цвеќе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cvekje/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 11:14:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цвеќе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cvekje/ 32 32 Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiska-delegatsija-na-sdsm-polozhi-tsveke-i-oddade-pochit-na-bortsite-od-nob/ Fri, 11 Oct 2024 11:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=825497

По повод 11 Октомври -Денот на народното востание, во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел, партиска делегација на СДСМ во состав: Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска, оддаде почит и положи свежи цвеќе.

„Слава им. Да живее 11 Октомври!“, велат од СДСМ.

 

The post Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ appeared first on Република.

]]>

По повод 11 Октомври -Денот на народното востание, во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел, партиска делегација на СДСМ во состав: Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска, оддаде почит и положи свежи цвеќе. „Слава им. Да живее 11 Октомври!“, велат од СДСМ.  

The post Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и Орбан положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-orban-polozhija-svezho-tsveke-na-spomenikot-na-sv-kiril-i-metodij-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 13:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=820292

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.

Со мојот пријател Виктор Орбан, одадовме почит и положивме свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!

The post Мицкоски и Орбан положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Охрид.
Со мојот пријател Виктор Орбан, одадовме почит и положивме свежо цвеќе на еден од најмаркантните споменици за Охрид, Македонија и словенскиот свет, светите браќа Кирил и Методиј!

The post Мицкоски и Орбан положија свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј во Охрид appeared first on Република.

]]>
За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-sreka-slava-i-chistota-na-srtseto-tsveke-koe-go-oblagoroduva-domot-za-veligden/ Sun, 05 May 2024 13:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=774286

Велигденските јајца се најважниот дел од прославата на Велигден, бидејќи тие се симбол на изобилство, плодност и пролет. Во многу култури, дарот на јајца е забележан како симбол на нов живот, меѓу кои и староегипетската, старогрчката, персиската, староримската…

Сепак, јајцата не се единствената важна работа на трпезата, па затоа вчера пишувавме за она што, согласно народната традиција, е важно да се биде дел од прославата на Велигден на трпезариската маса.

Интересно е што – во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање – и цвеќињата имаат значајно место во празнувањето на Велигден.

Следниве цвеќиња главно се издвојуваат.

Лилјан

Познато е дека крин е симбол на чистота, убавина и невиност, а со тоа и на Божјата благодат и воскресение. Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста.

Лале

Обично, лалињата се поврзуваат со богатство, слава и амбиција, па многумина ги подаруваат кога сакаат да го повикаат тоа на некој близок. Ако го внесете во куќата на Велигден, ќе добиете важен симбол на успех.

Момина солза

Момината солза често се смета за симбол на враќање на среќата и чистотата на срцето. Задолжителено е присуството на ова цвеќер во домот, бидермаерите и „обичните“ букети во пролетните денови, а во минатото имало важно место во паганските ритуали. Се поврзува со празникот Ѓуроѓовден, кој се одбележува на 6 мај.

The post За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден appeared first on Република.

]]>

Велигденските јајца се најважниот дел од прославата на Велигден, бидејќи тие се симбол на изобилство, плодност и пролет. Во многу култури, дарот на јајца е забележан како симбол на нов живот, меѓу кои и староегипетската, старогрчката, персиската, староримската… Сепак, јајцата не се единствената важна работа на трпезата, па затоа вчера пишувавме за она што, согласно народната традиција, е важно да се биде дел од прославата на Велигден на трпезариската маса. Интересно е што – во духот и симболиката на пролетта и повторното раѓање – и цвеќињата имаат значајно место во празнувањето на Велигден. Следниве цвеќиња главно се издвојуваат. Лилјан Познато е дека крин е симбол на чистота, убавина и невиност, а со тоа и на Божјата благодат и воскресение. Овие цвеќиња често се поврзуваат со мајчинството и плодноста. Лале Обично, лалињата се поврзуваат со богатство, слава и амбиција, па многумина ги подаруваат кога сакаат да го повикаат тоа на некој близок. Ако го внесете во куќата на Велигден, ќе добиете важен симбол на успех. Момина солза Момината солза често се смета за симбол на враќање на среќата и чистотата на срцето. Задолжителено е присуството на ова цвеќер во домот, бидермаерите и „обичните“ букети во пролетните денови, а во минатото имало важно место во паганските ритуали. Се поврзува со празникот Ѓуроѓовден, кој се одбележува на 6 мај.

The post За среќа, слава и чистота на срцето: Цвеќе кое го облагородува домот за Велигден appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament-vo-vtornik-na-gosti-kaj-dhaferi-a-ke-polozhi-tsveke-pred-sarkofagot-na-gotse-delchev/ Fri, 10 Nov 2023 09:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=700184

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

 

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј. Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи. Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.  

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-granichniot-premin-bogoroditsa-mobilniot-tim-na-tsarinska-uprava-zapleni-neprijaveni-3-180-parchina-tsvekina-koi-ne-se-opfateni-so-tsarinska-daklaratsija/ Sat, 26 Aug 2023 12:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=676015

На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација во вкупна вредност од околу 84 илјади денари, откриени во товарно моторно возило.

Стоката е задржана, а против лицата се поднесени соодветни пријави.

The post На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација во вкупна вредност од околу 84 илјади денари, откриени во товарно моторно возило.

Стоката е задржана, а против лицата се поднесени соодветни пријави.

The post На граничниот премин Богородица мобилниот тим на Царинска управа заплени непријавени 3.180 парчиња цвеќиња кои не се опфатени со царинска дакларација appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-polozhi-svezho-tsveke-po-povod-18-avgust-denot-na-armijata-na-republika-severna-makedonija/ Fri, 18 Aug 2023 09:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=673274

Делегација на Владата на Република Македонија составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, по повод 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

На денешен ден во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, како прва регуларна воена единица во Народно ослободителната војна, која прерасна во ослободителна војска и се вгради во темелите на македонската држава.

Армијата на Република Македонија денес е институција во која граѓаните имаат највисока доверба и која континуирано демонстрира професионалност и подготвеност во своето дејствување согласно стандардите на НАТО. Армијата активно придонесува во справувањето со современите предизвици и во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност преку учество во меѓународни мировни мисии.

The post Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија составена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, по повод 18 август - Денот на Армијата на Република Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски. На денешен ден во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев“, како прва регуларна воена единица во Народно ослободителната војна, која прерасна во ослободителна војска и се вгради во темелите на македонската држава. Армијата на Република Македонија денес е институција во која граѓаните имаат највисока доверба и која континуирано демонстрира професионалност и подготвеност во своето дејствување согласно стандардите на НАТО. Армијата активно придонесува во справувањето со современите предизвици и во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност преку учество во меѓународни мировни мисии.

The post Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsveke-na-spomenikot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-skopje-stana-grad-na-solidarnosta-prepoznatliv-po-toa-shto-gi-obedini-svetskite-poraki-na-sochuvstvo-i-spodeluvane-so-bolkata-i-zagubata-na-nashite-sogr/ Wed, 26 Jul 2023 10:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=665477

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.

 

Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа.

На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик.

Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.

Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.

По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, денеска, по повод шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел, соопшти владината прес слжба.  
Годинава се одбележуваат 60 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули, 1963 година. Во земјотресот градот загуби многу сограѓани, претрпе ненадоместлива штета, но ја извојува битката со најголемата природна катастрофа. На денешен ден оддаваме должна почит кон жртвите во земјотресот и изразуваме огромна благодарност на сите од целиот свет кои помогнаа градот повторно да биде обновен и да заживее со нов лик. Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани.
Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и Претседателот на Република Македонија,  делегации од Собранието на Република Македонија и од Градот Скопје, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија. По повод 26 јули, денот на сеќавањето на катастрофалниот земјотрес, Министерството за култура и Владата на Република Македонија денеска организираат мултимедијална програма симболично насловена „Скопје во пет и седумнаесет“, со која преку низа културни настани ќе се одбележат спомените на последиците од катастрофалниот земјотрес.

The post Цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот: Скопје стана град на солидарноста, препознатлив по тоа што ги обедини светските пораки на сочувство и споделување со болката и загубата на нашите сограѓани appeared first on Република.

]]>
Дали знаете кој цвет е симбол на Велигден? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dali-znaete-koj-tsvet-e-simbol-na-veligden/ Sun, 16 Apr 2023 11:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=631210

Цветовите се симбол на почит и внимание кон оној кому ќе му ги подарите. Со векови, тоа беше начин да се изразат чувствата.

Но, многу често кога ќе подариме букет на драга личност и не размислуваме за симболиката што ја носат тие цвеќиња.

Имено, секој цвет има симболика, како и секоја боја и затоа треба да се даде со внимание, бидејќи испраќа порака до оној кому му го даваме.

Постои дури и јазик на цвеќе (флориографија) и може да се користи за изразување чувства.

Кај нас постои верување дека непарен број на цвеќиња се даваат за љубов и радосни настани во куќата и животот, додека парен број е наменет за настани што симболизираат длабока тага, најчесто за погреби.

Дали е даден парен или непарен број во букет и за која пригода зависи од културата и обичаите на еден народ.
Еден цвет, без оглед на видот, е даден од сентиментални причини, додека три или пет се резервирани за годишнини и родендени.

Ако сакате да испратите порака со цвеќиња, но не знаете како, треба да се потпрете на нејзината симболика.

Секој цвет и боја има одредено значење, а еве го и значењето на цвеќето што обично го подаруваме.

Кала
Кала се смета дека претставува невиност, доблест и чистота и е поврзана со Богородица.

Овој цвет, обично бел, е поврзан со Велигден, како симбол на воскресението на Исус.

Во многу слики и други уметнички дела, кала е прикажана со Богородица или ангели од Благовештението.

Како што цвета калата во пролет, таа стана симбол на младоста и повторното раѓање.

The post Дали знаете кој цвет е симбол на Велигден? appeared first on Република.

]]>

Цветовите се симбол на почит и внимание кон оној кому ќе му ги подарите. Со векови, тоа беше начин да се изразат чувствата. Но, многу често кога ќе подариме букет на драга личност и не размислуваме за симболиката што ја носат тие цвеќиња. Имено, секој цвет има симболика, како и секоја боја и затоа треба да се даде со внимание, бидејќи испраќа порака до оној кому му го даваме. Постои дури и јазик на цвеќе (флориографија) и може да се користи за изразување чувства. Кај нас постои верување дека непарен број на цвеќиња се даваат за љубов и радосни настани во куќата и животот, додека парен број е наменет за настани што симболизираат длабока тага, најчесто за погреби. Дали е даден парен или непарен број во букет и за која пригода зависи од културата и обичаите на еден народ. Еден цвет, без оглед на видот, е даден од сентиментални причини, додека три или пет се резервирани за годишнини и родендени. Ако сакате да испратите порака со цвеќиња, но не знаете како, треба да се потпрете на нејзината симболика. Секој цвет и боја има одредено значење, а еве го и значењето на цвеќето што обично го подаруваме. Кала Кала се смета дека претставува невиност, доблест и чистота и е поврзана со Богородица. Овој цвет, обично бел, е поврзан со Велигден, како симбол на воскресението на Исус. Во многу слики и други уметнички дела, кала е прикажана со Богородица или ангели од Благовештението. Како што цвета калата во пролет, таа стана симбол на младоста и повторното раѓање.

The post Дали знаете кој цвет е симбол на Велигден? appeared first on Република.

]]>
Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-demokratskiot-sojuz-polozhi-tsveke-pred-vechnoto-pochivalishte-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 13:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=604799

Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Идеите и делата на Гоце Делчев за самостојна и независна Македонија се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се.

Гоце е нашиот симбол за вековната борба на македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите”.

Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме.

Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да оддадат почит кон македонскиот великан.

The post Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Делегација на Демократскиот сојуз, предводена од претседателот на ДС, Павле Трајанов, денес положи цвеќе пред гробот на Македонскиот револуционер Гоце Делчев. Идеите и делата на Гоце Делчев за самостојна и независна Македонија се вградени во кодот на сите Македонци, каде и да се. Гоце е нашиот симбол за вековната борба на македонскиот народ за самостојна и демократска држава, каде без разлика на религиската или етничката припадност можат да живеат заедно, сплотени и обединети со мислата на Гоце Делчев: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар помеѓу народите”. Гоце оставил силни идеи и дела, затоа имаме должност да ги афирмираме и надоградуваме. Павле Трајанов жали што немаше можност да даде изјава пред новинарите и што одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се одбележува под силно полициско обезбедување и што граѓаните не можеа слободно да се движат и да оддадат почит кон македонскиот великан.

The post Делегација на Демократскиот сојуз положи цвеќе пред вечното почивалиште на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-polozhi-tsveke-na-vechnoto-pochivalishte-na-pretsedatelot-gligorov/ Sun, 01 Jan 2023 12:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=592523

Делегација на Владата на Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, на градските гробишта Бутел, положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН.

Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Веруваме дека денес би бил горд затоа што Република Македонија успешно ја развиваме во тој правец.

 

The post Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата на Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, на градските гробишта Бутел, положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Киро Глигоров. Денеска се навршуваат 11 години од смртта на првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата. Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН. Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Веруваме дека денес би бил горд затоа што Република Македонија успешно ја развиваме во тој правец.  

The post Владина делегaција положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Глигоров appeared first on Република.

]]>
Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на трагичната несреќа во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-i-bekteshi-polozija-cvekje-na-mestoto-na-tragichnata-nesrekja-vo-bugarija/ Sat, 01 Oct 2022 13:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=556360

Претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за економија Крешник Бектеши положија цвеќиња на местото каде што се случи страшната сообраќајна несреќа во која 45 лица загинаа откако автобус се запали.

Ова на својот Фејсбук профил го објави Бектеши.

За време на посетата во Бугарија, заедно со претседателот Пендаровски, положивме цвеќиња на местото каде што минатата година се случи трагичната несреќа во која го загубија животот десетици граѓани на Република Македонија, напиша Бектеши.

The post Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на трагичната несреќа во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за економија Крешник Бектеши положија цвеќиња на местото каде што се случи страшната сообраќајна несреќа во која 45 лица загинаа откако автобус се запали. Ова на својот Фејсбук профил го објави Бектеши. За време на посетата во Бугарија, заедно со претседателот Пендаровски, положивме цвеќиња на местото каде што минатата година се случи трагичната несреќа во која го загубија животот десетици граѓани на Република Македонија, напиша Бектеши.

The post Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на трагичната несреќа во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Цвеќе за полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cvekje-za-policijata/ Wed, 06 Jul 2022 18:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=524981

Граѓаните кои петти ден протестираат против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија, денеска оставија букети со цвеќиња пред полициските службеници кои го обезбедуваат протестот.

Гестот доаѓа по синоќешните провокации од изолирана група на насилници, кои пробаа да ги радикализираат мирните протести и да ги означат како насилни.

The post Цвеќе за полицијата appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои петти ден протестираат против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија, денеска оставија букети со цвеќиња пред полициските службеници кои го обезбедуваат протестот. Гестот доаѓа по синоќешните провокации од изолирана група на насилници, кои пробаа да ги радикализираат мирните протести и да ги означат како насилни.

The post Цвеќе за полицијата appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-tito-beshe-eden-od-najistaknatite-pobornici-za-mir-i-aktiven-sozivot-simbol-za-socijalna-pravda-podobar-i-posiguren-zivot/ Wed, 04 May 2022 13:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=497559

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело, рече Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело, рече Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот appeared first on Република.

]]>
Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/kakvo-cvekje-da-podarite-spored-horoskopskiot-znak/ Mon, 07 Mar 2022 17:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=469104

Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима.

Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци.

Овен
Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и по некоја љубовна искра.
Овните секогаш се движат од силни емоции, па омилени бои им се црвената, пурпурната и сите бордо нијанси. Вистински избор е букет од црвени каранфили.
Бик
Владее планетата Венера, која на сите припадници на овој знак им подарува убавина и привлечност, а не ретко и уметнички талент. Според легендата, црвената роза настанала кога Венера, златната планета на Бикот, се боцнала од три бели рози, а нејзината крв ги обоила во црвени. Розата е симбол на љубовта, а Биковите живеат за љубов, па затоа овој преубав цвет е прогласен за нивен симбол. Вистински избор се букетите со складни тонови или пак рози комбинирани со зелени листови.

Близнаци
Синоним за авангардност, нови модни трендови и интелигенција. Бидејќи често се непостојани, на луѓето им се симпатични поради својата снаодливост и подвижност. Вистински избор се ирисот и кринот, по можност во бела боја, или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни.
Рак
Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Нежни се, чувствителни и романтични, па од луѓето очекуваат големо внимание. Нив најбрзо може да ги расположите ако им направите вкусна вечера или ако им подарите романтичен букет. Нема да погрешите со виолетовиот јоргован, рози во пастелни бои или ситно бело цвеќе. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина.

Лав
Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Ова е знак кој поседува најголема моќ, амбициозност, виталност и често во разните односи се наметнува. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот, цвет со величествени портокалово-жолти цветови, на кој никој не може да му одолее. Сакаат да им подарувате цвеќе во голем стил, галантно и искрено. Вистински избор е букет од портокалови цветови.
Девица
Сакаат бел крин, а при изборот пресудни се срамежливоста и опседнатоста со хигиена. Девицата е земјен знак, па доколку се одлучите да и подарите цвеќе, знајте дека таа од вас очекува да бидете крајно искрени и сериозни. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, посебно во бела боја, а од хортензијата ќе и блеснат очите.

Вага
Имаат грациозност и складни движења, заштитени се од Венера, па затоа во емотивниот живот се доста чувствителни и ранливи. Лалињата најдобро ги претставуваат, бидејќи се со високо и тенко стебло, нежни листови, што е симбол на елеганција. Тие се многу пребирливи, а ќе ги израдува заносниот ирис или голем букет од бели рози.
Скорпија
Се вели дека не се многу нежни, но затоа се многу еротични и магнетски го привлекуваат спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, па ако одлучите да им подарите цвеќе, таа на тоа ќе одговори со некоја еротска порака. Посебно ќе ги израдувате ако им подарите букет гладиоли во црвена, виолетова и во портокалова боја. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат.

Стрелец
Се карактеризираат со идеализам, сонување и мала доза на детинесто однесување. Главен виновник за тоа е нивната планета Јупитер, која им дава неодолив шарм. Цветниот симбол на Стрелците ја симболизира желбата за разновидност. Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во силно-жолта боја. Не заборавајте дека Стрелците реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата. Поради нивниот сензибилитет најмногу ги погодува различен и шарен цвет.

Јарец
Јарецот е многу рационален и секогаш знае што сака. Тој повеќе ќе биде задоволен од еден убаво спакуван цвет отколку од раскошен букет. Сепак, букетот од миризливи зумбули или саксиското цвеќе ниеден Јарец нема да го остави рамнодушен.

Водолија
Со водолијата владее планетата Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципација и слобода. Кога им подарувате цвеќе определете се за букет од крин, зимски ружи или полско цвеќе во сина боја. Посебно се препорачува нарцисот.
Риби
Не можат да го замислат животот без љубов и нежност. Тие се големи љубители на цвеќиња и со задоволство ги одгледуваат бидејќи им се извор на неизмерна среќа. Рибите ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат со богати гранки, како и цветови со опоен мирис. Омилен цвет на Рибата е јасминот што најмногу одговара на нивната романтична природа.

The post Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак appeared first on Република.

]]>

Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима. Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци. Овен Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и по некоја љубовна искра. Овните секогаш се движат од силни емоции, па омилени бои им се црвената, пурпурната и сите бордо нијанси. Вистински избор е букет од црвени каранфили. Бик Владее планетата Венера, која на сите припадници на овој знак им подарува убавина и привлечност, а не ретко и уметнички талент. Според легендата, црвената роза настанала кога Венера, златната планета на Бикот, се боцнала од три бели рози, а нејзината крв ги обоила во црвени. Розата е симбол на љубовта, а Биковите живеат за љубов, па затоа овој преубав цвет е прогласен за нивен симбол. Вистински избор се букетите со складни тонови или пак рози комбинирани со зелени листови. Близнаци Синоним за авангардност, нови модни трендови и интелигенција. Бидејќи често се непостојани, на луѓето им се симпатични поради својата снаодливост и подвижност. Вистински избор се ирисот и кринот, по можност во бела боја, или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни. Рак Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Нежни се, чувствителни и романтични, па од луѓето очекуваат големо внимание. Нив најбрзо може да ги расположите ако им направите вкусна вечера или ако им подарите романтичен букет. Нема да погрешите со виолетовиот јоргован, рози во пастелни бои или ситно бело цвеќе. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина. Лав Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Ова е знак кој поседува најголема моќ, амбициозност, виталност и често во разните односи се наметнува. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот, цвет со величествени портокалово-жолти цветови, на кој никој не може да му одолее. Сакаат да им подарувате цвеќе во голем стил, галантно и искрено. Вистински избор е букет од портокалови цветови. Девица Сакаат бел крин, а при изборот пресудни се срамежливоста и опседнатоста со хигиена. Девицата е земјен знак, па доколку се одлучите да и подарите цвеќе, знајте дека таа од вас очекува да бидете крајно искрени и сериозни. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, посебно во бела боја, а од хортензијата ќе и блеснат очите. Вага Имаат грациозност и складни движења, заштитени се од Венера, па затоа во емотивниот живот се доста чувствителни и ранливи. Лалињата најдобро ги претставуваат, бидејќи се со високо и тенко стебло, нежни листови, што е симбол на елеганција. Тие се многу пребирливи, а ќе ги израдува заносниот ирис или голем букет од бели рози. Скорпија Се вели дека не се многу нежни, но затоа се многу еротични и магнетски го привлекуваат спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, па ако одлучите да им подарите цвеќе, таа на тоа ќе одговори со некоја еротска порака. Посебно ќе ги израдувате ако им подарите букет гладиоли во црвена, виолетова и во портокалова боја. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат. Стрелец Се карактеризираат со идеализам, сонување и мала доза на детинесто однесување. Главен виновник за тоа е нивната планета Јупитер, која им дава неодолив шарм. Цветниот симбол на Стрелците ја симболизира желбата за разновидност. Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во силно-жолта боја. Не заборавајте дека Стрелците реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата. Поради нивниот сензибилитет најмногу ги погодува различен и шарен цвет. Јарец Јарецот е многу рационален и секогаш знае што сака. Тој повеќе ќе биде задоволен од еден убаво спакуван цвет отколку од раскошен букет. Сепак, букетот од миризливи зумбули или саксиското цвеќе ниеден Јарец нема да го остави рамнодушен. Водолија Со водолијата владее планетата Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципација и слобода. Кога им подарувате цвеќе определете се за букет од крин, зимски ружи или полско цвеќе во сина боја. Посебно се препорачува нарцисот. Риби Не можат да го замислат животот без љубов и нежност. Тие се големи љубители на цвеќиња и со задоволство ги одгледуваат бидејќи им се извор на неизмерна среќа. Рибите ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат со богати гранки, како и цветови со опоен мирис. Омилен цвет на Рибата е јасминот што најмногу одговара на нивната романтична природа.

The post Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак appeared first on Република.

]]>
Димитриевски не се плаши да каже дека Делчев е „македонски идеолог и водач на македонското револуционерно движење“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ne-se-plashi-da-kaze-deka-delchev-e-makedonski-ideolog-i-vodach-na-makedonskoto-revolucionerno-dvizenje/ Fri, 04 Feb 2022 13:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=454206

Делегации предводени од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, по повод 150 години од раѓањето на истакнатиот македонски идеолог, национален херој и водач на македонското револуционерно националноослободително движење Гоце Делчев, оддадоа почит положувајќи
свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер во гимназијата „Гоце Делчев“.

The post Димитриевски не се плаши да каже дека Делчев е „македонски идеолог и водач на македонското револуционерно движење“ appeared first on Република.

]]>

Делегации предводени од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, по повод 150 години од раѓањето на истакнатиот македонски идеолог, национален херој и водач на македонското револуционерно националноослободително движење Гоце Делчев, оддадоа почит положувајќи свежо цвеќе на бистата на големиот револуционер во гимназијата „Гоце Делчев“.

The post Димитриевски не се плаши да каже дека Делчев е „македонски идеолог и водач на македонското револуционерно движење“ appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк и на плоштадот „Македонија“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-cvekje-pred-spomenicite-na-goce-delchev-vo-gradskiot-park-i-na-ploshtadot-makedonija-vo-skopje/ Fri, 04 Feb 2022 11:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=454125

По повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Владата на Република Македонија составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми, положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Положувањето цвеќе на спомениците на Гоце Делчев од страна на владината делегација е дел од свечените настани со кој се чествува јубилејната годишнина на Гоце Делчев, историскиот великан кој својот живот и дело ги вгради во револуционерната борба за создавање самостојна македонска држава.

The post Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк и на плоштадот „Македонија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

По повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Владата на Република Македонија составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми, положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Положувањето цвеќе на спомениците на Гоце Делчев од страна на владината делегација е дел од свечените настани со кој се чествува јубилејната годишнина на Гоце Делчев, историскиот великан кој својот живот и дело ги вгради во револуционерната борба за создавање самостојна македонска држава.

The post Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк и на плоштадот „Македонија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>