Цуцуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cuculovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Jul 2022 17:18:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Цуцуловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cuculovski/ 32 32 Цуцуловски: Сè поизвесно станува дека Македонија неповратно се преобразува во бугарски протекторат, под директна дозвола и патронат на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cuculovski-se-poizvesno-stanuva-deka-makedonija-nepovratno-se-preobrazuva-vo-bugarski-protektorat-pod-direktna-dozvola-i-patronat-na-eu/ Thu, 14 Jul 2022 17:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=528992

ПРОТЕКТОРАТ И КОЛАПС. Ако е речиси извесно, барем според информациите кои се достапни на јавноста, дека во залог се дадени потеклото на македонскиот народ, неговата историја и јазик, сега почнаа да се чувствуваат нови и речиси нескриени тенденции, напиша професорот Љубомир Цуцуловски на својот фејсбук профил.

Една од нив е преобразување на Република Македонија во протекторат. Поточно, во бугарски протекторат. На ова упатува, повторно според нецелосните информации, правото на бугарската држава да следи, меѓутоа и да гони/санкционира говор на омраза, ако oцени дека такво нешто се појавило/манифестирало во Република Македонија. Настрана го оставам прашањето што е говор на омраза, кој може да оцени дали нешто навистина е говор на омраза и дали тоа не е повторно воведување на вербален деликт, како и забрана на слободно мислење. Битно е дека оваа тенденција сè повеќе се чувствува, дури и на практичен, конкретен, поединечен план. Ако кон ова се додаде, повторно според нецелосните, односно скриените информации, идејата содржината на македонските учебниците да биде под строга контрола/менторство на друга, туѓа држава (Бугарија), тогаш сè поизвсно станува дека Македонија неповратно се преобразува во бугарски протекторат, под директна дозвола и патронат на ЕУ. Историјата, за жал, навистина се повторува, меѓутоа не во онаа форма на која упатуваше Хегел (еднаш како трагедија; вторпат, како фарса) туку како сè поголемо и поголемо ширење и продлабочување на трагедијата, која нема да биде само локална, ниту само национална, туку о п ш т о ч о в е ч к а. Повторно на ред доаѓаат маските, ковидот, нови болести, како и нагласеното предупредување дека на човештвото му престојат глад, болести, како и недостиг на стока и енергенси од секаков вид.

The post Цуцуловски: Сè поизвесно станува дека Македонија неповратно се преобразува во бугарски протекторат, под директна дозвола и патронат на ЕУ appeared first on Република.

]]>