ЦСКА Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cska-sofija/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Aug 2022 12:29:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЦСКА Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cska-sofija/ 32 32 Ќе бара ли македонскиот клуб отштета: Софиска ЦСКА настапила со допингуван фудбалер против Македонија ЃП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kje-bara-li-makedonskiot-klub-otshteta-sofiska-cska-nastapila-so-dopinguvan-fudbaler-protiv-makedonija-gjp/ Sat, 27 Aug 2022 12:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=544698

Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов, настапил допингуван на реванш натпреварот на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во рамки на 2. квалификациско коло во Конференциската лига, објавија од бугарскиот прволигаш.

Натпреварот во кој ЦСКА ја совлада Македонија ЃП со 4-0 и се квалификува во следната рунда се одигра на 28 јули во Софија, а УЕФА го известила бугарскиот клуб за позитивниот наод неколку часа пред реваншот на ЦСКА против швајцарски Базел одигран во четвртокот.

Софискиот клуб во клупското соопштение отфрли каква и е да одговорност за случајот со Јомов.

Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земањето други супстанции надвор од програмата на клубот е строго забрането - се наведува во соопштението на нугарскиот клуб.

ЦСКА со вкупен резултат 2-1 беше елиминирана во плејофот од Базел и остана без пласман во групната фаза во Конференциската лига.

The post Ќе бара ли македонскиот клуб отштета: Софиска ЦСКА настапила со допингуван фудбалер против Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>

Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов, настапил допингуван на реванш натпреварот на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во рамки на 2. квалификациско коло во Конференциската лига, објавија од бугарскиот прволигаш. Натпреварот во кој ЦСКА ја совлада Македонија ЃП со 4-0 и се квалификува во следната рунда се одигра на 28 јули во Софија, а УЕФА го известила бугарскиот клуб за позитивниот наод неколку часа пред реваншот на ЦСКА против швајцарски Базел одигран во четвртокот. Софискиот клуб во клупското соопштение отфрли каква и е да одговорност за случајот со Јомов.
Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земањето други супстанции надвор од програмата на клубот е строго забрането - се наведува во соопштението на нугарскиот клуб.
ЦСКА со вкупен резултат 2-1 беше елиминирана во плејофот од Базел и остана без пласман во групната фаза во Конференциската лига.

The post Ќе бара ли македонскиот клуб отштета: Софиска ЦСКА настапила со допингуван фудбалер против Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>
Бугарите почнаа со притисоци и провокации околу историјата и на фудбалски натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarite-pochnaa-so-pritisoci-i-provokacii-okolu-istorijata-i-na-fudbalski-natprevari/ Thu, 28 Jul 2022 21:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=534471

Македонија Ѓорче Петров попладнево во Софија ги заврши европските обврски по убедливиот пораз од ЦСКА со 0-4, а воедно играчите на скопскиот тим беа пречекани тотално неспортски и со мешање на политика на фудбалски натпревар.

Очигледно на бугарските навивачи им бодеше очи името Македонија Ѓорче Петров, па со националистички провокации ги нарекуваа фудбалерите „Бугари, Бугари“.

Паралелно со тоа, на каналот на кој се пренесуваше натпреварот, бугарскиот коментатор повеќе се замараше со историја и си измислуваше дека револуционерот Ѓорче Петров е Бугарин по потекло, а ние ја лажираме историјата.

https://www.youtube.com/watch?v=OSC12u_ij-4&feature=emb_title

Информациите до јавноста ги објави бугарскиот медиум „Д Спорт“, по што наведе дека членовите на македонскиот претставник потполно ги игнорирале провокациите.

УЕФА веќе почна жестоко да реагира и да казнува за националистички провокации на фудбалски средби, правилно ќе биде и за овој скандал да реагира. Така беше во случајот со косовскиот Лапи, по казната од 50.000 евра за провокациските транспаренти на дуелот против Будуќност.

https://republika.mk/sport/fudbal/morashe-da-vmesha-politika-bugariskiot-komentator-ne-propushti-da-poracha-deka-gjorche-petrov-bil-bugarski-revolucioner/

The post Бугарите почнаа со притисоци и провокации околу историјата и на фудбалски натпревар appeared first on Република.

]]>

Македонија Ѓорче Петров попладнево во Софија ги заврши европските обврски по убедливиот пораз од ЦСКА со 0-4, а воедно играчите на скопскиот тим беа пречекани тотално неспортски и со мешање на политика на фудбалски натпревар. Очигледно на бугарските навивачи им бодеше очи името Македонија Ѓорче Петров, па со националистички провокации ги нарекуваа фудбалерите „Бугари, Бугари“. Паралелно со тоа, на каналот на кој се пренесуваше натпреварот, бугарскиот коментатор повеќе се замараше со историја и си измислуваше дека револуционерот Ѓорче Петров е Бугарин по потекло, а ние ја лажираме историјата. https://www.youtube.com/watch?v=OSC12u_ij-4&feature=emb_title Информациите до јавноста ги објави бугарскиот медиум „Д Спорт“, по што наведе дека членовите на македонскиот претставник потполно ги игнорирале провокациите. УЕФА веќе почна жестоко да реагира и да казнува за националистички провокации на фудбалски средби, правилно ќе биде и за овој скандал да реагира. Така беше во случајот со косовскиот Лапи, по казната од 50.000 евра за провокациските транспаренти на дуелот против Будуќност. https://republika.mk/sport/fudbal/morashe-da-vmesha-politika-bugariskiot-komentator-ne-propushti-da-poracha-deka-gjorche-petrov-bil-bugarski-revolucioner/

The post Бугарите почнаа со притисоци и провокации околу историјата и на фудбалски натпревар appeared first on Република.

]]>
Мораше да вмеша политика: Бугарискиот коментатор не пропушти да порача дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/morashe-da-vmesha-politika-bugariskiot-komentator-ne-propushti-da-poracha-deka-gjorche-petrov-bil-bugarski-revolucioner/ Thu, 28 Jul 2022 17:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=534387

Бугарскиот коментатор на натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров не ја испушти можноста да ја вмеша политиката и политичките прашања во дуелот од Конференциската лига на УЕФА.

Некаде пред карјот на првото полувреме, при водство на бугарскиот тим од 1:0, без да биде испровоциран од ништо, наместо да ги коментира случувањата на теренот, си зеде за право да го толкува името на Македонија Ѓорче Петров.

Притоа, тој на гледачите „им објасни“ дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер, кој членувал во бугарската македонско-одринска револуционерна организација.

Во таа пригода, бугарскиот коментатор се пофали и дека во Софија има улица што го носи името на Ѓорче Петров.

https://republika.mk/sport/fudbal/sledete-vo-zivo-link-od-natprevarot-megju-cska-sofija-i-makedonija-gjorche-petrov/

Освен ваквото „објаснување“ за идеалите на Ѓорче Петров, коментаторот во неколку наврати играчите на Македонија Ѓорче Петров ги нарекуваше Северномакедонците или северномакедонските фудбалери.

The post Мораше да вмеша политика: Бугарискиот коментатор не пропушти да порача дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот коментатор на натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров не ја испушти можноста да ја вмеша политиката и политичките прашања во дуелот од Конференциската лига на УЕФА. Некаде пред карјот на првото полувреме, при водство на бугарскиот тим од 1:0, без да биде испровоциран од ништо, наместо да ги коментира случувањата на теренот, си зеде за право да го толкува името на Македонија Ѓорче Петров. Притоа, тој на гледачите „им објасни“ дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер, кој членувал во бугарската македонско-одринска револуционерна организација. Во таа пригода, бугарскиот коментатор се пофали и дека во Софија има улица што го носи името на Ѓорче Петров. https://republika.mk/sport/fudbal/sledete-vo-zivo-link-od-natprevarot-megju-cska-sofija-i-makedonija-gjorche-petrov/ Освен ваквото „објаснување“ за идеалите на Ѓорче Петров, коментаторот во неколку наврати играчите на Македонија Ѓорче Петров ги нарекуваше Северномакедонците или северномакедонските фудбалери.

The post Мораше да вмеша политика: Бугарискиот коментатор не пропушти да порача дека Ѓорче Петров бил бугарски револуционер appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Линк од натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sledete-vo-zivo-link-od-natprevarot-megju-cska-sofija-i-makedonija-gjorche-petrov/ Thu, 28 Jul 2022 17:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=534373

https://www.youtube.com/watch?v=_bQhonyT34M&feature=emb_title

The post Следете во живо: Линк од натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

https://www.youtube.com/watch?v=_bQhonyT34M&feature=emb_title

The post Следете во живо: Линк од натпреварот меѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/namesto-sudija-od-premier-ligata-stavija-romanev-uefa-gi-promeni-sudiite-za-vecherashniot-mech-cksk-makedonija-gjp/ Thu, 28 Jul 2022 08:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=534143

УЕФА направи изненадувачка измена во судискиот тим на натпреварот ЦСКА - Македонија ЃП. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер лигата, беше повлечен без конкретна причина за промената.

Наместо британските судии, во Софија пристигна екипа од  Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија Јулијан Дима.

Првиот меч во Скопје заврши без голови.

 

 

The post Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>

УЕФА направи изненадувачка измена во судискиот тим на натпреварот ЦСКА - Македонија ЃП. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер лигата, беше повлечен без конкретна причина за промената. Наместо британските судии, во Софија пристигна екипа од  Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија Јулијан Дима. Првиот меч во Скопје заврши без голови.    

The post Наместо судија од Премиер лигата ставија Романец: УЕФА ги промени судиите за вечерашниот меч ЦКСК-Македонија ЃП appeared first on Република.

]]>
Сепак било провокација: ЦСКА имаат и друг автобус без натпис дека нема идинина без историја“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sepak-bilo-provokacija-cska-imaat-i-drug-avtobus-bez-natpis-deka-nema-idinina-bez-istorija/ Fri, 22 Jul 2022 11:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=532131

Фотографиите на „Република“ на клубскиот автобус на ЦСКА Софија предизвика големо внимание. На автобусот со црвена боја беше испишано логото “„нема иднина без историја“ што беше сфатено како провокација со оглед на актуелната политичка ситуација.

Но, бугарскиот клуб има уште еден автобус на кој нема вакво лого туку пишува „Ние сме ЦСКА едни од многуте“.

Случајно или не, Армејците“ од Софија решија да не допатуваат со овој црн автобус во Скопје.

 

 

The post Сепак било провокација: ЦСКА имаат и друг автобус без натпис дека нема идинина без историја“ appeared first on Република.

]]>

Фотографиите на „Република“ на клубскиот автобус на ЦСКА Софија предизвика големо внимание. На автобусот со црвена боја беше испишано логото “„нема иднина без историја“ што беше сфатено како провокација со оглед на актуелната политичка ситуација. Но, бугарскиот клуб има уште еден автобус на кој нема вакво лого туку пишува „Ние сме ЦСКА едни од многуте“. Случајно или не, Армејците“ од Софија решија да не допатуваат со овој црн автобус во Скопје.    

The post Сепак било провокација: ЦСКА имаат и друг автобус без натпис дека нема идинина без историја“ appeared first on Република.

]]>
ЦСКА Софија среде Скопје порачува: Нема иднина без историја https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/cska-sofija-srede-skopje-porachuva-nema-idnina-bez-istorija/ Thu, 21 Jul 2022 11:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=531820

Фубалерите на ЦСКА Софија пристигнаа во Скопје пред дуелот со Македонија ЃП од Конференциската лига.

Клубскиот автобус е паркиран пред еден од хотелите во Скопје и на кој е испишан слоганот на клубот „Нема иднина без историја“.

The post ЦСКА Софија среде Скопје порачува: Нема иднина без историја appeared first on Република.

]]>

Фубалерите на ЦСКА Софија пристигнаа во Скопје пред дуелот со Македонија ЃП од Конференциската лига. Клубскиот автобус е паркиран пред еден од хотелите во Скопје и на кој е испишан слоганот на клубот „Нема иднина без историја“.

The post ЦСКА Софија среде Скопје порачува: Нема иднина без историја appeared first on Република.

]]>
Распродадени сите влезници за мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/rasprodadeni-site-vleznici-za-mechot-megju-makedonija-gjp-i-cska-sofija/ Thu, 21 Jul 2022 08:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=531665

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров попладнево на стадионот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречекаат софиска ЦСКА пред полни трибини, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти дека се продадени сите билети за натпреварот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Капацитетот на стадионот е 1.162 столчиња, а, според најавите, поддршка од трибините ќе има и бугарскиот тим од 60 навивачи.

https://republika.mk/sport/fudbal/koi-se-navivachite-na-cska-sofija-poznati-se-po-rasistichkoto-odnesuvanje-koristat-nacistichki-pozdrav/

УЕФА за натпреварот што ќе се игра со почеток во 17:30 делегираше свој комесар за безбедност.

https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-delegirashe-komesar-za-bezbednost-na-mechot-makedonija-gjp-i-cska-sofija/

Реваншот е по една недела во Софија, а поуспешниот тим продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Сент Патрик од Република Ирска и словенечка Мура.

The post Распродадени сите влезници за мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров попладнево на стадионот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречекаат софиска ЦСКА пред полни трибини, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти дека се продадени сите билети за натпреварот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Капацитетот на стадионот е 1.162 столчиња, а, според најавите, поддршка од трибините ќе има и бугарскиот тим од 60 навивачи. https://republika.mk/sport/fudbal/koi-se-navivachite-na-cska-sofija-poznati-se-po-rasistichkoto-odnesuvanje-koristat-nacistichki-pozdrav/ УЕФА за натпреварот што ќе се игра со почеток во 17:30 делегираше свој комесар за безбедност. https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-delegirashe-komesar-za-bezbednost-na-mechot-makedonija-gjp-i-cska-sofija/ Реваншот е по една недела во Софија, а поуспешниот тим продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Сент Патрик од Република Ирска и словенечка Мура.

The post Распродадени сите влезници за мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија appeared first on Република.

]]>
Кои се навивачите на ЦСКА Софија: Познати се по расистичкото однесување, користат нацистички поздрав https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/koi-se-navivachite-na-cska-sofija-poznati-se-po-rasistichkoto-odnesuvanje-koristat-nacistichki-pozdrav/ Thu, 21 Jul 2022 07:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=531629

Денеска ќе се игра мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија кој предизвикува големо внимание. Иако од бугарскиот клуб велат дека нема да има официјално доаѓање на навивачи и дека 60 билети се додени на пријатели на клубот нема да биде неочекувано во Скопје да пристигнат најрадикалните фанови на „црвените“.

Тие се познати по своето расистичко однесување.Англискиот тренер Алан Пардју пред неколку месеци го напушти клубот поради расистичкото однесување на дел од навивачите.

Познато е и гостувањето на ЦСКА во Рим на дуелот против Рома во Конференциската лига.По улициците на Рим тие отпоздравуваа со раширени раце кренати нагоре, карактеристично за нацистите во Втората светска војна

 

The post Кои се навивачите на ЦСКА Софија: Познати се по расистичкото однесување, користат нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе се игра мечот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија кој предизвикува големо внимание. Иако од бугарскиот клуб велат дека нема да има официјално доаѓање на навивачи и дека 60 билети се додени на пријатели на клубот нема да биде неочекувано во Скопје да пристигнат најрадикалните фанови на „црвените“. Тие се познати по своето расистичко однесување.Англискиот тренер Алан Пардју пред неколку месеци го напушти клубот поради расистичкото однесување на дел од навивачите. Познато е и гостувањето на ЦСКА во Рим на дуелот против Рома во Конференциската лига.По улициците на Рим тие отпоздравуваа со раширени раце кренати нагоре, карактеристично за нацистите во Втората светска војна  

The post Кои се навивачите на ЦСКА Софија: Познати се по расистичкото однесување, користат нацистички поздрав appeared first on Република.

]]>
Бирото за јавна безбедност не дозволува Македонија ЃП и ЦСКА Софија да играат во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/biroto-za-javna-bezbednost-ne-dozvoluva-makedonija-gjp-i-cska-sofija-da-igraat-vo-skopje/ Fri, 15 Jul 2022 20:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=529552

МВР, поточно Бирото за јавна безбедност (БЈБ) бараат натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје.

Овој натпревар е закажан за в четврток, 21 јули од 17.30 часот на тренинг центарот на ФФМ во Ново Лисиче, но, според неофицијални информации на „Република“, со одлука на полицијата неговото одигрување на таа локација сериозно се става под знак прашалник.

Од извори на „Република“ дознаваме дека од БЈБ испратиле писмо до ФФМ, во кое се вели дека МВР не се нафаќа, односно не може да го организира тој натпревар со гарантирана безбедност. Дополнително, според овие неофицијални информации, во писмото се наведува дека проблемот не е во теренот на ФФМ, туку дека овој натпревар не може да се игра во Скопје, односно ниту на Националната арена „Тоше Проески“, каде што своите натпревари ги игра македонскта фудбалска репрезентација, туку, од БЈБ бараат дуелот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија да се игра во Струмица.

https://republika.mk/sport/fudbal/od-utre-vo-prodazba-biletite-za-mechot-makedonija-gjp-cska-sofija-kje-chinat-300-denari/

Ваквото барање навестува дека највисоките полициски структури се обидуваат да ја исполитизираат атмосферата околу одигрувањето на овој натпревар против славната бугарска екипа, затоа што е крајно нелогично МВР да тврди дека овој натпревар не може да се игра во Скопје, кога со години се играат натпревари, дури и од висок ризик, како на клупско, така и пред се на репрезентатвно ниво.

Уште повеќе, што токму на тој стадион во Ново Лисиче, само пред ден-два, гостуваше Легија Гдањск со околу 250 полски ултрас навивачи, кои ширум Европа важат за едни од најпроблематичните, а секако понезгодни од навивачите на ЦСКА, а кои се најавени дека присуствуваат на дуелот во бројка што се движи околу 60 луѓе.

https://republika.mk/sport/fudbal/vo-skopje-dopatuvaa-250-polski-huligani-kje-marshiraat-od-kej-do-novo-lisiche/

Затоа, не може да држи вода евентуалното образложение дека токму присуството на бугарските навивачи е непремостлив проблем за одигрување на мечот, со оглед на тоа што веќе е најавено дека заедно со нив, во Скопје треба да пристигнат и одреден број припадници на бугарската полиција, кои ќе бидат покрај нив во текот на целиот нивен престој на македонска територија.

Истовремено, прилично стандардна процедура во вакви случаи е движењето на гостинските навивачи низ главниот град да биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени (и секако, на стадионот) и да не смеат да го напуштат истиот и слободно да се движат низ улиците.

https://republika.mk/sport/fudbal/bugarska-policija-doagja-vo-skopje-so-cska/

Политизацијата на ваквата одлука на БЈБ, може да се заклучи и според тоа што оди во чекор со пишувањата на бугарските медиуми од изминатава недела, во кои се објавуваше дека „поради политички тензии“ натпреварот не смее да се игра во Скопје. Притоа, како можност за одигрување на средбата се спомнуваа и локации надвор од Македонија.

https://republika.mk/sport/fudbal/opasna-igra-bugarija-gi-sporeduva-mechevite-so-makedonski-ekipi-kako-onie-megju-rusija-i-ukraina-koi-se-vo-vojna/

Ваквата одлука на БЈБ ги става во многу незгодна позиција, како клубот, така и Фудбалската федерација, особено што подготовките за натпреварот се веќе во поодмината фаза. За тоа сведочи и тоа што УЕФА, која е прилично внимателна при безбедносни прашања за кој било меч во нејзина надлежност, веќе има обајевно најава за натпреварот во која, освен официјалните лица, се наведува дека место на одигрување ќе биде Тренинг центарот на ФФМ.

Сепак, по барањето на БЈБ, од ФФМ ќе мора да ја известат УЕФА и евентуално да побараат дозвола натпреварот да биде преместен на друга локација.

Дополнителен проблем е тоа што, теренот во Струмица, наведен во писмото на БЈБ како пожелна локација, во моментов не ги исполнува во целост критериумите на УЕФА за одигрување на меч од европските купови. Потврда за такво нешто е и тоа што Академија Пандев, на која Струмица и е домашен терен, против Легија Гдањск мораше да игра токму на Тренинг центарот на ФФМ, што сега според БЈБ е спорен.

По се ова, останува да се види каков ќе биде одговорот на УЕФА, која вообичаено не прифаќа мешање на политика и политички прашања во своите натпреварувања. Во моментов опциите се европската куќа на фудбалот да „прогледа низ прсти“ за стадионот во Струмица, да треба мечот да се игра во надвор од Македонија или, пак, МВР и БЈБ, ќе го променат својот став и натпреварот ќе се игра онака како што првично беше замислено и веќе испланирано.

The post Бирото за јавна безбедност не дозволува Македонија ЃП и ЦСКА Софија да играат во Скопје appeared first on Република.

]]>

МВР, поточно Бирото за јавна безбедност (БЈБ) бараат натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје. Овој натпревар е закажан за в четврток, 21 јули од 17.30 часот на тренинг центарот на ФФМ во Ново Лисиче, но, според неофицијални информации на „Република“, со одлука на полицијата неговото одигрување на таа локација сериозно се става под знак прашалник. Од извори на „Република“ дознаваме дека од БЈБ испратиле писмо до ФФМ, во кое се вели дека МВР не се нафаќа, односно не може да го организира тој натпревар со гарантирана безбедност. Дополнително, според овие неофицијални информации, во писмото се наведува дека проблемот не е во теренот на ФФМ, туку дека овој натпревар не може да се игра во Скопје, односно ниту на Националната арена „Тоше Проески“, каде што своите натпревари ги игра македонскта фудбалска репрезентација, туку, од БЈБ бараат дуелот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија да се игра во Струмица. https://republika.mk/sport/fudbal/od-utre-vo-prodazba-biletite-za-mechot-makedonija-gjp-cska-sofija-kje-chinat-300-denari/ Ваквото барање навестува дека највисоките полициски структури се обидуваат да ја исполитизираат атмосферата околу одигрувањето на овој натпревар против славната бугарска екипа, затоа што е крајно нелогично МВР да тврди дека овој натпревар не може да се игра во Скопје, кога со години се играат натпревари, дури и од висок ризик, како на клупско, така и пред се на репрезентатвно ниво. Уште повеќе, што токму на тој стадион во Ново Лисиче, само пред ден-два, гостуваше Легија Гдањск со околу 250 полски ултрас навивачи, кои ширум Европа важат за едни од најпроблематичните, а секако понезгодни од навивачите на ЦСКА, а кои се најавени дека присуствуваат на дуелот во бројка што се движи околу 60 луѓе. https://republika.mk/sport/fudbal/vo-skopje-dopatuvaa-250-polski-huligani-kje-marshiraat-od-kej-do-novo-lisiche/ Затоа, не може да држи вода евентуалното образложение дека токму присуството на бугарските навивачи е непремостлив проблем за одигрување на мечот, со оглед на тоа што веќе е најавено дека заедно со нив, во Скопје треба да пристигнат и одреден број припадници на бугарската полиција, кои ќе бидат покрај нив во текот на целиот нивен престој на македонска територија. Истовремено, прилично стандардна процедура во вакви случаи е движењето на гостинските навивачи низ главниот град да биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени (и секако, на стадионот) и да не смеат да го напуштат истиот и слободно да се движат низ улиците. https://republika.mk/sport/fudbal/bugarska-policija-doagja-vo-skopje-so-cska/ Политизацијата на ваквата одлука на БЈБ, може да се заклучи и според тоа што оди во чекор со пишувањата на бугарските медиуми од изминатава недела, во кои се објавуваше дека „поради политички тензии“ натпреварот не смее да се игра во Скопје. Притоа, како можност за одигрување на средбата се спомнуваа и локации надвор од Македонија. https://republika.mk/sport/fudbal/opasna-igra-bugarija-gi-sporeduva-mechevite-so-makedonski-ekipi-kako-onie-megju-rusija-i-ukraina-koi-se-vo-vojna/ Ваквата одлука на БЈБ ги става во многу незгодна позиција, како клубот, така и Фудбалската федерација, особено што подготовките за натпреварот се веќе во поодмината фаза. За тоа сведочи и тоа што УЕФА, која е прилично внимателна при безбедносни прашања за кој било меч во нејзина надлежност, веќе има обајевно најава за натпреварот во која, освен официјалните лица, се наведува дека место на одигрување ќе биде Тренинг центарот на ФФМ. Сепак, по барањето на БЈБ, од ФФМ ќе мора да ја известат УЕФА и евентуално да побараат дозвола натпреварот да биде преместен на друга локација. Дополнителен проблем е тоа што, теренот во Струмица, наведен во писмото на БЈБ како пожелна локација, во моментов не ги исполнува во целост критериумите на УЕФА за одигрување на меч од европските купови. Потврда за такво нешто е и тоа што Академија Пандев, на која Струмица и е домашен терен, против Легија Гдањск мораше да игра токму на Тренинг центарот на ФФМ, што сега според БЈБ е спорен. По се ова, останува да се види каков ќе биде одговорот на УЕФА, која вообичаено не прифаќа мешање на политика и политички прашања во своите натпреварувања. Во моментов опциите се европската куќа на фудбалот да „прогледа низ прсти“ за стадионот во Струмица, да треба мечот да се игра во надвор од Македонија или, пак, МВР и БЈБ, ќе го променат својот став и натпреварот ќе се игра онака како што првично беше замислено и веќе испланирано.

The post Бирото за јавна безбедност не дозволува Македонија ЃП и ЦСКА Софија да играат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бугарски „специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје, МВР молчи за бројката „обезбедувачите“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarski-specijalci-kje-ja-obezbeduvaat-cska-sofija-vo-skopje-mvr-molchi-za-brojkata-obezbeduvachite/ Wed, 13 Jul 2022 15:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=528163

ЦСКА Софија ќе гостува во Скопје на 21 јули на натпревар против Македонија Ѓорче Петров во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Како што се шпекулира низ медиумите во Бугарија, тимот на ЦСКА Софија во Скопје ќе допатува и со големо обезбедување односно бугарски специјалци кој ќе ги обезбедуваат во текот на целиот нивен престој на македонска територија.

Според медиумите во соседството, бугарската полиција веќе исконтактирала со македонското МВР за детали околу обезбедувањето на тимот.

Екипата на Курир побара одговори од македонското МВР, но оттаму до овој момент не одговорија на нашите прашања.

Движењето на „арамејците“ низ главниот град ќе биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени и веројатно нема да смеат да го напуштат истиот. Бугарите се загрижени, бидејќи во Македонија, поточно во Скопје секој ден има протести поради политичките тенизии со источниот сосед. ЦСКА Софија ќе има и 60 свои навивачи на трибините на стадионот на ФФМ.

Во изминатите неколку дена низ бугарските медиуми можевме дури да прочитаме дека тие бараат Скопје да биде изземен од организацијата на овој натпревар.

– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

The post Бугарски „специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје, МВР молчи за бројката „обезбедувачите“ appeared first on Република.

]]>

ЦСКА Софија ќе гостува во Скопје на 21 јули на натпревар против Македонија Ѓорче Петров во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Како што се шпекулира низ медиумите во Бугарија, тимот на ЦСКА Софија во Скопје ќе допатува и со големо обезбедување односно бугарски специјалци кој ќе ги обезбедуваат во текот на целиот нивен престој на македонска територија. Според медиумите во соседството, бугарската полиција веќе исконтактирала со македонското МВР за детали околу обезбедувањето на тимот. Екипата на Курир побара одговори од македонското МВР, но оттаму до овој момент не одговорија на нашите прашања. Движењето на „арамејците“ низ главниот град ќе биде ограничено само во хотелот во кој ќе бидат сместени и веројатно нема да смеат да го напуштат истиот. Бугарите се загрижени, бидејќи во Македонија, поточно во Скопје секој ден има протести поради политичките тенизии со источниот сосед. ЦСКА Софија ќе има и 60 свои навивачи на трибините на стадионот на ФФМ. Во изминатите неколку дена низ бугарските медиуми можевме дури да прочитаме дека тие бараат Скопје да биде изземен од организацијата на овој натпревар.
– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

The post Бугарски „специјалци“ ќе ја обезбедуваат ЦСКА Софија во Скопје, МВР молчи за бројката „обезбедувачите“ appeared first on Република.

]]>
Бугарска полиција доаѓа во Скопје со ЦСКА https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarska-policija-doagja-vo-skopje-so-cska/ Wed, 13 Jul 2022 09:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=527979

Српскиот селектор Саша Илиќ и неговата ЦСКА од Софија ќе и гостуваат на екипата на Македонија Ѓорче Петров во Скопје во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Натпреварот доаѓа во незгодно време „поради политичката ситуација меѓу Македонија и Бугарија и антибугарските протести“. Затоа и припадници на бугарската полиција ќе ја придружуваат екипата на патувањето до главниот град на  Македонија.

За сериозноста на ситуацијата говори и фактот што членовите на клубот нема да смеат да го напуштат хотелот во кој ќе престојуваат.

Натпреварот е закажан за 21 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Реваншот е една недела подоцна во Софија.

На клупата на „црвените“ од Софија одлично дебитираше Саша Илиќ. На стартот од бугарското првенство ЦСКА како домаќин го совлада Арда со 3:0.

Бугарите претходно бараа мечот да се игра на неутрален терен во Ниш но тоа не им помина.

The post Бугарска полиција доаѓа во Скопје со ЦСКА appeared first on Република.

]]>

Српскиот селектор Саша Илиќ и неговата ЦСКА од Софија ќе и гостуваат на екипата на Македонија Ѓорче Петров во Скопје во второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Натпреварот доаѓа во незгодно време „поради политичката ситуација меѓу Македонија и Бугарија и антибугарските протести“. Затоа и припадници на бугарската полиција ќе ја придружуваат екипата на патувањето до главниот град на  Македонија. За сериозноста на ситуацијата говори и фактот што членовите на клубот нема да смеат да го напуштат хотелот во кој ќе престојуваат. Натпреварот е закажан за 21 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Реваншот е една недела подоцна во Софија. На клупата на „црвените“ од Софија одлично дебитираше Саша Илиќ. На стартот од бугарското првенство ЦСКА како домаќин го совлада Арда со 3:0. Бугарите претходно бараа мечот да се игра на неутрален терен во Ниш но тоа не им помина.

The post Бугарска полиција доаѓа во Скопје со ЦСКА appeared first on Република.

]]>
Бугарите бараат мечот Македонија ЃП-ЦСКА да се игра во Ниш наместо во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarite-baraat-mechot-makedonija-gjp-cska-da-se-igra-vo-nish-namesto-vo-skopje/ Tue, 12 Jul 2022 06:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=527333

Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА.

Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот на гледачи за гостинската публика.

– Македонија, Ѓорче Петров ќе пушти само 60 билети за симпатизерите на „црвените“. По итни разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба уште многу места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на челниците на ЦСКА натпреварот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да можат сите заинтересирани да присуствуваат на натпреварот. На крајот, домаќините по консултација со локалната федерација и полицијата, решија да го намалат бројот на 60, пишува „Труд“.

Се бара дури Скопје да биде изземен од организација на натпреварот.

– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

Натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА е закажан за 21 јули со почеток во 17:30 часот

The post Бугарите бараат мечот Македонија ЃП-ЦСКА да се игра во Ниш наместо во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА. Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот на гледачи за гостинската публика.
– Македонија, Ѓорче Петров ќе пушти само 60 билети за симпатизерите на „црвените“. По итни разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба уште многу места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на челниците на ЦСКА натпреварот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да можат сите заинтересирани да присуствуваат на натпреварот. На крајот, домаќините по консултација со локалната федерација и полицијата, решија да го намалат бројот на 60, пишува „Труд“.
Се бара дури Скопје да биде изземен од организација на натпреварот.
– Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.
Натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА е закажан за 21 јули со почеток во 17:30 часот

The post Бугарите бараат мечот Македонија ЃП-ЦСКА да се игра во Ниш наместо во Скопје appeared first on Република.

]]>