цветан димов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cvetan-dimov/ За подобро да се разбереме Wed, 31 May 2023 14:26:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цветан димов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cvetan-dimov/ 32 32 Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-poseti-skopskoto-sredno-uchilishte-tsvetan-dimov/ Wed, 31 May 2023 14:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=646510

Претседателот имаше можност да се запознае со условите во училиштето, наставниот кадар и со учениците, при што беше информиран дека наставната програма се одвива на албански и на турски јазик, образувајќи ученици во здравствена и економско-правна, како и во трговска струка, информираа од кабинетот на Претседателот.

За време на посетата, претседателот Пендаровски имаше и свое обраќање во кое, како поранешен ученик на тогашната гимназија „Цветан Димов“, истакна дека за време на средношколските денови, покрај со образование, се стекнал и со соодветно воспитување.

Во продолжение е интегралниот текст на обраќањето на претседателот Пендаровски.

Денес ми е посебна чест да бидам со вас на отворениот ден на Средното  училиште на град Скопје „Цветан Димов“. Овој собир е убава можност за сите вас да се запознаете со наставните планови и програми на училиштето, насоките кои постојат, наставниот кадар и самиот простор во кои се одвива наставата. Сево ова треба да им помогне на полуматурантите, се разбира, со поддршка на нивните родители да го одберат училиштето, во кое ќе ги поминат средношколските денови.

Постои една изрека која вели дека во животот на секој човек најубави се годините што сме ги поминале во училиште, а, според мене, средношколскиот период е најдинамичен и најинтересен. Тоа е период кога се преминува од светот на децата во светот на возрасните. Средношколците имаат многу идеи, многу енергија и желби за иднината. Токму во средното училиште се доизградуваме како личности, го градиме својот интегритет како луѓе, почнуваме да препознаваме што сакаме да бидеме во животот и особено важно, создаваме другарства и пријателства кои траат со години.

За мене, оваа посета на „Цветан Димов“, има и посебно емоционално значење, затоа што токму тука ги поминав моите средношколски денови и со голема радост и задоволство се сеќавам на тој период од мојот живот. Во тоа време имав чест и привилегија, во „Цветан Димов“ да ми предаваат професори кои освен знаење и вештини ни даваа и љубов и внимание и кои знаеја како да го направат наставниот материјал интересен за учење.

Ова сакам посебно да го нагласам, важно е во училиштата, освен солидно образование, да имаме можност да добиеме и добро воспитание. Покрај родителите и семејството, учителите и професорите се најважниот фактор за правилно воспитување на младите луѓе и усвојување на моралните вредности.

На страна мојата кариера, сигурен сум дека образованието и воспитувањето што ги имам добиено на времето од моите професори во тогашната гимназија Цветан Димов ми помогнаа да се изградам во морална личност, во човек кој никогаш не ги делел луѓето по вера и нација и кој секогаш покажувал солидарност кон оние меѓу нас на кои им треба помош и поддршка.

Колку што сум информиран, сега имате и понуда со навистина голем број на  интересни насоки, настава која се одвива на два јазици и  навистина мислам дека Средното училиште на град Скопје „Цветан Димов“ е одличен избор за вас.

Најискрено ви посакувам да уживате во средношколските денови, да бидете што е можно повеќе во интеракција едни со други. Дружете се повеќе во живо, а помалку на социјалните мрежи, на интернет и на мобилни телефони, спортувајте, читајте, информирајте се и помагајте си едни на други. Прашувајте, истражувајте, бидете слободни и свои и придонесувајте во светот во кој сите ние живееме да има повеќе мир, повеќе слога и повеќе среќа за секого.

The post Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“ appeared first on Република.

]]>

Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-bistata-na-tsvetan-dimov-od-gradski-park/ Fri, 28 Apr 2023 15:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=635072

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>

Утрово 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена бистата на Цветан Димов од Градски парк appeared first on Република.

]]>
Во Музејот на Град Скопје изложба во чест на чаирчанецот Цветан Димов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-muzejot-na-grad-skopje-izlozba-vo-chest-na-chairchanecot-cvetan-dimov/ Sun, 13 Nov 2022 20:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=573380

Изложба во чест на народниот херој Цветан Димов денеска се одржа во Музејот на град Скопје во рамки на прославата на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Во Скопје живееле и делувале многу истакнати револуционери, кои во текот на четиригодишната народно-ослободителна војна дале бројни жртви меѓу кои и на народниот херој Цветан Димов.

Веднаш по ослободувањето, на 26 јули 1945 година, Цветан Димов е прогласен за народен херој, како еден од првите борци кои го добиле ова одликување.

Цветан Димов, познат меѓу народот како Целе Чаирчанец, е роден во Скопје на 5 март 1910, а загинал во родниот град на 9 јули 1942. Тој е македонски комунист, синдикалец, и учесник во НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје помеѓу двете светски војни.

Набрзо, во почеток на јули, по една провала е уапсен. По тешки измачувања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Набрзо починал во бессознание во затворското одделение на скопската болница. Бугарската полиција лажно кажала дека Димов се „самоубил“. Сведовштвото на неговиот убиец и мачител, најпрецизно го опишува настанот:

„По задржувањето на Цветан Димов во Управата, уште од првата вечер беше тепан по табаните. Идниот ден него го тепавме јас, Мачков, Панков и Рајков. Така беше тепан уште два-три пати. На 9 јули беше повикан да оди на сослушување. Одби, под изговор дека е болен. Два-трипати го испратив Чучков да го доведе, но тој упорно одбиваше, зборувајќи дека е болен. Јас се налутив и отидов лично.

Во неговата ќелија го пцуев и му се развикав. Тогаш тој стана и појде. Јас одев напред, а по него Чучков. Од ќелијата излезе откако двајцата му помогнавме. Но, тој сепак не можеше да оди, бидејќи беше претепан. Кога стасавме близу мојата канцеларија го бутнав накај прозорецот. Се занесе и се наведна на прозорецот. Тогаш го фатив за нозете, го подигнав и го турнав долу. Падна од вториот кат во внатрешниот дел на дворот, врз бетонот. Во тој момент во дворот беше еден од работниците на Управата и Цветан Димов падна покрај него. Потоа отидов и реков дека Цветан Димов се фрли сам. Исто така ова му го соопштив и на обласниот начелник. Кога го фрлив Цветан Димов низ прозорецот, беа присутни и агентите: Методи Попов - Величков и Трендафилов. На сите агенти им беше кажано да разгласат дека Цветан Димов сам се фрлил.“

Уште во текот на НОБ е испеана песна во негова чест, а денес, во негова чест, едно основно училиште и едно средно училиште во Чаир го носат неговото име. Во 1968 година куќата во Чаир, на улица „Јајце“, во која живеел и работел Цветан Димов, била прогласена за културно наследство, но денес оваа куќа повеќе не постои.

The post Во Музејот на Град Скопје изложба во чест на чаирчанецот Цветан Димов appeared first on Република.

]]>

Изложба во чест на народниот херој Цветан Димов денеска се одржа во Музејот на град Скопје во рамки на прославата на 78-годишнината од ослободувањето на Скопје. Во Скопје живееле и делувале многу истакнати револуционери, кои во текот на четиригодишната народно-ослободителна војна дале бројни жртви меѓу кои и на народниот херој Цветан Димов. Веднаш по ослободувањето, на 26 јули 1945 година, Цветан Димов е прогласен за народен херој, како еден од првите борци кои го добиле ова одликување. Цветан Димов, познат меѓу народот како Целе Чаирчанец, е роден во Скопје на 5 март 1910, а загинал во родниот град на 9 јули 1942. Тој е македонски комунист, синдикалец, и учесник во НОБ. Заедно со Орце Николов бил еден од најистакнатите организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје помеѓу двете светски војни. Набрзо, во почеток на јули, по една провала е уапсен. По тешки измачувања, бил фрлен од прозорец од четвртиот кат на Обласната бугарска полициска управа во Скопје од страна на Љубомир Јорданов, началник на групата А на државната безбедност во Обласната полициска управа. Набрзо починал во бессознание во затворското одделение на скопската болница. Бугарската полиција лажно кажала дека Димов се „самоубил“. Сведовштвото на неговиот убиец и мачител, најпрецизно го опишува настанот:
„По задржувањето на Цветан Димов во Управата, уште од првата вечер беше тепан по табаните. Идниот ден него го тепавме јас, Мачков, Панков и Рајков. Така беше тепан уште два-три пати. На 9 јули беше повикан да оди на сослушување. Одби, под изговор дека е болен. Два-трипати го испратив Чучков да го доведе, но тој упорно одбиваше, зборувајќи дека е болен. Јас се налутив и отидов лично. Во неговата ќелија го пцуев и му се развикав. Тогаш тој стана и појде. Јас одев напред, а по него Чучков. Од ќелијата излезе откако двајцата му помогнавме. Но, тој сепак не можеше да оди, бидејќи беше претепан. Кога стасавме близу мојата канцеларија го бутнав накај прозорецот. Се занесе и се наведна на прозорецот. Тогаш го фатив за нозете, го подигнав и го турнав долу. Падна од вториот кат во внатрешниот дел на дворот, врз бетонот. Во тој момент во дворот беше еден од работниците на Управата и Цветан Димов падна покрај него. Потоа отидов и реков дека Цветан Димов се фрли сам. Исто така ова му го соопштив и на обласниот начелник. Кога го фрлив Цветан Димов низ прозорецот, беа присутни и агентите: Методи Попов - Величков и Трендафилов. На сите агенти им беше кажано да разгласат дека Цветан Димов сам се фрлил.“
Уште во текот на НОБ е испеана песна во негова чест, а денес, во негова чест, едно основно училиште и едно средно училиште во Чаир го носат неговото име. Во 1968 година куќата во Чаир, на улица „Јајце“, во која живеел и работел Цветан Димов, била прогласена за културно наследство, но денес оваа куќа повеќе не постои.

The post Во Музејот на Град Скопје изложба во чест на чаирчанецот Цветан Димов appeared first on Република.

]]>
Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-posvetena-na-80-godishninata-od-smrtta-na-narodniot-heroj-cvetan-dimov/ Fri, 11 Nov 2022 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=572647

Музејот на Град Скопје, на 13 ноември (недела) , со почеток во 13.30 часот организира изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов.

Изложбата ќе биде поставена во Сули-ан во Старата скопска чаршија.

The post Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов appeared first on Република.

]]>

Музејот на Град Скопје, на 13 ноември (недела) , со почеток во 13.30 часот организира изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов. Изложбата ќе биде поставена во Сули-ан во Старата скопска чаршија.

The post Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов appeared first on Република.

]]>