека таа идеја е заговарана на почетокот на пандемијата. Потенцира дека целта е тријажирање на пациентите и нивно благовремено насочување дали се за лекување во домашни услови, дали се за лекување во секундарна и во терцијарна установа.
Од почетокот на пандемијата досега имаме огромен притисок главно на Инфективната клиника, ковид центрите на начин што штом пациентот стане позитивен дури и ако се сомнева на позитивен резултат веднаш стигнува на клиника. Тоа не е дозволиво и не може да опстане. Идејата на предлогот за фирмирање на овие амбуланти е на едно место пациентите кои се сомневаат дека можеби имаат Ковид да дојдат, да добијат клинички, физикален преглед и доктор да процени дали нивната состојба одговара на домашно лекување или можеби итно треба да се испрати во некоја болничка установа и истовремено да го добие тестирањето. Сега имаме ситуација пациентите да се јават на матичен лекар, таму да се закаже тестирање по четири, пет дена, резултатот да се добие уште по дополнителни ден, два, тоа се шест изгубени дена само во тестирање. Идејата е матичниот лекар кој ќе држи смена во овие ковид амбуланти да ја направи проценката веднаш штом човекот почувствува симптоми и веднаш да биде тестиран…- рече д-р Петличковски.
Истакна дека секој матичен лекар во овие пет ковид амбуланти ќе има една смена во месец и половина.
Во сите други термини неговите пациенти остануваат со него. За време на неговата смена предвидено е да функционира замената и од тој аспект не би требало ништо да се смени освен што на пациентите ќе им се скрати лутањето и ќе се забрза поставување на дијагнозата и евентуално изолирањето на позитивните пациенти. Во наскоро време очекувам да организираме средба со трите претставници на матичните лекари. Во текот на идната недела се надевам дека ќе почнат со работи ковид амбулантите - додаде д-р Петличковски.

The post Ковидот се враќа на голема врата, но засега не се планира затегнување на мерките appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Не знаеме дали кризата со ковид-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-ne-znaeme-dali-krizata-so-kovid-19-zavrshi-no-kje-imame-nekolku-mirni-meseci/ Fri, 29 Apr 2022 18:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=495522

Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Во врска со неносењето маска во маркет, која, пак е задолжителна во такси возило, рече дека ризикот во затворен мал простор во такси шансите за пренос на инфекцијата е многу голем, додека шансите за пренос на инфекција во маркетите се помали, а во болниците и во аптеките идејата е да се заштитат тие кои се во ризична категорија и оттука и планот за носење маски.

Вчера имавме 32 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 што е одличен показател на трендот, многу мал дел од нив се во сериозна состојба и има еден или ниеден починат дневно, што укажува дека состојбата е многу стабилна и со многу мал ризик, потенцијал за влошување. Секогаш тие кои ќе стигнат до болница се во придружни коморбидитети. Има некои чии коморбидитети се откриваат во тек на хоспитализацијата. Останува еден голем процент на невакцинирани кои стигнуваат до болница. Последниве месеци имунитетот кој се стекнува со вакцинација и со прележување на болеста се изедначува. Прележувањето е поризичниот пат за стекнување имунитет. Затоа апелирам дека нема да се откажеме од вакцините и после овој летен период на олабавување ќе започнеме повторно една поинтензивна кампања за објаснување на користа од вакцините која е неспорна во случај наесен да треба да се подготвуваме за нов бран, рече Петличковски во гостување на ТВ Сител.

Во врска со постковид компликации рече дека голем дел од компликациите го засегаат нервролошкиот систем, има кардиолошки случаи, има малку психологија нарушена, има засегање на црниот дроб, значи многу систем се засегнати од Ковидот.

Размислуваме да организираме клиника или институција која ќе биде ориентирана на справување со постковид симптомите, додаде Петличковски.

The post Петличковски: Не знаеме дали кризата со ковид-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци appeared first on Република.

]]>

Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го следиме движењето и доколку има потреба ќе реагираме благовремено со воведување на некои нови мерки. Мислам дека ќе имаме многу мирни неколку месеци за од есен ќе видиме, истакна вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Во врска со неносењето маска во маркет, која, пак е задолжителна во такси возило, рече дека ризикот во затворен мал простор во такси шансите за пренос на инфекцијата е многу голем, додека шансите за пренос на инфекција во маркетите се помали, а во болниците и во аптеките идејата е да се заштитат тие кои се во ризична категорија и оттука и планот за носење маски.
Вчера имавме 32 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19 што е одличен показател на трендот, многу мал дел од нив се во сериозна состојба и има еден или ниеден починат дневно, што укажува дека состојбата е многу стабилна и со многу мал ризик, потенцијал за влошување. Секогаш тие кои ќе стигнат до болница се во придружни коморбидитети. Има некои чии коморбидитети се откриваат во тек на хоспитализацијата. Останува еден голем процент на невакцинирани кои стигнуваат до болница. Последниве месеци имунитетот кој се стекнува со вакцинација и со прележување на болеста се изедначува. Прележувањето е поризичниот пат за стекнување имунитет. Затоа апелирам дека нема да се откажеме од вакцините и после овој летен период на олабавување ќе започнеме повторно една поинтензивна кампања за објаснување на користа од вакцините која е неспорна во случај наесен да треба да се подготвуваме за нов бран, рече Петличковски во гостување на ТВ Сител.
Во врска со постковид компликации рече дека голем дел од компликациите го засегаат нервролошкиот систем, има кардиолошки случаи, има малку психологија нарушена, има засегање на црниот дроб, значи многу систем се засегнати од Ковидот.
Размислуваме да организираме клиника или институција која ќе биде ориентирана на справување со постковид симптомите, додаде Петличковски.

The post Петличковски: Не знаеме дали кризата со ковид-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Не стравувам дека ќе се шири вирусот кога децата ќе ги извадат маските https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/petlichkovski-ne-stravuvam-deka-kje-se-shiri-virusot-koga-decata-kje-gi-izvadat-maskite/ Wed, 30 Mar 2022 05:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=480593

Лично не стравувам дека ќе се прошири вирусот ковид-19 откако децата ќе престанат да ги носат маските додека се на настава, бидејќи преносот во училиштата е на многу ниско ниво. Ова за Мета го изјави имунологот Д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, по најавената одлука за престанок на важноста на одлуката за задолжително носење заштитни маски на настава. За него ваквата одлука е сосема исправна.

Кризниот штаб во петокот ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата и упати предлог за измена на одлуката за носење маски во училиштата. На денешната седница на Владата овој предлог беше прифатен и од утре (30 март) ќе важи оваа одлука.

„Денеска имаме 310 нови ковид случаи, бројка која не е голема. Мислам дека одлуката е во ред. Во моментов нема ризик за значајно проширување на вирусот. Има минимален пораст, но не се очекува некоја сериозна промена. И досега маските не беа стопроцентно прифатени, односно децата се дружат постојано. Имаме и резултати од скринингот кои покажаа дека преносот е на многу ниско ниво“, вели Д-р Петличковски.

Според него, вработените односно наставниот кадар треба да носи маски, затоа што, како што појаснува, во таа линија е и препораката на Европската агенција за контрола и превенција од заразни болести, со оглед на тоа дека ризикот за нив е поголем.

„Во градинките, пак, и досега децата постојано беа без задолжително носење на маски, но вработените продолжуваат да носат“, додава тој.

Петличковски потенцира дека одлуката е многу внимателно предложена.

„Мислам дека ситуацијата е многу добра и очекувам во следните неколку недели да има олабавување и на други мерки. Се гледа затишје секако, иако не знаеме на есен каква ќе биде ситуација. Но, ќе имаме мирна пролет и лето“, вели тој.

The post Петличковски: Не стравувам дека ќе се шири вирусот кога децата ќе ги извадат маските appeared first on Република.

]]>

Лично не стравувам дека ќе се прошири вирусот ковид-19 откако децата ќе престанат да ги носат маските додека се на настава, бидејќи преносот во училиштата е на многу ниско ниво. Ова за Мета го изјави имунологот Д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, по најавената одлука за престанок на важноста на одлуката за задолжително носење заштитни маски на настава. За него ваквата одлука е сосема исправна. Кризниот штаб во петокот ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата и упати предлог за измена на одлуката за носење маски во училиштата. На денешната седница на Владата овој предлог беше прифатен и од утре (30 март) ќе важи оваа одлука.
„Денеска имаме 310 нови ковид случаи, бројка која не е голема. Мислам дека одлуката е во ред. Во моментов нема ризик за значајно проширување на вирусот. Има минимален пораст, но не се очекува некоја сериозна промена. И досега маските не беа стопроцентно прифатени, односно децата се дружат постојано. Имаме и резултати од скринингот кои покажаа дека преносот е на многу ниско ниво“, вели Д-р Петличковски.
Според него, вработените односно наставниот кадар треба да носи маски, затоа што, како што појаснува, во таа линија е и препораката на Европската агенција за контрола и превенција од заразни болести, со оглед на тоа дека ризикот за нив е поголем.
„Во градинките, пак, и досега децата постојано беа без задолжително носење на маски, но вработените продолжуваат да носат“, додава тој.
Петличковски потенцира дека одлуката е многу внимателно предложена.
„Мислам дека ситуацијата е многу добра и очекувам во следните неколку недели да има олабавување и на други мерки. Се гледа затишје секако, иако не знаеме на есен каква ќе биде ситуација. Но, ќе имаме мирна пролет и лето“, вели тој.
 
The post Петличковски: Не стравувам дека ќе се шири вирусот кога децата ќе ги извадат маските appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Ќе имавме 3.000 помалку починати од корона доколку луѓето помалку им веруваа теориите на заговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-kje-imavme-3-000-pomalku-pochinati-od-korona-dokolku-lugjeto-pomalku-im-veruvaa-teoriite-na-zagovor/ Wed, 16 Mar 2022 21:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=473993

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски смета со овие 9100 починати од корона не можеме да се пофалиме дека добро поминавме во пандемијата.

Голем удел во тоа имаат ширачите на теории на заговор, бидејќи доколку потрезвено и поразумно ги прифатевме вакцините кои што беа понудени рано во почетокот на пандемијата, сега сигурно ќе имавме барем две или три илјади помалку жртви. Многу простор им дадовме на разните теории. Вакцините се некакво мерило. Имаме најнизок процент на вакцинација. Зошто баш во овој регион, приврзаниците на теории на заговор ги прифатија ваквите небулози не можам да кажам, рече д-р Петличковски во емисијата „24 анализа“.

Според него, теориите дека ковидот е создаден за истребување на популацијата или дека е поврзан со 5Г или дека со авиони се прска алиминум хидроксид се небулози и за дете од основно училиште со барем малку образование.

The post Петличковски: Ќе имавме 3.000 помалку починати од корона доколку луѓето помалку им веруваа теориите на заговор appeared first on Република.

Петличковски открива кога ќе бидат тргнати сите рестриктивни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-otkriva-koga-kje-bidat-trgnati-site-restriktivni-merki/ Wed, 16 Mar 2022 20:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=473965

Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.

Според него, во моментов проценката за болниците е општа во сите возрасни групи.

За тргнувањето на маските во основните училишта влијаеше и скринингот со брзите тестови. Има препорака од Европскиот центар за контрола на болести кој препорачува децата до 12 години да бидат без маски. Претпоставувам препораката ќе се шири и понатаму, додаде докторот.

Петличковски информира дека скринингот покажал дека училиштата се безбедна зона и нема неконтролирано ширење на болеста.

Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер. Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде дека доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација.

Потенцираше дека потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки.

The post Петличковски открива кога ќе бидат тргнати сите рестриктивни мерки appeared first on Република.

]]>

Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител. Според него, во моментов проценката за болниците е општа во сите возрасни групи.
За тргнувањето на маските во основните училишта влијаеше и скринингот со брзите тестови. Има препорака од Европскиот центар за контрола на болести кој препорачува децата до 12 години да бидат без маски. Претпоставувам препораката ќе се шири и понатаму, додаде докторот.
Петличковски информира дека скринингот покажал дека училиштата се безбедна зона и нема неконтролирано ширење на болеста.
Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер. Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде дека доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација.
Потенцираше дека потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки.

The post Петличковски открива кога ќе бидат тргнати сите рестриктивни мерки appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-analizite-pokazuvaat-mnogu-soliden-imunitet-vrz-osnova-na-vakcinacijata/ Wed, 02 Mar 2022 16:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=466586

Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација.

Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Овие параметри, посочи тој, ќе ги разгледуваат на следната седница на Комисијата во однос на тоа колку реално би можеле да бидат применети и искористени во насока на олабавување на рестрикциите.

Петличковски вели дека е точно оти човек што има повеќе антитела е подобро заштитен од инфекција и од тежок тек на болеста или смрт, но, како што нагласи, нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој сигурно ќе биде заштитен.

Не може да се зборува прецизно, ние може да детектираме позитивен резултат за антитела, има распон на концентрацијата на количината на антитела, и тој распон корелира, колку човек има повеќе антитела навистина е подобро заштитен од инфекцијаи секако од тежок тек на болеста и смрт, но нема бројка која може дефиниотивно да гарантира дека некој човек што има концетрација таа и таа, сигурно ќе биде заштитен. Затоа и овие анализи треба да ги толкуваме така, има или нема имунитет кој може да се детектира со серолошки тест, вели Петличковски.

Тој информира дека денска разговарале и за подетална проценка за епидемиолошката состојба во државата што се промовира во повеќе западни земји. Најпаметно, вели тој, е да зависи од комбинирани повеќе индикатори.

На пример, се земаат предвид вакцинираните индивидуи, со две дози, со три дози, се земаат предвид прележаните од ковид по природен пат, исполнетоста на капацитетите, исполнетоста на леглата во интензивна нега, бројот на позитивни, проценотот на позитивни на дневна основа и трендот во неколку недели наназад и од сите тие параметри треба да излезе еден пресек за епидемиолошката состојба во моментот. Најпрецизна е претставата кога сите параметри се земаат предвид. Ние би сакале да бидеме внимателни, да не избрзуваме со олеснување нагло на сите рестриктивни мерки, рече Петличковски.

The post Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата appeared first on Република.

]]>

Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација.
Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од тие 920, околу 170 индивидуи беа невакцинирани и кај нив се сретнува над 70 проценти серопозитивност, односно и таму имаме солиден просек на имунитет, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Овие параметри, посочи тој, ќе ги разгледуваат на следната седница на Комисијата во однос на тоа колку реално би можеле да бидат применети и искористени во насока на олабавување на рестрикциите. Петличковски вели дека е точно оти човек што има повеќе антитела е подобро заштитен од инфекција и од тежок тек на болеста или смрт, но, како што нагласи, нема бројка која може дефинитивно да гарантира дека некој сигурно ќе биде заштитен.
Не може да се зборува прецизно, ние може да детектираме позитивен резултат за антитела, има распон на концентрацијата на количината на антитела, и тој распон корелира, колку човек има повеќе антитела навистина е подобро заштитен од инфекцијаи секако од тежок тек на болеста и смрт, но нема бројка која може дефиниотивно да гарантира дека некој човек што има концетрација таа и таа, сигурно ќе биде заштитен. Затоа и овие анализи треба да ги толкуваме така, има или нема имунитет кој може да се детектира со серолошки тест, вели Петличковски.
Тој информира дека денска разговарале и за подетална проценка за епидемиолошката состојба во државата што се промовира во повеќе западни земји. Најпаметно, вели тој, е да зависи од комбинирани повеќе индикатори.
На пример, се земаат предвид вакцинираните индивидуи, со две дози, со три дози, се земаат предвид прележаните од ковид по природен пат, исполнетоста на капацитетите, исполнетоста на леглата во интензивна нега, бројот на позитивни, проценотот на позитивни на дневна основа и трендот во неколку недели наназад и од сите тие параметри треба да излезе еден пресек за епидемиолошката состојба во моментот. Најпрецизна е претставата кога сите параметри се земаат предвид. Ние би сакале да бидеме внимателни, да не избрзуваме со олеснување нагло на сите рестриктивни мерки, рече Петличковски.

The post Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски: Зголемената смртност од ковид не е поради непочитување на протоколите, таа се должи на нашето запоставено здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-petlichkovski-zgolemenata-smrtnost-od-kovid-ne-e-poradi-nepochituvanje-na-protokolite-taa-se-dolzi-na-nasheto-zapostaveno-zdravje/ Thu, 17 Feb 2022 14:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=459959

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19.

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, додаде Петличковски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.

Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.

Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, рече Петличковски.

The post Д-р Петличковски: Зголемената смртност од ковид не е поради непочитување на протоколите, таа се должи на нашето запоставено здравје appeared first on Република.

]]>

Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19.
Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, додаде Петличковски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во врска со зголемената бројка на починати од Ковид-19.
Тој напомена дека постојат и земји во кои има пониски бројки на починати, но тоа се земји со поразлична здравствена култура од нашата.
Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, рече Петличковски.

The post Д-р Петличковски: Зголемената смртност од ковид не е поради непочитување на протоколите, таа се должи на нашето запоставено здравје appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски: Зголемен е бројот на деца од 6 д 14 години заразни со ковид-19, повторно се отвораат пунктовите на Бит Пазар, Идадија и Ѓорче Петров за тестирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-petlichkovski-zgolemen-e-brojot-na-deca-od-6-d-14-godini-zarazni-so-kovid-19-povtorno-se-otvoraat-punktovite-na-bit-pazar-idadija-i-gjorche-petrov-za-testiranje/ Tue, 15 Feb 2022 14:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=458922

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека е забележано зголемување на бројот на заразени со ковид-19 на школските деца, односно на учецните од 6 до 14 години.

Се забележува намалување, подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на број на нови случаи и тоа се школските деца кои ја следат наставата со физичко присуство. Во моментов нема простор за загриженост. Состојбата се следи и ние како Комисија апелираме дословно да се следат актуелните протоколи за  следење на наставата со физичко приуство, рече д-р Петличковски, кој апелираше до учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето.

За таа цел, се отвораат неколку дополнителни пунктови за тестирање.

Во Скопје, од денеска, се отвораат пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар активни за закажување на термини и на овие пунктови може да се закажуваат тестирања за ковид преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање на пунктови кои беа активни во пандемијата и низ државата, рече д-р Петличковски.

Сепак, тој појасни дека зголемувањето од минатата недела, иако е 40 проценти тоа значи дека ако мината недела биле 200, сега се 320, што се 120 деца повеќе, а имаме повеќе од 1.000 училишта.

Смета дека учебната година треба да продолжи со физичко присуство на учениците, а да се следат протоколите кое дете треба да оди во изолација или ако има потреба цело одделение да се прати дома.

The post Д-р Петличковски: Зголемен е бројот на деца од 6 д 14 години заразни со ковид-19, повторно се отвораат пунктовите на Бит Пазар, Идадија и Ѓорче Петров за тестирање appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски соопшти дека е забележано зголемување на бројот на заразени со ковид-19 на школските деца, односно на учецните од 6 до 14 години.
Се забележува намалување, подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба а за тоа особено не потсетува возрасна група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на број на нови случаи и тоа се школските деца кои ја следат наставата со физичко присуство. Во моментов нема простор за загриженост. Состојбата се следи и ние како Комисија апелираме дословно да се следат актуелните протоколи за  следење на наставата со физичко приуство, рече д-р Петличковски, кој апелираше до учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето.
За таа цел, се отвораат неколку дополнителни пунктови за тестирање.
Во Скопје, од денеска, се отвораат пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар активни за закажување на термини и на овие пунктови може да се закажуваат тестирања за ковид преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање на пунктови кои беа активни во пандемијата и низ државата, рече д-р Петличковски.
Сепак, тој појасни дека зголемувањето од минатата недела, иако е 40 проценти тоа значи дека ако мината недела биле 200, сега се 320, што се 120 деца повеќе, а имаме повеќе од 1.000 училишта. Смета дека учебната година треба да продолжи со физичко присуство на учениците, а да се следат протоколите кое дете треба да оди во изолација или ако има потреба цело одделение да се прати дома.  

The post Д-р Петличковски: Зголемен е бројот на деца од 6 д 14 години заразни со ковид-19, повторно се отвораат пунктовите на Бит Пазар, Идадија и Ѓорче Петров за тестирање appeared first on Република.

]]>
Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-od-ponedelnik-kje-se-pravi-skrining-testiranje-za-da-se-vidi-dali-i-kakov-imunitet-ima-vo-zemjava/ Thu, 10 Feb 2022 20:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=456952

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Како што истакна д-р Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител, тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.

Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.

Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година по првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет - изјави д-р Петличковски.

Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.

Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока - изјави претседателот на Комисијата за заразни болести.

Д-р Петличковски нагласи дека со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, според него, е неопходно за да може да се планираат следните мерки како на Комисијата, така и на државата.

The post Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Како што истакна д-р Петличковски во гостување во дневникот на ТВ Сител, тоа ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата. Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.
Тоа истражување го правевме пред една година. Сега тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година по првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет - изјави д-р Петличковски.
Тој додаде дека тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но најави дека има можност и да се прошири во целата земја.
Ова го планираме за Град Скопје, но има можност, разговарав со министерот за здравство, да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока - изјави претседателот на Комисијата за заразни болести.
Д-р Петличковски нагласи дека со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа, според него, е неопходно за да може да се планираат следните мерки како на Комисијата, така и на државата.

The post Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за да се види дали и каков имунитет има во земјава appeared first on Република.

]]>
Во јануари починале шест лица вакцинирани со три дози, информира д-р Петличковски https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-januari-pochinale-shest-lica-vakcinirani-so-tri-dozi-informira-d-r-petlichkovski/ Thu, 10 Feb 2022 20:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=456941

Шест лица коишто биле вакцинирани со по три дози починале од Ковид, ииформира новиот претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличкoвски, во дневникот на ТВ Сител.

Според извештаите, во јануари, шестмина вакцинирани со три дози починале, од кои најмладиот е 48-годишен човек. Четворица од нив имале коморбидитети како карцином, дијабетес и нарушено здравје - изјави д-р Петличковски

Според него, постојат неколку причини зошто има висок број на починати од почетокот на пандемијата, а тоа е влошено здравје, недоволна имунизација, недостаток на медицински лица…

The post Во јануари починале шест лица вакцинирани со три дози, информира д-р Петличковски appeared first on Република.

Петличковски: Се очекува блага пролет, во која ќе подзаборавиме на ковидот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petlichkovski-se-ochekuva-blaga-prolet-vo-koja-kje-podzaboravime-na-kovidot/ Sat, 05 Feb 2022 07:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=454432

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече Петличковски.

Соопшти дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зела задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.

Никој не лажира и не измислува бројки и никој не би зел одговорност да подметнува бројки. Методологијата по која се запишуваат починатите подложи на дискусии и промени како и сѐ околу КОВИД, зашто тој е предизвик со кој се соочуваме во моментов, истакна претседателот на Комисијата.

За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90.

Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.

Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, рече претседателот на Комисијата.

Во однос на наставата, поддржува физичко присуство зашто, како што рече, сто пати е подобар и поздрав начин за најмладите.

Не очекуваме драматичен пораст на бројките со тоа што учениците се вратија во училишните клупи, но мора да се почитуваат протоколите – проветрување, дезинфекција на просториите и носење маски, со што училиштата се безбедни за настава со физичко присуство, додаде Петличковски.

The post Петличковски: Се очекува блага пролет, во која ќе подзаборавиме на ковидот appeared first on Република.

]]>

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90. Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.
Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, рече претседателот на Комисијата.
Во однос на наставата, поддржува физичко присуство зашто, како што рече, сто пати е подобар и поздрав начин за најмладите.
Не очекуваме драматичен пораст на бројките со тоа што учениците се вратија во училишните клупи, но мора да се почитуваат протоколите – проветрување, дезинфекција на просториите и носење маски, со што училиштата се безбедни за настава со физичко присуство, додаде Петличковски.

The post Петличковски: Се очекува блага пролет, во која ќе подзаборавиме на ковидот appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличкоски: Никој не лажира и не измислува бројки на починати од корона https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-rano-e-da-proglasime-kraj-na-epidemijata/ Fri, 04 Feb 2022 22:32:16 +0000 https://republika.mk/?p=454404

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната  зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

-Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече Петличковски.

Соопшти дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зела задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.

-Никој не лажира и не измислува бројки и никој не би зел одговорност да подметнува бројки. Методологијата по која се запишуваат починатите подложи на дискусии и промени како и сѐ околу КОВИД, зашто тој е предизвик со кој се соочуваме во моментов, истакна претседателот на Комисијата.

За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90.

Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.

-Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, рече претседателот на Комисијата.

Во однос на наставата, поддржува физичко присуство зашто, како што рече, сто пати е подобар и поздрав начин за најмладите.

-Не очекуваме драматичен пораст на бројките со тоа што учениците се вратија во училишните клупи, но мора да се почитуваат протоколите – проветрување, дезинфекција на просториите и носење маски, со што училиштата се безбедни за настава со физичко присуство, додаде Петличковски.

The post Д-р Петличкоски: Никој не лажира и не измислува бројки на починати од корона appeared first on Република.

]]>

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната  зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.
-Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече Петличковски.
Соопшти дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зела задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.
-Никој не лажира и не измислува бројки и никој не би зел одговорност да подметнува бројки. Методологијата по која се запишуваат починатите подложи на дискусии и промени како и сѐ околу КОВИД, зашто тој е предизвик со кој се соочуваме во моментов, истакна претседателот на Комисијата.
За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90.   Петличковски не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани. -Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, рече претседателот на Комисијата. Во однос на наставата, поддржува физичко присуство зашто, како што рече, сто пати е подобар и поздрав начин за најмладите.
-Не очекуваме драматичен пораст на бројките со тоа што учениците се вратија во училишните клупи, но мора да се почитуваат протоколите – проветрување, дезинфекција на просториите и носење маски, со што училиштата се безбедни за настава со физичко присуство, додаде Петличковски.

The post Д-р Петличкоски: Никој не лажира и не измислува бројки на починати од корона appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски: Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата, вклучително и третата доза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-petlichkovski-edinstven-nachin-da-se-namali-brojot-na-reinfekcii-e-vakcinacijata-vkluchitelno-i-tretata-doza/ Tue, 01 Feb 2022 14:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=452559

Омикрон сојот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата, а може и да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со нејзина примена - истакна новиот претседател на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која министерот за здравство Беким Сали го соопшти наградениот состав на Комисијата, Петличковски порача дека инсистираат и понатаму да останат постојните мерки за заштита, маски, дистанца.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ изјави дека нема да има промена во делот на тоа како се користат сертификатите.

Сметаме дека на тој начин најдобро ќе се заштити популацијата која нема создадено имунитет. Трансмисијата на вирусот е се уште на високо ниво. Се наоѓаме во зимски месеци кога таа преносливост е дополнително олеснета и доколку сега направиме еден таков радикален чекор за укинување на ковид сертификатите особено ако земеме предвид дека имаме многу низок степен на вакцинација тоа ќе биде нешто што може дополнително значително да го оптовари здравствениот систем и сега таа мерка би била апсолутно контрапродуктивна и затоа нема да се разгледува во наредниот период додека се уште сме во ваква кризна состојба - изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата, порача дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна.

Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација. Во моментот работиме со исполнети капацитети. Во координација сме и со други ковид центри. Бројот на пациенти кои имаат потреба за хоспитално лекување е значително зголемена. До денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат од Ковид-19, кој е редовно вакциниран без коморбидитети, а сум сведок на многу пациенти без коморбидитети, невакцинирани кои починале - рече д-р Демири.

Тој апелираше до граѓаните дека единствената мерка која би не заштитила и за полесно да се помине Ковид-19 е вакцинацијата.

Граѓаните треба да се вакцинираат, бидејќи моментално тоа е спас од Ковид-19 - додаде д-р Демири.

The post Д-р Петличковски: Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата, вклучително и третата доза appeared first on Република.

]]>

Омикрон сојот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата, а може и да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека заштитата од инфекција пораснува над 80 проценти со нејзина примена - истакна новиот претседател на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која министерот за здравство Беким Сали го соопшти наградениот состав на Комисијата, Петличковски порача дека инсистираат и понатаму да останат постојните мерки за заштита, маски, дистанца. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ изјави дека нема да има промена во делот на тоа како се користат сертификатите.